суви сливи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Feb 2023 13:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png суви сливи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рака суви сливи ќе направи чуда за женскиот организам https://arhiva.vistina.com.mk/raka-suvi-slivi-ke-napravi-chuda-za-zhenskiot-organizam/ Wed, 22 Feb 2023 13:28:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290150

Сувите сливи се одличен избор кога имате здравствени проблеми. Иако се богати со шеќер, тие се полни и со влакна, кои помагаат да се забави апсорпцијата на шеќерот во крвотокот. Сојузници се на цревата, бидејќи благодарение на редовното консумирање ја подобруваат нивната состојба, а помагаат и при запек и хемороиди. Идеален избор се и кога сакате да се ослободите од вишокот килограми, бидејќи го зголемуваат количеството на добри бактерии во цревата, што влијае на слабеењето. Покрај тоа, тие создаваат чувство на ситост и спречуваат ненадејни напади на глад. Порција од само 5 парчиња од ова овошје содржи 6 g влакна, што е прилично голема доза од оваа важна хранлива материја. Тие исто така содржат и други есенцијални хранливи материи како што се калиум, кој го помага варењето и го регулира крвниот притисок, и витамини А, К, Б6, како и ниацин и железо. Тие се богати и со минерал наречен бор, кој е одговорен за градење здрави коски и мускули. Истражувањата докажаа дека редовното консумирање сливи го спречува губењето на коскената маса кај жените во менопауза. Доколку се наоѓаат на вашето мени, тоа ќе ја спречи остеопорозата. Друга студија исто така покажа дека јадењето суви сливи го намалува негативното влијание на зрачењето врз коскената маса, така што луѓето кои се на ваков третман дефинитивно треба да додадат суви сливи во исхраната. Недостатокот на железо, што е многу често кај постарите жени, предизвикува оксидативно оштетување на кожата, што доведува до повеќе брчки, фини линии и целокупно влошување на кожата. Истото е случај и со опаѓањето на косата. Треба да јадете само 5 суви сливи секој ден и многу брзо ќе забележите промени. извор:курир.мк]]>

Марокански гулаш со суви сливи: Кога еднаш ќе го пробате, ќе се заљубите засекогаш https://arhiva.vistina.com.mk/marokanski-gulash-so-suvi-slivi-koga-ednash-kje-go-probate-kje-se-zaljubite-zasekogash/ Mon, 10 Oct 2022 12:45:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270789

Состојки: 700 грама јагнешко без коски (може да биде пилешко или говедско) 200 грама сливи 2 главици кромид 2 чешниња лук еден морков 50 грама бадеми 1 мала лажица сусам бибер и ѓумбир во прав по желба 1 лажица шеќер 6 лажици маслиново масло Подготовка: Измијте ги сливите и оставете ги во млака вода половина час. Потоа додадете шеќер и варете 10 минути. По потреба се додава топла вода за сливите постојано да бидат покриени. Кромидот, лукот и морковот пропржете ги со 5 лажици масло, па додајте ѓумбир и бибер. Месото исечкајте го на коцки, додадете кромид и зачини и пропржете со постојано мешање 10 минути на висока температура. Додадете ги сливите со сокот во кој се вареле. Посолете, покријте и ставете во рерна. Оставете да се пече час и половина во рерна загреана на 180 степени. Во меѓувреме на масло пропржете ги бадемите, извадете ги, па пропржете го сусамот. Додадете во готовиот сад. Време на подготовка: 90 минути. Мароканскиот гулаш или тагин се подготвува и со пилешко, но најпознат е мароканскиот тагин со пилешко и солени лимон. извор:kurir.mk]]>

Само пет суви сливи на ден ќе направат повеќе за вашето здравје отколку лековите https://arhiva.vistina.com.mk/samo-pet-suvi-slivi-na-den-kje-napravat-povekje-za-vasheto-zdravje-otkolku-lekovite/ Tue, 14 Jan 2020 13:31:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128899

Ако забележите дека на масата на вашата баба секогаш има чинија со сливи, верувајте дека тоа не е случајно. Полни со хранливи материи што ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје, сливите се можеби една од најважните плодови за здраво стареење. Иако содржат одредена количина шеќер, сувите сливи содржат и влакна кои ја намалуваат апсорпцијата на шеќерот во крвта. Со други зборови, не треба да се грижите за тоа дали ова суво овошје ќе ви го покачи шеќерот во крвта затоа што за тоа водат сметка влакната што ги содржи сливата. Влакната, исто така, помагаат при запек и при други нарушувања на дигестивниот систем, како што се хемороидите кои се чести кај постарите лица. Сливите ја зголемуваат количината на корисните бактерии во цревата, што може да придонесе за губење на тежината, а докажано е дека и многу брзо заситуваат. Половина чаша суви сливи содржи 6 грама растителни влакна, што е прилично добра количина од оваа важна хранлива материја. Сливите содржат и други хранливи материи, како што се калиумот (кој помага при варењето и го регулира крвниот притисок), витамин А, витамин К и витамин Б6, како и нијацин и железо. Кога станува збор за здравјето на вашите коски и мускули, сувите сливи се одличен додаток во исхраната бидејќи содржат бор, минерал кој е од суштинско значење за градбата на коските и на мускулите. Едно истражување открило дека консумирањето сливи спречува губење на коскената маса кај жените во постменопаузата, состојба која ѝ претходи на остеопорозата, а испитаниците јаделе само шест сливи на ден. Друго истражување открило дека консумирањето суви сливи ги намалува негативните ефекти на зрачењето врз коскената маса, така што луѓето кои се на овој вид лекување треба да ги додадат сувите сливи во својата исхрана. Поради изобилството на железо, сливите се и голем сојузник на убавината. Недостатокот на железо, што е многу честа појава кај постарите жени, предизвикува оксидативно оштетување на кожата, што доведува до создавање повеќе брчки и стареење на кожата. Ист е и случајот со опаѓањето на косата. Потребно е да јадете само по 5 сливи секој ден и многу брзо ќе забележите промени. извор:кафепеуза.мк]]>