сувенир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Feb 2022 13:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сувенир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајзи за вас има нов музички – „Сувенир“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-za-vas-ima-nov-muzichki-suvenir-video/ Wed, 23 Feb 2022 13:22:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240413

Драган Величковски попознат по својот прекар  Тајзи, има нова песна насловена  „Сувенир“. Кумановецот како и претходно и на ова остварување соработувал со композиторот и хитмејкер Лазар Цветковски со кого Тајзи заеднички ја напишал музиката, додека текстот е на дело на самиот изведувач, а аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува коавторот Лазар Цветковски. Песната е визуелизирана со видеоспот снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот на конзулите. Во видеото режирано од Дарко Митев и самиот Тајзи, покрај самиот изведувач се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа. „Животот е како партија шах, како и да ја изиграме на крајот и пионот  и кралот завршуваат  во истата кутија. На што ќе се сеќаваме на добрите или на лошите потези? Ни останува помалку да судиме и повеќе да уживаме во оваа игра наречена живот.  Да не се труеме со омразата  и  пропагандата која ни се сервира. За такво нешто треба да се храниме со љубов. Да се љуби, да се верува  и да се сака, вака безусловно како што јас ја сакам музиката. Токму тоа е темата на „Сувенир“ -  ја појаснува  Тајзи својата нова песна. Во изминатиот период, како автор Тајзи беше вклучен во осум проекти, а покрај својата музика пишуваше и за други артисти како Антонија Гиговска, Тамара Тодевска и „2Бона“. Проследете го во продолжение она што Тајзи во моментов ви го подарува како негов најнов музички „Сувенир“: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=gmGwUALZdjo[/embed]]]>