сурова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Sep 2018 11:51:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сурова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Диета со сурова храна https://arhiva.vistina.com.mk/dieta-so-surova-hrana/ Fri, 14 Sep 2018 15:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47883

ШТО ПРЕТСТАВУВА ДИЕТАТА СО СУРОВА ХРАНА? Диетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна како: свежи зеленчуци и овошје, семиња, зрнести храни, плодови со јатка, сушени плодови и алги. Некои од приврзаниците на диетата со сурова храна се и вегани, т.е. воопшто не внесуваат храна од животинско потекло, но има и такви кои консумираат сурово месо и други продукти од животинско потекло. Најчесто, најмалку 75% од храната која се внесува треба да биде сурова. Скоро сите диети треба да се држат одреден период за да бидат ефективни. Тоа не е така со оваа диета. Нема препорачан период, затоа што диетата со сурова храна треба да се смета како начин на живот и да се практикува постојано. ЗОШТО ДИЕТА СО СУРОВА ХРАНА? Приврзаниците на оваа диета се стремат да јадат сурова храна, затоа што сметаат дека кога храната е готвена на температура повисока од 46°C таа ги губи ензимите, кои ѝ помагаат подобро да се вари и апсорбира од организмот. Храната со готвењето ги губи и повеќето хранливи материи и витамините. Затоа се смета дека суровата храна е поздрава. ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ И диетата со сурова храна, како и другите диети има свои позитивни и негативни страни. Предности: Многу подобар изглед на кожата; Повеќе енергија; Губење на телесна тежина; Одржување на телесна тежина; Намалување на нивото на лош холестерол, т.е. значително се намалува ризикот од срцеви и други кардиоваскуларни болести. Недостатоци: Потребна е добра организација; Потребно е да бидете многу мотивирани; Тешка е за држење, особено кога јадете во ресторан; Потребна е подготовка; Проблеми со варењето на храната. РЕЦЕПТИ Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да вкусите како е да сте приврзаник на диетата со сурова храна. Сурово чили Состојки: 2 чаши вода 4 чаши домати 1 супена лажица зачин чили ½ супена лажица кумин морска сол по вкус 2 чаши исечкани зелени и црвени пиперчиња ½ чаша исечкан кромид ½ чаша исечкан целер Подготовка: Ставете ги доматите и зачините во блендер додека не се добие пире. Потоа додајте ги останатите состојки и мешајте додека не се соединат. Сервирајте го на собна температура или ладно. Салата со манго и авокадо Состојки: 2 манго плодови, излупени и исечкани 1 големо авокадо, излупено и исечкано 1 супена лажица сок од зелен лимон 1 супена лажица маслиново масло 1 супена лажица семе од сусам Подготовка: Во длабок сад смешајте ги сите состојки. Сервирајте веднаш по приготвувањето.]]>