супермесечина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Mar 2020 13:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png супермесечина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Погледнете вечерва во небото, на него ќе блеска Супермесечина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-vecherva-vo-neboto-na-nego-kje-bleska-supermesechina-video/ Mon, 09 Mar 2020 13:47:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138425

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 година, а воедно и првата Супермесечина годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа дека е посветла и поголема од стандардната полна Месечина. Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона. Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците. Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот. Тоа е последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи тоа е време кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите. Денешната Месечина е првата од три Супермесечини во 2020 година и ќе биде овогодинешната најблиска Месечина до Земјата. Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути. Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет. ]]>