супербол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Feb 2023 09:59:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png супербол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ријана направи спектакл на „Супербоул“ и ја откри втората бременост (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/rijana-napravi-spektakl-na-superboul-i-ja-otkri-vtorata-bremenost-video/ Mon, 13 Feb 2023 09:14:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288544

Ријана откри дека е бремена по вторпат, за време на нејзиниот многу очекуван настап на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби годинава. Веста за приновата ја потврди и нејзиниот претставник за јавноста. Пејачката од Барбадос избра настап без специјални гости на стадионот „Стејт фарм“ во Глендејл, Аризона, САД. Таа го почна настапот во живо - прв по седум години, на сцена високо издигнаата над стадионот, облечена целосно во црвено. Обожавателите беа почестени со избор од нејзините хитови, вклучително и „Bitch Better Have My Money“, „We Found Love“, „Only Girl in the World“, „Rude Boy“, „Work“, „Wild Thoughts“, меѓу коишто и две песни што таа ги сними со контроверзниот рапер Кање Вест, обвинуван за јавно искажани предрасуди општествено неприфатливи ставови и мислења. Притоа имаше тн. „лајтшоу“ и огномет, а пејачката cе преоблече во долга црвена наметкап за да заврши со хитовите „Umbrella“ и „Diamonds“. Познати лица беа забележани меѓу публиката на стадионот со 63.000 седишта, меѓу кои и Џеј Зи, Флојд Мејведер, Адел и сер Пол Макартни. Зборувајќи пред спектаклот, Ријана рече дека има „нешто возбудливо“ во предизвикот на изведбата и по раѓањето на нејзиниот син се чувствува како да може „да го преземе светот“. - Кога ќе станеш мајка, се случува нешто каде што се чувствувате како да можете да се соочите со светот. Може да направите сè, а „Супербоулот“ е една од најголемите сцени во светот. Колку и да беше страшно - бидејќи не сум била на сцена седум години, има нешто возбудливо во предизвикот на сето тоа. И за мене е важно да го направам ова. Оваа година е важна за мое претставување и важно е мојот син да го види тоа, образложи пејачката. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Џенифер Лопез не сакала да ја дели сцената со Шакира, а ова е причината… (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dzenifer-lopez-ne-sakala-da-ja-deli-scenata-so-shakira-a-ova-e-prichinata-video/ Wed, 15 Jun 2022 08:27:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254420

Долго најавуваниот документарен филм „Halftime“ за животот на Џенифер Лопез откри неколку нови детали поврзани со нејзината кариера кои не ги знаеле ниту нејзините најголеми обожаватели. На фестивалот „Трибека“ во средата вечерта публиката за прв пат можеше да види како е да се биде „Џени од блокот“, како и нејзините подготовки за настапи. Џенифер се појави рака под рака со својот свршеник, акерот Бен Афлек и прошета во провокативен фустан за да ги истакне атрибутите. Сепак, и покрај грандиозниот изглед, не на сите им се допадна она што можеа да го видат на премиерата. Еден од најинтересните моменти во филмот беа подготовките за Суперболот во 2020 година, кога настапи со нејзината латино колешка Шакира. Имено, во сцената на која се гледа како се подготвува за настапот со нејзиниот музички директор Ким Бурса, Лопез изјави дека „најлошата идеја на светот е двајца изведувачи да ја делат главната улога на полувремето од шоуто“, пренесува Ентертејнмент Викли. Да потсетиме, Шакира и Џенифер имаа спектакуларен настап на Суперболот. Вечерта остана запаметена како една од најдобрите досега, а нивниот настап долго се прераскажуваше. „Имаме шест минути“, изјави Лопез во филмот, истакнувајќи дека има многу малку време да отпее добар дел од која било песна, иако имала некои хитови кои морала да ги вклучи во изведбата. „Мораме да ги имаме нашите пејачки моменти. Тоа нема да биде танцово шоу. Треба да ја испееме нашата порака, рече таа. Во претходните сцени од филмот, Лопез и Шакира се прикажани во раните фази на планирањето на нивниот настап. Лопез изјави дека некои организатори во НФЛ, кои таа не сакаше да ги именува, рекле дека ќе имаат околу 12 минути за секого, но веројатно времетраењето на настапот може да се продолжи за минута или две. фото:Танјуг/АП]]>