СУНЃЕР – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Jun 2022 12:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png СУНЃЕР – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Садовите не треба да се мијат со сунѓер, научник открива и зошто е тоа опасно https://arhiva.vistina.com.mk/sadovite-ne-treba-da-se-mijat-so-sungjer-nauchnik-otkriva-i-zoshto-e-toa-opasno/ Mon, 13 Jun 2022 13:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254061

Ако садовите ги миете рачно, сигурно користите сунѓер за таа намена. Но, дали знаевте дека на него се собираат многу повеќе бактерии отколку што мислите? Норвешкиот научник Тронд Морерто од Институтот за истражување храна, на оние кои користат сунѓер за садови им препорачува веднаш да го фрлат. Овој популарен предмет, како што вели научникот, е опасен бидејќи на него се развива салмонела и некои други бактерии, особено ако сунѓерот го користите секој ден па тој речиси никогаш не е сув. Влажните услови во внатрешноста на сунѓерот се совршено место за развој на бактерии,иако најголем дел не се опасни за луѓето, сепак од салмонела може да се разболите. -Еден сунѓеро може да содржи повеќе бактерии отколку што има луѓе на Земјата. Влажен е и ги собира остатоците од храна кои исто така се и храна за бактериите, што доведува до нивно брзо размножување, објаснува норвешкиот научник. Вели дека чистењето на сунѓерот не прави голема разлика, а единствен начин за да обезбедите целосна хигиена е секој ден да имате нов сунѓер за садови што е скапо и лошо за околината. Најдобро решение, доколку немате машина за садови или не можете секој ден да ја вклучувате, е да користите четка за садови која брзо се суши и на неа бактериите не можат долго да живеат.
]]>

Веднаш ќе го фрлите сунѓерот за капење откако ќе го прочитате ова https://arhiva.vistina.com.mk/vednash-kje-go-frlite-sungjerot-za-kapenje-otkako-kje-go-prochitate-ova/ Tue, 24 Jul 2018 13:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39581

Повеќето дерматолози се едногласни дека ваквиот сунѓер за капење никако не треба да го користите! Мрежестиот сунѓер во облик на роза е вистинско гнездо на бактерии кои растат и се развиваат на него за само една ноќ. Истражувањата пак покажаа дека дури 98 проценти од дерматолозите никогаш не би препорачале употреба на ваква мрежеста роза. Наводно тие можат многу повеќе да ни наштетат отколку да ни помогнат. Кога користите мрежест сунѓер, мртвата кожа која се отстранува при капењето всушност останува во мрежата. Кога после тоа ќе се остави ваквиот сунѓер во влажна и топла атмосфера во бањата, тогаш се создаваат и одлични услови за развој на најразлични бактерии, габи и мувла во внатрешноста на сунѓерот.
Ако пак употребувате мрежест сунѓер на тукушто избричена кожа, нештата стануваат уште полоши. Бактериите потоа може да се задржат на малите ранички и така да се предизвика инфекција како и многу други проблеми со кожата. Ако пак навистина сакате да ги користите овие сунѓери, важно е добро да ги исперете и исплакнете после употребата и да ги оставите да се исушат надвор од бањата, а препорачливо е и да ги менувате на секои четири недели или и порано, или пак веднаш кога ќе почувствувате некаков чуден мирис или траги од мувла.]]>