судска битка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 12:12:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png судска битка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нов пресврт во спорот меѓу Анџелина и Бред: Актерот бара истрага за тоа како акциите на винаријата завршиле во таен фонд на остров во Англија (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/nov-presvrt-vo-sporot-megu-andhelina-i-bred-akterot-bara-istraga-za-toa-kako-aktsiite-na-vinarijata-zavrshile-vo-taen-fond-na-ostrov-vo-anglija-foto/ Tue, 27 Feb 2024 09:37:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340235

Иако се чинеше дека „војната“ меѓу поранешните сопружници, холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли е завршена, сега се појавија информации дека не е така. Имено, откако се разделија во 2016 година, тие се караат за старателството над нивните деца, но и за винаријата во Франција.Откако Анџелина наводно ги продала своите акции од имотот без негова согласност, Пит ја тужел својата поранешна сопруга. Нејзините адвокати потоа поднесоа противтужба, објави Слободна Далмација. Винаријата, каде Бред и Анџелина се венчаа и во 2014 година, веќе извесно време е во центарот на судската битка меѓу двајцата актери. Таа ја продаде својата половина на подружница на конгломератот за пијалоци на рускиот милијардер Јури Шефлер. Во летото 2021 година, Бред наводно дознал преку соопштение за печатот дека Анџелина го продала својот дел на руски олигарх, кого тој претходно го одбил како купувач. Бред потоа поднел тужба против неговата поранешна сопруга, обвинувајќи ја дека се обидела да го исклучи од можна продажба, додека таа самата правела се што можела за да се ослободи од својот дел. Дотогаш и двајцата сè уште поседуваа 50 отсто од луксузниот недвижен имот. Подоцна, како што напиша Дејли Мејл, судот во Луксембург и одзеде на компанијата на Шефлер дел од акциите што Бред првично и ги дал на Анџелина, со што Пит го врати водството во судската битка. Извор близок до актерот кажал дека Шефлер, кој ја предводи империјата на вотка Столичнаја, „практично нема збор“ како резултат на пресудата. Изворот додаде: „Бред се бореше за својата кауза на секој чекор од патот. Шефлер и Анџелина очигледно го потцениле“. Поради сето ова, Бред Пит бара дополнително да се истражи работата на неговата поранешна сопруга, бидејќи поради сите промени на сопствениците и тајните компании не може јасно да се утврди „кој ги влече конците“. фото: printskrin/instagram/_my.brangelina_]]>