судија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Jan 2023 07:25:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png судија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ива Пројковска интернационaлна ФИФА судијка: „Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iva-projkovska-internatsionalna-fifa-sudijka-doprva-pochnuva-revolutsijata-na-zhenite-vo-mashkiot-fudbal-foto/ Tue, 31 Jan 2023 07:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286517

Ива Пројковска, првата интернационална ФИФА судијка која се најде помеѓу 20-те елитни судии во Европа, неодамна ја доби наградата најуспешна женска судијка за 2022 година од Олимпискиот комитет на Македонија. Ива вели дека била изненадена за наградата, но и среќна затоа што некој ги следел нејзините резултати и успеси надвор од Македонија. „Бев многу среќна кога ме избраа, највеќе затоа што женскиот фудбал и женските судии малку се следат во нашата држава и медиумите многу малку информираат за тоа“, вели Ива за Репортер. Ива имаше можност да присуствува на Светското фудбалско првенство во Катар, но како гостинка на покана на катарската фудбалска репрезентација. „Тоа што сум ФИФА судија немав приоритет, но бидејќи работев за катарската фудбалска репрезентација имав привилегија и чест да добијам ВИП карти и да се дружам со некои видни гости на трибините“, раскажа Ива. Таа била на повеќе натпревари. Ја пофали организација на Катарците и рече дека на следните организатори им посакува среќа. „Ги следев натпреварите на репрезентацијата на Хрватска, Србија, Катар, Англија, Велс, Холандија. Можам да кажам дека сум презадоволна од организацијата. Ова го очекував од нив затоа што година и пол живеев во Катар, знам како функционираат. Поставија високи стандарди за едно Светско првенство, така што на следните организатори можам само да им кажам со среќа“, со насмевка вели Пројковска. Фаворити секогаш и се судиите, но на Светското во Катар навивала за блиските соседи Хрватска, Србија, но и за Катар. Светското првенство во Катар беше многу посебно по многу работи, но и потоа што оваа година главен судија на еден меч беше жена судијка. Станува збор за Французинката Стефани Фрапер која судеше на натпреварот помеѓу Германија и Костарика. „Во светот на фудбалот жените отидоа многу напред, што за жал кај нас тоа слабо ги следиме. ФИФА и УЕФА многу ги поддржуваат женските судии, ми им даваат поддршка. Можеме да видиме дека Стефани не само на ова првенство таа испиша историја во последните години на многу големи машки натпреварувања. Мислам дека се почесто и почесто ќе гледаме жени на големите натпреварувања, ФИФА и УЕФА тоа го сакаат, тоа и го наложуваат и до сите останати федерации. Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал“, рече Ива. Спортски судија, не типична професија за жените, но и професија од која во Македонија не може да се заработи за живот. „ Кај нас во Македонија не може. Ние не сме професионалци, не сме на платен список, се е тоа хонорар. Ако се случи една мала повреда при судење, а не си пријавен, нема како да заработуваш, да купиш суплементи, да платиш медицински трошоци. Во голем број федерации судиите се професионалци, тоа им е главна професија, само со тоа се занимаваат“, раскажа Ива како стојат работите со спортските судиите кај нас. Има другари/ки помеѓу фудбалерите и фудбалерките, но таа дружба останува само на кафе муабет. „Постои мала дистанца, мала е Македонија, не сакам да се продлабочуваат врските, затоа што утре ќе треба да им судам“, вели Ива. Не сака да се обложува и никогаш не напишала ливче во обложувалница. „Не ме бива за тоа. Немам поим ни како се пишува ливче, коефициенти тоа ништо не знам, знам дека има двојка во икс. Знаат некогаш некои другари кога ќе се обложуваат да ме прашат за резултат, меѓутоа никогаш немам погодено натпревар“, кажа Ива. Таа се подготвува во меѓувреме за зимскиот семинар кој ќе се одржи во Рим, каде ќе полага норми и тестови, видео анализи, заеднички тренинзи, различни мерења. „Кога ќе го положам тоа ќе размислувам за понатаму бидејќи прво треба да положам, па потоа ќе следи делегирањето за остатокот на сезоната“, рече Ива во интервјуто кое можете да го погледнете во продолжение:. ]]>

Фудбалскиот судија кој денеска му суди на Меси бил апсен со старлетата Тијана – Ајфон! https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalskiot-sudija-koj-deneska-mu-sudi-na-mesi-bil-apsen-so-starletata-tijana-ajfon/ Tue, 22 Nov 2022 11:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276944

Светското првенство во Катар денеска го започна и  Аргентина, еден од најголемите фаворити за пласман во финалето на натпреварувањето. Последно Светско првенство на Лионел Меси кое може да му ја донесе титулата што ја чекаше уште од првото учество во 2006 година. Денешниот натпревар помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (11 часот) е интересен и од друга причина. Имено, за главен арбитар на овој натпревар е назначен словенечкиот судија Славко Винчиќ (42), кој во јавноста е познат и по тоа што на крајот на мај 2020 година беше уапсен заедно со српската старлета Тијана Ајфон во околината на Бјелина. Наводно, Винчиќ бил еден од гостите на приватна забава организирана во време на жижата на коронапандемијата во околината на Бјелина, на која биле поканети старлети од Србија. Тие требаше да ја поминат Дрина со брод, а потоа да бидат ѕвезди на вечерта во друштво на 40 деловни луѓе кои се собрале таму. Во голема полициска акција беа уапсени дури 36 лица, од кои некои веднаш беа ослободени – што беше случај и со Винчиќ, кој од негова гледна точка ја објасни приказната за медиумите во Словенија. -По состанокот со деловните партнери бевме поканети на ранч да славиме, а ние ја прифативме поканата. Имаше четириесетина луѓе, од кои речиси ниту еден не знаев. По упадот на полицијата бевме однесени на информативен разговор каде им објаснив дека воопшто не ги познавам овие луѓе, а потоа ме ослободија за да се вратам дома во Словенија, изјави Винчиќ тогаш. Очигледно оваа случка, во која Винчиќ „случајно“  се најде на средина, никако не влијаеше на неговата кариера. Во текот на претходните две години, судијата добиваше се повеќе почит од УЕФА и ФИФА, па меѓу другото судеше и натпревари во полуфиналето на Лига Европа, односно четврт-финалето на Европското првенство и на крајот Финалето на Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Ренџерс.]]>

Лора Кларк, линиската судијка заради која Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван призна дека на еден турнир пред пред 6 години тениското топче ја погодило во уста со 130 км на час, па сепак тогаш никој не бил исфрлен! https://arhiva.vistina.com.mk/lora-klark-liniskata-sudijka-zaradi-koja-novak-gjokovikj-beshe-diskvalifikuvan-prizna-deka-na-eden-turnir-pred-pred-6-godini-teniskoto-topche-ja-pogodilo-vo-usta-so-130-km-na-chas-no-sepak-nikoj-ne-be/ Mon, 07 Sep 2020 10:13:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166047

Линиската судијка кој ненемерно беше удрена со тениско топче на УС Опен од Новак Ѓоковиќ, кој по проверката беше дисквалификуван од натпреварувањето, се вика Лора Кларк. Ова го откри нејзиното семејствоод Овенсборо во американската држава Кентаки. Членовите на нејзиното семејство за „14 вести“ изјавија дека таа е личноста што Ѓоковиќ случајно ја удри со топка во вратот. Кларк падна на теренот и се фати за грло. Откако забележа што се случило, Ѓоковиќ веднаш пријде и и' помогна, а потоа и беше укажана и лекарска помош, по што за среќа не случи ништо сериозно. Инаку, Лора Кларк е долгогодишна судија на АТП-турнирите. Таа е aубител на вино и други алкохолни пијалоци, а обожава и кантри музика, особено бендот на Зек Браун. Лора се вљубила во тенисот гледајќи ги Пит Сампрас и Андре Агаси, пренесуваат американските медиуми. Како судија напредувала од јуниорските и студентските турнири до УС Опен и Дејвис купот. Пред шест години во едно интервју призна дека тениското топче ја погодила во устата со брзина од 130 километри на час, но... очигледно тогаш никој не бил дисквалификуван! „Кога сте за прв пат на голем терен, тоа е страшно захтевно. Се тресете“ - рече тогаш Лора и додаде дека сочувствува со врвните тенисери, бидејќи тие се под стрес и голем притисок. Преку социјалните мрежи, можете да видите дека ужива да патува, била и на море во Хрватска. „За љубителите на „Игра на тронови“, Дубровник, Хрватска е бомба“ - напишала тогаш Лора. Фото: usatoday/Twitter printscreen]]>

Северина поради Милан Поповиќ го нападна судијата, а тогаш следеше ладен туш за пејачката! https://arhiva.vistina.com.mk/severina-poradi-milan-popovikj-go-napadna-sudijata-a-togash-sledeshe-laden-tush-za-pejachkata/ Tue, 24 Oct 2017 09:33:11 +0000 http://vistina.mk/?p=1164

По низата судски пресуди кои резултираа до тоа да Милан Поповиќ и Сверина Којич добијат рамноправно родителство над нивниот син Александар, пејачката побара исклучок од судот кој учествуваше во процесот на некогашните невенчани сопружници. Имено, Северина невела дека општинскиот суд во Загреб е во конфликт со неа, и дека постои пријателски однос меѓу судијата и Милан Поповиќ, така што судијата донел низа незаконски одлуки на штета на малолетното дете.
Судот пак,  острите оптужби од пејачката ги изнесе како исклучиво мислење само на Северина, кое не докажува дека некој го поткупува. Севе своето тврдење навистина не успеала да го аргументира. Ова беше уште еден безуспешен напад на Северина Којиќ кон Милан Поповиќ кој уште од почетокот на судскиот процес се труди да го доведе како што вели во корист на нивното дете.]]>