студио мода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Jul 2021 07:25:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png студио мода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сергеј Варошлија се врати во етерот: Модниот гуру по ТВ сушата на многумина одново ќе им ја „пукне душата“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sergej-varoshlija-se-vrati-vo-eterot-modniot-guru-po-tv-sushata-na-mnogumina-odnovo-kje-im-ja-pukne-dushata-foto-video/ Thu, 15 Jul 2021 07:25:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211141

Уште во првите денови од оваа 20210ва година Вистина.ком.мк го најави неговото враќање на ТВ екраните, откако по падот на  неговиот најдобар другар Боки 13-ка и целата 1 ТВ империја, Сегеј Варошлија како во земја да пропадна.  До душа на ова му кумуваше и корона пандемијата, изолацијата, полицискиот час, рестрикциите и забрани на движење…, но модниот гуру престана и да споделува свои фотографии и статуси на социјалните мрежи, неговите профили останаа речиси „замрзнати“… Се до неодамна. Сергеј Варошлија конечно се појави во јавноста: Модниот гуру се враќа на ТВ екраните? (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) А кога веќе се врати на социјалните мрежи како да беше јасно дека наскоро ќе се врати и во етерот. Се зборуваше за „преселба“ на неговото „Студио мода“ на една нова телевизија, нова ТВ фреквенција, до која сепак не дојде, зашто од големите „оф д рекорд најави“ ништо не се случи... Се до скоро, кога деновиве токму на социјалните мрежи осамнаа најавите, а потоа и тргна да се емитува неговото „модно студио“ одново. Неговата „фешн екселенција“, модниот гуру сега „жари и пали“ како во најдобрите денови, само на нова фреквенција... Или поточно на нова телевизија, но овој пат на Интернет. Имено, од  скоро на скопската Jingle TV модното шоу со Сергеј одново се емитува! Сергеј Варошлија се врати во етерот, па модниот гуру по ТВ сушата на многумина одново ќе им ја „пукне душата“... Впрочем веќе почна, зашто концептот не е нималку променет, се' уште е оној стариот познат, по неговиот веќе виден и проверен терк: Или си топ или си фејк! Може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на телевизиската публика. Тоа што некого „вистината го погаѓа и боли“… е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на нештата, во кои Сергеј не веруваме дека имал „нешто лично“ против оние чиј изглед и имиџ го коментира, иако рака на срце, понекогаш знае и да претера! Ако ви недостасуваше, еве ви го назад, со „штиклата“ и мечот... Кој ќе биде пофален, а кој набоден, тое е веќе прашање на процена во секоја нова ТВ епизода на „великиот гуру на македонската мода“... која отприлика изгледеа вака: Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/varoshlijasergej/@jingletv.mk TV Channel
]]>

Дали „дното на кариерата“ се купува со реклама, па сега „дното е врв“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-dnoto-na-karierata-se-kupuva-so-reklama-pa-sega-dnoto-e-vrv-foto/ Wed, 07 Nov 2018 08:16:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56609

Ексцентричен на изглед, пис на јазик, остар на зборови, тој не штеди „епитети“ кога треба да ги критикува оние кои тој ден се на неговото модно мени! Не така неодамна, дојде и денот, кога на листата за „отстрел“  на Сергеј Варошлија во неговата емисија на „1ТВ“ се најде и Бети Цонева, во македонската метропола и пошироко попозната како Бети – „Сикрет“, повеќе од десет години сопственичка на истоимениот салон за убавина во Скопје.
Откако коментарот на македонскиот „моден гуру“ за нејзиниот моден изглед не и се допадна на „газдарицата на тајните“,  „тајната Бети“ реши жестоко да му возврати користејќи ја моќта на социјалните мрежи!  На „вербалната војна на модните светови“ можете да се потсетите ако кликнете на потцртаниот линк погоре. Ние само ќе ве потсетиме на статусот на Бети - „Сикрет“ преку кој му се обрати на Варошлија, тврдејќи дека „фраерот“ од „Студио мода“, е всушност „гола вода“... Според неа, секако:
„Се прашувам дали дното на кариерата изгледа вака? Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани, па малку беше, и се фати да ме коментира мене, на која споредна работа во животот ми е Фејсбук сликање од причина што сум презафатена со бизнисот, кој успешно го водам деценија и кусур. Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари… Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава… Со среќа… ќе ти треба“ – напиша тогаш револтираната газдарица, покрај постираните фотографии на својот Инстаграм профил! Ништо ново, ниту необично во светот на познатите - помислија многумина. Се чекаше само разрешницата... Судска, најверојатно! Но само некој месец подоцна, види чудо! А ќе го видиш ако повторно гледаш „Студио мода“. Сергеј се' уште е таму, принципот на работа и коментарите на „модниот гуру“ се тие, а нови се само неговите „модни жртви“ и...
Да, да... убаво сте виделе, не е грешка!  Нова е и рекламата за  салонот за убавина „Студио Сикрет“, на истата таа Бети Цонева.
Газдарицата која летово јавно се прашуваше дали „дното на кариерата изгледа вака“? Секако, алудирајќи на истиот овој Сергеј Варошлија во чија емисија сега оди нејзината реклама?!!
Дали тоа Варошлија и “ТВ империјата“ решиле наместо да фрлаат пари по адвокати и судови, да компензираат со отстапен простор за ТВ реклама или газдарицата на салонот за убавина проценила дека е попаметно да го стори истото, па да им понуди нешто што не се одбива токму во емисијата на својот „моден душман“ или во прашање е  само „модно примирје“? Што и да е, во секој случај е интересен начин да се закопаат „воените секири“ на вербално завојуваните „разубавувачи“ на нацијата!      ]]>

Сергеј Варошлија ја „растури“ на 1ТВ, ама само и ја качи цената, па Жаки-Блонд сега „растура“ на социјалните мрежи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sergej-varoshlija-ja-rasturi-na-1tv-ama-samo-i-ja-kachi-cenata-pa-zaki-blond-sega-rastura-na-socijalnite-mrezi-video/ Wed, 03 Oct 2018 07:43:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51176

„Студио мода“ или подобро речено „студио модна незгода“... Така барем го доживуваат македонскиот „фешн гуру“ Сергеј Варошлија сите оние кои на 1ТВ ја почувствувале острицата на неговиот „моден меч“, преку неговиот остар јазик. Сергеј навистина е „без влакна на јазикот“ во своите коментари при делењето модни оценки, особено за непознатите или помалку познатите личности, додека јавните фаци малку повеќе ги штеди или обратно - не го ни вади мечот, фалејќи ги на полна уста. Секако Оние кои се „во љубов со него“ или неговата екипа од телевизијата, додека оние со кои тој или неговите се гледаат „преку нишан“, не се штеди модно да ги „отстрела“ од прва!
Една од „модните мети“ на Варошлија беше и прилепчанката Жаклина Лина, или попозната како  Жаки - „Блонд“, модел во неколку македонски видеоспота, едно време и ТВ водителка на „Естрада Плус“, инаку бивша девојка од зад шалтерот во една прилепска обложувалница, а сега хостеса во електронско мини казино.
Сергеј во една од своите „ТВ сеанси за модна демонтажа“ и се намерачи на Жаки - Блонд, па и буквално ја „растури“ на делови, кога се парчињата од нејзината гардероба, шминката, фризурата, комплетниот стајлинг во прашање...
„Косата како мачки да и ја тргале, како на река да ја перела со она за триење петици, не... како да ја перела во машина со варикина...“ - беа само дел од „комплиментите“ на „модниот гуру“ на сметка на прилепската барбика.
И кога сеите мислеа дека Сергеј и ја „закопа кариерата“, види чудо: варошлија можеби „ја растураше“ на ТВ, но со тоа изгледа дека само и ја качи популарноста, па Жаки - Блонд сега растура на социјалните мрежи.
Очигледен пример за непишаното правило: Зборувај за мене што сакаш, само кога веќе ме споменуваш, ставими подобра слика“! А Жаки-Блонд е слика и прилика за тоа!
Колку пооспорувана од „модниот стручњак“, толку попопуларна и попосакувана кај мажите! Па сега ти види кој е „моден гуру“, а кој „машка желба“! https://www.youtube.com/watch?v=4olnj0iW9gQ&t=18s]]>