студио црнокрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Feb 2023 09:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png студио црнокрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На изборот за „World Miss University“ нашата Тијана Петреска прогласена за Miss Photogenic https://arhiva.vistina.com.mk/na-izborot-za-world-miss-university-nashata-tijana-petreska-proglasena-za-miss-photogenic/ Wed, 08 Feb 2023 07:32:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287893

На светскиот избор за најубава студентка, кој неодамна се одржа во Сеул, Јужна Кореја, нашата Тијана Петреска, 22 години, од Скопје, ја освои титулата Miss Photogenic, како најфотогенична од сите девојки, а ги имаше 70 вкупно од исто толку држави од целиот свет. Победничка, односно WORLD MISS UNIVERSITY е претставничката на Костарика, првата придружничка е од Канада, а втората придружничка од Нов Зеланд. Нашата Тијана е членка на Модното студио Црнокрак, кое од оваа година ја поседува лиценцата за сите држави од бивша Југославија за овој голем светски избор за убавина. Истиот се одржа по 31-ви пат, во хотелот Swiss Grand во главниот град на Јужна Кореја, Сеул.    ]]>

Фолкерот Боби Спасенцовски сними поп балада – „Ти родена си само за мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerot-bobi-spasencovski-snimi-pop-balada-ti-rodena-si-samo-za-mene-video/ Fri, 14 Dec 2018 11:55:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63206

Боби Спасенцовски на македонската јавност и е познат како пејач кој кариерата ја гради во фолк музиката. И додека деновиве се снимаат бројни новогодишни ТВ програми и емисии за највеселата ноќ и празничните денови за потребите на телевизите во кои покрај бројните фолк колешки и колеги учествува и тој, нему како фолк естрадата да не му е доволна, па простор за пошироко делување Боби се обиде да најде и во поп водите.
Така, деновиве тој ја промовираше својата нова песна и видеоспотот за неа, насловени „Ти родена си за мене“. преслушувајќи ја песната веднаш можете да заклучите дека се работи за класична забавна песна која нема никакви допирни точки со фолкот и она што досега Боби го работеше и пееше. Ако повнимателно го проанализирате насловот на песната и ги преслушате стиховите што ги содржи, станува јасно на прва дека некому истата е му е наменета.
Посветата на песната на неговиот Фејсбук профил, само ја потврдува тезата дека таа е напишана наменски и претпоставуваме, не случајно е забавна. Некому за подарок, на некој кој му е многу драг, без кого не може, кого го сака... А, тој некој, веројатно повеќе сака поп, отколку фолк музика! Но, сеедно...
Самиот Спасенцовски е и сам свој мајстор, односно комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот како и изведувач на песната, а истата е снимена во студиото „Сити саунд“ на Љупчо Соколовски.
Видеото го потпишува екипата на „Браво продукција“, а истото е снимено на локација на патеките на „Арт картинг центар“ и во него покрај пејачот и придружниот бенд, учествуваат прекрасните девојки, модели на најпознатото модно студио кај нас - „Црнокрак“!
Како звучи и изгледа „Ти родена си за мене“ проследете во продолжение: ]]>