студија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Aug 2023 10:29:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png студија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Додавањето сол во секој оброк може да го зголеми ризикот од сериозни срцеви заболувања https://arhiva.vistina.com.mk/dodavaneto-sol-vo-sekoj-obrok-mozhe-da-go-zgolemi-rizikot-od-seriozni-srtsevi-zaboluvana/ Wed, 30 Aug 2023 10:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315884

90% Од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно и со тоа го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, бубрежни нарушувања, а со тоа и од дијабет. Статистиките во однос на заболувањата од дијабет се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Пред сѐ ова се должи на лошите животни навики, стресот, начинот на исхраната и физичката неактивност, факти поткрепени од  СЗО и други здравствени организации.   Но, кога станува збор за исхраната, тука проблемот е посложен. Повеќето од нас купуваат процесирани производи, подготвени за долготрајно чување и „збогатени“ со адитиви, едвај читливи. Сепак мора да ги прочитате за да знаете што купувате и дали одредени состојки штетно влијаат на вашето здравје, особено при нивна почеста употреба. Една од нив е и солта!   Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!   Основна состојка на солта е натриумот. Организмот на човекот има потреба од мали количиства на натриум, бидејќи е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје – јодот.   Според Светската здравствена организација препорачан дневен внес на сол изнесува до 4g. Но, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредениистражувања на американскиотCDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно.   Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен иливисок притисок,заболувања на срцето исрцев удар. Исто така, може да предизвика губење накалциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.   Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?   Претерувањето со солта иако не води директно кон дијабет, сепак индиректно влијае и тоа преку:   Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести Натриумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок. Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок, а високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести.   Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кои го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, обесност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покаченитриглицериди и холестерол),физичка неактивност и слично. Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања.   Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта.  
  1. Зголемен ризик од компликации со стапалата
  Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет.   Зголемен ризик од бубрежни нарушувања Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања.   Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат.   Оттука, можеме да заклучиме дека ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на солта и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на солта, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.   Како да го намалиме внесот на сол во организмот?     Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи.   Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесена сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” односно храна од маркетите, а не од че стото употребување на домашниот соларник.   Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!).   Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол!     За да ги искористите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот.   Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол.Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:  
  • Лебот – една резенка содржи и до 0,5 g сол. Тоа би значело дека само со неколку парчиња леб, внесуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Каков било вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови.
  • Брза храна.
  • Замрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.
Извор: Попара.мк]]>

Колку секс е премногу? Одговорот од експертите може да ве изненади https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-seks-e-premnogu-odgovorot-od-ekspertite-moze-da-ve-iznenadi/ Wed, 09 Dec 2020 14:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180100

Според студија објавена во Archives of Sexual Behavior во 2017 година, просечно возрасно лице има секс 54 пати годишно, или околу еднаш неделно. Ако сте од оние чиј личен просек е многу поголем од тоа, веројатно ќе се запрашате колку е премногу сексот, како и какви се последиците. Д-р Ребека Ц. Брингтман од Медицинскиот факултет Icahn во Њујорк има смирувачки новости за вас. „Дефиницијата за чест секс е променлива и се додека обезбедува добро чувство и не боли, дотогаш секоја фреквенција на секс е добра“, изјави д-р Брајтман за магазинот „Health“. Со други зборови, препуштете се на своите потреби сè додека не почувствувате негативни ефекти. Сепак, не е лошо да се знаат знаците за предупредување кои сугерираат да му дадете пауза на вашето тело. Ризици од сексуален однос „Најголемата физичка опасност од премногу секс е оток на вагината и лабиите“, изјави за здравјето д-р Шери А. Рос, специјалистка за болести на жени во Санта Моника, објаснувајќи дека многу сексуални стимули ја исполнуваат вагината и усните со крв, што може да доведе до прекумерно оток и болка при сексуален контакт. Исто така, продолжениот секс може да доведе до дехидрирање на природното подмачкување на вагината, што може да предизвика триење и болка. „Ако не сте имале доволно предигра за сексуално возбудување и хидратација, вагината ќе биде сува, па кога пенисите или прстите ќе влезат во неа, сексот ќе биде болен“, објаснува д-р Рос, додавајќи дека сувоста на вагината може да се појави и кај жени во менопауза, што за време на сексуален однос или пенетрација може да резултира со чувство на печење во вагината. „Ако вагината ви отече или боли по сексуален контакт, паузирајте додека не почувствувате дека сè е добро“, вели д-р Брингтман. Ако отокот ви се чини претеран, обидете се да го ублажите со мраз, советува д-р Рос и препорачува да користите вагинален лубрикант или екстра девствено кокосово масло за следниот контакт за да обезбедите дополнителна влага во вагината. Може ли мажите да страдаат од премногу секс? „Оток, болка и триење може да се да има и пенисот“, вели д-р Рос, а претерувањето со сексот исто така може да резултира во тешкотии при мокрење за нив. Што се однесува до пенисот, поголемиот не е секогаш подобар, особено кога станува збор за многу секс. Иако подебелиот пенис и дава на вагината чувство на исполнетост, прекумерното истегнување може да биде болно и непријатно, па дури и да предизвика вагинални солзи. Колку повеќе секс, толку е поголем ризикот од инфекција на мочниот меур и вагината. Ова се случува, како што објаснува д-р Рос, поради нарушување на природната pH рамнотежа на вагината, бидејќи бактериите од вагината и анусот полесно се наоѓаат до мочниот меур. Стекнувањето навика за празнење на мочниот меур по сексуален однос и пенетрација ќе помогне да се спречи ова. Ако чувството на задоволство е сè што ви носи сексот, нема причина да апстинирате. “Комуникацијата е од витално значење во врската, особено за време на интимност “, вели д-р Рос, додавајќи дека здравата и задоволувачка сексуална врска обезбедува искреност и удобност со партнерот. извор:попара.мк]]>