студенти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png студенти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ФИШ создава извонредни студенти во информатички и сродни дисциплини https://arhiva.vistina.com.mk/fish-sozdava-izvonredni-studenti-vo-informatichki-i-srodni-distsiplini/ Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341722

Приоритет за секој средношколец и студент претставува квалитетното образование и идниот просперитет. Тие се стремат да го направат правилниот чекор на ова поле и да се здобијат со врвно знаење, кое понатаму ќе ги придвижи кон достигнување на особен престиж во својата професија. Во последнава декада, Словенија се истакнува како една од најпривлечните земји за студирање на македонските студенти и надградување на професионален план. Зошто е тоа така? Постојат неколку факти кои ја откриваат тајната позади нивната визија и ја потврдуваат нивната одлука како вистински избор. Долгогодишното и прогресивно работење на Факултетот за информатички науки во Словенија (FIŠ) дава основа за генерирање извонредни студенти зад кои стојат голем број успешни и глобално препознатливи проекти и соработки. Дел од овие колаборативни проекти се карактеризираат со пребарување податоци, дигитални библиотеки, поврат на информации и слично. Со посебна репутација се здобиваат и оние кои се ко-финансирани од Европска Унија, од која факултетот и студентите уживаат исклучителна поддршка. “Адаптација на јавните истражувачки организации и Централната техничка библиотека на Универзитетот во Љубљана да работат според принципите на отворената наука” е еден пример на таков вид проекти, во кој што цел факултет е вклучен и активно работи со помош на Министерот за високо образование, наука и иновации на Европската Унија. Овој самостоен државен факултет, лоциран во Ново Место, претставува водечка институција во државата, која е посветена на првокласна едукација на своите студенти во делокругот на информатичките науки и сите сестрински дисциплини. Студиската програма на ФИШ главно е поделена на три модули: додипломски, мастер и докторски студии. Во секоја од нив е инкорпориран мултидисциплинарен пристап кој овозможува студентите да ги прошират своите хоризонти, пронаоѓајќи ги допирните точки меѓу информатиката и останати истражувачки сфери како филозофија, социологија и комуникациските вештини. Ова ја зголемува студентската перспектива и развива сет способности, давајќи им предност на студентите во денешниот свет на можности, во кој се' е поврзано и испреплетено. Студентите на ФИШ секогаш се снабдени со најнови информации од светот на технологијата преку организирање јавни дебати, работилници, предавачи и професори, теренски активности и конференции. Преку партиципација на вакви настани, студентите може да воспостават контакт со влијателни личности и професионалци и да се стекнат со потребното практично искуство. Една од најголемите технички бенефиции за студентите на овој факултет е неговото членство во Microsoft Azure програмата. Со оваа програма, студентите и персоналот може да користат лиценцирани Microsoft програми и алатки преку Аzure web порталот и да ги инсталираат на сопствените компјутери. Оваа високо-образовна установа во својот „арсенал“ има два суперкомпјутери. ФИШ има склучено партнерства со голем број истражувачки институции, универзитети и партнери од индустријата низ целиот свет. Ваквиот тип интернационална соработка обезбедува можност за академска размена на студентите, како што е програмата Еразмус, здружување за заеднички истражувачки проекти, екскурзии и отворена врата кон разновидни искуства. Особена предност на овој факултет е можноста за проследување „онлајн“ настава преку платформата „Moodle”, на која постојано се прикачуваат академските материјали и вежби. Оваа „онлајн” училница овозможува студентите побрзо да комуницираат меѓу себе, да остварат полесен пристап до професорите, претставува форум за дискусија и опција за прикачување семинарски трудови и испитни вежби преку нивниот профил. Покрај тоа што факултетите во Словенија нудат бесплатни студии за македонските студенти, ексклузивна алтернатива на овој факултет се индивидуалните курсеви кои содржат три нивоа и отворената прилика за студирање како „граѓанин”. Ова подразбира дека секоја индивидуа по желба, може да ја проследи студиската програма на Факултетот во кој било период од академската година, без статус на студент. Покрај екстензивната апаратура, на Факултетот постои и специјализирана библиотека за студентите. Оваа инфраструктура придонесува за стручноста на предавањата и истражувачките активности, зајакнувајќи го целосниот образовен систем на студентите. Во програмата на факултетот се опфатени и дополнителни социјални и студентски услуги, како кариерен центар за академско и кариерно советување, опции за практикантство и практични вежби. На овој начин, факултетот цели да создаде инклузивна средина, каде студентите може да се унапредуваат и да го достигнат својот целосен потенцијал. За секој студент, слободното време е ценет луксуз кој треба максимално да се искористи. За некого тоа значи одмор, но студентите на ФИШ ја имаат и можноста да си го исполнат времето преку социјализирање и вмрежување со своите колеги, учествувајќи во разни екстракуликуларни активности како куглање, пикник, спортување и прошетки во природа. https://www.youtube.com/watch?v=kUvr5JyQVH8 Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.]]>

„Звукот на новата генерација“ – концерт со студентите на ФМУ https://arhiva.vistina.com.mk/zvukot-na-novata-generatsija-kontsert-so-studentite-na-fmu/ Mon, 05 Jun 2023 12:19:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304979

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски. Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска (флејта, четврта година, класа: проф. м-р Страшо Темков), Ивона Давидовска (контрабас, трета година, класа: доц. Александар Поп Христов), Андреј Ѓоршевски (гитара, четврта година, класа: вон.проф. м-р Борче Наумоски), Ивона Стојанова (пијано, четврта година, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Бојан Димитровски (пијано, втора година, класа: доц. м-р Дино Имери), Ангела Николовска (пијано, трета година, класа: проф м-р Катерина Гелебешева-Костадиновска), Дарко Гроздановски (виолина, четврта година, класа: проф м-р Олег Кондратенко) и Виктор Богоевски (тромбон, трета година, класа: доц. м-р Димче Белчовски). На концертот ќе бидат доделени и награди за музичка критика на студенти од Факултетот за музичка уметност кои учествуваа на работилницата „Музичка критика“ и присустуваа на концертот „Благден“ со диригентот Вања Ѓумар Николовски на кој беше изведена грандиозната Симфонија бр.5 од Густав Малер. Студентите напишаа критики кои потоа беа оценувани од жири кое ги избра најдобрите, а на концертот в четврток ќе бидат доделени награди на најдобрите. Работилницата се реализира како соработка помеѓу Филхармонија и Факултетот за музичка уметност и има цел да се поттикне продукцијата и интересот за пишување музички критики меѓу младите. извор:република.мк]]>

Студенти од Македонија направија паметна корпа за правилна селекција на отпадот, со оваа иновација ќе учествуваат на натпревар во Њујорк (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/studenti-od-makedonija-napravija-pametna-korpa-za-pravilna-selekcija-na-otpadot-so-ovaa-inovacija-kje-uchestvuvaat-na-natprevar-vo-njujork-video/ Mon, 08 Aug 2022 12:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261962

Кристина, Теодора, Љубица, Никола и Јован се петмината студенти направија паметна корпа за правилна селекција на отпадот, кои со оваа иновација ќе учествуваат на натпревар во Њујорк. Тие победија на младинскиот предизвик „Генерација без граници – Технологија за планетата“ и како млади иноватори ќе не претставуваат на глобалниот предизвик „Генерација без граници 2022“. Со идејата на тимот „Грин Хот Чили Пеперс“ за правилна селекција на отпадот и иновацијата составена од паметна корпа со сензори и апликација, во иднина граѓаните ќе можат правилно да го селектираат отпадот кој полесно ќе може да се рециклира. Нивната појдовна точка за идејата биле проблемите со неправилното справување со отпадот. „Справувањето со отпад на сите ни влијае, особено кога се шетаме низ улица, од тоа како ни изгледа животната средина, потоа што се случува понатаму со отпадот и дали правилно се гори. Повеќето од нас се студенти на информатички науки и компјутерско инженерство, и сакавме да направиме некоја паметна корпа, која што ќе го селектира отпадот на граѓаните и доколку тој отпад е селектиран потоа ќе може полесно да се рециклира. Во склоп на тоа развивме и апликација која што дополнително би ги мотивирала граѓаните да селектираат отпад“, рече студентката на ФИНКИ и членка на тимот, Кристина Цоковска. Идејата е граѓаните отпадот да го испразнат во паметната корпа, а таа со помош на одредени паметни сензори и механизми да го селектира отпадот на неколку категории, пластика, хартија, стакло. „Тоа понатаму би им помогнало на оние компании и институции што се справуваат со отпадот доколку истиот е селектиран. Бидејќи на паметните сензори и механизми ќе им биде потребна енергија, ние замисливме енергијата да доаѓа од соларни панели кои би се наоѓале на кантата и би биле доволни за истата да се напојува“, раскажува Цоковска. Како помош на паметната канта е апликацијата за правилна селекција која во одредена форма е веќе достапна, но сеуште работат на нејзино доразвивање. „Следен чекор е да снимаме видео како национални победници, и потоа тие видеа ќе бидат испратени до интернационална комисија која што ќе ги разгледува идеите од сите земји и ќе одлучат кои тимови ќе продолжат ќе се натпреваруваат во Њујорк“, вели Кристина Цоковска од тимот „Грин Хот Чили Пеперс“. На натпреварот во Њујорк, Македонија влегува во конкуренција со 40 други земји кои работат на истата тема, технологија за климатски промени. Погледнете: фото:Jutjub printskrin/Reporter]]>

Џонсон Мети останува партнер во професионалниот развој на студентите https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-ostanuva-partner-vo-profesionalniot-razvoj-na-studentite/ Thu, 20 Jan 2022 10:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235520

Четириесетина студенти од технички факултети неодамна ја посетија фабриката Џонсон Мети во Македонија. Студентите се запознаа со процесот на производство и со опремата со која располага компанијата во слободната индустриска зона Бунарџик.
„Преку посетата се стекнав со ново практично искуство кое ми оди во прилог на моите студии на Машинскиот факултет, посебно од областа на роботиката што е широко применета во производниот погон и има простор за дополнително подобрување. Се запознав и со начините на кои една компанија може да го подобри своето производство со примена на почисти технологии или со третман на отпадните материи пред нивно испуштање во околината, што за мене како студент по енергетика и екологија е од особено значење. Вработените воспоставија коректен однос со нас кој не приближи до материјата од интерес и овозможи внатрешен поглед на производствените процеси и пример за секојдневните практики на компанијата. Од голема едукациска значајност претставува ваквата можност за соработка помеѓу една вистинска компанија и студентите, кои се стремиме еден ден да станеме дел од едно вакво опкружување и работа“, вели Бисера Мишевска, студент од четврта година на Машинскиот факултет во Скопје.
За нејзината колешка од прва година, Паола Укајдари, најголем впечаток при посетата на компанијата и оставил фактот што целта на производството во Џонсон Мети е подобрување на животната средина.
„Досега не сум имала прилика да влезам во фабрика која користи најмодерна технологија. Моето присуство ги потврди очекувањата кои ги имав и навистина сум воодушевена што постои ваков објект во мојата земја. Секако тоа и ме мотивираше да ги совладам моите студии што побргу за да можам да бидам дел од тимот во Џонсон Мети. Најголем впечаток ми остави целта на производството - подобрување на животната средина. Огромна благодарност до Џонсон Мети“, вели Укајдари.
Во обиколката на фабриката, студентите од Машинскиот факултет, од Факултетот за електротехника и информациски технологии и од Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа придружувани од менаџмент тимот и од инженери, кои детали ги објаснија стручните аспекти на производството и одговараа на различни прашања на студентите.
„Се радуваме на големиот број студенти кои ја посетија фабриката. Како општествено одговорна компанија, остануваме посветени на студентите, партнер во нивниот професионален развој, пред се во стекнувањето практични вештини и знаења“, објаснува Александра Симоновска, партнер за пронаоѓање таленти во Џонсон Мети.

* * *

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

Џонсон Мети активен поддржувач на иднината на студентите https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-aktiven-poddrzuvach-na-idninata-na-studentite/ Fri, 19 Nov 2021 08:37:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227968

Компанијата Џонсон Мети ја презентираше својата практикантска програма пред студентите од инженерско-техничките студии на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на двонеделниот виртуелен Саем за вработување, во организација на студентската организација БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија). Претставниците на Џонсон Мети ја презентираа програмата за општа пракса за различни одделенија во компанијата, како што се проекти, човечки ресурси, планирање и одржување. Исто така, тие презентираа и активна кампања наречена „Програма за практикантска работа со можности за понатамошно вработување во Џонсон Мети“ за сите студенти од инженерски и технички студии.
„Овој чекор го презедовме како решение за недостигот на квалификуван технички кадар во оваа област. Во овие тешки времиња, ова се многу критични улоги за вработување и затоа одлучуваме да ги создадеме. Преку настанот се поврзуваме со сегашните студенти, се претставивме пред нив, а тие научија за потребните квалификации за работа!“, вели Александра Симоновска, задолжена за ангажман на нови вработени во компанијата.
БЕСТ го организира Саемот за вработување и кариера по 17-ти пат, каде Џонсон Мети е долгогодишен партнер.
„Џонсон Мети продолжува да биде активен подржувач на иднината на студентите од техничките факултети. БЕСТ Скопје оваа година по 17-ти пат го одржува Job Fair - Саемот за вработување и кариера, наменет за ефективно вмрежување на партнер - компаниите со студенти од техничките факултети. Меѓу нашите долгогодишни партнери е и Џонсон Мети - лидер во развивање на одржливи технологии. Горди сме да кажеме дека имаме успешна и долготрајна соработка со компанијата“, објаснува Марија Кипријанова, претседател на БЕСТ Скопје.
Џонсон Мети Скопје како општествено одговорна компанија на секој начин ја поддржува заедницата и вложува во нејзин развој. Особено внимание Џонсон Мети Скопје вложува во развојот на нови млади стручни кадри и преку директен работен ангажман да се обезбеди развој на професионалните вештини на младите стручни кадри.]]>

Не постои валидна причина за сајбер булинг https://arhiva.vistina.com.mk/ne-postoi-validna-prichina-za-sajber-buling/ Thu, 20 May 2021 08:47:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203392

Група од три студентки од ФИНКИ активно го креваат својот глас против сајбер булингот. „Изреволтирани од случувањата на денешницата, како и се поголемиот број на жртви на сајбер булинг решивме да го направиме овој проект насловен како: 'Социјални медиуми: платформа за повреда на човековите права и дефамација' со цел да ја развиеме свеста за оваа негативна појава и да влијаеме позитивно врз заедницата“ - велат тие. Социјалните медиуми се најмоќниот продукт кој произлезе од дигиталната револуција и развојот на технологијата. Нивната најголемата предност е тоа што спојува луѓе од различни страни на светот да комуницираат на многу побрз и полесен начин. Но, покрај огромната корист која што ја нудат социјалните медиуми, сепак носат и одредени опасности и непријатни искуства. Тие се еден од најштетните елементи на општеството бидејќи ја нарушуваат нашата приватност како никогаш порано. За таа цел е спроведена анкета, од чии резултати е увидено дека нивните очекувања се исполниле. Затоа одржуваат видео конференции на оваа тема, постираат дигитални флаери на нивните социјални медиуми, со други зборови пробуваат да ја подигнат свеста за сајбер булингот и искористувањето на приватноста кај корисниците на социјалните медиуми.]]>

Есенски музички свечености: Концерт на студентите на ФМУ https://arhiva.vistina.com.mk/esenski-muzichki-svechenosti-koncert-na-studentite-na-fmu/ Mon, 18 Nov 2019 11:40:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119133

Студентите на Факултетот за музичка уметност вечер ќе одржат концерт во рамки на јубилејните 20. Есенски музички свечености. На концертот што ќе се одржи во просториите на ФМУ, ќе настапат Анел Селим на кларинет, студент на втора година во класата на проф. м-р Стојан Димов, Стефан Неделковски на саксофон, студент на четврта година во класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, и Мимоза Ќека, студент на трет циклус докторски студии во класата на проф. м-р. Тодор Светиев. Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првата високообразовна и научна установа од областа на музичката уметност и балетската педагогија во Република Македонија. Основан во 1966 година како Висока музичка школа, во текот на сите години од своето постоење Факултетот ја врши својата мисија за подготовката на уметничките, педагошките, научните кадри за сите области на музичката и балетската култура и образование. За изминатиов период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3000 студенти. Меѓу нив се видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои ја сочинуваат основата на изведувачкиот корпус на националните музички ансамбли, музичките редакции во Македонската Радио Телевизија, наставниците во музичките училишта во земјата и надвор од неа. Со делувањето на своите ансамбли (студентскиот симфониски оркесатар, хорот „Драган Шуплевски“, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, оркестарот на народни инструменти), организирањето на концертните циклуси „Музика вива“ и „Од страниците на творештвото на композиторите“, како и со други активности сврзани со истражување и зачувување на културното наследство Факултетот стана важен чинител на музичкиот живот во Македонија. Студентите на ФМУ се редовни учесници на концертните програми на фестивалот „Есенски музички свечености“.]]>

Зошто на докторски студии во Словенија!? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-na-doktorski-studii-vo-slovenija/ Mon, 12 Aug 2019 09:17:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101603

Европска диплома и висок квалитет на работа со докторанди се двете клучни предности што ги нуди Словенија за странските студенти на 3 степен образование. Иако Словенија и Македонија се две слични, сепак се и многу различни, држави. Слични по големина и менталитет на сопствените жители, но различни според стандардот на живеење, еколошката свест, културолошката развиеност, политичкото милје и што е најважно, квалитетот на образовниот систем. Предноста која европската диплома ја нуди за побрзо да се валоризира вложеното во едукацијата ги зголемува интересот меѓу Македонците да се школуваат надвор од државава. Интересот за студии во Словенија сè повеќе расте меѓу македонските академски граѓани кои одлучуваат своето високо образование да го реализираат надвор. Причините се бројни, како географската близина, јазичната блискост, но преовладуваат оние кои се поврзани со квалитетот на образованието, бизнис потенцијалите, односот меѓу професорите и студентите што се опишува како поотворен и можноста да се напредува преку интеракција. Словенија, всушност, е „портата“ на Македонија кон земјите на Европската Унија. Сите овие квалитативи на оваа земја се магнет за македонските интелектуалци. Затоа, од оваа година и Факултетот за применети општествени студии и Факултетот за медиуми, високо реномирани образовни институции, ги отворија своите врати за македонските доктори на науки. Важно е да се напомене дека Факултетот за применети општествени студии, од оваа година, е добитник на Жан Моне центарот за извонредност (Jean Monnet Centre of Excellence), кој претставува ЕУ стратешка опсерваторија за Европа 2030. Со ова, всушност, се дава признание за одличниот статус на овој факултет во Европската Унија. Во Словенија се добива диплома која има европско значење, но претставува круна на светско знаење во дадена област. Потенцијалните доктори на науки работат индивидуално на својата докторска дисертација, но под менторство на искусни професори. Индивидуалната работа вклучува самостојно проучување литература, подготовка и презентација на индивудални проекти, потоа истражувачка работа на студентите во истражувачки проекти во рамки на учењето и подготовка на докторска диспозиција и дисертација.
Исто така, на ФПОС и на ФАМ, во последната деценија, наставата се изведува според декларацијата од Болоња. Нашите студенти – доктори на науки слушаат предавања на англиски јазик, но за прв пат, може својата докторска дисертација да ја подготват и да ја одбранат или на англиски или на српски јазик. Со ова, всушност, се надминува сериозен проблем на генерациите кои не го изучуваа англискиот јазик во својот процес на образование. Да се добие диплома од Словенија за докторски, тригодишни, студии значи дека се совладани фундаменталните теоретски и методолошки знаења во конкретната област. Искусни професори – теоретски и практично – го „менаџираат“ знаењето и процесот на совладувања на знаењето. Студиите се добро структурирани и практично, студентите се водени од многу искусни супервизори. Одлична предност да се студира на овие две високо-образовни институции е и можноста многу малку да се патува во Словенија. Станува збор за минимален број денови за престој, а тоа е значајно за сите кои се вработени или ангажирани во Македонија кои сакаат да го продолжат своето образование во оваа европска држава. Користејќи ја технологијата, всушност, се совладува географската одалеченост за дисеминација на образованието. Докторот на науки добива низа генерални компетенции по завршување на студиите во Словенија. Секоја студиска програма е насочена кон знаење и владеење врвни вештини и инструменти за истражувања. Имено, секој завршен доктор на науки е способен да идентификува одредени истражувачки проблеми, да анализира и да најде соодветно решение, потоа да создава нови знаења како релевантен придонес во науката, да ги владее методите, процедурите и процесите на истражувачка работа, да биде способен за индивидуално истражување и развојна работа и способен да води тим истражувачи, да ја разбира важноста за квалитет и да се насочи кон квалитетна професионална работа преку себе-автономија, себе-критикување, себе-рефлексија и себе-евалуација во работата и да биде посветен на професионалната етика. Секој доктор на науки практикува иновативен пристап при користење и создавање комбинации од емпириските истражувачки методи (триангулација) и формира и имплементира оригинални научни решенија за конкретни научни предизвици. Докторандите се вклучуваат во подготовка на многу меѓународни истражувачки проекти и се многу активни во соработка и размена на меѓународно ниво. Оваа можност ја гарантираат двете високо образовни институции Факултетот за применети општествени студии и Факултетот за медиуми затоа што се дел од многу меѓународни мрежи со високо-образовни институции и компании. Притоа, секој докторанд може да ја работи својата теза преку конкретен проект, со добивање база на податоци со кои располагаат факултетите или самостојно да избере и да работи своја индивидуална тема. И во двата случаи, потенцијалниот доктор на науки добива сериозна помош од колегите – докторанди, од повозрасните доктори на науки, од професорите и од самите образовни институции.
Забелешка: За сите информации, идните доктори на науки, може да дојдат на информативниот ден кој се организира на 02.09.2019 година во 17 часот и 30 минути во хотел Солун, центар на Скопје, кога професори од двата факултети ќе бидат присутни во Македонија и ќе ги објаснуваат сите потенцијали за студирање во Словенија.]]>

Докторски студии во Словенија за Стратешки комуникации или Социологија на српски и англиски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/doktorski-studii-vo-slovenija-za-strateshki-komunikacii-ili-sociologija-na-srpski-i-angliski-jazik/ Wed, 07 Aug 2019 10:22:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100888

Факултетот за применети општествени студии (Fakultet za uporabne druzbene studije - FUDS) и Факултетот за медиуми (Fakultet medije - FAM), годинава, прв пат нудат можност граѓаните на Македонија да се запишат на докторски студии во Словенија. Докторските студии се однесуваат на областите Социологија (http://www.fuds.si/en/phd-sociology) и Стратешко комуницирање (https://www.fame.si/phd-strategic-communication), каде се стекнува меѓународно призната диплома, базирана на функционално знаење за решавање на секојдневните предизвици, како што се претприемништвото и бизнисот, менаџментот, економската социологија, иновациите, комуникацијата, медиумите, лидерството, јавната администрација, владеење на правото и многу други области од општественото опкружување. Овие угледни приватни факултети работат според современи методи и програми и се ангажирани на многубројни ЕУ проекти. ФУДС е првиот факултет во Словенија со признати докторски студии според Болоња. Во следните три години, на овој факултет, исто така, ќе работи и престижниот Жан Моне центар за извонредност.
Управата на овие факултети одлучи на потенцијалните докторанди од Македонија, доколку исполнат услови за докторски студии, да им понудат едукација по сопствен избор на српски или англиски јазик и покрај титулата доктор на науки, да добијат и меѓународно призната диплома. Наставата ќе се одвива на англиски јазик, додека подготовката и одбраната на докторската дисертација може да се прави на српски или на англиски јазик.
„Одлучивме да го задржиме вистинскиот дух на докторските студии и со мал број предмети, нашите студенти да имаат време да се фокусираат на избраните теми и да стекнат конкретни знаења преку искуство и истражување. Еден дел од едукацијата се реализира во групи, преку размена на идеи, креативност и взамено учење, а дел преку самостојно учење под надзор на ментор. Сите заинтересирани студенти, доколку сакаат, може да се вклучат во истражувачките проекти кои ги имаме на факултетите, но и во нашите ЕУ проекти и да стекнат конкретни знаења“, вели професор д-р Борут Рончевиќ, декан на Факултетот за применети општествени науки и член на Управниот одбор на ФАМ.
Програмите нудат можност, покрај современата литература достапна во библиотеката на факултетот, пристап и до податоците од истражувањата на факултетите, работа во мали групи, интерактивни предавања, посветена работа со ментори и размена на мислења со колегите и завршените доктори на науки во рамки на специјално организирани конференции и работилници. За три години конкретна работа и континуирано учење се стекнуваат знаења корисни во бизнисот, менаџментот, стратешкото комуницирање, медиумите.]]>

Лила удри по студентите кои фрлаа ѓубре од прозор: „Битно за на Инстаграм ќе се нашминкате и настегате“ https://arhiva.vistina.com.mk/lila-udri-po-studentite-koi-frlaa-gjubre-od-prozor-bitno-za-na-instagram-kje-se-nashminkate-i-nastegate/ Wed, 13 Feb 2019 08:08:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72455

Откако на социјалните мрежи се појави фотографијата од депонијата под прозорите од студентскиот дом „Пелагонија“, истата инстантно се прошири на многу профили и секако во медиумите. Ова колективно однесување на „академските граѓани“, покажа дека им е потребно да се вратат неколку години наназад и да присуствуваат на дополнителни часови по општа култура и хигиена. Откако работата стана голема, очигледно мораа повторно колективно да дејствуваат, но овој пат да си го исчистат ѓубрето и да ги коригираат тотално несовесните постапки. На ваквата глетка од фотографијата, имуна не остана ниту ТВ водителката Лила Филиповска која „удри“ по нив без влакна на јазикот.
Не... не можете да бидете идни академски граѓани и иднината на една држава без основна култура и домашно воспитување!!! Колку треба да си прост ѓубрето да го фрлаш преку прозор. Битно за на Инстаграм ќе се нашминкате и настегате и мислите дека сте битни!!! Не, Не сте... За срамота сте!!!
Прашање е само до кога ќе потрае чистотата и дали лекцијата ќе биде научена и правилно совладана?]]>