струшки вечери на поезијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Aug 2023 10:32:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png струшки вечери на поезијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-62-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Thu, 24 Aug 2023 10:32:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315193

Со традиционалното садење на дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2023 година – македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ, денеска во Струга почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата. Годинашното мото на Фестивалот е „Чувствотворен јазик“, јазик што создава чувства. Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, како и портрети на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ Димитар Башевски, „Златен венец“ Влада Урошевиќ и „Мосотви на Струга“ Гевин Бредли, изложби во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“… Фестивалот завршува в недела.]]>

„Струшките вечери на поезијата“ се враќаат во редовно издание на препознатливите локации https://arhiva.vistina.com.mk/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/ Mon, 08 Aug 2022 11:23:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261837

„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август во своето автентично издание на препознатливите локации. Свеченото отворање на фестивалот повторно ќе се одржи на вообичаената локација, платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде запален и фестивалскиот оган, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Годинешниот лауреат на СВП, истакнатиот јапонски поет Шунтаро Таникава поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици нема да биде во можност физички да присутвува на фестивалот. Неговиот син, Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист, ќе го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко. Кенсаку Таникава во рамки на портретот на лауретот во „Св. Софија“ во Охрид, ќе има специјален музички настап инспириран од стиховите на Шунтаро Таникава. Специјален гостин на годинешното издание е лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Програмата на фестивалот ќе се одвива во периодот од 25 до 29 август и ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања. Во состав на програмата е предвидено меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети. Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија. СВП се дел од овој проект од 2014 година. Струшките вечери на поезијата се одржуваат под мотото „РИТАМ НА СТИХОТ, РИТАМ НА ЖИВОТОТ“ со кое се потенцира исконската врска помеѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската помеѓу поезијата и музиката. Во рамки на програмата на фестивалот, ќе биде промовирана и Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети чијашто тема е музиката. Свеченото отворање и свеченото затворање на СВП ќе се одвиваат на препознатливите локации, а во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел „Дрим“, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширокот аудиториум. „Струшките вечери на поезијата“ го задржуваат континуитетот на одржување на фестивалот, кој почнувајќи од 1961 година ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот. извор:курир.мк]]>

„Струшки вечери на поезијата“ со препознатливи содржини и чествувања на доајените на македонската поезија https://arhiva.vistina.com.mk/strushki-vecheri-na-poezijata-so-prepoznatlivi-sodrzini-i-chestvuvanja/ Tue, 24 Aug 2021 12:43:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216570

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ ќе се организира со физичко присуство на домашните поети и на најголемиот дел од поканетите  учесници од странство од 26-30 август.

Помал дел од странските поети што од објективни причини нема да можат да бидат физички присутни ќе бидат претставени преку видео читања, кои ќе бидат составен дел од програмата на фестивалот. Специјално видео обраќање како и видео читање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, британската поетеса Керол Ен Дафи, која го најави своето физичко присуство на следното издание во 2022 година.Иако беше првично најавен како специјален гостин на јубилејното издание на СВП, минатогодишниот лауреат Амир Ор од објективни причини беше принуден да го одложи своето физичко присуство за следното издание.

Програмата на фестивалот ги задржува препознатливите програмски содржини, повеќе од 30 домашни и странски поети ќе учествуваат на главните фестивалски читања.

Во склоп на програмата се предвидени чествувања на доајените на македонската поезија Анте Поповски и Богомил Ѓузел, а како специјален настан е промоцијата на монографскотото издание „Избор од поезијата и кратката проза од Блаже Конески“ како дел од Националната  програма со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот на македонската култура.

Четврток, 26.08.2021

18:00 Изложба 60 Години Струшки вечери на поезијата

  • НУ ЦК Летна Сцена

20:30 Официјално отворање на Струшки вечери на поезијата 2021 година

  • Летна тераса, Хотел „Дрим“

21:00 „Поетски меридијани” – Меѓународно поетско читање

  • Летна тераса, Хотел „Дрим“

Петок, 27.08.2021

10:00 Портрет на Ива Дамјановски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2020 година

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

11:00 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2021 година

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

12:00 Поетска работилница со Звонко Карановиќ

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

18:00 „Поетско кафе“ – Средба со издавачи, агенти и професионални посетители – Версополис

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

20:30 Поетски портрети – Керол Ен Дафи

  • НУ ЦК Летна Сцена

21:30 Поетски портрети – Владан Кречковиќ

  • НУ ЦК Летна Сцена

22:30 Ноќ на Версополис

  • НУ ЦК Летна Сцена

00:00 „Ноќи без интерпункција“

  • НУ ЦК Летна Сцена

Сабота, 28.08.2021

10:00 Портрет на Анте Поповски, 90 години од раѓање

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

11:00 Меѓународно поетско читање „Кругови“

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

12:00 Доделување на наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга од поет од дијаспората за 2021 г.

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

18:00 In memoriam: Богомил Ѓузел

  • Конгресна сала, Хотел „Дрим“

20:30 Промоција на „Поетско соѕвездие“ во чест на Георги Старделов

  • НУ ЦК Летна Сцена

21:30 Претставување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2021 година

  • НУ ЦК Летна Сцена

22:30 Музичко Чествување на Блаже Конески

  • НУ ЦК Летна Сцена

00:00 „Ноќ без интерпункција“

  • НУ ЦК Летна Сцена

Недела, 29.08.2021

10:30 Посета на Вевчани и Вевчански извори12:30 „Матине”, меѓународно поетско читање

  • Вевчански извори

19:00 Промоција на монографско издание за Блаже Конески

  • Летна тераса, Хотел „Дрим“

20:30 „Мостови”, меѓународно поетско читање и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”

  • Летна тераса, Хотел „Дрим“

Понеделник, 30.08.2021

21:30 Меѓународно поетско читање

  • Музеј на современа уметност во Скопје
]]>

Струшки вечери на поезијата во скратена форма, лауреатот на „Златниот венец“ ќе дојде идната година https://arhiva.vistina.com.mk/strushki-vecheri-na-poezijata-vo-skratena-forma-laureatot-na-zlatniot-venec-kje-dojde-idnata-godina/ Fri, 14 Aug 2020 12:10:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163454

За да го зачува континуитетот што го има од 1961 година, фестивалот Струшки вечери на поезијата ќе се одржи и годинава и ќе ги има препознатливите програмски содржини, но во редуцирана форма и ќе трае пократко, од 28 до 30 август. Како што соопшти дирекцијата на фестивалот, Комисијата за заразни болести го одобрила подготвениот протокол за негово организирање. -Сегашните околности дозволуваат да се организира фестивал со физичко присуство на домашните поети, а поканетите учесници од странство, поради рестрикциите во однос на патувањата и авионските летови, но и заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусот, ќе бидат претставени преку видеочитања. Специјално видеообраќање како и видеочитање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60-то издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен „Златниот венец“, заедно со лауреатот за 2021 година, соопштија од СВП. Повеќе од 30 домашни и странски поети ќе учествуваат на главните фестивалски читања. Дел од програмата ќе бидат и петте кандидати од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ која што ќе биде доделена и оваа година за најдобра поетска збирка помеѓу две изданија на СВП, а ќе бидат застапени и слем-поети од земјава и од странство. Согласно со протоколите за организација на настани во услови нa пандемија, СВП подготви предлог-протокол за одвивање на фестивалот, што беше одобрен од Комисијата за заразни болести. За намалување на ризикот од ширење на вирусот, како и заштита на здравјето на учесниците и на публиката, оваа година има измена на локацијата на одржување на фестивалот. Најсоодветна алтернатива за организација на програмата, наведуваат од СВП, е покриената тераса на хотел „Дрим“, на која и вообичаено се одвиваат дел од програмските активности во редовните изданија на фестивалот. – Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, но програмата на фестивалот, почнувајќи од минатогодишното издание, целосно се пренесува во живо на официјалниот Јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од поширок аудиториум. Престојот на учесниците е регулиран согласно протоколите за работа на хотелот во услови на пандемија. Ќе има обезбеден организиран превоз за учесниците на релација Скопје – Струга – Скопје, а избраниот економски оператор е должен да ги спроведува протоколите за превоз на патници во услови на пандемија, се наведуива во соопштението од дирекцијата на Струшки вечери на поезијата. извор: курир.мк]]>

Меѓународни поетски читања на 57. Струшките вечери https://arhiva.vistina.com.mk/megjunarodni-poetski-chitanja-na-57-strushkite-vecheri/ Thu, 23 Aug 2018 12:55:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44470

Во рамките на 57. Струшки вечери на поезијата денеска ќе се одржат портрети на минатогодишниот добитник нанаградата „Браќа Миладиновци“ Михаил Ренџов и на Паули Тапио лауреат на „Мостови на Струга“ за 2018 година. Потески читања ќе имаат и поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“: Зоран Анчевски, Андреј Ал-Асади, Јордан Даниловски, Јовица Ивановски и Сузана В. Спасовска. Во рамките на манифестацијата ќе биде доделена наградата „Стојан Христов“ за најдобра поетска книга од поет-иселеник, а ќе се одржи и симпозиум „Писмото во егзил/Егзилот во писмото“. Неизоставен дел на фестивалот се меѓународните поетски читања и „Ноќите без интерпункција“, а ќе се одржи и „Поетско кафе“ – средба со издавачи, агенти и професионални посетители. Струшките вечери на поезијата почнаа синоќа со традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а претходно во Паркот на поезијата беше засадено дрво во чест на добитникот на „Златниот венец“, полскиот поет Адам Загајевски. (МИА)]]>

Почнуваат 57. Струшки вечери на поезијата https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuvaat-57-strushki-vecheri-na-poezijata/ Wed, 22 Aug 2018 12:24:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44284

Со традиционално читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, вечер почнува 57. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што до 27 август ќе се одржува на различни локации низ Струга и во неколку градови во државата. Според традицијата, претпладне во Паркот на поезијата ќе биде засадено дрво во чест на добитникот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ – полскиот поет Адам Загајевски, каде ќе се чита поезија, а потоа ќе има прес-конференција со лауреатот. По официјалното отворање на манифестацијата вечерта следува меѓународно поетско читање „Поетски меридијани“. Утре на програмата е претставување на портрет на Михаил Ренџов, минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија  и поетски читања на поети од потесниот избор за оваа награда за 2018 година. Претставување на портрет ќе има и за Паули Тапио, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга, како и за други учесници на фестивалот. Фестивалот ќе заврши в недела со манифестацијата „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ На годинашните 57. Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 30 поети од 29 земји меѓу кои Полска, Финска, Франција, Германија, Израел, Грција, Албанија, Монголија, Шведска, Ерменија…, како и 50-тина поети од Македонија. (Миа)]]>

Привршуваат подготовките за 57. Струшки вечери на поезијата https://arhiva.vistina.com.mk/privrshuvaat-podgotovkite-za-57-strushki-vecheri-na-poezijata/ Wed, 15 Aug 2018 12:01:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43189

Привршуваат последните подготовки за 57. Струшки вечери на поезијата што ќе се одржат од 22 до 27 август во Струга. Деталите околу годинашното издание, Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти денеска на прес-конференција. Манифестацијата ќе почне наредната среда претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. Официјалното отворање е вечерта со палење на фестивалскиот оган и традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ пред Домот на поезијата. Потоа следува Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“. Престижната награда „Златен венец“ на Загајевски ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот, на традиционалното поетско читање „Мостови“, кога ќе бидат доделени и наградите „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, а годинашниот добитник е Паули Тапио од Финска, како и „Браќа Миладиновци“ чиј добитник треба да биде објавен во текот на фестивалското издание. Дел од манифестацијата се и поетските читања, поезијата на пат, симпозиуми, омажи, ноќите без интерпункција.. извор:миа]]>