струмички карневал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2018 13:25:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png струмички карневал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба: „Карневалски слики 2017“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-karnevalski-sliki-2017/ Wed, 14 Feb 2018 13:25:40 +0000 http://vistina.mk/?p=12796

Здружението на граѓани „Евро-визија“ ве поканува на деветтата по ред изложба „Карневалски слики 2017“ која ќе се реализира како една од првите карневалски активности во четврток, 15 февруари 2018 година во просториите на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19:30 часот.
По отворениот годинешен конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2017“ на кој можеа да учествуваат сите кои имаа да споделат со нас фотографија од последната (минатогодишна) едиција на карневалските денови во Струмица, се пријавија дваесетина фотографи кои се занимаваат професионално или аматерски со фотографија.
Здружението Евро – Визија е формирано да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е девета година по ред да се организира конкурсот за “карневалски слики“ со кој дополнително се промовира и афирмира идејата на струмичкиот карневал. Отворањето на изложбата и прогласувањето на наградените е дел од програмските активности на манифестацијата Струмички карневал 2018 година. Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на отворањето на изложбата.  ]]>

Струмичкиот карневал годинава од 14 до 21 февруари https://arhiva.vistina.com.mk/strumichkiot-karneval-godinava-od-14-do-21-fevruari/ Sat, 20 Jan 2018 10:35:54 +0000 http://vistina.mk/?p=10278

Годинешниов Интернационален струмички карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Трите главни карневалски денови се 16, 17 и 18 февруари. Со традиционалниот маскенбал (16 февруари) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално и официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули.
Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (17 февруари) на интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа. Според претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, се очекува учество на дваесетина карневалски групи од странство. Годинава посебен акцент ќе се стави на групата од Аруба (Карипските острови), која ќе има специјален настап после карневалот, со настап на диск-џокеј на бината во рамките на т.н. „Аруба вечер“. Се очекуват и сите домашни групи кои традиционално учествуваат на карневалот. Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 18 февруари на плоштадот во Струмица, а на 19 е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 20 февруари. Карневалските празнувања завршуваат на 21 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.
]]>