струја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 12:43:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png струја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска остана „(електро)шокирана“: EВН и скрати од бакшишот, ама не и од сексуалното задоволство (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ostana-elektro-shokirana-evn-i-skrati-od-bakshishot-ama-ne-i-od-seksualnoto-zadovolstvo-foto/ Wed, 24 Jan 2024 10:44:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336011

Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска  откако добро се „нафатира“ за Новогодишните празници и деновите потоа, целокупното заработено материјално добро реши да го складира во посебна кутија... За рози! Зашто нивниот мирис Марија го обожава... Навика стекната на работа во кафеана! Арно ама, како што е редот, секогаш мора да има некое непишано правило, некој ѓавол кој ќе ти го поремети раатот, па така и на пејачката се најде некој што непланирано и чепна во кутијата без да ја праша за да и набере понекоја „роза од букетот“! Ова и тоа како ја изнервира битолчанката со скопска адреса, која повеќето од денот го преспива, а ноќта заради природата на работата ионака не е дома. Имено, иако власта и ЕВН најавија поевтина струја и помали сметки, но пејачката кога ја доби последната сметка за потрошена електрична енергија, доби алергија. Сумата беше со таков  квантен скок, кој кај Марија Луиса предизвика „електрошок“! Откако онака шокирана и накострешена малку се присобра, зашто ЕВН решил „да ја изгаси“, фолкерката беше решена  да не им премолчи! Мобилниот врака и ја фотографираше сметката која ја сподели на своите  Инстаграм  приказни, на кои реши струјаџиите да ги казни со тоа што јавно ги прозва и им се закани: „Алооооо ЕВН, дали сте нормални јас сама да потрошам толку струја не е реално“ - ги прозва и вербално оние што се обидо да и „брцнат во џебот“  и безобразно да и чепнат од заработката на Марија Луиса Тодоровска. Сепак, сексапилната убавица реши уште еднаш да се преиспита за да утврди кој уред најмногу и троши?! Кој од домашните апарати е најголем потрошувач, па тргна од чиста логика дека најмногу би требало да троши оној уред, кој најмногу го употребува. Марија не е по готвењето, па секако не е шпоретот, фрижидерот не е голем потрошувач, бојлерот можеби, ама не во толкави количини... И тогаш и текна! Она што најмногу го користи од сите можни уреди е нејзината замена кога маж и недостига. Неговата замена во вид на играчка за слатки задоволства во секоја прилика и секое ќоше, нејзиниот силиконски пријател кого си го вика Тоше! Но  Марија Луиса само што помисли, веднаш сфати дека попусто се расфрла со „грешни мисли“  за сметка на нејзиниот најдобар силиконски „интимен пријател“, кога тој всушност струја и не користи, туку своите „неограничени можности“ ги напојува со батерии! Така што  EВН на Марија Луиса можеби и скрати од бакшишот, ама не и од она најслаткото, сексуалното задоволство! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska    ]]>

Уреди кои ви трошат струја, а вие за тоа не знаете, ќе се изненадите од четвртиот уред https://arhiva.vistina.com.mk/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/ Tue, 18 Jul 2023 12:15:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310658

Со цел да се заштеди електрична енергија, луѓето сè повеќе ги исклучуваат светлата и апаратите секогаш кога тие не се во употреба. Тоа е одлична стратегија, бидејќи оставањето на уредите вклучени, непотребно ја троши електричната енергија, а тоа води до зголемување на вашите сметки. Сепак, исклучувањето на уредот не е секогаш доволно – многу апарати „црпат“ струја дури и кога се исклучени, ако напојувањето е вклучено. Овие  уреди се „најризични“ во тој поглед Телевизија Ако имате модерен телевизор со LED осветлување, ќе трошите многу помалку струја отколку кога би користеле старомоден уред. Сепак, дури и кога е исклучен, но приклучен во струја – овој телевизор продолжува да троши, па затоа е паметно да го исклучите кога не го користите. Компјутери Ако го оставите компјутерот вклучен во струја во текот на ноќта, тој продолжува да троши електрична енергија дури и кога екранот е црн, а компјутерот неактивен. Телефон Честопати ги полниме батериите на мобилните телефони преку ноќ, што впрочем е лоша идеја. Веројатно ќе се наполни за час или два, а потоа ќе продолжи да троши струја во текот на ноќта, иако повеќе не му треба. Апарати за кафе и микробранови печки Иако не трошат многу енергија, овие уреди користат електрична енергија за дигиталните дисплеи дури и кога не се во употреба. Традиционални ламби Ако имате вклучена ламба, таа црпи дополнителна енергија дури и кога светлото е исклучено. Значи, доколку повеќе не ви е потребна, задолжително извлечете го кабелот и сметките ќе ви бидат помали. Извор: Курир]]>

Избегнете ги високите сметки за струја: Трикови кои штедат време и пари https://arhiva.vistina.com.mk/izbegnete-gi-visokite-smetki-za-struja-trikovi-koi-shtedat-vreme-i-pari/ Mon, 14 Nov 2022 12:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275740

Експерти даваат неколку корисни совети за тоа како да ја заштедите на електрична енергија, да потрошите помалку пари, но и да покажете еколошка свест. Првата препорака е големите потрошувачи, ако можете, да ги користите навечер како на пример машините за перење алишта/садови. Дополнително може да ја користите опцијата за одложено перење со подесување на тајминг. Домашните уреди се означени од „Г“ што е најниско до „А+++“ што се однесува на уреди кои се еколошки на максимум и штедат повеќе струја и вода. Следете ги овие ознаки при купување нов уред. Можеби ќе платите малку поскапо за уредите со „А++“ или „А+++“, но значително ќе заштедите долгорочно. Тука спаѓаат бојлер, машина за перење/сушење алишта, машина за садоци, фрижидер, клима уред, ТВ, грејни тела. Уредот кој ќе остане приклучен на струја не троши значително, но го намалува векот на траење. На пример, многу од вас никогаш не го вадат полначот за телефон од струја, што секако е грешка. Се наведува дека полначот и натаму во ваков случај користи струја, без оглед дали уредот е приклучен или не, но потрошувачката на пари во ваков случај е занемарлив. Греењето, секако, има голема улога во количината на струја која се користи во вашиот дом. Колку повисока температура во просторијата, толку повеќе уредот е приморан да загрева побрзо. Добра идеја се и проточните бојлери Кај перењето алишта, освен користењето на машината навечер доколку сте во можност, обидете се да перете да пониска температура ако тоа ви го дозволува состојбата на алиштата. Препорака е и да користите детергент кој е креиран да работа подобро на пониски температури за да се постигне најдобар резултат. Внимавајте и за тоа што перете: се подразбира дека долната облека и пешкирите, на пример, ќе ги перете на повисока температура, но затоа направете компромис со другите алишта. Не ја вклучувајте машината половично наполнета. Ако не соберете доволно алишта во светла/темна боја, добро решение се марамчињата кои фаќаат боја. Така ќе можете да ги споите алиштата и машината да ја вклучите еднаш наместо двапати. Кога се работи за готвењето, не е реално да избегнувате користење на електрична енергија, но постојат начини да се намали потрошената количина на електрична енергија. Обидете се да печете повеќе оброци оддеднаш кога ја користите рерната, повеќе од едно ниво постои во неа со причина. Рерната е уште еден голем корисник на енергија, па подготовката на повеќе оброци истовремено ја намалува употребата на енергија, а вие штедите време и пари. Потребно е многу енергија за загревање на рерната, особено ако постојано ја отворате за да ја проверите храната, па подобро е да видите однадвор дали јадењето е готово. Ако варите кафе, ставете вода колку што навистина ви е потребно бидејќи тогаш процесот на провривање на водата е пократок. Што подолго чекате водата да зоврите, повеќе струја трошите, а потоа веројатно ќе фрлите барем една третина од видата. Потрудете се фрижидерот да го отворате што поретко, односно вратата да биде што пократко отворена. извор:курир.мк]]>

Сега е време да внимавате: Овие уреди трошат струја и кога се во мирување https://arhiva.vistina.com.mk/sega-e-vreme-da-vnimavate-ovie-uredi-troshat-struja-i-koga-se-vo-miruvanje/ Fri, 30 Sep 2022 12:34:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269589

Ова е листата на уреди кои трошат електрична енергија и додека се во состојба на мирување. Полнач за мобилен телефон Многумина го оставаат полначот во штекер и откако ќе завршат со полнење. Така се чини попрактично, а и често сме мрзеливи да го извлечеме кабелот. Трошокот кој го прави самиот полнач не е голем, но постои. Дигитален ТВ приемник Малку кој е свесен за работата на дигиталните приемници, но тие продолжуваат да примаат сигнали и кога телевизорот е исклучен. Значи, кога ќе го исклучите телевизорот, исклучете го и приемникот, ако го имате посебно. Додека беспотребно работи, троши 22 вати на ден. Телевизор Дали сте знаеле дека со стискање на копчето за исклучување на телевизорот всушност само го ставате во состојба на мирување. За жал, тоа е така- целосно можете да го исклучите само ако го извлечете кабелот од штекер. Инаку, телевизорот кој не работи, троши 24 вати на ден. Компјутери и лаптопи Дури и кога се исклучени, десктоп и преносните компјутери додека се на полнач, работат во позадина. Ако не сакате да ви „крадат“ 95 вати на ден, подобро исклучувајте ги од штекер. Не треба да се истакнува дека, ако овие уреди ги држите на „stand by“ потрошувачката е уште поголема. Уреди со мерач на време Секој има барем еден таков во домаќинството. Микробранови печки, ДВД плеери… сите тие го покажуваат времето додека се исклучени. На тој начин трошат дополнително 108 вати на ден. Како и се останато, единствено решение е целосно да им се запре дотокот на електрична енергија.]]>

Илјадници добија „напумпани“ сметки за струја: Миа Костова сликовито опиша како изгледа еден месец никој да не живее во домот, а да ти дојде сметка „до плафонот“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iljadnici-dobija-napumpani-smetki-za-struja-mia-kostova-slikovito-opisha-kako-izgleda-eden-mesec-nikoj-da-ne-zivee-vo-domot-a-kje-ti-dojde-smetka-do-plafonot-foto/ Fri, 02 Sep 2022 07:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265115

Новите сметки за парно и електрична енергија ги „пеплосаа“ граѓаните. Многумина добија „електрошок“ кога им беше испорачана новата фактура од ЕВН, како „честитка“ за стартот на новата зимска сезона која е на прагот. Сметките двојно па и повеќе повиски, а многумина од граѓаните ниту дома не биле по две недели,  по еден месец, па и повеќе за време на летото, зашто многумина престојуваат во своите викендички некаде на село, езеро или во природа, во шаторите или приколките по камповите каде седат по цело лето или едноставно биле некаде подолго на годишен одмор... Што значи дома освен фрижидерот, а некаде ниту тој, ништо друго не работело... Ниту еден електричен уред не бил приклучан на напојување, светилките угаснати... Тогаш се поставува прашањето од каде, по која логика сметките да им бидат двојно, па и тројно повисоки? Такви примери има многу, како што има и многумина од оние на кои „услугата“ за пренос и дистрибуција на електричната енергија им е наплатена поскапо отколку самата потрошена струја!? Парадокс или смислена манипулација, ќе треба да докаже фирмата што ја има лиценцата, а доказите ги имаат граѓаните во вид на „напиумпаните“ фактури кои ги „здрмаа“ како да се фатиле за фаза на гола жица! До која фаза на непрепознавање  оди „суштината на измамата“ покажуваат примерите на граѓаните, меѓу кои и многу од познатите. Вчера Емилија Розман, денес Миа Костова, уште една од оние познатите, која нема проблем барем вербално јавно да ги „здрма“  испорачателите на фактурите за струја. Имено, русокосата екс-водителка и инфлуенсерка добила сметка за потрошена електрична енергија која навидум е ништо во однос на некои други, ама парадоксот е во тоа што ништо и не потрошила, ниту еден, единствен ват (W),  зашто цел месец станот бил заклучен, сите уреди исклучени и  извадени од штекер, сијалиците изгаснати, целосен мрак... Ист онаков мрак каков што „и паднал на очи“  кога од ЕВН ја добила фактурата за наплата  од 1.500 денари буквално за темни одаи!!! Коментарите налик на лавина од незадоволства од тоа што некој краде, а некој „дупло“ плаќа, предизвикаа вистинско цунами на социјалните мрежи, ама што дека, кога испорачувачите на сметките „мува не ги лази“!? Организиран бунт, колективен протест, граѓанска непослушност со масовен бојкот и неплаќање на сметките... Или некаков правен лек во вид на тужба? Од власта никој ништо ниту кажува ниту презема? Веројатно се' додека на народот „не му се спојат жичките“, а блиску е,  па не избие „колективен курцшлус“, со „социјален пожар“ од такви размери во кој освен нашите џебови и владата целосно политички „ќе изгори“.... До темел! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/miandrija]]>

Си играл со електрошокер во кафеана, па Дарко Лазиќ го удрила струја https://arhiva.vistina.com.mk/si-igral-so-elektroshoker-vo-kafeana-pa-darko-lazikj-go-udrila-struja/ Mon, 03 Jan 2022 13:04:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233622

Дарко Лазиќ и Барбара Бобак се меѓу најпопуларните естрадно-љубовни двојки, бидејќи секојдневно на јавноста и приредуваат ново изненадување и уште еден скандал. Имено, тиеза време на празниците  биле во една кафеана каде заедно со пријателите ја прославувале Новата година, а пејачот дошол до електрошокер кој бил на некој од присутните, па решил да си поигра со него. Откако  на кратко ја почувствувал „високата волатажа“ на себе, пејачот почнал да вреска во кафеаната,а  Барбара жестоко ја прокоментирала ситуацијата со зборовите:   Идиоте, со кого јас живеам“ - рекла Барбара која видеото го објавила на Инстаграм. Фото: инстаграм принтскрин/barbara.bobak/darkolazicofficial  ]]>

Пејачката има пари за скапи одмори, а нема за сметки за комуналии: Маја Шупут не плаќа струја и вода, па и се заканија со извршител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-ima-pari-za-skapi-odmori-a-nema-za-smetki-za-komunalii-maja-shuput-ne-plakja-struja-i-voda-pa-i-se-zakanija-so-izvrshitel-foto/ Fri, 10 Sep 2021 11:05:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218718

Хрватската пејачка Маја Шупут повторно не ги платила сметките за комунални услуги, поради што нејзиното име се појави на огласната табла на Општинскиот граѓански суд во Загреб. Инаку, ова не е прв пат да и се случи ова, бидејќи истото и се случи и двапати во последните шест месеци. Првиот пат се работеше за сметка за одржување на зградата во која живее пејачката, а сумата изнесуваше околу 70 евра. „Ова се приватни работи за кои не можам да коментирам. Сигурно го платила долгот“ - изјави тогаш за хрватските медиуми менаџерката на пејачката Катарина Колар. Во тоа време се шпекулираше дека Маја заборавила да ги плати сметките за режија бидејќи била зафатена со подготовки за венчавката, но и за одморот во Грција. Вториот пат се зборуваше за долг за вода во износ од 120 евра. Третиот долг е повторно за вода, во износ од околу 50 евра за периодот од март до јуни 2020 година. Во прилог на новата е и постарата сметка за вода во вредност од околу 70 евра, која е зголемена за трошоците за камати и судски такси. Сите три пати на Маја и беше кажано дека извршителите ќе тропнат на нејзината врата, но тоа сепак до сега не се случило, но... за се' има прв пат!]]>

Oва досега се нема случено: Снема струја на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а еве што прават членовите на жирито https://arhiva.vistina.com.mk/ova-dosega-se-nema-slucheno-snema-struja-na-snimanjeto-na-dzvezdite-na-grand-a-eve-shto-pravat-chlenovite-na-zirito/ Thu, 08 Apr 2021 09:40:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198178

Неодамна започнаа снимањата на петиот круг на „Ѕвездите на Гранд“. Меѓутоа, деновиве на едно снимање им се случи мала непријатност која досега се нема случено. Имено, додека се снимаше една од емисиите во студиото на Гранд снема струја, а членовите на жирито се снајдоа што да прават за тоа време и споија убаво и корисно. Вики Миљковиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Мира Шкориќ, Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ го искорисија ова време за ручек, а своите чинии ги гледаа благодарение на светлата од телефон. „Повторно снема струја, втор дел“, напиша Вики покрај видеото од кујна. „Ѓорѓе, дали се добро“, го праша Јелена својот колега,  а на снимката се слуша како Вики вели: „Повторно нема струја, јадеме под свеќи“ и сите се смеат. Исто така, пред некој ден за време на снимањата на музичкото шоу снема струја, па снимањата беа прекинати на кратко.]]>

Српските пејачки останаа без работа па кренаа глас, а најгласни Гога Секулиќ и Мина Костиќ: „Најдобро е да ни ги простат сметките, да не плаќаме струја, вода, станарина…“ https://arhiva.vistina.com.mk/srpskite-pejachki-ostanaa-bez-rabota-pa-krenaa-glas-a-najglasni-goga-sekulikj-i-mina-kostkj-najdobro-e-da-ni-se-prostat-smetkite-da-ne-plakjame-struja-voda-stanarina/ Fri, 26 Feb 2021 09:03:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191559

Гога Секулиќ, како и многу нејзини колеги, се најде во незавидна финансиска состојба поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи се спречена да имаат настапи. „Најдобро е додека не почнеме да работиме да ни ги суспендираат или простат сметките, да не плаќаме струја, вода или станарина, па кога ќе започнеме со работа тогаш  да продолжиме“ - рече Гога во емисијата „Ексклузив“. Да потсетиме, многу колеги и колешки на Гога Секулиќ признаа и дека се соочуваат со финансиски проблеми, а за тоа јавно проговори и пејачката Мина Костиќ. „Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да не сум загрижена. Само станарината ме чини 7.000 динари. Немам од каде да ги плаќам сметките. Ова е прв пат во мојот живот да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?! - изјави претходно пејачката и додаде: „Имам некој приход од Јутјуб, па некако сè покривам со тие пари. Имам и малку пари од претходно што заштедив од настапите, па некако рационално го распределувам и го трошам сето тоа. На мојата ќерка и мене не ни треба многу за храна, но сметките ме отепаа“ - додаде таа. Фото: Инстаграм принтскрин/sekulicgoga/minakostic_official]]>

Српската пејачка во очај: Не така оддамна беше голема фолк ѕвезда, а сега не може да си ги плати ниту сметките за струја, вода, телефон… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pejachka-vo-ochaj-ne-taka-oddamna-beshe-golema-folk-dzvezda-a-sega-ne-moze-da-si-gi-plati-nitu-smetkite-za-struja-voda-telefon-foto/ Thu, 11 Feb 2021 09:34:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189228

Откако одекна како бомба во српските таблоиди веста дека доскорешната фолк ѕвезда Мина Костиќ нема пари ни да си ги плати сметките за струја и телефон, пејачката раскажа што и се случува: 
„Отпрвин бев шокирана. Го однесов кучето на ветеринар и тогаш некој ми се јави, а јас му реков дека телефонот ми беше долго исклучен и дека не ги следам настаните. Боже мој, на сите им се случило да им го исклучат телефонот. Следниот ден платив и тогаш се крена врева околу тоа. Јас сум во моментов толку мизерна, што речиси немам од што да живеам! Фала му на Бога, нешто заштедив и го имам најосновното што ми треба за живот“ - објасни Мина.
Мина добила помош од државата во износ од 90.000 динари, а неодамна рече дека тоа и е доволно да ги покрие само основните трошоци, додека пред тоа не можеше ниту да ги плаќа сметките.
„Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да го правам тоа.  Немам каде да ги плаќам сметките. Ова ми се случува за прв пат во животот, да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?“ - рече неодамна пејачката, пренесуваат српските медиуми.
]]>