стринг форсис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Nov 2017 12:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стринг форсис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стринг Форсис сеат „Страв“… соочи се! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/string-forsis-seat-strav-soochi-se-video/ Fri, 24 Nov 2017 12:21:29 +0000 http://vistina.mk/?p=4761

Македонскиот арт бенд „Стринг Форсис“ има нова песна и видео за неа. Се работи за пилот синглот „Страв“, симнат од последниот актуелен  албум на групата насловен „Соголи ме“,  достапен и online на: // "Sogoli me" (Album) is available online at: iTunes | Amazon | bandcamp
Инаку концептот за видеото е по идеја на гуруто на групата Дориан Јовановиќ, а истото е снимено во еден кадар зад подотворената врата на бањата, односно тоалетот... или ако сакате во „тесната рамка на животот“... кој и онака е... ! Така некако може да се доживее концептуалната визура на видеото, преку кое авторот сакал да ги долови своите погледи на овој свет...
Нејсе, без претензии да ја анализираме и разглобиме неговата идеја, евидентно е дека и големите уметнички дострели можат да се изведат и прикажат и без голем буџет и скап декор... Најважно е да се има идеја и јасен пристап! ДОП-от е на Гого Клинчаров, видеото го уредила Тања Рибарска, а режијата ја потпишуваат обајцата во тандем!
Музиката е на самите членови на „Стринг Форсис“ кои ги сочинуваат: Александра Мангаровска - Миличевиќ (вокал), Александар Стојанов - Зорин (вокал), Дориан Јовановиќ ( ударни и електронски инструменти и автор на стиховите), Благојче Пенов ( тапани), Дамјан Темков (пиано) и Александра Кузмин (виолина). „Стринг форсис“ сеат страв... музички... „Соголи ги“ и соочи се: https://www.youtube.com/watch?v=oVb-7I0U6Sc    ]]>