страв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 12:00:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png страв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мелита во улога на „запалена“ домаќинка: Во секси долна облека најпрвин задоволно танцуваше и пееше, а потоа и дојде… да вреска! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-vo-uloga-na-zapalena-domakinka-vo-seksi-dolna-obleka-najprvin-zadovolno-tantsuvashe-i-peeshe-a-potoa-i-dojde-da-vreska-video/ Tue, 05 Mar 2024 12:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341136

На некогашната македонска ТВ водителка, а денес најпознатата скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ и се случи голема непријатност во луксузниот стан во кујната... Облечена во секси долна облека,  таа била расположена до толку што додека подготвувала палачинки танцувала и пеела,  без да забележи дека некој ја снима. Вешто ги превртувала палачинките над шпоретот, како вистинска секси домаќинка во кујната, се додека не се случила мала незгода. Одеднаш пламнал мал оган,  па песната и доброто расположение ги замениле стравот и паниката, откако „домаќинката“ видно се исплашила. Мелита се вознемирила дотолку што на видеото кое сепак одлучила да го сподели на социјалните мрежи се слуша дека  некој вреска од страв: „Нешто гори“!?
@melita_mel7♬ original sound - Melita
Случајниот хаос кој го направила  за брзо време се средил, па доколку не го споделеше видеото немаше да дознаат ниту соседите кои се во близина... од што тоа вреска нивната атрактивна, позната, секси комшика? Од страв и паника или од  задоволство и возбуда!? фото: instagram/melitameli Видео: TikTok/melita_mel7]]>

Не им вредеше првата класа: Марија Шерифовиќ имала стресна ситуација со синот на летот кон Србија https://arhiva.vistina.com.mk/ne-im-vredeshe-prvata-klasa-marija-sherifovik-imala-stresna-situatsija-so-sinot-na-letot-kon-srbija/ Wed, 27 Dec 2023 11:14:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332656

Марија Шерифовиќ стана мајка на 2 декември 2023 година. Синот Марио го доби со помош на сурогат мајка од Соединетите Американски Држави, а неодамна се врати во Србија со него и нејзината новопечена баба Верица. Пејачката детално го опишала патувањето со синот во Србија, каде доживеале мала непријатност за време на летот. - Денеска е 21 декември и заедно со супер Марио заминувам за Белград. Воопшто не спиев овие дваесетина дена - објави Марија и напомена дека е под голем стрес. Баба Верица не се чувствувала најдобро поради долгиот пат со бебето од само дваесет дена. - Господинот Марио патува во прва класа, и јас првпат летам во таа класа и не придружува прекрасна госпоѓа за да стигнеме што побрзо. Верица уфрли: кажи ѝ да не оди толку брзо, не возиме компири - ги кажа Марија првите впечатоци пред да полета. - Поминувањето на оваа контрола беше најстресното нешто што сум го доживеала во животот. Господинот до пред малку спиеше дома, браво мајсторе, а сега жубореше млеко - објасни Марија која јадеше од стрес додека чекаше да се качи во авионот. - Не спиев ниту една минута. Марио спиеше, јадеше три пати. Најчесто лесно патување. Сине, благодарам, благодарам... - рекла Марија, а потоа слетале во Минхен, од каде заминале за Белград. Марија била возбудена и среќна што ќе го донесе синот во Србија. Таа на својот Инстаграм профил покажа дека му приредила голема забава на својот наследник, а малиот веќе ужива во својот нов дом, во прекрасно уредена соба. фото:Instagram printscreen/ serifovic]]>

Жанко – З’Ш се покажа голем маж: Водителот со храбар став – „Мечка страв, мене не страв“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhanko-z-sh-se-pokazha-golem-mazh-voditelot-so-hrabar-stav-mechka-strav-mene-ne-strav-video/ Tue, 14 Nov 2023 10:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326796

Познатиот охридски радио и ТВ водител Жанко З'ш Голабоски меѓу останатото важи и пасиониран љубител на природата. Нема годишно доба кое може да го запре или спречи, Жанко да не замине некаде... Најчесто по ледините и планините на Македонија, каде ужива во сета природна убавина на родната таковина, иако знае да му ја летне и надвор од неа , до соседството од каршија, нешто малку појужно, па и малку подалеку. Кога е на асфалт или барем на земјена подлога на која може да се вртат педалите, велосипедот му е секако најверниот пријател. Кога за јавање точак нема услови, нозете добро извежбани од вртењето педали, Жанко максимално ги користи без да ги жали. Есента е секако иделно време за прошетка низ планина, па охридскиот водител тргна да ужива во есенската идила. Сувото есенско лисје крцка под нозете, а по некое паднато стебло добро му доаѓа кога уморните нозе треба да се одморат. И таман го извади фотоапаратот за да направи уште по некоја идилична фотографија среде пожолтената природа, кога на жанко нешто почна да му шушка. Задскриен зад стеблото со очи ширум отворени водителот наеднаш се стаписа кога сфати со кого тргнал на визита в планина. Друштвото мошне симпатично, ама нималку пријатно ако иумаш блиска средба со него. Или сопоточно со неа, з'ш во прашање беше единка на кафеава мечка, која изгледа го намириса неканетиот гостин на нејзина територија, па тргна да го пронајде, за да му изрази - „срдечно добредојде“! Жанко онака задскриен  зад стеблата тргна да го овековечи моментот, ама кога мечката тргна кон него, никако не му беше сеедно. И таман баба меца се приближи, кога виде со кој треба да си има работа - налево круг и му ја скубна назад во шумата.   З'ш кај Жанко „немат - имат“ страв... Имат снемано, па оттаму и изреката: „Мечка страв - мене не страв“ се покажа како апсолутно вистинита.  З'ш Жанко се покажа голем маж, па од него и мечката избега во шумата! Е сега, дали животното беше се погодило плашливо, па се уплашило или можеби водителот му заличил на некое „шумско страшило“...? До душа после тоа, откако мечката си замина, храброста требаше да се поткрепи и со едно ж'лто ракииче... Колку за душата да остане наместо, собрана во едно парче! З'ш наскоро почнува и снимање на петтата сезона на македонското музичко ТВ фолк шоу, „ИмаТ - НемаТ“, па  пред стартот да бараат нов водител, никако не чини... Од, скраја да е,  бизарни причини! Фото и видео: Инстаграм и Фејсбук/Zanko Zsh Golaboski]]>

Теа Таировиќ предвидела авионска несреќа: „Видов црвен аларм и излегов од авионот пред полетување“ https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovik-predvidela-avionska-nesreka-vidov-tsrven-alarm-i-izlegov-od-avionot-pred-poletuvane/ Thu, 26 Oct 2023 07:17:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323945

Теа Таировиќ призна дека има страв од летање, а потоа проговори за непријатна ситуација која и се случила на аеродромот. Иако остава впечаток на исклучително силна и независна жена, пејачката Теа Таировиќ еднаш призна дека се уште има стравови кои тешко ги надминува. Пејачката откри дека нејзиниот најголем страв е летањето, а потоа го сподели своето искуство од германски аеродром.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

-Колку често летам, правев шаблон за кога ќе седам на десната страна да биде добар лет, а на левата најмногу да е турбулентен. Имам и апликација која го покажува времето и каков ќе биде летот, како и потенцијалните турбуленции - изјави пејачката која еднаш излегла од авионот пред полетувањето.
 
- Се случи пред еден лет во Штутгарт да видам дека силно дува ветер и да реков дека нешто ќе се случи. Штом видов дека доцни полетувањето, реков дека нема да полета. Влегов во апликацијата и таму видов се црвено. Кога влеговме во авионот, само бев исплашена. Станав и реков дека не одам. Пријателите се обидоа да ме смират, но немаше начин. Им велам да останат, но јас одам. Во авионот имаше и Русин кој кога ме виде, стана и излеговме. По 45 минути ми се јавува колега и ми вели дека авионот нема да полета - изјави еднаш Теа за медиумите. фото: Инстаграм принтскрин]]>

Стравот и депресијата го натераа славниот пејач да го ископа сопствениот гроб https://arhiva.vistina.com.mk/stravot-i-depresijata-go-nateraa-slavniot-pejach-da-go-iskopa-sopstveniot-grob/ Mon, 09 Oct 2023 08:37:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321621

Славниот пејач Еди Ширан веќе има план каде ќе биде погребано неговото тело по смртта, а местото е неговиот неговиот двор. Откако започнаа гласините дека пејачот изградил гробница во неговата куќа, тој во неодамнешното интервју за GQ откри дека тоа всушност е гробница направена специјално за него. – Тоа е дупка ископана во земјата, а над неа е камен, па кога и да дојде тој ден ќе одам таму – рече тој. Тој ги изненади своите фанови со ова признание. Многумина се прашуваат зошто размислува за смртта кога штотуку навлезе во третата деценија од животот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

– Луѓето мислат дека тоа е многу чудно и навистина морбидно, но имав пријатели кои умреа без тестамент, па никој не знаеше што да прави – изјави Ширан. Неговиот најдобар пријател Џамал ​​Едвардс почина на 31-годишна возраст. Го загуби и својот сакан ментор Мајкл Гудински, а потоа и неговиот колега Шејн Вејн. Најтешкиот удар дошол кога неговата сопруга Чери Сиборн се борела со тумор додека била бремена со една од нивните две ќерки, па ѝ било дозволено да се лекува само по породувањето. – Поминував низ страв, депресија и анксиозност. Се чувствував како да се давам, со главата под површината, гледајќи нагоре, но не можев да земам воздух – изјави претходно пејачот. фото:Instagram printskrin]]>

Пулсот рипна на 200: Снеже Велков утрово на кејот на Вардар се соочи со својот најголем страв (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pulsot-ripna-na-200-sneze-velkov-utrovo-na-kejot-na-vardar-se-soochi-so-svojot-najgolem-strav-foto/ Sat, 29 Jul 2023 07:15:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251362

Македонската водителка Снеже Велков нема ден да не вежба, но деновиве и таа започна да вежба рано наутро возејќи го својот велосипед на кејот на Вардар. Најчесто утрата и почнуваат со вежбање или со возење на велосипедот и тоа уште во седум часот  наутро, а како што вели Скопје има друга магија во утринските часови во што посебно ужива. Па и да врне и да вее, и бура да коси, за Снеже тоа проблем не е, таа спортска облека си ја носи и пред се мотивацијата за здрав живот и навики. Сепак, она што подолго време го носи во себе е и стравот од кучиња за што неретко знае да објави некои свои случки. Така, Велков често е активна на социјалните мрежи, па објавува фотографии и видеа од нејзините дневни физички активности. Утрово, кога тргна да вози велосипед на кеј, Снеже се соочи со еден големиот предизвик за неа односно победувањето на страв од кучиња. Имено, како што истакна кога возела на кеј имало неколку кучиња, момент за кој вели дека пулсот и рипнал на 200, се двоумела да помине или да се врати. Мислеше дали да помине покрај нив, да се соочи или не, но на крај извојува победа сама со себе. Кучињата само ги одмина, а потоа за да си ја собере душичката застана да се напие вода. Браво за Снеже, а кога се сака, сè се може! Па дури и да се надмине „утринскиот уплав“!]]>

Милица Павловиќ во страв: „Се плашев да не влезе неговата девојка и да направи хаос“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-pavlovik-vo-strav-se-plashev-da-ne-vleze-negovata-devojka-i-da-napravi-haos-foto/ Mon, 26 Jun 2023 12:13:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307743

Милица Павловиќ неодамна објави нов албум, а големо внимание привлече нејзината соработка со популарниот рапер и автор Слободан Вељковиќ Цобе со кој сними жешки сцени во спотот за песната „Илегала“. Таа сега јавно призна дека за време на снимањето се плашела дека девојката на Коби ќе влета во сетот. Во емисијата „Уно, дуе, тре“, Милица најпрвин проговори за албумот за кој не крие дека вложила многу пари, како и во секој претходен: Кога ќе го изговорите името на албумот „Лав“ на англиски, тоа може да се протолкува како љубов. Ништо не е случајно кај тебе, нели? - Случајно намерно, да - рече Павловиќ. А љубовта е секогаш околу Милица, иако никогаш не може да ја погоди целта. Досега пејачката имаше неколку обиди да најде идеален партнер, но едноставно не може. Но, еден и се доближи и не се покаја. Пејачката со Цоби сними една од песните од новиот албум, а освен што беше прогласена за инстант хит, „Илегала“ го привлече вниманието и со доста провокативни сцени од спотот. Некои би рекле на работ. - Како сите се плашат , а потоа доаѓа Цоби и потоа правиме такво видео, браво Цоби, тоа е вистински маж! На работ на што? Немојте... Навистина сме добри пријатели, но кога го снимавме спотот, се понесени од енергијата и се плашев да не влезе девојката на Цоби и да направи хаос. И тогаш дознав дека раскинале и навистина ми беше жал, но си го спасив животот - вели Милица. Дали давате совет на вашиот повреден колега? -Немам што да му дадам совет, ако е судено, ќе се случи, ако не добро, подобро да се стави крај на време. Цоби секако е полн со љубов и добри особини, му посакувам брзо да најде девојка која ќе биде свесна каква душа е. Фото: Принтскрин/Милош Рафаиловиќ/јутјуб]]>

Бремената Антониа Гиговска исплашена од она што ја чека: „Стравот е се’ поголем“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bremenata-antonia-gigovska-isplashena-od-ona-shto-ja-cheka-stravot-e-se-pogolem-foto/ Thu, 15 Jun 2023 07:15:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306359

Месец јули се ближи, а со тоа се ближи и крајот од бременоста на пејачката Антониа Гиговска која вели дека и требало одмор од се’, па тоа и го направила. Таа во војата најнова објава на Инстаграм го сподели своето моментално чувство на спокој, но и страв од она што доаѓа, односно дека се ближи крајот од бременоста и на ред е породувањето. Таа ги опишува како слатки мажи, се уште незнаејќи што ја чека, но храбро оди кон повикот на природата и се носи со девизата дека жените можат и издржуваат се’. -Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво, е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам за нив. Да бидам искрена како се близи крајот, така стравот е поголем, ама ние жените сме јаки, избржуваме се’! пишува Антониа во обраќањето до фановите на својот Инстаграм профил. Освен ова мама Антониа откри дека деновиве ќе слика нова фотосесија од последните труднички денови. За потсетување, пејачката и нејзиниот сопруг и колега, Роберт Спасенцоски ќе станат родители на машко бебе кое ќе се роди во една приватна болница во Скопје. фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска]]>

Како да откриете дали се плаши од сериозна врска? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-otkriete-dali-se-plashi-od-seriozna-vrska/ Wed, 17 May 2023 11:19:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302513

Тешко е да знаете од почетокот на врската дали ќе прерасне во нешто посериозно. Но, ако сте со некого подолго време, тоа не значи дека партнерот или партнерката се подготвени и да се врзат, односно да влезат во сериозна врска. Некои луѓе се плашат од посветеност, од помислата дека ќе бидат со еден човек засекогаш... Ако вие барате сериозен партнер, следете ги знаците што ви укажуваат дека не треба да си го губите времето и да чекате да се смени. Ова се најчестите причини и знаци зошто некој не би сакал да се обрзува на сериозна врска. Лошо искуство од минатото Луѓето кои се плашат од сериозна врска всушност имаат ужасен страв дека ќе бидат повредени. Ако "погледнете" во нивната историја на врски, најверојатно ќе сфатите дека во некои од претходните врски го извлекле „подебелиот крај’. Значи, биле во брак или во врска што е за нив завршиле лошо. Исто така, некои луѓе се плашат од обврзување не поради своите лоши искуства, туку поради лошиот брак на нивните родители, ако едниот од нив бил изневерен или страдал во бракот. Со оглед на тоа дека биле сведоци на болка нанесена во врската, одлучиле да се држат подалеку од такви ситуации. Имале само кратки врски Луѓето кои се плашат од посветеност обично излегуваат од врската по три месеци, кога обично врската станува малку посериозна. Исто така, треба да се земе предвид и какви биле нивните претходни партнери: дали биле од друг град или луѓе презафатени со работа? Ако е така, тоа значи дека полесно им било да „одржуваат врска“ со некој кој не бара време и внимание. Сакаат да имаат сѐ под контрола Ако вашиот партнер мрази да му кажуваат што да прави, бидете внимателни. Луѓето кои се плашат од обврска „го креваат гардот“ и се расправаат кога некој ќе ја преземе контролата бидејќи сакаат тие да се прашуваат за сѐ и тие да ги носат одлуките. Кога другите работи се под контрола, тие мислат дека имаат и контрола врз емоциите. Играат „топло-ладно" Таквите луѓе на почетокот на врската обично се невидено шармантни, но нивниот шарм згаснува откако ќе победат. Сакаат да „ловат“, но не им се допаѓа кога и самите ќе паднат во „стапица". Со други зборови, кога врската станува сериозна, тие се помалку заинтересирани. Не ги знаете неговите/нејзините пријатели и семејството За нив, партнерот е целосно одделен дел од животот, бидејќи колку повеќе од неговите/нејзините блиски знаат за вас, тоа значи дека вие сте им блиски и сте дел од нивниот живот, а тоа ги плаши. Исто така се плашат дека ќе се зближите со неговите/нејзините блиски и тоа ќе го отежне евентуалното раскинување. Неодговорни се Овие луѓе имаат проблем да се обврзат на што било, не само на врска. Тоа се претежно луѓе кои секогаш доцнат, неодговорни се кога станува збор за плаќање на сметките и нивниот живот општо е во неред. Не прават никакви планови. Се плашат од тоа да се обврзат да се видите утре или следниот викенд, па не нешто подолгорочно. Не зборуваат за себе, а нивните потреби се на прво место Бидете многу внимателни ако сте во врска со човек кој никогаш не покажува емоции и одбива да зборува за себе. Тие се толку зафатени обидувајќи се да се заштитат себеси, што ги игнорираат вашите емоционални потреби. Исто така, ги фаќа паника кога ќе се спомне зборот „свадба“ и бара изговор да не доаѓа со вас, иако сте заедно подолго време. Не сила Имајте на ум дека оние кои се земе време да се направи важни животни одлуки не се луѓе кои се плашат од посветеност, но само чувствителни, внимателен. Значи, не го притисни / неа да почнат да живеат заедно по еден месец на врската, на пример.
Што да направите ако сте во ваква врска?
Прво бидете реални и не принудувајте никого да прави нешто што не сака. Обидете се да зборувате со партнерот/партнерката и видете дали можете заедно да ги надминете стравовите. Ако има простор за напредок, бидете трпеливи и најдете заедничко решение, чекор по чекор. Ако не сака да разговара, тоа не е ваш проблем и не се обидувајте да го/ја смените. Исто така, не се обидувајте да се смените себе заради него/неа. Ако вашите соништа и планови за иднината се различни, нема потреба да си го губите времето. Извор: Кајгана]]>

Марко Миљковиќ заедно со Луна Ѓогани и ќеркичката го напуштија Белград (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/marko-milkovik-zaedno-so-luna-gogani-i-kerkichkata-go-napushtija-belgrad-foto/ Thu, 11 May 2023 06:52:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301444

По страшните трагедии кои ја снајдоа Србија во текот на претходната недела, Марко Миљковиќ наводно решил да ги одведе од Белград својата бремена сопруга Луна Ѓогани и ќерката Миа. Имено, како што се дознава, Луна била многу погодена од веста за масакрите кои се случvaa од ден на ден, особено што лично се познавала со една од жртвите, па станала многу вознемирена и под стрес и плачела со денови. За да и ги пренасочи мислите, Миљковиќ решил да ја однесе и нејзината ќерка во Брус на неколку дена, пишува „Стар“. Како што понатаму наведуваат тамошните медиуми и Марко бил многу потресен, но и исплашен за Луна и бебето бидејќи со денови не можела да се смири. Тој и забранил да ги следи вестите и и рекол да се спакува за да бидат во природа и да се посветат на својата ќерка која едвај чека да оди на село. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес]]>