стопси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Oct 2023 09:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стопси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските јавни личности и естрадни ѕвезди на свадбата на Миро Кацаров во хуманитарната кутија собраа едвај минималец: На социјалните мрежи „полна уста раскош“, а во реалноста „стипси“ или „тешка сиромаштија“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-i-estradni-zvezdi-na-svadbata-na-miro-katsarov-vo-humanitarnata-kutija-sobraa-edvaj-minimalets-na-sotsijalnite-mrezhi-polna-usta-raskosh-a-vo-realnosta-stipsi-ili-teshka-s/ Tue, 03 Oct 2023 09:49:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320751

За штипската свадба на водителот Миро Кацаров и неговата животна избраничка Ивана уште се зборува... Зборува и чаршијата, се шират муабети по естрадните кругови и кулоари, пишуваат порталите...  Била современа, модерна, необична, налик на голема диско забава на која беа мноштво познати и јавни лица од различни сфери… Од естрадни и ТВ фаци до познати спортисти, пејачи, музичари… па се’ до политичари. Свадбата била замислена како журка со над 400 гости, но младите сакале нивниот најубав ден да има и хумана нота, па ги повикаа сите нивни гости наместо цвеќе, бонбониера, пијалак... да остават парична донација во кутијата ставена на влезот, наменета  за дечињата од ранливи категории. „Знаеме дека ќе добиеме многу букети и сето тоа подоцна ќе овене и ќе се фрли, а со донација од 500 денари колку за букет, верувам дека ќе собереме убава сума и ќе дадеме барем мал придонес за дечињата од ранливите категории во згрижувачките домови“ - ќе  ја најави водителот хуманата нота на својата свадба во медиумите пред истата да е случи. И се случи... Она што беше замислено, беше до крај оставерно и повеќе од тоа. Меѓу поканетите званици на свадбената журка биле некои од најпознатите и најпопуларни македонски лица од eстрадата, модата, медиумите… Пејачи, музичари, актери, политичари, водители, инфлуенсери и многу нивни блиски пријатели. Сите задоволни и презадоволни од идејата, амбиентот, атмосферата, забавата... И гостите и младите. И  црвениот тепих и хумнанитарната кутијата за донации биле поставени на влезот, а на крајот кутијата полна... Само со што или поточно со колку? Колку пари „хуманите“ гости донирале? Имено, Миро Кацаров и самиот раскажа дека на свадбата ќе има повеќе од 400 гости, над 15 музички артисти... И имало! Како и што се надеваше дека секој од нив ќе донира барем по 500 денари во хуманитарни цели! Арно ама... Како што домашниот есап и оној на пазар никогаш не излегува ист, така и надежите на младоженецот и невестата за богата донација на крајот излезе дека се распрснаа како меур од сапуница. Зашто донацијата испадна дека е толку „посна“ што е срамота и да се објави. Сепак, Кацаров по свадбата јавно сподели фотографии од кутијата за донации на својот Инстаграм, а на една од нив и се зблагодари и обзнани колку пари се собрани: „Дечки, благодарение на Вас собравме 22.000 (дваесет и две илјади денари), пари што ќе ги донираме на детенце на кое му е потребна помош. Ве молам ако знаете некое пишете ни или споделето го постот! Од љубов со љубов“ - споделил Миро. Испадна дека македонските јавни личности и естрадни ѕвезди на свадбата на Миро Кацаров во хуманитарната кутија собраа едвај минималец! Едвај 22.000 денари - колку што изнесува една  минимална, загарантирана плата во Македонија!  Јавните личности и естрадни ѕвезди на социјалните мрежи со „полна уста раскош“, а во реалноста или „стипси“ или „тешка сиромаштија“?!   Доказот е во простата математика! Кога  собраните 22.000  ќе ги поделите со бројот на присутните, еве нека биле и точно 400 гости, излегува дека секој од нив во просек „донирал“ во хуманитарната кутија едвај по бедни 55 денари!? Фото: Инстаграм/miroslavkacarov  ]]>