столе аврамов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Jun 2021 10:55:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png столе аврамов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Малинкова има нова песна, па откако ќе ја слушнете, на вас останува дали ќе кажете – „Немам зборови“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-ima-nova-pesna-pa-otkako-kje-ja-slushnete-na-vas-ostanuva-dali-kje-kazete-nemam-zborovi-foto/ Thu, 24 Jun 2021 10:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208265

Сведоци сме дека корона-пандемијата полека се смирува што беше доволна причина за повеќето протагонисти на македонската музичка естрада да ги засукаат ракавите и да почнат со создавање нова музика за својата публика. Една од нив е познатата пејачка Наташа Малинкова, една од најбараните кога станува збор за „тезгите“, односно живите настапи. Таа пред само еден ден ја објави својата најнова песна „Немам зборови“, за која сними и прекрасен видеоспот. Се разбира, Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна. „Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција“ - ни изјави Малинкова. Инаку Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да направат одлично видео. Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк а Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ. „Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња“ - вели Наташа. Но, да не должиме многу, погледнете, слушнете, „лајкнете“, споделете и уживајте: ]]>

Наташа Малинкова се пронајде себе си во „Биди со мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-se-pronajde-sebe-si-vo-bidi-so-mene-video/ Tue, 26 Nov 2019 11:30:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120689

Наташа Малинкова  денес, 26 ноември 2019  ја промовира својата најнова песна со наслов – „Биди со мене“ на која како автор се потпишува веќе добро познатиот и проверен нејзин соработник  и колега од ноќните настапи, Столе Аврамов. За разлика од претходната тема, ова е нешто сосема поразлично и можеби помалку неочекувано од познатата пејачка, за што таа вели: „Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани... Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп - латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде“ – вели Наташа. Инаку за оваа нова песна Малинкова сними и интересен видеоспот, на кој како режисер се потпишува Владислав Гавриловски. „Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели - Даниел Данн и Марко Марк,а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство“ – завршува пејачката. ]]>

Наташа Малинкова прашува „Ако грев е што те сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-prashuva-ako-grev-e-shto-te-sakam-video/ Tue, 03 Apr 2018 11:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19171

Сама, напуштена, со скршено срце, разочарана во љубовта… на работ на очајот! Вака некако може да се опише емотивната состојба која поп пејачката Наташа Малинкова се обидува да ја долови глумејќи во видеоспотот, следејќи ги стиховите на својата најнова песна, насловена „Ако грев е што те сакам“, чија промоција е токму денес, вторник, 3-ти април 2018 година.
Се работи за ар-ен-би поп балада во чие видео изработено од битолската „Веста продукција“, очигледно емоцијата  ја заменила дозата на еротичност која ја имаа нејзините претходни спотови и фотосесии, која и во овој сосема не е занемарена, но е претставена на еден поинаков, поемотивен, попатетичен начин, кој е многу поблиску до чистата уметност отколку до соголената еротика.
Инаку и овој пат комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) која е апсолутно зрела како во својот музички израз, така и во стандардно добрата вокална изведба на пејачката, е нејзиниот стар пријател и соработник Столе Аврамов, кој се потпишува и како музички продуцент на истата.
Како звучи и изгледа Наташа Малинкова во „Ако грев е што те сакам“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=t8WoRdTTrxw&feature=youtu.be        ]]>