стјепан периќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jun 2023 10:11:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стјепан периќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наследникот на Јелена Јованова потпорасна, бебешките денови завршија, а Јаков веќе е „големото“ момче на мама и тато (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/naslednikot-na-jelena-jovanova-potporasna-bebeshkite-denovi-zavrshija-a-jakov-veke-e-golemoto-momche-na-mama-i-tato-foto/ Fri, 16 Jun 2023 07:40:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306504

Годинава немавме прилика да гледаме нова сезона од ситкомот „Преспав“, но гледачите не ја заборавиле харизматичната рецепционерка од Јелена од Драчево, бидејќи МТВ се прикажуваат репризи. За Јелена ретко има пауза од работа, бидејќи таа успешно ја гради својата кариера и пошироко во регионот. Најдобар пример за тоа е последното филмско остварување во словенечка копродукција, романтичната комедија „Нешто слатко“ во која Јелена игра заедно со колегата Сашко Коцев. За да не им недостасува на своите фанови, актерката знае да сподели некои моменти од своето секојдневие како професионално, така и приватно. Јелена и нејзиниот сопруг, актерот Стјепан Периќ во јуни 2020 година добија син, а отогаш уживаат во вниманието, љубовта со наследникот кој веќе е потпораснат и деновиве наполни три години. Јаков е целиот универзум од фокусот на мама и тато, а бидејќи веќе почнува повеќе да сфаќа и да го осознава своето опкружување, овој роденден сигурно беше повозбудлив за него. Мама покажа една фотографија од наследникот покрај море како си игра во благодетите што ги пружа природата. -Моето големо момче има 3. Биди среќен сине, напиша гордата мама. Јованова е од оние познати кои не го откриваат идентитетот на своето дете, па случајот е таков и тука со тоа што досега не сме го виделе лиценцето на наследникот на актерската двојка. фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Јованова]]>

Нејзиното синче во прв план: Еве ја и новогодишната магија во домот на актерката Јелена Јованова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nejzinoto-sinche-vo-prv-plan-eve-ja-i-novogodishnata-magija-vo-domot-na-akterkata-jelena-joivanova-foto/ Mon, 02 Jan 2023 08:15:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281663

Иако немавме прилика да гледаме нова сезона од ситкомот „Преспав“, веруваме дека гледачите не ја заборавиле харизматичната рецепционерка од Јелена од Драчево. За да не им недостасува на своите фанови, актерката Јелена Јованова знае да сподели некои моменти од своето секојдневие како професионално, така и приватно.
Новогодишно празничниот период допира до секого, за кого повеќе за кого помалку, а кога се има деца во домот, тогаш она првото е неизбежно.
Така е и во приватниот рај на актерката Јелена каде живее заедно со сопругот и синчето. Актерката и нејзиниот сопруг, актерот Стјепан Периќ во јуни 2020 година добија син, а отогаш уживаат во вниманието, љубовта со наследникот кој веќе е потпораснат и има две ипол години. Јаков е целиот универзум од фокусот на мама и тато, а бидејќи веќе почнува повеќе да сфаќа и да го осознава своето опкружување, оваа празнична магија е сосема реална во неговите очиња. астанат пред божиќното дрво, мама го фотографираше за спомен и моментот го објави на својот Инстаграм. Јованова е од оние познати кои не го откриваат идентитетот на своето дете, па случајот е таков и тука со тоа што досега не сме го виделе лиценцето на малиот наследник на актерската двојка.
Убавите паразнични денови се пред сите нас, а за тоа кој како и со кого ќе ужива во истите, секој си знае за себе, а Јелена, Стјепан и Јаков ќе создадат спомени за уште една година измината со многу детска љубов, згоди, незгоди, смеа и плач што топли душа!]]>

Ретко покажува вакви моменти: Јелена Јовановска ужива во Италија со саканите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/retko-pokazuva-vakvi-momenti-jelena-jovanovska-uziva-vo-italija-so-sakanite-foto/ Mon, 22 Aug 2022 07:33:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263537

Македонската актерка по потекло од Штип, а со хрватска адреса на живеење, Јелена Јованова, откако неколку години е дел од актерската екипа на македонскиот ситком „Преспав“, стана се поомилена меѓу публиката. Оттука, за ваквите ликови со кои секојдневно се дружиме преку ТВ екраните, јавноста секогаш сака да дознае повеќе за нивната приватност.
Јелена е активен корисник на социјалните мрежи, а бидејќи има и познат сопруг и колега, нивната атрактивност за будното око на јавноста е уште поголема.
Деновиве Јованова објави ретки моменти од приватноста, односно фотографии од нивниот семеен одмор во Италија. На приложеното на нејзиниот профил на Инстаграм нејзе ја нема, таа е фотографот, а во фокус се сопругот, синчето и убавините на Италија кои ги посетиле во Венеција, Трст... Септември се ближи и крајот на летото, а со тоа и стартот на новите проекти од кои веруваме дека за Јелена тоа ќе биде „Преспав“. фото:Инстаграм/Јелена Јованова]]>

Љубов пред камери: Ова е сопругот на Јелена Јованова, а за својата сакана вели – „Знаете и чувствувате кога сте ја нашле вистинската жена“ https://arhiva.vistina.com.mk/ljubov-pred-kameri-ova-e-soprugot-na-jelena-jovanova-a-za-svojata-sakana-veli-znaete-i-chuvstvuvate-koga-ste-ja-nashle-vistinskata-zena/ Sat, 30 Apr 2022 07:20:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73104

Нашата позната актерка Јелена Јованова која моментално е актуелна по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, веќе три години е во среќан и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ. Нивната љубов се случи пред камери во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улога. Денес тие живеат во Хрватска, а Јелена во Македонија најчесто доаѓа поради професионални ангажмани, а не ретко со неа е и сопругот Стјепан.
Во едно интервју за хрварскиот 24 сата.хр, Стјепан пред неколку години откри како се чувствува како македонски зет и како знаел дека Јелена е вистинската жена во неговиот живот, но и за тоа кој е подобар актер, тој или таа.
Имав прилики да ја запознаам Македонија и прекрасните Македонци и пред да бидам со Јелена. Иако е тешко да се генерализира, но би го дале последното парче леб за гостите, отколку сами да го изедат“, вели Стјепан и продолжува за тоа кој е подобар актер, Јелена или тој, а како вистински кавалер одговара: Машко и женско сме, па тешко е професионално да се споредиме. Но, ако морам да изберам, ја избирам неа, одговара Периќ.
Во една прилика кажавте: „Иако дојде време кога не е „ин“ да бидеш со некој засекогаш, јас верувам дека тоа постои и се надевам дека ќе запознаам жена со која ќе бидам среќан цел живот. Таа мора да биде вистинската и тоа ќе го знаете и почувствувате кога ќе ја најдете“ – Дали Јелена е таа? –прашува новинарот.
Да, Јелена е таа, завршува актерот за кого хрватските медиуми пришуваат дека потешко може да го добијат за изјава.
Инаку, Стјепан Периќ како дете не ни сонувал дека ќе се занимава со актерство. Првин студирал право од кое подоцна се откажал и завршува глума во Лондон.
Сепак, судбината поинаку си поиграла со професионалниот живот на Стјепан, па станува актер, а како животна партнерка избира токму актерка – нашата Јелена Јованова –Периќ.]]>

Јелена Joванова заедно со сопругот и синот позираше за хрватски магазин: „2020та беше како сценарио од холивудски филм“ https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-jovanova-zaedno-so-soprugot-i-sinot-pozirashe-za-hrvatski-magazin-2020ta-beshe-kako-scenario-od-holivudski-film/ Sat, 13 Feb 2021 08:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186007

Македонската актерка со хрватска адреса на живеење, Јелена Јованова и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ во јуни претходната година се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков. Јелена не е толку резервирана за својот приватен живот, па одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија со новиот член на семејството. Меѓутоа, сега семејството Јованов – Периќ позираше за хрватскиот магазин стори.хр, а во интервју открија како ги поминале првите месеци од родителството, на кого наликува синот, како се избориле со сите потешкотии во претходната година. Јелена Јованова неодамна беше во Македонија каде заврши со снимањата на серијата „Преспав“, а на сетот друштво и правел синчето Јаков. Таа откри по што ќе ја памети изминатата 2020та година: „Да кажевте дека ова година беше како сценарио од холивудски филм, ќе ви одговорев дека претерувате, но ќе погрешев. 2020та донесе вистинска емотивна вртелешка, а на врвот на пиедесталот беше Јаков. Ќе имаме многу да зборуваме за годината во која е роден“, вели актерката и откри како изгледале првите месеци од раѓањето на наследникот. „Првите две, три недели беа напорни. Последици од породувањето, хормони, прилагодување....се тоа требаше да дојде на свое место. Не беше бајковито, но полека влеговме во рутина. Секој ден стануваше се полесен и позабавен“, вели Јелена, а нејзиниот сопруг се надоврзува: „Многу ти зборуваат за бременост и породувањето, а потоа добиваш дете. Дојдовме дома, се гледаме и се прашувавме: И што сега? Беше стресно, но сега уживаме. Стјепан вели дека Јаков е ист како него, а Јованова откри какво бебе е нивниот син. „Весело и насмеано бебе. Многу љубопитно. Тој од срце ја споделува својата насмевка со сите. Исти јас“, вели Јелена. Потсетуваме, Јелена и Стјепан се запознаа во 2013 година на сетот за серијата „Тајна“, а се венчаа во 2015 година.]]>

Јелена Јованова и Стјепан Периќ: „Синот Јаков е микс на двајцата“ https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-jovanovai-stjepan-perikj-sinot-jakov-e-miks-na-dvajcata/ Tue, 26 Jan 2021 09:15:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186686

Македонската актерка со хрватска адреса на живеење, Јелена Јованова и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ во јуни претходната година се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков. Јелена и Стјепан во заедничко интервју за стори.хр открија како поминала бременоста на Јелена, како се снашле во улогата на родители, како преживеа се што донесе 2020та година....

По што ќе ја паметите 2020 година? Има ли за вас позитивен предзнак?

Стјепан: Ни се роди синот Јаков и од тоа нема поголема среќа. Затоа за мене 2020 година ќе има позитивен предзнак без оглед на сите негативни работи кои ни ги донесе. На крајот, верувам дека ќе излеземе посилни. Јелена: Да ми кажаа дека 2020та беше година со сценарио на холивудски филм, ќе им реков: „Малку претерувате“. Но, ќе погрешев. 2020та донесе вистинска емотивна вртелешка, а на пиедесталот е секако Јаков. Ќе имаме многу да зборуваме за годината во која се роди.

Станавте родители во јуни, како беа првите месеци со вашиот син?

Јелена: Првите две, три недели беше напорно. Последици од породувањето, хормоните, прилагодувањето ... сето тоа мораше да дојде на свое место. Не беше бајковито, но помалку влегувавме во рутина. Секој ден стануваше полесно и позабавно. Стјепан: Многу ви зборуваат за породувањето и бременоста, а потоа ќе дојде детето. Дојдовме дома, го погледнавме и се запрашавме: Па што сега? Беше стресно, но се навикнавме по неколку недели и сега уживаме. Се смееме на сеќавањата од тие први недели.

Какво бебе е Јаков?

Стјепан: Добар е, бистар, забавен и многу сладок. Исти како мене. Јелена: Весело и насмеано бебе. Многу љубопитен. Од срце ја дели својата насмевкса со сите. Исти како мене.

Личи ли на некој повеќе?

Јелена: Mислам дека е совршен микс од двајцата. Стјепан: Се согласувам.

Имате ли веќе своја рутина?

Стјепан: Имаме, тоа ни е прва цел. Јелена: Знае понекогаш да ни побегне, но секогаш се враќаме. Јаков има едноставен распоред – јаде секои три часа. Прошетката е наутро или попладне, во зависност од нашите обврски, тој секогаш спие еден час по јадење. Тој обожава да слуша музика за добра ноќ или приказни што му ги читаме. Девет часот е  време за спиење.

Ве промени ли родителството?

Стјепан: Како што расте Јаков, станувам сè поодговорен. Повеќе внимание посветувам на моето здравје. Се обидувам да го воспитам со мој сопствен пример, иако тој е сè уште многу мал. Повеќе сум мотивиран на работа. Јелена:  Не постои курс за родителство. Лекциите ги учиме во движење и секој ден учиме  нешто ново. Оваа промена не е затворен процес. Се обидувам да бидам поодлучна и посамоуверена. Ако ми треба совет, со задоволство го барам, и ако не го барам, подобро без предлози. Секако дека има моменти кога не сме сигурни дали го избираме најдоброто за него или тој избор може да биде подобар, но не мислам дека тоа некогаш ќе се промени. Само е сигурно дека некогаш ќе згрешиме.

Дали раѓањето на синот уште повеќе ве поврза?

Стјепан: Апсолутно. Јас присуствував на породувањето, заминав очекувајќи дека веднаш ќе се заљубам во синот, а уште повеќе се заљубив во Јелена.

Се гледа ли сега кој е построг, а кој поблаг родител?

Јелена: Мислам дека е рано за тоа. Сето ова е сè уште ново за нас, но би сакал да бидеме секогаш подеднакво строги, односно благи. Да знаеме да се слушаме, да се разбираме и да ги поддржуваме вистинските одлуки. Додека го велам ова, сфаќам дека немам идеја што не чека. Одиме со отворено срце, од ден на ден. Стјепан: Додека го слушам ова, мислам на тоа како просечан маж во денот изговара 800 збора, а просечната жена 4000.

Имате ли помош, баба- сервис?

Јелена: Oвде се баба и тета сервис, а во Македонија ни помагаат баба и дедо. Засега сервисот многу добро ни помага. Задоволни сме и ние и Јаков. Стјепан:  Да, и сите се заљубени до уши.

Јелена, дали твоите родители и брат имаа прилика да го видат Јаков во живо?

- Да. Неполни четири месеци од раѓањето заминав на снимање. Тато и брат ми го видоа, но само на кратко бидејќи снимав во друг град. Мајка ми беше со нас и ми помагаше додека снимав. Многу сум и благодарна на тоа, ние тројца завршивме лавовска работа.

По бабите, најчесто пријателите и роднините доаѓаат на гости, дали сега ги намаливте посетите?

Јелена: Поради короната ги немавме во класичен облик. Стјепан: За жал, моравме да го скратиме дружењето. Се надевам дека целата ситуација ќе заврши што е можно побрзо затоа што не би сакал Jaков да биде лишен на кој било начин во социјална смисла. Тој дури и не го виде „старото нормално“, затоа искрено се надевам дека сè ќе помине додека тој сè уште не биде свесен за тоа.

Јелена, каква беше твојата бременост со оглед на земјотресите и “lockdown“?

-Како да “шармот“ на бременоста не беше доволен, па се тоа мораше да биде зачинато со земјотреси и корона. Имаше многу денови кога душата од страв ми беше во петите, а Јаков вознемирен под срцето. Посебно на 22 март. Се тресев со денови како да сум гола на снег. Никогаш доста од забавата. Бременоста не е розова, породувањето боли, а да не почнуваме за доењето. Искрено за тоа малку се зборува. Важно е дека на крајот сè помина добро.

Како  доживеавте и преживеавте сè што се случи минатата година?

Стјепан: Тешко и стресно, но верувам дека Бог ни дава товар колку што можеме да поднесеме. Најлошото за мене беше кога многу малку се знаеше за вирусот, а Јелена беше бремена Јелена: Мислам дека сè уште не сме свесни за сите емотивни несакани ефекти што допрва ќе ни се појават. Ставивме многу работи на тест, особено нашата сопствена ментална подготвеност. Знаевме како да го извлечеме најлошото од себе. Oд друга страна, солидарноста од луѓето излезе безрезервно. Научивме многу и добивме шанса да прифатиме некои вредности што ги заборавивме. Ние ги сакаме луѓето, ги обожаваме нашите пријатели и ни недостасуваат. Не сме баш од апликации за мобилни телефони, онлајн емисии, изложби или виртуелни кафиња. Се надевам дека ова нема да нè промени засекогаш и дека не ги живееме последните денови на слободата како што знаевме досега.

Какви беа месеците по раѓањето на Јаков, дали сакавате да успорите со работа. Или пак во глумата, како и во другите професии, не треба да се одбиваат ангажманите?

Јелена: Мајчинството не е професија. Барем не за мене. Глумата е. Само затоа што се породив и станав мајка не значи дека престанав да бидам актерка. Кога знаев дека сум подготвена, започнав да работам. Тоа ме прави да се чувствувам комплетно. Ги избирам проектите на кои работам и не сакам да размислувам така дека ќе морам да излегувам од паштета само за да постојам на пазарот. Кога станува збор за короната и ограничувањата во работата, не можеме ништо. За жал, мислам дека не се исклучуваат само проекти туку и кариери. Стјепан: Продолжив да работам и како порано, но многу сум внимателен со слободното време. Сакам да бидем најдобар родител и партнер.

Кои се вашите планови за 2021?

Јелена:  Засега не знам ништо и искрено, не ме интеренсира. Порано такво сознание ме плашеше, сега ме возбудува. На мене е да бидам подготвена за се што ќе дојде, а сум подготвена. Потсетуваме, Јелена и Стјепан се запознаа во 2013 година на сетот за серијата „Тајна“, а во 2015 година запливаа во брачните води. извор:  story.hr]]>