стив колмен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 21 Oct 2017 08:33:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стив колмен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва на Скопje џез фестивал: Американска вечер со Марк Рибо и Стив Колмен https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-na-skopje-dzez-festival-amerikanska-vecher-so-mark-ribo-i-stiv-kolmen/ Sat, 21 Oct 2017 08:33:46 +0000 http://vistina.mk/?p=891

На Скопскиот џез-фестивал вечерва ќе има  концерти на  две значајни имиња од САД:  Марк Рибо со проектот „Јанг Филаделфијанс“ и Стив Колмен со легендарните „Фајв елементс“. Американскиот саксофонист Колмен го опишуваат како „неуморен човек кој постојано учи, студира и набљудува“. Тој е еден од основачите на таканареченото M-Bace движење, во чија рана фаза беа вклучени и Грег Озби и Касандра Вилсон.
M-Bace Collective беше организација на црнечки музичари која имаше за цел обединување на сите форми на црнечката музика во една целина. Колмен водеше повеќе групи и интензивно снимаше. Во тоа време неговата музика наликуваше на органска синтеза помеѓу пост-бопот и фанкот, иако размислувањата на Стив веќе беа многу пошироки. Тој започна да создава концептуални линкови до сите комплексни системи: нумеролошки, астролошки, митско-религиозни. И покрај комплексноста и асиметричноста, ритмите во музиката на Колмен беа циркуларни и особено комплексно полуметрични кои го сочувуваа танцовиот карактер на популарниот фанк, најави фестивалот.
Со својата долготрајна група „Five Elements“ Стив Колмен издаде повеќе албуми, како што се легендарните „Rhytm people“, „Black Science“, „The Thao of Mad Phat“, а од поновиот период „Functional Arrhythmias“. Гитаристот Марк Рибо, пак, кој ќе настапи во вториот дел од концертната вечер, се етаблирал како великан на гитарата, преку децениската работа како придружен музичар на Том Вејтс, Дајана Крол, Елвис Костело, Ти-Боун Барнет, Каетано Велозо, Роберт Плант, Ален Гинзберг, Арто Линзи, Дејвид Силвијан… Скопје џез 2 – Во тек на 35-годишната кариера Марк објави над 20 албуми под сопствено име, истражувајќи сѐ, од Алберт Ајлер со групата „Spiritual Unity“ па до кубанската музика на Арсенио Родригез со две одлично примени изданија под името „Marc Ribot Y Los Cubanos Postizos“, соопшти Скопски џез-фестивал, додавајќи дека „Јанг Филаделфијанс“ (The Young Philadelphians) е последната смела авантура на Марк Рибо. Во полноќниот термин во Дансинг салата на МКЦ ќе настапи Антони Џозеф, поет, писател, музичар и предавач. Роден е на Тринидад, а живее во Велика Британија. Спојува соул, фанк и карипски мелодии. Негов последен албум е „Caribbean Roots”, објавен во 2016 година, кој според криитката е  „бескомпромисно враќање кон корените“. 
]]>