стихови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 08:54:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стихови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андријана Јаневска со стихови и фотографии се потсети на нејзината почината мајка: „Секое изгрејсонце ликот твој го има…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-so-stihovi-i-fotografii-se-potseti-na-nejzinata-pochinata-majka-sekoe-izgrejsontse-likot-tvoj-go-ima-foto/ Wed, 13 Dec 2023 07:40:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330875

Една е мајка... И нема ништо поблиско од неа, од онаа која те родила и донела на овој свет. Најблиските можеби само физички заминуваат од нас, но затоа секогаш остануваат во нас, во нашите души и срца, продолжуваат вечно да живеат во нашите сеќавања. Андријана Јаневска пред  пет години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка Нада. Таа почина на 62 години од мозочен удар, а во една прилика пејачката истакна дека немала време да се прости од неа бидејќи нејзината смрт била ненадејна. Кон крајот на 2020 та година, Јаневска ја објави песната „Летај“  посветена на нејзината покојна мајка, која тогаш реши да ја промовира токму на нејзиниот роденден. „ Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“ - ијави во една прилика  Јаневска. Сега, пет години од заминувањето на нејзината мајка Нада, Андријана во својата прошетка по помените со неколку фотографии одново се потсети на неа, а наместо песна овој пат и посвети стихови... „Веќе петто лето, петта зима, Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има, во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам“. „На мајка ми Нада“ - напишала пејачката, виолинист и музички педагог покрај објавата! Како потсетување на она што како музика и стихови го создададе и отпеа Андријана Јаневска во спомен на нејзината мајка, но и за сите оние кои ги изгубиле своите најмили, за сите срца скршени од болка, нејзината акустична балада со посвета,  „Летај“... Фото: Инстаграм/andrijana_janevska
]]>

Кога песните ќе те погодат: Обожавателка на Владо Јаневски од стиховите на неговите песни состави приказна за сопствениот живот и нејзината љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-pesnite-ke-te-pogodat-obozhavatelka-na-vlado-janevski-od-stihovite-na-negovite-pesni-sostavi-prikazna-za-sopstveniot-zhivot-i-nejzinata-lubov-foto/ Fri, 03 Mar 2023 09:04:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291497

Владо Јаневски несомнено е еден од најпознатите и најпопуларни македонски поп пејачи. На неговите песни „вакви или такви“, не им минува времето, напротив - со текот на годините повеќето стануваат своевидни евергрини. Многумина се согласуваат дека тоа е така најмногу заради стиховите, кои  најчесто се брилијантно сложени и спакувани во неговите песни. Лирика за секоја прилика, најчесто полна со срцепарателни љубовни стихови полни со разновидни епитети и стилски фигури, кои неизмерно ја допираат душата, го параат срцето, ја ежат кожата, ги испраќаат мислите на прошетка низ годините на животот. На таквите песни на „чаирскиот романтичар“, сега со гевгелиска адреса на живеење, веќе оддамна навикнавме. Тие се  она што најмногу  ја допира неговата публика, верна армија обожаватели од различни возрасти, меѓу кои најчесто се оние кои љубовта веќе ја искусиле, со неа процветале или од неа се изгореле... Зашто неминовно е најпрвин  да минете низ она, кое подоцна ќе го препознаете и ќе се пронајдете себеси и своето искуство во песната. Токму една таква верна обожавателка на Владо Јаневски инспирирана од неговата инспирација направила нешто што ретко кому му поаѓа од рака, зашто и за тоа е потребен талент и дарба. Имено, таа погодена од песните на Владо, поточно од неговите стихови вткаени во нив,  составила приказна за сопствениот живот и нејзината љубов! Необично, оригинално, уникатно, единствено... Нешто што може да го „склопи“ само некој кој не само што очигледно ги знае сите песни на пејачот напамет, туку и има дарба да ги спакува во една преубава приказна... И тоа за себе, својата љубов, сопствениот живот... Во кој очигледно среќната љубов доминира и е нејзина ѕвезда водилка. Администраторот на официјалниот Инстаграм профил на пејачот ја пронашол приказната и ја објавил, а талентираната обожавателка се заблагодарила со појаснување кога, каде и зошто сето ова го направила: Фото: Инстаграм принтскрин/vladojanevskiofficial    ]]>

Александар Јосифовски снима во студио: Стиховите за новата песна на најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“ ги напиша водителката на „Гранд“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-snima-vo-studio-stihovite-za-novata-pesna-na-najbleskavata-makedonska-grand-zvezda-gi-napisha-voditelkata-na-grand-video/ Tue, 28 Feb 2023 08:45:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290844

 Во моментов најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“, охриѓанецот Александар Јосифовски наскоро планира да ја изненади публиката со нова песна, чиј лајтмотив ќе ги освои сите дами. Имено, Александар напорно работи на подготовка на нова песна, а во пишувањето на текстот му помогна згодната и шармантна водителката на „Гранд“. „Подготвувам нешто ново, песна од македонското музичко поднебје напишана од познатиот композитор Григор Копров. Текстот е делумно мој, а дел од текстот го напиша мојата драга пријателка, водителката на „Гранд парада“ - Сања Ќулибрк, која се потруди со сите сили да и даде личен печат на новата песна“ - вели Александар и открива за што ќе пее во новата песна:   „Песната ќе покаже како може да изгледа секоја љубов кон жената“ - кусо кажа охридскиот рокер, не откривајќи многу детали. Инаку, Александар Јосифовски неодамна го објави дуетот што го сними со колешката Белма Хусеинефендиќ, а песната за многумина беше големо изненадување. Дуетската песна наречена „Воли ме ко себе“, како и видеото снимено во Охрид, наиде на лавина позитивни реакции. „Тоа ќе ме прогонува цел живот, знаев!“ -  низ смеа признал Александар, реагирајќи на коментарите дека се покажал добар домаќин, а сигурно е дека бил и одличен соработник, па  публиката со нетрпение ја очекува неговата нова песна која тој вака ја најави со видео на социјалните мрежи: [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/6B42928F46CA5156B3D3E746230EEDAB_video_dashinit.mp4"][/video] [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/74427B171B851D84E9A3493B3CBF2AAB_video_dashinit.mp4"][/video] Фото: Инстаграм принтскрин/culibrkova_/alexandarjosifovski

Ова е песната која на пејачот Мики Даниловски му била одбиена на сите фестивали – „Ајде Македонци“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-pesnata-koja-na-pejachot-miki-danilovski-mu-bila-odbiena-na-site-festivali-ajde-makedontsi-video/ Fri, 24 Feb 2023 06:36:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290476

Фолк пејачот од Кичево Мики Данилоски е вистинаски феномен. Она што на овој естраден уметник му се случило е за рубриката „Верувале или не“ на Рипли. Имено, Мики  уште пред повеќе од две години имал нова песна насловена „Ајде Македонци“ низ чии стихови провејува патриотска содржина. За жал и по сите негови обиди песната да ја здогледа виделината на денот, пејачот  немало каде да ја промовира. Мики конкурирал на повеќе македонски фолк фестивали со истата,  но или бил одбиен или  игнориран. Верувале или не, песната била дури одбиена и на фестивалот за новосоздадени родољубиви и патриотски песни, „Гоце фест“. Дали спорни биле стиховите: „Дојдоа луѓе проклети, дојдоа луѓе-изроди, тоа што се чувало со векови, го продадоа за беспари“... Или оние  во рефренот во кој се пее: „Ајде Македонци на нозе, доста е молчење, името свето да го вратиме , а НИВ џенем да ги испратиме“... При тоа она со „враќањето на името“ на многумина веројатно им бодело очи, додека во оноа: „НИМ џенем да ги испратиме“, наликува дека се пропознале поединци од институциите одговорни за организацијата на фестивалите и фестивалските содржини, поставени од власта, свесна дека е пред заминување. Сепак пејачот не се разочарал до крај, туку видел не видел, тргнал да бара алтернативни начини за промоција. Така, песната успеала да го најде својот пат до етерот и  јавноста откако Даниловски стапил во контакт со ИН продукција кои патем се застапници на  ИНТВ - Македонската музичка, сателитска телевизија која зрачи низ целиот свет и е една од најгледаните во дијаспората. Мики Даниловски за ИН продукција снимил и видеозапис на неколку познати историски локации низ Македонија, кој веќе се врти на ИНТВ. Како звучи и изгледа видеото за песната „Ајде Македонци“ која е одбиена на сите наши фестивали, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Стихови од Тоше на собраниската говорница: „Не кажа збор, молкот е одговор“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stihovi-od-toshe-na-sobraniskata-govornitsa-ne-kazha-zbor-molkot-e-odgovor-foto/ Wed, 15 Feb 2023 13:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289111

Стихови од песната „Немаш ни благодарам“ искористи пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа имаше збор на собраниската расправа за реконструкција на Владата а стиховите ги искористи да упати критики кон премиерот Димитар Ковачевски и министерот Сали.
„Ќе го цитирам нашиот Тше Проески: Не кажа збор, молкот е одговор. Отсуството на премиерот е одговор дека овде нешто не штима. Овде се избираат нови членови во неговата влада“ - кажа помеѓу останатото Стојаноска.
Сличен случај имаше минатата година во Србија, кога српски пратеник ја искористи познатата песна на Маја Беровиќ, „Ти луташ бебо“ за да го критикува претседателот Вучиќ. Оттаму се поствува прашањето, кај нас што е следно? Која песна? Во најтесен избор се: „Оди си“ од Драган Мијалковски, „Сега јас си заминувам“ од Јован Јованов, а Бога ми и „Пада влада“ од Бајага!]]>

Калиопи како Карлеуша: Додека на фанови на српската фолк дива го тетовираа нејзиниот лик на себе, обожавател на Калиопи ги истетовира стиховите на нејзината „Обои ме“ на раката (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-kako-karleusha-dodeka-na-fanovi-na-srpskata-folk-diva-go-tetoviraa-nejziniot-lik-na-sebe-obozhavatel-na-kaliopi-gi-istetovira-stihovite-na-nejzinata-oboi-me-na-rakata-foto/ Sat, 28 Jan 2023 08:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284257

Идолопоклонството е чудна работа. Особено на оние кои за своите идоли се подготвени да сторат се', зашто безрезервно ги обожаваат, бескрајно се вљубени во нив или поточно нивните дела, особено кога се работи за музиката и музичките ѕвезди, зашто нивните најверни фанови тогаш се колнат во нивните песни. До душа, прашање за некоја друга наука е  дали само заради песните и нивните стихови или има и нешто подлабоко во тоа, што предизвикува такви емоции кај фановите, што тие стануваат речиси „зависни“ од своите идоли, па ваквата безрезервна љубов кон нив ја искажуваат и споделуваат на најразлични начини. Редовно одење на сите нивни настапи, купување на нивните албуми, бесконечно вртење на нивните песни, лепење постери по ѕидовите на собите, собирање нивни автограми, а во времето на дигиталната ера, селфи фотографии со своите музички херои и киснење на нивните профили или фан страници на социјалните мрежи, со куп лајкови, споделувања, коментари... Сепак малкумина се оние што се „повеќе од посветени“  на своите музички херои кои за нив се многу повеќе од асамо музички ѕвезди. Меѓу нив или поточно, „најверни меѓу најверните“ се секако оние на чии тела ги красат „уметнички дела“ во вид на тетоважи со ликот на нивниот музички идол или стиховите од некоја од омилените им песни. Вои регионот на пример, српската фолк дива Јелена Карлеуша е еклатантен пример за тоа до која мерка една пејачка да биде обожавана, па така еден од нејзините најголеми фанови, извесен Ненад Младеновиќ (27) од Осниќ кај Бољевац ја истетовирана сликата со ликот на „белградската мала од скандала“ на подлактицата, а на раката исто така ги истетовирал и нејзините стихови: „И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам во себе“. Опседнатоста оди до таму, што тој изјавил дека би сакал да најде девојка која би ја имала душа и карактер, па ако може дури и да наликува на Јелена Карлеуша!? Дека и Македонија, односно и домашните музички ѕвезди не се исклучок, е примерот на еден посветен фан на нашата поп дива Калиопи. Имено таа на приказните од својот Инстаграм сподели клипче на кое се гледа тазе истетовирана машка рака, на чија внатречна страна од подлактицата се испишани, односно истетовирани стиховите на еден од најголемите хитови на Калиопи, песната „Оби ме“! Верниот фан на поп дивата е извесно момче по име Младен Голубовски, кој и на својот Инстаграм ја покажа за него важната тетоважа со која „го обоил“ горниот екстремитет од своето тело. Дали заради неизмерна љубов кон Калиопи, односно нејзината музика или можеби нејзините стихови се совпаднале со нешто што е многу личо, важно и значајно во животот на младото момче - останува негова мала тајна.   Но затоа пак не е тајна дека тој и лично ја запознал својата омилена музичка ѕвезда, за што говори и заедничката селфи фотографија на верниот фан и поп дивата. Денот пак кога за прв пат ја запознал, на промоцијата на нејзиниот албум „Мелем“, Младен вака го опишал: „Ох нај среќниот ден во мојот живот, денот кога немав воздух и секој простор ми беше тесен . Денот кога мислев дека летам , денот кој од возбуда едвај го преживеав. Денот кога прав пат се запознав со Калиопи Букле“ - споделил покрај со видеоклипче овековечениот момент на нејголема радост.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mladen Golubovski (@mgolubovski)

Дали по „Обои ме“, можеби ликот на Калиопи е следна тетоважа на телото на Младен или истетовираните стихови на песната на поп дивата се доволен „мелем за душата“ на младиот фан, останува самиот да одлучи, а ние да почекаме да видиме што ќе се случи?! Фото: Инстаграм принтскрин/mgolubovski/kaliopi_official

Николина Пишек со јасна порака: Позираше во бикини и цитираше стихови од Елизабет Тејлор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolina-pishek-so-jasna-poraka-pozirashe-vo-bikini-i-citirashe-stihovi-od-elizabet-tejlor-foto/ Wed, 17 Aug 2022 12:46:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263099

Поранешната водителка Николина Пишек, која по прераната смрт на нејзиниот сопруг Видој Ристовиќ, постојано е под лупата на јавноста, се обидува да си го врати животот во нормала, па решила да одмори на хрватското приморје каде ужива во друштво на нејзините ќерки. Новите фотографии на Николина Пишек од островот Корчула предизвикаа грст позитивни коментари и зборови на поддршка, а сите се прашуваат дали таа конечно решила емотивно да продолжи понатаму. - Кои се вашите вистински пријатели дознавате дури кога ќе се најдете среде скандал - напишала Николина, цитирајќи стихови од Елизабет Тејлор. Николина на плажа се појавила без трошка шминка и уште еднаш ја покажа својата природна убавина, а освен со изгледот со кој може да се пофали, покажа и дека има предиспозиција за сурфање. - Емотивен ретро одмор. Пријатели, семејство, нови/стари спомени. Само љубов - напиша Николина заедно со оваа објава, а она што на сите им падна во очи и предизвика бурни реакции во јавноста е приказна на Инстаграм на мистериозен лик. Станува збор за фотографија на која се гледаат само сенките на Николина и моментално мистериозната личност со која очигледно ужива во морски авантури, што предизвика нови шпекулации. Некои тврдат дека тоа е машка сенка, додека други тврдат дека тоа е нејзината постара ќерка. Николина сподели уште една фотографија на која позира во костим за капење на карпа, заедно со која ја сподели и дефиницијата за зборот „фитнес линија“. 1.Кој не сака да работи, кој работи малку, кој избегнува труд, вреден, работлив 2. кој избегнува напор 3. експерт за бавно 4. јас сите од горенаведените во моментов. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Николина Пишек  ]]>

Ѓоко Јовиќ и Теодора – таткото и ќерката со заедничко авторство во песната – „Пламен на љубовта” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-i-teodora-tatkoto-i-kjerkata-so-zaednichko-avtorstvo-vo-pesnata-plamen-na-ljubovta-video/ Mon, 25 Jul 2022 05:40:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260079

Миленикот на сите генерации, фолк пејачот Ѓоко Јовиќ остана доследен на своето, па така и овој пат во етер пушти ново парче музика со што донесе свежина и кај публиката во ова жешко лето. Она што е посебно за почит и што разбуди емоции кај многумина е тоа што текстот за „Пламен на љубовта” го напишала токму ќеркичката на Ѓоко, Теодора Јовиќ, на чиј текст музиката ја компонирал самиот Ѓоко, додека аранжманот, миксот и мастерингот  го потпишува Иван Јованов, попознат како Iwayo. Спотот со кој е визуелизирана песната е изработен од „M16 - Sydney“ и “IN- Production“ сниман во Австралија, а кадри од Ѓоко се снимени во Македонија и со тоа е направен функционален видео спој на илјадници километри далечина, видео кое содржински  ја следи приказната од стиховите во целост. Дека Теодора Јовиќ е талентирана и цврсто чекори по стапките на нејзиниот татко Ѓоко говори токму оваа песна. На Вас останува да ја слушнете, погледнете видеото  и да уживате во нивната... „Пламен на љубовта“. ]]>

Слаткар извади нова песна, а жена му Сања „му го плесна“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“! https://arhiva.vistina.com.mk/slatkar-izvadi-nova-pesna-a-zena-mu-sanja-mu-go-plesna-v-lice-boga-mi-i-ti-si-bezobrazen/ Tue, 01 Feb 2022 09:36:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237014

Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, има нова песна. Музички ништо поразлична од она што и досега го туркал како свој стил, стиховно исто така, со една мала разлика... Овој пат „вулгарноста во лириката“ кај Слаткар е прилично експлицитна. Не дека и порано не знаел да поттури по некој безобразен збор или фраза во своите стихови, ама овој пат по се' изгледа Слаткар ја претера. Уште самиот наслов - „Безобразна си ти“ наговестува какви стихови можете да очекувате уште на прво слушање.  Колку и да сакал „уметнички да ја долови атмосфератата“ употребувајќи уличен жаргон, кога некому „не му чуе“ за тебе и твоите емоции и чувства кон него, уличниот жаргон на  „поетот“  овој пат звучи прилично „уличарски“! Вулгарно и непримерено за песна и изведувач кој го слушаат помладите генерации е да употребува експлицитни зборови во кои се споменуваат женски гениталии... Колку целта и да била намерно „безобразно да звучи“, „поетот“ морал да води сметка за границите на пристојноста во изразувањето на емоциите. Не дека „децата“ не знаат, ама не е во ред од ниту еден аспект така да се „стимулираат“! Конечно, кога сопствената жена  ќе те искритикува на социјалните мрежи, па јавно „ќе ти го плесне“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“, мораш да сфатиш дека си „поразен“, оти си ја претерал... Освена ако не си до таа мерка вообразен и самобендисан, ниедна критика да не те допира, па навистина „баш те боли за вас, за сите нас...“! Велат било диктатура кога „поетот“ во својот слободен поетски израз треба да поодлежи на цензура, што е точно... Но, кога тој онака сочно во својата песна експлицитно се расфрла со гениталии и вулгарности, неговите стиховни баналности наместо поетски романтизам, добиваат карактеристика на бестиален примитивизам,  попознат како шунд! Фото: Инстаграм принтскрин/sanjanikolic/You Tube/Slatkaristika - Bezobrazna si ti]]>

Најубавите цитати на Ѓорѓе Балашевиќ: „Едно е кога копнееш за некој што е далеку, а сосема друго, кога копнееш за некој што е близу до тебе“ https://arhiva.vistina.com.mk/najubavite-citati-na-gjorgje-balashevikj-edno-e-koga-kopneesh-za-nekoj-shto-e-daleku-a-sosema-drugo-koga-kopneesh-za-nekoj-shto-e-blizu-do-tebe/ Sat, 20 Feb 2021 11:43:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190670

Познатиот  кантавтор, поет и музичар Ѓорѓе Балашевиќ почина  на 67-годишна возраст. Балашевиќ генерациите ќе го паметат по неговите песни, во кои доминираа неговите уникатни стихови, кои тој ги напиша со најдлабоки емоции, без оглед дали тие се љубовни или ги опишуваат вонвременските состојби на едно општество, состојби кои важеле некогаш, денес, утре, засекогаш... и во секое време! Ова се некои од нив...  Напишани, испеани или само кажани!
„Луѓето се како школки – мора да отворите илјадници од нив за да пронајдете бисер“. „Дамите бираат. О, како поинаку… И тие најчесто избираат никаквеци“. „Има тишина на која се сеќавам повеќе од најубавите зборови“. „Се заљубувате затоа што ви треба, а љубите затоа што на некој друг му треба. „Едно е кога копнееш за некој што е далеку, а сосема друго, кога копнееш за некој што е близу до тебе“. „ Засекогаш“ е само збор. Големите зборови обично имаат мала грешка и се намалуваат со трошка, секогаш кога ќе ги изговорите. Ништо не остана од моето „засекогаш“, Бог знае што“.
„Ако жените одлучуваа за некои работи, светот ќе изгледаше поубаво. Можеби ќе имаше малку влечење коса, озборувања и други работи, но дефинитивно нема да има толку многу крв и зло колку што сме посеале ние мажите“. „Неа не ја повредува тоа што не може да биде среќна со друг. Таа е повредена затоа што не може да биде среќна со тебе“. „Не, не сум изненаден, едноставно сум разочаран. Не те мразам, само ја изгубив причината да те сакам“. „Нема да препознаете вистински маж, со кого ќе издржите, по неговиот изглед, по диплома, по интелигенција. Ќе го препознаете вистинскиот по начинот на кој тој ве држи за рака, како ве сака, како ве гушка – ниту премногу тешко за да ви застане здивот, ниту премногу слаб за да исчезне без трага. Вистинскиот ве држи какви што треба да бидете, за да знаете чии сте“. „Ниту една жена не е толку скапа, а да не може да се купи со искрена љубов. Но, не толку евтина за да се продаде за неколку лаги“. „Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не ме замоли да се сменам, но ме смени. Таа е единствената на која навистина и реков како се чувствувам. Не побара од мене да ја држам како капка вода во дланката. Фактот што ја сакам беше доволен за неа“.