стиховен калибар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Feb 2022 14:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стиховен калибар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Стиховен калибар“ сета своја љубов ја преточил во волшебни стихови посветени на една – „Марта“ (Лирик ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stihoven-kalibar-seta-svoja-ljubov-ja-pretochil-vo-volshebni-stihovi-posveteni-na-edna-marta-lirik-video/ Mon, 07 Feb 2022 14:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238032

„Стиховен калибар“  - уметничкиот псевдоним зад кој се крие македонскиот  хип-хоп артист и афористичар од Скопје чие вистинско име е Горан Јанкуловски има нова песна. За разлика од неговите поранешни жестоко критизерски насочени стихови кон политичката и општествена елита, полни со израз на револт кон целиот медиумски и комерцијален „терор”, извитоперената општествена реалност олицетворена во криманалот, корупцијата, неморалот, лицемерието... овој пат авторот својот „ Стиховен калибар“ го насочил кон љубовта и љубовните стихови. „Марта“ е  емотивно отстапување од зацртаниот правец или можеби дел од една сосема нова фаза на Јанкуловски, поетски стихови  кои  допираат  до најдлабоките човекови чувства, во кои е вткаена љубовта и сето она што како благосостојаба таа го носи со себе. Или можеби уште поубаво опишана во постот што еден од неговите следбеници  го споделил: „Песна која потсетуваа на едни не така далечни времиња, а сепак загубени во неповрат...Буди надеж, оптимизам и вредности кои ретко можат да се сретнат денеска во меинстрим поп културата. Чудно е како душата на жицата од гитарата е пренесена во нешто толку впечатливо и незаборавно. Со убав вокален колаж кој извира од душа... Ваква приказна недостига на денешното време...“ Музиката на „Марта“ е авторско дело на  Дарко Тасевски, додека прекрасните стихови во неа чудесно успеал да ги вткае Горан Јанкуловски. Миксот и мастерот го потпишуваат „VJ Media“, а волшебната лирика исткаена во вокалниот колаж е визуелизирана со лирик видео, кое како и целиот проект е посветен на една Марта... Неговата тригодишна ќеркичка, на која песната и е роденденски подарок. Иако во Марта веројатно може да се препознае секоја искрена љубов на овој свет. . Како звучи „Стиховен калибар“ во неговата „Марта“, проследете во продолжение: ]]>

„Стиховен калибар“ и Горан Трајкоски со песна против загадувањето и власта и нејзините олигарси, ги отераа… „Све у ПМ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stihoven-kalibar-i-goran-trajkoski-so-pesna-protiv-zagaduvanjeto-i-vlasta-i-nejzinite-oligarsi-gi-oteraa-sve-u-pm-video/ Thu, 03 Jan 2019 13:29:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66010

Музиката, и уметноста воопшто, е еден од најдобрите начини да се изрази незадоволството од општественото (не)уредување, а токму тоа го прави и „Стиховен калибар“, кој минатата година се врати на сцената по пауза од шест години.
Освен повратничкиот дует со Јана Бурческа за „Содом“ и жестоката критика кон модерните робовладетели – „Проклетија“, мултиталентираниот автор лани ја издаде и книгата  „Ни лук јак, ни лук мирисал“.
А сега, на ред дојде и најгорливиот проблем што се јавува секоја година во екот на грејната сезона – загадувањето на воздухот. „Зголеменото ниво на ПМ честички беше причина за еколошката песна која преставува остра критика против сите загадувачи“, вели музичарот за своето најново музичко парче, кое го сними во соработка со колегата Горан Трајкоски, чиј потпис стои на музиката, миксот и мастерингот, додека стиховите се, секако, на „Стиховен калибар“.
Сето тоа собрано под симболичниот наслов „Све у ПМ“ можете да го слушнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=138&v=HHnfFZcT-Go Извор: РадиоМК]]>

„Стиховен калибар“ промовираше и книга: „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stihoven-kalibar-promovirashe-i-kniga-ni-luk-jal-ni-kjebapi-mirisal-video/ Wed, 20 Dec 2017 12:25:14 +0000 http://vistina.mk/?p=7277

Освен новата песна „Содом“, која доаѓа после цели шест години пауза, Горан Јанкуловски, за публиката познат како „Стиховен калибар“, деновиве ја промовираше и својата нова книга насловена „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“.

Книгата „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ е во издание на Центарот за промоција на култура и туризам, а наскоро се очекува и дистрибуција на остатокот од тиражот во продажни места кои дополнително ќе бидат посочени. Без многу помпа и премногу формалности и говори, посетителите на промоцијата имаа можност да дојдат до книгата, да добијат посвета и директно поразговараат со авторот. Дел од опуштената атмосфера, во која стотина гости останаа скоро 3 часа и уживаа во пријатната атмосфера, можете да погледнете од видео-прилогот во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=lBGR0-SSres  ]]>

Јана Бурческа рака под рака со „Стиховен калибар“ – резултатот е „Содом“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/jana-burcheska-raka-pod-raka-so-stihoven-kalibar-rezultatot-e-sodom-audio/ Mon, 04 Dec 2017 10:11:17 +0000 http://vistina.mk/?p=5566

По 6 годишна пауза, раперот кој се крие зад псевдонимот „Стиховен калибар“ повторно има нова песна, овој пат во соработка со нашата последна евровизиска претставничка, Јана Бурческа.
Станува збор за темата со наслов „Содом“, која се осврнува на падот на моралот во Скопје, кој по својата расипаност и развратност се повеќе станува олицетворение на библискиот Содом.
 Брус Халтер на гитара, Саша Стефановиќ на бас и Владимир Ружичиќ Кебац на тапани, сите од Србија, се музичарите кои ја напишале и отсвиреле темата, додека стиховите се на самиот „Стиховен калибар“. Како звучи неговиот „Содом“ можете да слушнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=aR8siCgAnT0]]>