стевче грозданов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Jun 2022 08:22:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стевче грозданов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познати македонски музичари ја „воскреснаа“ легендарната група: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-makedonski-muzichari-ja-voskresnaa-legendarnata-grupa-vaka-izgleda-i-zvuchi-belo-kopche-tribute-bijelo-dugme-video/ Wed, 01 Jun 2022 08:02:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252625

Откако повеќе не постојат или стануваат се$ понедостижни да се видат собрани заедно во нивните  оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон:  Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd,  ZZ Top...   или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра,  Забрањено пушење... И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го враќаат освежувајќи ни ги емоциите токму ваквите  Tribute  бендови кои буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на тие групи. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски, и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената. Вакви „трибјут бендови“ бендови однадвор доаѓале во неколку наврати и во Македонија, најмногу во Скопје (Queen,  David Bowie, Pink Floyd, ЕКВ, Азра...), но вистински македонски трибјут бенд на некоја група до сега не сме имале. Многумина пееле и свиреле песни од овој и оној, но никој не направил група која исто ќе свири, пее, изгледа, се облекува и се однесува како некоја од оние, големите, легендарните... Односно би била нивна „верна реплика“. Се' до сега, или поточно до пред две години, кога идејата да се направи македонска верзија на најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,  ја преточија во стварност група наши музичари форммирајќи го проектот:  „Бело Копче - Tribute Bijelo Dugme“! Заради ковид пандемијата не беа во можност веднаш да го покажат на виделина, но сега по се изгледа доаѓа вистинското време „копчето да се откопча“ и да се покаже сиот музички и визуелен раскош, сета убавина на музиката со која растеа генерации, зашто „Бијело дугме“ несомнено беа и останаа балканските „The Rolling Stones“! Токму затоа гитаристот Стевче Грозданов (како Горан Бреговиќ), пејачот Зоран Рудан - Цеки ( како Жељко Бебек), басистот Горан Гешовски (како Зоран Реџиќ), тапанарот Сашо Стојановски (како Горан Ипе Ивандиќ), клавијатуристите Борислав Драганов-Боби (како Лаза Ристовски) , Давор Јордановски и Мирослав Милковски ( како Владо Правдиќ), како и придружните вокали Билјана Ѓошева и Боба Танева (како  Амила Сулејмановиќ и Зумрета Миџиќ-Зу)  станаа дел од македонскиот проект посветен на најголемата група на сите времиња на екс-ЈУ просторите,  насловен „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“. „Бело Копче е составен од врвни музички имиња, музички професионалци од македонската естрада. Поентата на постоењето на оваа трибјут група е свирењето на песните на 'Бијело Дугме' во оригинална верзија како што доликува на врвен трибјут бенд. Групата постои околу 2 години, но поради пандемијата немаше услови за јавен настап, па во тој период се обидовме да направиме 7 спотови со познати песни од 'Бијело Дугме': „Кад би био бијело дугме“, „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, „Да сам пекар“, „Сањао сам ноќас да те немам“,  „Лажеш злато, лажеш душо“, „Ружица си била“ и  „Ево, заклет ќу се“ - напишаа членовите на својата новоотворена Фејсбук страница, претставувајќи го проекот и  биографијата на членовите на трибјут бендот. „Со гордост го претставувам новиот проект наречен 'Бело Копче - трибјут Бијело дугме'. Се надевам дека ќе ви фати око. На нашата ФБ страница ќе промовираме седум песни, снимени во живо, од најдобриот бенд на сите времиња на Балканот, 'Бијело дугме'. Како прво да ја претставам „Кад би био Бијело дугме“ - напишал еден од основачите на трибјут групата, гитаристот Стевче Грозданов. Кога и каде ќе можеме да присуствуваме на првиот перформанс во живо на „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“, останува да видиме? Она што може да се стекне како впечаток од најавното видео, звучи примамливо и се гледа дека екипата навистина се потрудила и музички и визуелно да заличат на бендот на Бреговиќ и компанија од нивните почетоци на славата. Вака изгледа и звучи македонското „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“: ]]>

Тони Шоу прослави 15 години „естрадно возење“ со – „Она ме вози“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-shou-proslavi-15-godini-estradno-vozenje-so-ona-me-vozi-video/ Thu, 27 Sep 2018 08:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50228

По повод 15 години естрадна соло кариера под уметничко име  „Тони Шоу“, вчеравечер, среда,  26 септември 2018,  во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп изведувач пред претставниците на медиумите, колегите, соработниците, спонзорите и пријателите ја  промовираше новата песна и видеоспотот за неа насловени “Она ме вози”.
Музикатата и стиховите како автор ги потпишува е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил неговиот пријател, колега и соработник, гитаристот  Стевче Грозданов. Песната снимено во студио „Ентерпрајс“ кај  познатиот продуцент, музичар и професор по музика Валентино Скендеровски.
Спотот е изработен во сопствена режија под етикаета на “Тони Шоу МК мјузик” со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, додека спотот го режирал Стевче Грозданов.
Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото Бугати.
Инаку, во својата 15 годишна соло кариера Тони има десеттина фестивалски настапи, дваесеттина авторски песни, како и еден албум – “Слатка мала”.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за кавер верзијата на  големиот хит од 90-ите “Слуга и цар” на дуото „Коктел“.
Како звучи најновата доза  полнокрвен рок ен рол преточена во „Она ме вози“ на Тони Шоу и како изгледа нејзината едноставна, но мошне забавна и интересна визуелизација, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=SuY79gtR_N8  ]]>

Тони Шоу за 15 години кариера ќе ја промовира „Она ме вози“ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-shou-za-15-godini-kariera-kje-ja-promovira-ona-me-vozi/ Mon, 24 Sep 2018 10:44:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49575

По повод 15 години соло кариера под псевдонимот „Тони Шоу“, на 26 септември, среда, во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп изведувач ќе промовира нова песна и видеоспот под наслов “Она ме вози”.
Автор на музиката и стиховите е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил Стевче Грозданов. Песната снимено во студио „Ентерпрајс“ кај  Валентино Скендеровски.
Спотот е изработен во сопствена режија на “Тони Шоу МК мјузик” со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, како и Стевче Грозданов.
Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото Бугати.
Во својата 15 годишна соло кариера Тони има десеттина фестивалски настапи, дваесеттина авторски песни, како и еден албум - “Слатка мала”.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за кавер верзијата на  големиот хит од 90-ите “Слуга и цар” на дуото „Коктел“.  ]]>

Коктел за… „Победа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koktel-za-pobeda-video/ Tue, 10 Jul 2018 09:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37208

Македонското поп-рок дуо „Коктел“ кое беше популарно во почетокот на 90-ите години одново е музички активно.
Со персонални промени кои се однесуваат на пеењето, со што наместо Блаже Темелков, сега вокалните делници ги превзема Тони-Шоу, гитаристот и автор на песните Стевче Грозданов по неодамнешната химна за „Вардар“, еве го со нова песна, овој пат со патриотска содржина,  посветена на Македонија, а насловена „Победа“.
Зад музиката, аранжманот, и снимањето стои самиот Грозданов, додека стиховите повторно се дело на проверениот лиричар Огнен Неделковски. Мастерингот  е направен во студиото „До Ре Ми“ на Златко Симионски, а продукцијата ја потпишува „Целофан продукција“ на Зоран Рудан - Цеки.
Придружните вокали во темата ги пејат Емилија Гиевска и Стефан Чепишевски. Видеоспотот одново го потпишува самиот Стевче Грозданов како монтажер и режисер, додека зад камерата како снимател бил Здравко Петрушевски.
Како звучи и изгледа нивниот аудиовизуелен „Коктел“ за „Победа“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=2ikAX-ciXCA&feature=youtu.be      ]]>

Ракометните шампиони добија уште една химна: Дуо Коктел – „Песна за Вардар“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/rakometnite-shampioni-dobija-ushte-edna-himna-duo-koktel-pesna-za-vardar-audio/ Sat, 26 May 2018 10:12:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28919

Македонските ракометни шампиони, ракометарите на Вардар добија уште една спортска химна. Овој пат новата навивачка песна носи наслов „Песна за Вардар“ и се појави на денот  на фајналфор турнирот во Келн, каде црвено-црните го играат мечот за финале, против францускиот „Монтпење. Овој пат се работи за своевидна споортска рок химна, песна која е наменска, навивачка,посветена токму на екипата на нашиот европски ракометен шампион, направена во рок манир.
Автор на музиката и аранжманот е Стевче Грозданов, додека стиховите се дело на Огнен Неделковски. Песната е снимана и миксана во студиото Енерпрајз и Ентерпрајз 2 на Валентино Скендеровски, а темата „Песна за Вардар“ ја изведува скопското дуо „Коктел“.
Вистина.мк ексклузивно  ја промовира и Ви ја презентира, а истата можете да ја преслушате во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=8mn7vCB7Spc]]>

Стевче Грозданов – Тоа е тоа: Време е да се освестиме! https://arhiva.vistina.com.mk/stevche-grozdanov-toa-e-toa-vreme-e-da-se-osvestime/ Thu, 16 Nov 2017 09:00:51 +0000 http://vistina.mk/?p=3778

„Кој сака и кој е загрижен за ова што се случува со естрадата нека го шерне постов...“ Со овие зборови македонскиот музичар, гитарист и автор Стевче Грозданов, некогашниот член на дуото „Коктел“, денес на сешн супербендот „Тоа е тоа“ (во кој покрај него членуваат и Валентино Скендеровски - клавијатури, Стево Чепишевски - вокал, Љупчо Трајковски  Фис - бас и Бошко Чико на тапани),  поттикнат од настапите на македонската поп естрада на МАРС 2017  ја прокоментира состојбата на македонската поп сцена.
Според него, и многумина други, на домашната естрада, музика, песни, хитови, автори и изведувачи најмалку и недостасуваат... Сето друго, вклучувајќи го и односот колку го сакаме и почитуваме своето за разлика од туѓото... по се’ изгледа многу повеќе ни недостасува! Еве го неговиот пост:
„Значи вчера немав услови да отидам, а и да го гледам Радискиот фестивал МАРС, ама благодарение на Макс тв нели можам да вратам и да гледам до дури една недела наназад. Целата манифестација беше супер со оглед на условите во нашата држава. И што ке видам. Почетокот на манифестацијата беше резервирана за Ања Ветерова. Маестрална песна..ултра модерна.... Ања подржана од уште неколку танчерки изгледаа светски на сцената. И не само она....сите беа на висината на задачата..... и Сара Мејс ...екстравагантна како и секогаш.... и ДНК ....имаат ли србите нешто као нив.... и Теа и Панчо ултра модерно ....и Наташа Малинкова...се спремиле девојките......
Меморија...добитниците на наградата за трајни вредности ...да им се восхитуваш на истрајноста..упорноста .... заслужуваат цела Mакедонија да им се збере и метрополис.... и .... и што ке се види пред сцената? Полу празна сала.... што мy е на овој народ и држава бе алоооо... Значи ке дојде Жељко Јоксимовоќ и уште еден или двајца Жељковци има .....за Аца Лукас, Лепа Брена и Цеца да не праам муабет и ке ни ги наполнат салите ....стадионите ... пивофестовите....винофестовите..и уште незнам какви не се манифестации и фестивали има по државата, а ние нашава фела со нашите уметници...музичари .. не можеме да наполниме една МОБ сала....што ни е бе народе?!
Што се случува. Нели е доста ..... време е да кажеме НЕ на сите тие увезени уметници што едвај чекаат да дојдат и да ни кажат колку добра публика сме да си ги земат големите хонорари и да си отидат ...не чекајки 3-4 месеци и пак да ни дојдат.
Каже те ми кои се подобри во Србија ...Хрватска или Црна Гора од Елена...Влатко.... Некст Тајм, Лоба....Ања....ДНК....Дарко Димитров ....Валентино Скендеровски....Лазе Цветковски....и кои имаат подобри песни....имаат само еден куп грчки и турски преработки на песни што ги пеат еден куп турбо и поп фолкери и се е тоа исто па исто.
Малку да се замислиме сите...од големите продукции ..... самостојните менаџери.... туристичките агенции ...до државата...министерствата...радијата ....телевизиите.... општините и градоначелниците и до секоја поедина личност што всушност се случува. Нели е ова дното. Имаме ли ние некаков музички идентитет....имаме ли ние музичари ...пејачи ...пејачки...групи..... текстописци .... аранжери ...... имаме. И тоа многу добри и тоа светски фаци. Треба ли тие да работат, да творат да имаат свирки концерти.....да заработуваат нешто и од тоа да живеат?! Нели е доста се што ке дојде од страна да биде подобро.
Секоја чест на сите...и Срби...и Хрвати...и Црногорци и Англичани и Американци...ама прво дај да си ја воздигнеме нашава естрада па после да увезуваме од страна. Редно е да ставиме прст на глава и да размислиме сите како понатака...вака не е добро...вака е поразително...чудно...болно.... Ајде да се освестиме!“ Сакале да си признаеме или не, ама... во постот на Грозданов е содржана целата вистина. Колку и да е „тажна и болна“, сепак... Тоа е тоа!]]>