стереотипи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jun 2019 11:06:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стереотипи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 9 стереотипи за депресијата https://arhiva.vistina.com.mk/9-stereotipi-za-depresijata/ Mon, 10 Jun 2019 11:45:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92254

Депресијата е болест со која се соочуваат многумина. Бројката на луѓето кои страдаат од депресија постојано се зголемува. Постојат многу верувања за депресијата, но дел од нив не се вистинити. Овие се 9 чести стереотипи на темата депресија: 1. Депресијата е тага Постојаната тага е само еден од симптомите на депресија. Освен тага, луѓето со депресија можат да искусат и други емоции (вклучувајќи и радост) или нивно отсуство. Личностите кои нам ни делуваат позитивни може долго да страдаат од депресија, а радоста и насмевката се само обиди да се потисне внатрешното чувство. 2. Депресијата е измислена болест Најголемата заблуда за депресијата е идејата дека може лесно да се излезе од неа. Многумина од нас веруваат дека сите проблеми се само во нашата глава и дека лесно може да исчезнат ако личноста размислува за нешто позитивно или стане од креветот и оди во теретана. Секако, вежбањето може да помогне. Но, не долго. Депресијата е болест, хемиска нерамнотежа која не е под контрола. 3. Депресијата е последица на стресни состојби Често ни се случува да помислиме дека депресијата се јавува само кога нешто лошо ќе се случи. Да, депресијата може да се појави во период на соочување со тага или стресна состојба, но тоа не е неопходно. Според докторите, депресијата може да биде генетска болест која вклучува хемиски невротрансмитери во мозокот. Тоа значи дека депресивните епизоди често можат да се појават без никаква причина. Времето е најдобриот лек. Ако мислите дека вашата сакана личност е во тешка депресија, обидете се да и помогнете, изолацијата не е најдобар начин за борба против болеста. Понудете своја помош и помош од психолог. 4. Депресијата е иста за сите Секој од нас пати од депресија на различни начини: некој постојано сака да спие, друг пати од несоници. Некои се изолираат од своите сакани и се повлекуваат во себе, додека други се однесуваат непријателски или дури и агресивно. Сите чувства и емоции во периодот на депресија се различни. 5. Антидепресиви за лекување на депресија Лековите помагаат во намалување на симптомите на депресија, но не ја подобруваат моменталната состојба. Хроничните болести бараат и хронично лекување. 6. Таблетите се единствен начин да се излечи депресијата Постојат различни начини за лекување на оваа болест за кои може да ви помогне психолог. 7. Депресијата не е опасна за телото Депресијата може да има и физички симптоми- несоница, губиток на апетитот, недостаток на енергија, слаба концентрација, губиток на помнењето или ниско либидо. Често овие промени се препишуваат на други болести, а луѓето со години страдаат од нетретирана депресија. 8. Слабите луѓе страдаат од депресија Едно од најчестите верувања за депресијата. Депресијата може да влијае на секој и во секое време, без оглед на тоа колку сте јаки или слаби ментално или физички. 9. Депресијата не мора да трае долго Клиничката депресија трае најмалку 2 седмици, но може повторно да се врати во зависност од околностите или пак по прекинот на терапијата. Затоа е подобро да не се носите со депресијата сами, туку да побарате помош од психолог кој ќе ви помогне во борбата со оваа болест.]]>