стендап комичар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 25 Dec 2021 10:10:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стендап комичар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стендап комичарот и ги „отвори очите“ на Емилија Розман: Мисицата сега сфати зошто нема секс? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stendap-komicharot-i-gi-otvori-ochite-na-emilija-rozman-misicata-sega-sfati-zoshto-nema-seks-foto/ Sat, 25 Dec 2021 09:20:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216832

Емилија Розман веројатно е македонската, а можеби и не само македонска рекордерка во стапување во „брак за една ноќ“ и развод за две недели! Она што и се случи на македонската манекенка, модел и мисица, се' уште се прераскажува, а неретко и таа самата знае да си направи шега на своја сметка со „несудениот брачен статус“ од типот: „Аххх се спомени.  Се што е убаво, кратко трае ... Туку  шегата настрана, ако некогаш ви е тешко во животот, сететесе дека  помина една година, а јас се' уште се немам омажено“... Или:  „Еден живот и тој шпанска серија се стори“. Шпанска или по ново, турска серија - сеедно, несудената госпоѓа мисица, сега одново е госпоѓица „Розмантична“ - како што самата се потпишува на својот Инстаграм. Шегите на своја сметка на Розман дефинитивно не и недостигаат, ама  шеги на нејзина сметка знаат да прават и другите. Особено оние, на кои кажувањето шеги и смешки им се професија. Меѓу останатите и стендап комичарот Бојан Велевски си најде лајт мотив во „инстант свршувачката“ и „експесната разведувачка“ на Емилија, со една „хумористично-поучна поента“, да го збогати својот стандап репертоар. Имено, инспириран од брзите животни одлуки на мисицата, комичарот во репертоарот ја вметнал прочуената фраза: Само Емилија Розман никој не ја сфаќа сериозно кога ќе рече - ДА! Но госпоѓица Розмантична, не би била толку симпатична и харизматична, да не знае веќе кажанато да го надополни, зачинувајќи го со своја „миродија“... И тоа одново на своја сметка, па на кажаната фраза на стендап комичарот, која патем ја споделела на својот Фејсбук профил, се надоврзала со прашањето: „Затоа ли немам секс, јас?“ Затоа или не, мисицата си знае самата... Впрочем, сексуалниот живот не е правопропорционален со бракот, нели? А и да е, секогаш има исклучоци кои ќе го потврдат правилото, кое ионака постои за да се „крши“. На ваква убавина, харизма, сексапил... тешко дека некој имун би бил. Впрочем, доказите самите се редеа и кај комичарот, во кометарите: Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/rozmanticna/Bojan Velevski  ]]>