стефанија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стефанија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефанија низ уметнички крик повикува на себеосвестување кон татковината, зашто сега најмногу сме и потребни во – „Бегаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-niz-umetnichki-krik-povikuva-kon-sebeosvestuvane-kon-tatkovinata-zashto-sega-najmnogu-i-sme-potrebni-vo-begash-video/ Mon, 19 Feb 2024 12:50:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339232

Овој видео запис е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023-та година. „Бегаш“ е крик на македонската уметница Стефанија, пејачка, која аудио визуелно ја доловува колевката на македонскиот народ и повикува кон себеосвестување, осврт кон својот корен, кон својата земја, кон својата вистина. Песна која ги повикува сите кои бегаат од својот дом да погледнат наназад од таму каде што стигнале и да ја вратат својата љубов кон земјата што ги израсна, затоа што сега најмногу и се потребни. „Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе станува и ограничен во својот израз. Јас го одбирам патот на љубовта, покрај сите потешкотии, без поддршка од Општина, од држава, сама создавам и творам со целото срце. Безнадежно е, но нема да Бегам од СЕБЕ, нема да Бегам од својот корен, нема да Бегам од својата Боженствена мисија. Сé е минливо, а делата остануваат! Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, составен е од авторска музика и текстови на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Претходно направениот аранжман на Петар Димитровски, добива нов аранжман од Стефанија, на кој свири гитара Владимир Враниќ, а нов микс и целосен мастеринг прави Владимир Аговски, кој на магичен начин ги спаси старите демо верзии и ги оживеа во нови дела.   Прекрасните видео записи ги изработува уметникот зад камера Владимир Бошковски, а видео монтажа и режија прави сама Стефанија, која всушност е и продуцент на делото со Аудио и Видео Продукцијата – Welcome to Stefanija’s Music World. Локациите на кои се снимаше спотот се местата од кои е посебно инспирирана – Анастасија Центар Битола (Anastasija Center – Performing arts, Fashion, Dance & Music Center) и еден од најстарите и најубавите манастири во Македонија Манастирот Трескавец – Света Богородица (Прилеп), издигнат високо над карпите со поглед кон Баба, Кајмакчалан и Бабуна, го има најстарото фрескосликарство од XIV век. Идејата е да бидат презентирани убавините, природните богатства и историските наследства на Македонија. Сите костими кои ги носи Стефанија се дело на нејзината мајка, моден дизајнер Анастасија Зулевска. За фризурата на Девојчето со долгата коса се погрижи Габриела од салонот со претставништво во Чикаго (Goran Coban/Chicago Hair Salon). ]]>

Запознајте го „Девојчето со долгата коса“: Стефанија е „Едно моме“, кадарно за многу нешта (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-go-devojcheto-so-dolgata-kosa-stefanija-e-edno-mome-kadarno-za-mnogu-neshta-video/ Tue, 12 Dec 2023 07:28:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330755

Новиот видео запис на Стефанија за песната „Едно моме“, дел од албумот „Девојчето со долгата коса“ кој неодамна беше промовиран во Анастасија Центар од Битола, во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, авторска музика и текст на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, микс на демо прави Петар Димитровски, нов микс и мастеринг доработува Владимир Аговски. Гости во песната се Владимир Николиќ на труба и Владимир Враниќ на гитара. Видеото го сними Владимир Бошковски, а видео монтажата ја изработи Стефанија. Аудио и видео продукција е на Welcome to Stefanija’s Music World. Костимите се на Анастасија Зулевска, комбинација од колекците „Бесконечност“ и „Петте елементи“, а за фризурата се погрижија стилитите „Goran Coban “, со салони во Чикаго. Во видео записот е вклучено делото насловено „Ден без дожд“ на уметницата Бојана Артиновска. Дел од видео записот на песната е снимен на познатите „Диховски капејнци“, со цел да се пренесе поврзаност, почит и восхит кон природата, да се пренесе инспирацијата која ја добиваат битолчаните од убавините на планината Баба со врвот Пелистер, преточувајќи ја понатаму во музика, откако се враќаат во градот, односно во креативната Битола. Стефанија, на промоцијата, ја долови поентата на самиот албум дека „Девојчето со долгата коса“ е всушност таа, малото девојче кое од дете расте и се развива на сцена, се пронаоѓа, прераснува во свесна личност, повторно се враќа на основните и суштински детски потреби, односно вистинските вредности како хуманост, љубов и среќа. Се открива себеси како единка која се наоѓа на ова македонско тло, носејќи ги со себе менталитетот и културата кои влијаат врз градењето на една личност. Опеано е тоа моме или девојче кое сака да споделува љубов и среќа, да помага на другите и да биде вистински поврзано со својата душа, давајќи акцент на природната убавина. Албумот е како една автобиографска музичка приказна која пренесува пораки и сите песни се поврзани една со друга. „Едно моме“ е прв од низата видео записи кои следуваат наскоро од Стефанија, а истиот проследете го во продолжение... ]]>

Ова е Стефаниа: Евровизиската победничка песна е посветена на оваа жена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-stefania-evroviziskata-pobednichka-pesna-e-posvetena-na-ovaa-zena-video/ Tue, 17 May 2022 12:31:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250856

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на Евровизија во саботата со невидена поддршка од гласачи од цела Европа. Песната „Стефаниа“ со тоа стана најголемиот хит во Европа, а посебна димензија на песната ѝ даде тоа што е посветена на мајката на фронтменот на бендот Олег Псјук, Стефанија. Стефанија на тој начин стана најпознатата мајка во Украина, а од самиот почеток го поддржуваше синот и неговиот бенд. „Сите ја пеат нашата песна. Таа оригинално беше посветена на мојата мајка, по која и го доби името, но сега е песна за сите мајки“ – изјави Олег Псјук пред финалето на Евровизија. Во песната се зборува за стареењето, а атмосферата е носталгична. Нараторот сфаќа колку мајката направила за него, тој е свесен за нејзините борби и за сето она низ кое поминала. На крајот од строфата се слуша и приспивна песна. Членовите на групата претходно изјавија дека нивната песна „Стефаниа“ станала еден вид „украинска химна“. Погледнете ја изјавата на Стефаниа - мајката на лидерот на „Калуш оркестра“, жената на која и е посветена и по чие име е насловена песната: ]]>

„Кому му е потешко?“: Шеф Никола покажа како изгледа кога со сопругата купуваат тави за дома (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/komu-mu-e-poteshko-shef-nikola-pokaza-kako-izgleda-koga-so-soprugata-kupuvaat-tavi-za-doma-video/ Mon, 02 Dec 2019 08:09:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121633

За врвното кулинарско мајсторство на шеф Никола од шоуто „Брза кујна“, би било излишно да се зборува. Гледачите на оваа кулинарска емисија за брзо готвење, добро знаат дека Никола е маестро во својата работа кој секојдневно изненадува со својата инвентивност, брзина и снаодливост во кујната. Многумина, особено припадничките на понежниот пол веројатно помислиле колку ли неговата сопруга има среќа со шеф во домашната кујна кој во секое време може да приготви ресторански специјалитет и тоа зачинет со љубов. Никола не многу често на социјалните мрежи објавува детали од приватноста, но понекогаш знае да сподели некој интересен момент со сопругата или таков кој потсетува на нив, како во случајов. Имено, тој објави видео од кое покажа како изгледа кога тој и негова Стефанија би купувале тави во продавница, а ситуацијата ја спореди со една двојка од видео кое го најде од интернет. Додека тој би ја тестирал тавата за трикови во мешањето, таа би ја тестирала за тоа колку е издржлива рачката. Впрочем, во ваква ситуација, кога партнерот е шеф во кујната, навистина да не знаеш кому му е потешко. На сопругата да се докаже или на сопругот пофесионалец кој работата секогаш си ја носи и дома?]]>

Шеф Никола од „Брза кујна“ пред неколку дена стана татко, а сега откриено како ќе се вика малата принцеза https://arhiva.vistina.com.mk/shef-nikola-od-brza-kujna-pred-nekolku-dena-stana-tatko-a-sega-otkrieno-kako-kje-se-vika-malata-princeza/ Thu, 26 Sep 2019 06:55:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109050

Шеф Никола од кулинарската емисија „Брза кујна“ и неговата сопруга Стефанија викендов станаа родители на нивната принцеза. Овие убави вести на својот „Фејсбук“ профил ги објави Никола, а оттаму се нижеа честитки и убави желби за новиот член на семејството. Досега името на ќеркичката не беше познато. Меѓутоа, нивен пријател на социјалните мрежи намерно или случајно откри како ќе се вика принцезата на шеф Никола. „Не е жива и здрава Дарија да расте со мама Стефанија, тато Никола и бато Дарин“ напиша нивниот пријател. Под објавата се нижеа честитки за малата Дарија и сите им посакаа на новопечените родители нивната ќерка да расте жива и здрава. Инаку, Никола и неговата сакана се венчаа на почетокот на месец јули, односно направија модерна свадбена забава на која беа присутни мал број на гости. За потсетување, ова е второ дете на Никола, од првиот брак го има синот Дарин.]]>

Битолската џез пејачка Стефанија сними видео со кое и ги отвори очите на јавноста: Навидум поразлични, а всушност толку исти! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bitolskata-dzez-pejachka-stefanija-snimi-video-so-koe-i-gi-otvori-ochite-na-javnosta-navidum-porazlichni-a-vsushnost-tolku-isti-video/ Fri, 29 Mar 2019 08:21:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79957

Стефанија Милевска  на јавноста и е позната како дипломирана џез вокалистка која живее во Битола. Таа неодамна сними нова песна отпеана на англиски и македонски јазик: „Еј ти, слушај“ (Hey You, Listen) како и документарен филм, кои се посветени на нејзиниот прерано починат брат, кој бил болен од целебрална парализа, а воедно и на сите лица со било каква попреченост.
Песната која неодамна беше промовирана заедно со документарецот беше проследена со видео и во тоа не би имало ништо необично доколку протагонистите кои учествуваат во него  не се токму лица со различен вид на попреченост од Битола, Скопје и Белград, придружувани од  танчари, пејачи и изведувачи од центарот Анастасија  од Битола.
Една ретка, можеби и единствена идеја кај нас, во која се спојуваат уметноста и хуманоста во едно, а од друга страна се буди свеста на јавноста дека лицата со попреченост се луѓе како и сите други, способни да се вклучат во сите сегменти на животот и оштеството, вклучувајќи ја и музиката и уметноста воопшто.
„Моето растење покрај брат со церебрална парализа значеше будење со насмевка и безрезервна љубов. Како личност која има почувствувано на своја кожа што значи да имаш најблизок со некаква попреченост, добив потреба да го споделам тоа со светот. Сметам дека свесноста може да се подигнува само доколку гласно се зборува и јасно се претставува самиот проблем.
Инспирирана од брат ми Игор, кој имаше Церебрална парализа и на триесет и осум години го напушти овој свет, решив да направам едно дело кое ќе зборува во името на многу луѓе кои сакаат да кажат нешто. Претходно сакав да го снимам него затоа што тој секој ден кога ќе се разбудеше ме поздравуваше со насмевка. Не можеше да зборува, но можеше да се смее. Кога започнав да се грижам за него, после моите студии, сфатив што значи да се има лице со посебни потреби во самата фамилија. Тоа всушност било моето будење и доколку сум го немала Игор покрај мене, јас можеби немаше ни да бидам на ова ниво на свесност, па да зборувам и на оваа тема“ - ќе напише Стефанија на својот Фејсбук профил на социјалните мрежи.
„Hey You, Listen!“ е дело кое всушност  зборува во името на сите души кои сакаат да кажат нешто повеќе за самиот живот, за сите кои што се на маргините, сите кои што се едноставно се поразлични од другите, а сакаат да потенцираат колку се исти. За лицата со попреченост, за лицата кои сакаат да кажат се, односно нивното се' е љубов.
Учество во спотот земаат лица со различни попречености (слепи, глуви, со Даунов Синдром, церебрална парализа, пречки во развој, аутизам…) од Битола , Скопје и Белград (професионални глуви танчери, КУД на глувите од Белград, „Радивој Поповиќ“) и артистите (танчери, пејачи, изведувачи) на Анастасија Центар.
Песната и документарниот филм „Hey You, Listen!/Behind the Scenes“ (Еј ти, слушај/Зад сцената) на тема подигнување на свеста кон лицата со попреченост и развивање на емпатија како што споменавме е посветен на најстариот брат на Стефанија, Игор Милевски, кој починал на возраст од 38 години.
Проектот е  продуциран од Welcome to Stefanija’s Music World“ (Добредојдовте во музичкиот свет на Стефанија), во кој самата Стефанија се претставува и преку него реализира како пејачка, композитор, таначарка, кореограф, изведувач, музички продуцент... со еден збор - мултимедијална личност! https://www.youtube.com/watch?v=WmZ2b60exU8]]>