Стефанија Гаштарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Feb 2023 13:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Стефанија Гаштарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-spored-ruski-forbs-e-megu-osumte-idni-zvezdi-vo-rusija/ Mon, 06 Feb 2023 10:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287607

Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија. Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“ на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија. За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“ а критичарите ја споредија со Ана Павлова.
Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, вели „Форбс“.
]]>

Андреа не го знае твоето име, но наскоро сите ќе го запаметат нејзиното – „I Don’t Know Your Name“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-ne-go-znae-tvoeto-ime-no-nasjkor-site-kje-go-zapametat-nejzinoto-i-don-t-know-your-name-video/ Tue, 05 Jan 2021 13:49:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184139

20 годишната Андреа е новото пејачко име кое уште со првата песна направи вистински бум не само во Македонија, туку и надвор од неа. По само две недели од излегувањето на синглот  „I know“, песната почна да се пушта по радиостаниците во 15 европски земји,  САД, Јужна Америка, Јужна Африка... Нејзиниот исклучителен вокал го забележал токму композиторот Александар Масевски, кој младата пејачка ќе ја зеде „под свое“, така што Андреа неодамна го издаде и својот нов сингл, одново отпеан на англиски јазик. Темата овој пат носи наслов „I Don't Know Your Name“, и во неа таа одново на најдобар начин ги истакнува своите моќни вокални способности. За неа е снимено и видео во кое главен лик е македонската балерина Стефанија Гаштарска, единствената Македонка која е дел од ансамблот на големата „Бољшој балетска академија“. Новата песна на Андреа можете да ја слушнете и на сите онлајн  музички платформи. Композитор, аранжер и музички продуцент на песната е Александар Масевски, кој ги напишал и стиховите, додека мастерингот го направил Дариус Ван Хелфтерен. Режијата на видеоспотот ја потпишува Владимир Митревски - Ѓуле, а зад него стои продукцијата „Фокус филм“. Проследете како сето тоа извучи и изгледа: https://www.youtube.com/watch?v=toVm99dQiMs&feature=emb_logo]]>

Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина која се вработи во ансамблот на „Бољшој театар“ во Москва https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-gashtarska-e-prvata-makedonska-balerina-koja-se-vraboti-vo-ansamblot-na-boljshoj-teatar-vo-moskva/ Mon, 01 Jun 2020 11:58:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152245

Македонската балерина Стефанија Гаштарска стана дел од ансамблот на многу посакуваниот руски театар „Бољшој“ во Москва. 18-годишната балерина од Скопје е прва Македонка на која ѝ успеа тоа. Таа настапи на сцената на овој театар уште пред две години како солистка. Гаштарска е бренд-амбасадор на компанијата „Гришко“, која ги прави светски познатите балетанки. Гаштарска заврши основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и од мала бележи големи меѓународни успеси. Средното музичко го заврши во Русија, една година во градот Перм, а потоа три години била дел од академијата „Бољшој“, ни објасни мајка ѝ Марија Крстевска, која исто така е балерина во Македонската опера и балет. - Ми се оствари сон од детството - вели Стефанија, која информацијата ја доби додека е во Скопје со своето семејство. Академијата „Бољшој“ работи под капата на театарот „Бољшој“ и сите годишни испити ги следи директорот на театарот. Годинава немале годишен испит, но по испитниот час директорот на „Бољшој“ одбрал седум девојчиња и едно момче. Меѓу нив е и Стефанија, објаснува Крстевска. Извор: Факултети.мк Фото: Стефанија Гаштарска /Каталог на „Гришко“]]>