Стефан во Дино Парк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 02 Apr 2022 17:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Стефан во Дино Парк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 2-ри април, светскиот ден на литература за деца одбележан со нова книга: „Стефан во Дино Парк“ од Александра Велинова https://arhiva.vistina.com.mk/2-ri-april-svetskiot-den-na-literatura-za-deca-odbelezan-so-nova-kniga-stefan-vo-dino-park-od-aleksandra-velinova/ Sat, 02 Apr 2022 17:42:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245188

Денес излезе од печат нова илустрирана книга за деца „Стефан во Дино Парк“ од авторката Александра Велинова. Книга во која се раскажува низ стихови и оригинални илустрации и која е наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст. Оваа книга е продолжување на едицијата патувања, со цел децата да се едуцираат и забавуваат преку книга. Стиховите сочинуваат една целина, во која на хумористичен начин се запознаваат малите читатели со најпопуларните диносауруси и тоа: каде живееле, што јаделе, како изгледале. Главниот лик во книгата е Стефан, дете кое како и многу други деца, го интересираат диносаурусите. Кога се наоѓа во Дино паркот, тој е јавач, палеонтолог и ловец на диносауруси, но пред сè тој ги сака и ужива во играта со нив. Извадоци од рецензиите: „Книгата со текст, надградена со илустрациите претставува возбудливо уметничко доживување по кое копнее детската душа, ум и фантазија...“ (Проф. д-р Благица Петковска) „Играта на Стефан во Дино паркот е плод на детската храброст. Тој дури и гласно ја објавува својата храброст и одлучност да истражува, да допре до дното на тајниот свет, во дадениот случај на диносаурусите...“ (Трајче Кацаров) Автор: Александра Велинова Илустрации: Игор Јовчевски Уредник: Михајло Маказлиев Лектура: д-р Лилјана Пандева Рецензија: проф. д-р Благица Петковска и м-р Трајче Кацаров Компјутерска обработка и дизајн: Михајло Маказлиев]]>