Стефан Рајхл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Oct 2023 11:44:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Стефан Рајхл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов и Гуру Харе со малку поинаков блуз под ова сонце студено во – „Пеј“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-i-guru-hare-so-malku-poinakov-bluz-pod-ova-sontse-studeno-vo-pej-video/ Mon, 09 Oct 2023 11:40:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321719

 Игор Џамбазов и Гуру Харе  ја промовираа новата песна – „Пеј!“ Музиката, текстот и аранжманот се дело на Игор Атанасоски – Харе, а покрај главниот вокал на Игор и придружните на Тања Тас, за песната придонесоа и Дамир Имери на синтисајзер и оркестрација, а Мите Димовски беше задолжен за перкусии и продукцијата во неговото студио „Тралала. „Пеј“ е веројатно една од најсодржајните песни на двоецот, во која особено авторски себеси се надминал самиот Игор Атанасовски (Гуру Харе). Во основа се работи балада,   небаре подобна за филмска тема, како да е саундтрак од некојоја филмска приказна на Квентин Тарантино, со стихови кои како да се извадени од поезијата на големиот Петре М. Андреевски, кои длабоко навлегуваат во суштината за судбината на ова парче земја кое отсекогаш се нарекувало Македонија и неговиот со илјадници години напатен народ. Од искона, па се до денес, чија мака се' уште трае, ли трае... И за да нерече некој дека во „Пеј“ нема блуз, иако го има во изобилство, најмногу во стиховите, во кои песната тече во прегратките на тагата, а брилијантното „геримуровко соло“ под прстите на Гуру Харе само ја надополнува целата „блуз“ атмосфера со писокот на гитарата! Спотот за „Пеј“ пак е прекрасна видео приказна која одлично го оцртува духот и карактерот на песната и главните актери, Игор и Харе. Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл, кој со овој спот започнува и своја видео продукција. Песната доаѓа по промоцијата на нивниот албум „Првите триесет“ и многу концерти низ државата, но и бројни изненадувања за публиката. Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт закажан за 21-ви октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден. ]]>

 Наташа Миха има победничка формула во – „Winning Every Game“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-pobednichka-formula-vo-winning-every-game-video/ Tue, 22 Mar 2022 06:39:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243941

„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата. Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во  GreenRoom Sound студио во Скопје. „Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка“ -  јавно се заблагодари пејачката на екипата која соработувала со неа во комплетната реализација на новата песна и видеото за неа во која покрај Дамир Пух уште учествувале: Стефан Рајхл - како снимател и режисер на видеото,  во соработка со Васил Јанев како светло мајстор и Милан Блажевски кој бил задолжен за монтажа на видеото. Испеана на англиски јазик, темата звучи зрело и модерно и содржински и музички продукциски... Поп-рок со цврст гитарски призвук и извонреден вокал, што е денес  вистинска реткост да се слушне дури и во европски рамки, а камо ли кај нас. Вистинско оригинално освежување во морето од „компјутерски трап лигавштини“ и некреативни и бледи поп копии. ]]>