стефан миленковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Jan 2019 13:57:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стефан миленковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефан Миленковиќ оркестарот на Македонската филхармонија во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-milenkovikj-orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-vo-skopje/ Thu, 24 Jan 2019 13:57:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69152

На 23 март во Македонска филхармонија, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат концертна ноќ за паметење. Стефан Миленковиќ неколкупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап. Овој мајстор на виолина ја надгради исклучителната концертна кариера настапувајќи со најреномираните светски оркестри и музички уметници. Има издадено голем број носачи на звук, а значајна е и неговата хуманитарна работа. Неговата кариера почнува многу рано, на 5-годишна возраст, па така го добива епитетот „чудо од дете“. Вниманието на пошироката јавност го привлекува на 10 години, кога по покана од Белата куќа, Миленковиќ настапува на т.н. Божиќно шоу, пред тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган. Веднаш потоа, започнува неговото интернационално претставување. Во текот на својата кариера Стефан Миленковиќ настапувал со некои од најпознатите оркестри во светот, како Берлинскиот симфониски оркестар, Хелсиншката филхармонија, Оркестарот на „Бољшои“, Државниот оркестар на Мексико и со диригенти како Лорин Мазел, Даниел Орен, Владимир Федосејев, Ен Шао и многу други. Добитник е на повеќе награди и признанија, како за изведувачката, така и за хуманитарната дејност. Билетите се пуштени во продажба од 23.01.2019 год. и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон“ и „Цвеќарница Розе“ – Веро 2.]]>