стефан марковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Sep 2022 12:40:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стефан марковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Акција – Македонски книжевни класици на библиотеката „Гоце Делчев“–Гевгелија: Бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература https://arhiva.vistina.com.mk/akcija-makedonski-knizevni-klasici-na-bibliotekata-goce-delchev-gevgelija-besplaten-pristap-do-stozerni-dela-od-makedonskata-literatura/ Thu, 29 Sep 2022 12:40:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269378

Граѓаните на општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, однеодамна имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации. Оваа акција иницирана од директорот Стефан Марковски опфаќа десетици наслови од македонската литература почнувајќи од македонските писатели и културни дејци од 19-от век (Жинзифов, Прличев, Џинот, Миладиновци итн.), до класиците објавувани од македонските писатели, драматурзи и поети од втората половина од минатиот век. Некои од насловите вклучени во посебен фонд за оваа акција се: „Послание“ од Блаже Конески, „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски, „Црнила“ и „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев, „Песни“ од Ацо Шопов, „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Поезија“ од Коле Неделковски, „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, „Зборник на народни песни“ од браќата Миладиновци, „Сердарот“ од Григор Прличев, „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Песни“ од Ацо Караманов, „Она што беше небо“ од Владо Малески, „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Бели мугри“ од Кочо Рацин, „Крпен живот“ и „Раскази“ од Стале Попов итн. Покрај овие значајни дела за македонската литература, во акцијата се опфатени и книги на книжевно-историски теми од: Блаже Конески, Блаже Ристовски, Васил Тоциновски, Георги Сталев, Славчо Ковилоски итн. Фондот од книги вклучени во акцијата е ограничен и е составен од нови и користени изданија.]]>

Објавена „Алгоритмеа“, прва поема „напишана“ од вештачка интелигенција според стилот на Стефан Марковски https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-algoritmea-prva-poema-napishana-od-veshtachka-inteligencija-spored-stilot-na-stefan-markovski/ Sat, 07 May 2022 09:09:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249186

Деновиве од печат излезе „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“, прва поема „напишана“ од компјутерска програма, вештачкоинтелигентниот тест-софтвер Аполон СМ-165.exe. Делото на 85 страници е генерирано во лирско-епски облик според стилот на Стефан Марковски и е во издание на издавачката куќа „Полица“ на чиј штанд деновиве е достапна на годинешниов Саем на книгата. Ефтим Клетников истакнува дека станува збор за „екстраексклузивна, апартна поема, која го има во својот епицентар Homo Technologicus, или Homo Digitalis. Тоа е карналниот човек создаден од оживеаната глина на Господ, кого сега го зграпчил дигиталниот Робеспјер, преведувајќи го целосно од онтологија во технологија.“ Во поемата се поставува и прашањето дали она на Калдерон „Животот е сон“ во екстрамодерната технолошка ера не е совршено реализирано како алгоритам, како апстрактна математичка формула. Или, по аналогија, уште дали она на Шекспир дека сме составени од „материјата на сонот“ сега не е преформулирано во од „материјата на дигиталната технологија“. Конечно, не од делириумската екстаза на битието во растројството на сетилата кај Рембо, туку од апстрактните атоми на апстрактното алгоритамско пијанство на модерниот дигитален Дионис. Тој како нов бог има намера, а веќе и ја остварил, да го создаде новиот Адам не од оживеаната глина на која ѝ подарува бесмртност Јахве, туку како дигитална машина од студени метални елементи. Поемата, проект кој беше резултат на тестирањето на два типа софтвер, поаѓа од еден умствен експеримент во теоријата на вештачката интелигенција познат како Базилискот на Роко. Во поемата е приложен и дел од кодот врз основа на кој истата беше генерирана од програмскиот јазик Python. Во книгата се вклучени и илустрации од Вангел Срнаков.  ]]>

Објавен и промовиран романот „Анатомија на бумбарот“ од Стефан Марковски https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-i-promoviran-romanot-anatomija-na-bumbarot-od-stefan-markovski/ Mon, 13 Sep 2021 11:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218896

Романот „Анатомија на бумбарот“, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“ каде годинава беше и прворангиран во категоријата Источноевропска литература за Киндл, е мешавина од гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување зачинета со возбудливи трилер елементи. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба. Третиот роман на Стефан Марковски покренува внатрешна револуција во секој кој ќе го чита, наметнувајќи повеќе егзистенцијалистички прашања и преиспитување на животот во потрагата по сопственото место во него. Раскажана од две перспективи – машка и женска, оваа приказна е како сложувалка во која на крајот ќе се состават сите делчиња. Ќе ви стане јасна поврзаноста на историчарот и уметник Илија и неговата жена Инес. Извонредни книжевни постапки, неверојатно добри приказни и ехо на егзистенцијалната мака во заднина. Раскршеноста на нашето доба рефлектирана во неправедните животни борби е сеприсутна во психологијата на протагонистот, која во себе носи преобразби, премавнувања, разочарувања, но во ниеден случај не и пасивен однос кон светот, туку го тера идеалистот храбро, но и низ една гротеска што ја рефлектира неговата омаловажувана стварност да ги отскокне скалилата на својата ограниченост, придонесувајќи да се внесе во друг облик на борба, правејќи од него – атентатор. Борбата е клучот, а како што е раскажано и овде, потажна од смртта е само изгубената борба. Ова е роман за разочарувањето и силите потребни за непомирливиот уметник да го совлада. „Не се распрашував околу деталите за истрагата на убиството. Од малку поинакво гледиште од она што го имав пред да посегнам по животот на рекетарот-лихвар, би додал дека го извршив на некое не превисоко ниво на извршување над она на кое убиството би се нарекло аматерско и клучните две околности за моето неоткривање веројатно беа фактот што во тој дел од денот немаше буквално никого ниту на споредната уличка ниту на соседните два паралелни сокаци кои ја омеѓуваа (и ако некој воопшто би можел да се појави како сведок, би го сторил тоа во полуразбудена состојба) и непостоењето сосема дефинирано видно поле, со оглед на далечината на куќите и потенцијалните сведоци. Надежта, во случајов дека ќе научам нешто суштинско за оваа работа со првото убиство, уште еднаш е престигната од самите ограничености кои ги носи реалното искуство“, пишува Марковски во книгата во издание на Паблишер. Промоцијата се одржи во саботата (11.09) во 17 часот на Саемот на книга.]]>

Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ победник на конкурсот „Книжевен круг за проза“ https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-markovski-so-zbirkata-raskazi-faust-go-trcha-plebejskiot-krug-pobednik-na-konkursot-knizeven-krug-za-proza/ Thu, 29 Oct 2020 08:42:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173601

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи за 2020 година, при што наградата Книжевен круг за проза припадна на ракописот „Фауст го трча плебејскиот круг“ од писателот Стефан Марковски. За збирката раскази на Марковски во освртот кон книгата, претседателката на Битолскиот книжевен круг, Елизабета Јончиќ подвлекува: „Ова дело е карактеристично по структурната поставеност во нарацијата. Содржи шест елементи од коишто е составена целината. Иако шесте приказни се одделуваат сами за себе како посебни целини, имаат заедничка матрица во планот на изразот. Структуирани се како раскази но се чувствуваат драмски елементи, динамички покренувачи на дејство и статички мотиви коишто ги опишуваат одредените ситуации. Авторот многу вешто прави комбинација на лирски и драмски компоненти во текстот. На планот на содржината впечатливи се ликовите на протагонистите од расказите. Секој од нив е носител на одреден морален и социјален концепт, реален или имагинарен. Спрема начелото на разновидност во единството гледната точка започнува од мотивациските ставови во насловот, тогаш имаме: „Фауст“, еден од вечните ликови во литературата поставен како протагонист потоа „брзото одење“, типична ситуација исполнета со динамика, и „плебејскиот круг“ синтагма - знак што претходно ја најавува нераскинливата врска на обесправената и осиромашена лична слобода на „нискиот“ човек, со симболот на единството и севкупноста – кругот.“ Промоцијата на наградената книга на Марковски ќе се оддржи во рамки на манифестацијата Битолски книжевни паметења на 31.10.2020 (сабота) во 12:00 во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола. Во рамки на манифестацијата ќе бидат промовирани и останатите наградени ракописи на конкурсите за поезија и книжевна критика, стихозбирката „Манастир од мисли“ од Кире Неделковски и книгата осврти „Профили“ од Весна Мундишевска Велјановска.    ]]>

Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/romanot-eretichki-pisma-na-stefan-markovski-objaven-na-angliski-jazik/ Mon, 10 Aug 2020 08:05:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162640

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик. Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки. Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон, каде беше првично објавен. Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска. Македонското издание на книгата беше објавено во 2018-та од Издавачкиот центар „Три“.]]>