стефан лазаров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2024 09:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стефан лазаров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гледан поткаст – „фејк Бубамара“: Лазаров и Фаци револтирани зашто баце Ранко „случајно ги заборави“ или само блиските до себе ги есапи за „на ти го – дај ми го“ награди? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gledan-potkast-fejk-bubamara-lazarov-i-fatsi-revoltirani-zashto-batse-ranko-sluchajno-gi-zaboravi-i-samo-bliskite-do-sebe-gi-esapi-za-na-ti-go-daj-mi-go-nagradi-video/ Fri, 23 Feb 2024 09:01:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339850

„Насмејте се, ќе се сликаме!“ - гласеше мотото на годинешнава „Златна Бубамара на популарноста“ и (како по обичај) некои станаа наградени, а некои останаа „насмеани“! Сега можат „само да се сликаат“ поединечно таму каде што својата популарност ја остваруваат и билдаат, зашто јавната валоризација на нивната работа остана „заборавена“!? Вака некако го доживеаа доделувањето на наградите на „Златна бубамара 2024“ подкаст двоецот Стефан Лазаров - Зоки Фаци Василевски, чие јутјуб остварување насловено „Без лимит“ реално е најгледаниот подкаст во Македонија во последниве 365 дена. Така барем говорат бројките и рејтинзите, кои и самиот Лазаров ги споделил на своите Инстаграм приказни. Дефакто „црно на бело“, а „пред фактите молчат и боговите“, арно ама ги премолчуваат оние на кои тоа не им одговара, па подкаст водителите беа „случајно заборавени“  да бидат наградени на последнава „Златна Бубамара“? Од друга страна „Бубамарата“  во суштина е „приватна журка“, па соодвествено на тоа и нејзиниот сопственик, основач, организатор и неговата свита од екипата која ја подготвува, слободно може да си одлучува кој ќе се појави, кој ќе води, пее, кого ќе наградува... Иако, логично би било  да има некаков кодекс, некакви критериуми, пропозиции и правила. Арно Ама, баце Ранко (Петровиќ) најдобро си знае кому што ќе му додели и даде, кого ќе го награди, удостои, увелича, медиумски поттурне, а кого... ќе го прескокне!? И тука нема лутиш, оти нема зашто. Секој има право „на својата журка да си кани свои гости“, освен ако во „журката“ финансиски не партиципираме и сите ние, преку државата со парите од нашите даноци, како што е случајот и со годинешната „Златна Бубамара на популарноста 2024“ која  не добила можеби кој знае колкава сума, но сепак - добила. Е, тука веќе работите се менуваат, зашто „за наши пари“ не можеш да играш само „по свои правила“, туку сепак мора да се почитуваат фактите и објективните околности! Токму затоа Лазаров и Фаци беа толку револтирани, лути и нерасположени што биле „прескокнати и заборавени“, сметајќи дека и тоа како заслужиле годинава да се најдат меѓу сите наградени! Револтот освен во “Без лимит“ поткастот дополнително го потврдија и на социјалните мрежи, каде Лзаров во своите Инстаграм приказни е дециден дека награди се добиваат по заслуга, а ако тие не заслужиле годинава да добијат една „Златна бубамара“, тогаш не знае кој? А, баце Ранко „случајно ги заборави“ или само блиските до себе ги есапи за „на ти го, дај ми го“ награди? Иако... „Редно е да има ред“, нели, како што гласеше еден од годинешните слогани на манифестацијата! Можеби затоа јутјуберот „се закани“ дека на ниту една манифестација  нема да се појави, затоа што според него се...  „фејк“! На крајот колку тажно и да почна, подкастот сепак заврши со иронична насмевка на Лазаров и сочен еротски бакнеж со порака од Фаци, упатени до...? Оние што треба  си знаат, па сами ќе се препознаат! А „Бубамарата“? Кој чека - ќе дочека... Или ќе се изначека. Некои и довека! Фото: youtube/Канал 5/Инстаграм/radiobubamaramk/_lazarovv  ]]>

Јутјуберот има нов проект: Стефан Лазаров ќе ве води низ се’ што е подзаборавено, а е важно да се знае во Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jutjuberot-ima-nov-proekkt-stefan-lazarov-ke-ve-vodi-niz-se-shto-e-podzaboraveno-a-e-vazhno-da-se-znae-vo-makedonija-video/ Fri, 01 Dec 2023 12:55:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329580

Откако упсеа да наниже 100.000 сабскарјбери кои го следат неговиот Јутјуб канал и за тоа доби признание, односно „клуч“ за нови уште поголемио можности од каналот, најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров покрај своите поткасти најави уште еден нов проект. „Во недела во 18:00 започнуваме во нов проект на мојот канал чија цел ќе биде промоција на македонски села, промоција на историски моменти, прикажување на цркви, реки, планини и се што е подзаборавено, а е исклучително важно да се знае. Сметам дека младите имаат потреба од ваков проект, а повозрасните ќе се потсетат на сите убави места кои ги има во Македонија… Јас и мојот тим се надеваме дека ќе ви се допадне замислата во првата пилот епизода, па доколку не поддржите, после празниците започнуваме со редовно снимање“ - споделил јутјуберот на својот Фејсбук профил заедно со промо  видеоисечокот на кој со пејачот Ламбе Алабакоски седат во кафеана, каде пеат македонски патриотски песни. Тоа несомнено значи дека првата епизода е снимана во родното место на Ламбе, преспанско Љубојно! Фото: Фејсбук/Stefan Lazarov]]>

„Кога веќе прашуваш да си кажам!“: Ирена Спасовска откри каков маж може да ја освои (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-veke-prashuvash-da-si-kazham-irena-spasovska-otkri-kakov-mazh-mozhe-da-ja-osvoi-video/ Tue, 28 Nov 2023 10:39:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328854

Македонската пејачка Ирена Спасовска беше гостинка во неодамнешниот поткаст кај јутјуберот Стефан Лазаров. Интересните прашања успеаја да ја вратат назад во годините па се потсети на успехот од почетокот на кариерата, но проговори и за љубовта и врските. Но, она што остави впечаток беше одговорот на прашањето „Какви мажи сакаат жените?“, па кога веќе ја прашаа,  Ирена јасно кажа какви мажи сака лично таа. Пејачката одговори малку описно и речиси сериозно навлезе во тоа за да долови точно каков маж може да ја освои. „Каков маж може да те освои, ме интересира?“  - директно ја праша Лазаров. „Тој маж јас би го препознала и кога ќе ми светнат очите тогаш тоа е тоа! Да прави муабет, со внимание да те слуша додека правиш муабет, да не му бега вниманието на друга страна. Нема полошо од маж кога ќе седне со жена и мисли на спортска прогноза. Ние жените сакаме да зборуваме, малку да ни се даде почит“. Сепак, најмногу го привлече вниманието со описот што го даде за тоа кој според неа е идеалниот физички изглед на мажот на со кој „може да падне“. -„Не мора да биде премногу убав, единствено што не сакам тоа е маж со тесни рамења и со многу тенки усни... тоа не сакам“!  - потврди Ирена.
@lazarovfanpage5 KAKVI MAZI SAKAT ZENITE! #zeni #maz #ljubov ♬ original sound - lazarovfanpage
Инаку, фолк пејачката Ирена Спасовска официјално е слободна жена, а од бившиот бракот  ја има ќерката единица, нејзината наследничка Тамара. Фото: Принтскрин/TikTok/lazarovfanpage5]]>

Распеани и прегрнати во кафеана: Ламбе Алабаковски и Стефан Лазаров од тајната што ја открија и самите се изненадија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/raspeani-i-pregrnati-vo-kafeana-lambe-alabakovski-i-stefan-lazarov-od-tajnata-shto-ja-otkrija-i-samite-se-iznenadija-foto/ Fri, 24 Nov 2023 11:56:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328427

Јутјуберот Стефан Лазаров замина во Љубојно и од таму го најави својот нов проект  за кој како што кажа одамна не се почувствувал толку исполнето и верува дека на сите ќе им се допадне. Лазаров со камерата од мобилниот телефон гордо ја сними природната убавина наоколу со цел да покаже дека  во Македонија има прекрасни места кои треба да ги чуваме.   Сепак покажа и како ние (не) си ја негуваме историјата и нашите вредности снимајќи го руинираното училиште „Петар Влахов“,  оставено на забот на времето иако е второ во Македонија во кое што македонскиот јазик бил службен . Но, она што ги изненади следбениците е дека обајцата токму во родното Љубојно на Ламбе Алабаковски се сретнале и заедно заминале во кафеана каде расположени запеале македонски песни. А,  токму од оваа дружба,  излезе на виделина и една тајна која тие за прв пат ја открија и гордо ја споделија со јавноста каде Стефан напиша: „Замисли блиски роднини, а животот дури сега не спојува и тоа во родното село на мојата баба... Така требало да биде“. Веднаш на фотографијата го тагна и Ламбе , а потоа и пејачот ги сподели убавите моменти. Покусо не останаа ниту нивните следбеници кои изненадени од веста ја споделија и на нивните Инстаграм профили, а некои и коментираа дека и двајцата се македонски легенди. Животот редовно не изненадува, а пронаоѓањето на своја крв, близок роднина  е големо задоволство за секого, па иако на многумина досега им се има случено да се пронајдат,  поради темпото во кое што живееме, сепак при ваквите средби и откритија, секогаш е интересно и возбудливо.   Фото: Принтскрин/Instagram/_lazarovv/lambealabakovski]]>

Стефан Лазаров тажен по она што го снајде: Јутјуберот изгуби нешто драгоцено, па побара помош (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-tazhen-po-ona-shto-go-snajde-jutjuberot-izgubi-neshto-dragotseno-pa-pobara-pomosh-foto/ Fri, 20 Oct 2023 10:07:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323138

Јутјуберот Стефан Лазаров животот го живее јавно, зашто јавното живеење му стана своевидна професија од која заработува. Па така, споделувањето со јавноста и кога сегменти од неговата приватност се тој во прашање, тој нема проблем да биде транспарентен. Сите најчесто ги објавуваме убавите нешта, но животот не е секогаш така розов, па неубавото вака или така некогаш не дојде. На Стефан на речиси четири месеци по свадбата го снајде нешто кое ни самиот веројатно не го помислуваше претходно – ја изгуби бурмата. Симболот на бракот сега е на неопознато место или во нечии раце, а Стефан преку социјалните мрежи си ја кажа маката и побара помош за оние кои ќе почувствуваат емпатија, а би ја нашле и би му ја вратиле. -Ако ме следиш и си ја зел, пиши ми дупло ќе ти ја платам од вредноста, ако ти е срам дај ја по некој другар нека не ми кажува кој си. Знаеш каде бев, у шкафче ја заборавив. Некои работи немаат цена. Чекам... - пишува Лазаров и чека, реакција, абер... Ако не се најде светиот прстен, ние имаме еден религиски извадок, ако може  да му биде утеха. Според цркловните верувања бурмата не го чини бракот, туку Божјата благодат според богоугодниот живот на брачниците. Св.апостол Павле токму за оние што изгубиле бурма вели: „Не се вознемирувајте, имајте едномислие со сопругот, се’ друго Бог ќе уреди!“. Ако не се најде бурмата, Лазаров може да биде поспокоен. Инаку, Стефан и Марта беа шест години во врска пред тој да ја запроси минатата година на стадионот „Камп ноу“ во Барселона, а потоа во месец јули направија голема свадбена веселба во Скопје. фото:Инстаграм принтскрин/Стефан Лазаров]]>

Откако Стефан Лазаров се поднови со „Мече“ на четири тркала, хејтерите веднаш го „исплукаа“: Јутјуберот погоден од коментарите, жестоко им возврати на ударите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-stefan-lazarov-se-podnovi-so-meche-na-chetiri-trkala-hejterite-vednash-go-isplukaa-jutjuberot-pogoden-od-komentarite-zhestoko-im-vozvrati-na-udarite-foto/ Wed, 11 Oct 2023 07:30:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320903

Стефан Лазаров иако не работи во ниту еден официјален медиум со текот на времето стана медиумски мегапопуларен лик на Интернет со својите подкасти, кои публиката на Јутјуб едвај чека со задоволство да ги проследи. Патем, социјалните мрежи јутјуберот обилно ги користи, па секојднениот престој на нив му е како престој во „втор дом“, од што јавноста може да дознае се што професионално и приватно на Лазаов му се случува.  Токму на својот Инстаграм, Стефан деновиве сподели дека се подновил со  „ тегет металик Мече“... Скап автомобил кој му бил отсекогаш сон да го има, а сега сонот успеал да си го оствари. Првото сочување со неа во салонот за автомобили, чинот на потпишување на документите и моментот на преземањето на колата заедно со неговата тазе сопруга Марта, Лазаров природно ги овековечил со видео кое подоцна го споделил на социјалните мрежи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Другиот ден дури и направил видео за својот Јутјуб канал, на кое ги собрал пријателите за да им ги слушне и сними мислењата и реакциите за новиот љубимец на 4 тркала... А и да им даде да свртат по едно кругче... Ама внимателно, под негова контрола и надзор! Арно ама, очигледно менталитетот во земјата во која живееме па и пошироко на Балканот, изгледа е таков, што овде можат се' да ти простат освен успех!? Зашто туѓиот најмногу ги иритира и нервира, па устите на хејтерите им се полни со злоба, завист, љубомора... Веднаш го „исплукаа“, а јутјуберот погоден од коментарите, реши жестоко да им го возврати ударот на својот Фејсбук:
„Читам денес на Твитер како мерцедесот ми бил подарен, купен на лизинг, даден од спонзор, сум се еб*л у г*, устата ми знаела и сум бил сељак.
Јас ќе ви посакам да си го живеете својот живот и да бидете среќни за туѓиот успех за да може да ви дојдат убави моменти и во вашиот. Со љубомора само тонете и гниете во вашиот гнев. Стефан се што прави од самиот почеток прави сам, со труд и макотрпна работа. Ќе ве оставам да ке*ате, само тоа и можете, а јас за своите луѓе и оние кои ме поддржуваат ќе давам се од себе секогаш!
Успех во оваа држава може да се направи и секогаш ќе се трудам да ги мотивирам оние кои веруваат во мене“ - јавно им порачал Лазаров на „неверните Томи“, плукачите и хејтерите на туѓата среќа!
Дали и колку неговата рекција ќе ги допре или „ќе ги боли уво“ па и понаму ќе продолжат да хејтаат е друга работа... Ако не друго барем по „емотивното празнење“ јутјуберот си ја смири совеста, а душичката му дојде на место, па сега Лазаров со мирно срце може да си го испие утринското кафенце!
Фото: Инстаграм/_lazarovv
Видео: Јутјуб
 ]]>

Стефан Лазаров: „Живееме во време кога мажите сакаат да бидат жени, жените мажи, но јас сум традиционалист, семејството ми е се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-zhiveeme-vo-vreme-koga-mazhite-sakaat-da-bidat-zheni-zhenite-mazhi-no-jas-sum-traditsionalist-semejstvoto-mi-e-se-video/ Tue, 25 Jul 2023 11:48:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311479

Познатиот јутјубер Стефан Лазаров неодамна се ожени со својата долгогодишна девојка Марта. Имаше голема свадба со многу обичаи, македонска музика и, како вели, многу, многу љубов. „Ги почитувам традиционалните вредности и затоа правев свадба со адети и обичаи. Сега имам бурма на рака и дај боже никогаш да не ја извадам “, искрен е Лазаров. И додека чекаат со Марта да им се среди новиот стан за да почнат за живеете заедно, младенците сè уште се секој со своите родители. „Па, не е лошо ни вака, и онака цел живот ќе бидеме заедно. Ама, знаеш како е, па, си сака човек да си е сам со жената дома“, вели Стефан за Репортер и додава: „Јас сум среќен човек, ја сакам Марта и сигурен сум дека нема никогаш да се разведеме“. Со Стефан разговараме за многу теми. Дознавме дека потекнува од семејство каде најважна е почита и љубовта. „Никогаш не ме удриле моите. Јас сум така воспитуван. И во најтешките мигови кога сме немале пари, сме биле едно. И денес е така“, вели Лазаров. Ни откри дека сака да стане татко, но дека сè уште не брзаат со сопругата. „Па за две години би сакал, едно машко и едно женско“, додава тој. За несудената фудбалска кариера вели: Бев добар фудбалер. На прагот да заиграм во првата лига, не заради повреда, туку заради растот, ми се скрши коска на коленото. На ниту едно 15. годишно дете не му е лесно да слушне, дека ако продолжи да игра фудбал ќе остане траен инвалид“, се присетува Стефан. Не ги скри емоциите за малиот Кико, за кого до последно се надеваше дека ќе преживее. „Многу ме погоди. Одев кај нив дома, до последно мислев ќе стане.“Не можев ни да поверувам кога ми кажа татко му дека починал“, открива познатиот јутјубер. Од почетоците кога било тешко, до шансата и популарноста, за новото студио, за Марта, за кавгата со Бомбакис, има ли проблеми со јавните личности и уште сто приказни … Гледајте го интервјуто. ]]>

Само две недели по свадбата јутјуберот Стефан Лазаров го шокираше татко му Орце: Родителот не ја сфати сериозно неговата намера, во прв момент помисли дека е скриена камера (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/samo-dve-nedeli-po-svadbata-jutjuberot-stefan-lazarov-go-shokirashe-tatko-mu-ortse-roditelot-ne-ja-sfati-seriozno-negovata-namera-vo-prv-moment-pomisli-deka-e-skriena-kamera-video/ Fri, 21 Jul 2023 07:29:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311044

Јутјуберот Стефан Лазаров животот го живее јавно, зашто јавното живеење му стана своевидна професија од која заработува. По свадбата од соништата со неговата сега веќе сопруга Марта, за која и врапчињата дознаа како се одвивала, следуваше таканаречениот „меден месец“, одмор на кој младите замнинаа за да ја „наштимаат“ брачната хармонија во која допрва треба да живеат. Икао медените денови за малку ќе се претвореа во непријатна авантура откако јутјуберот на одморот качил  температура, сепак се' се заврши онака како што треба и  со брз помин, па откако се вратија дома, Стефан Лазаров дојде до идеја која веројатно оддамна ја размислувал и си замислувал како да ја оствари. Имено неговите родители имале постар автомобил, а сега потрошени од свадбата на синот не биле во можност да купат ниту половен, а камо ли нов, па затоа Лазаров решил да им се оддолжи за се што за него досега направиле. Така, дел од  заштедата што ја имал што од работата , што од свадбата, решил да ја потроши за да ги израдува со подарок што не се одбива. Поточно татко му Орце Лазаров, познат македонски музичар, музички автор и педагог, кому Стефан смислил како да му го приреди изненадувањето. Откако нашол добро сочуван половен автомобил од марката Форд-Фокус, во кој ги има сите салтанати, а патем нема многу километри поминати, јутјуберот го купил, го стегнал на мајстор, испрал и онака изгланцан и светнат  небаре е „чичка нов“ тргнал да го изведе изненадувањето за татко му. Се разбира сето тоа, целата операција ќе ја снима со камера и подоцна прикачи на својот Јутјуб канал. Ем татко му, односно родителите да бидат среќни и задоволни, ем Јутјуб прегледите да бидат енормни. Еден телефонски повик да се видат, со кој Стефан го намамува татко му да дојде на договореното место за да се видат, оти божем имале нешто заеднички да снимат и... трикот успева, зашто Орце ја загризал мамката. Штом ќе го види автомобилот со кој синот пристигнал, најпрвин музичарот целиот во прашалници зачуден прашувал што е ова, од каде пак сега ваква кола, чија е... Се' до моментот додека синот пет пари претходно прашувајќи го татка си дали му се допаѓа, не му соопштил дека ова е неговата нова кола. Арно ама, родител како родител, оди убеди го од прва дека ова е само мала благодарност за се' што тој направил за тебе во животот, па по неколку минути убедување Орце конечно ги примил клучевите в рака и седнал во Фордот. Првото возење на подарокот на 4 тркала од синот се разбира заедничко, а патем и овековечено за сите времиња. За создравје да си го вози и таткото и остатокот од семејството. Така, само  две недели по свадбата јутјуберот Стефан Лазаров го шокираше татко му Орце кој веднаш не ја сфати сериозно неговата намера, па во прв момент помисли дека синот му прави скриена камера! Фото: Инстаграм/_lazarovv/Јутјуб]]>

Стефан Лазаров „ги отвори картите“: По свадбата со невестата веднаш заминаа на „меден месец“, кога таму еве ти ги првите проблеми во брачниот живот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-gi-otvori-kartite-po-svadbata-so-nevestata-vednash-zaminaa-na-meden-mesets-koga-tamu-eve-ti-gi-prvite-problemi-vo-brachniot-zhivot-foto/ Wed, 12 Jul 2023 09:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309875

Стефан Лазаров откако направи свадба за паметење со сите салтанати, народни обичаи и адети, но и невидена журка за младите, редно беше да се одмори и од веселбата и од сите обврски, предизвици и проблеми што претходно ги имаше и сите премрежја низ кои мина во првата половина на оваа година. Логично е младите по свадбата да замината на таканаречен „меден месец“ иако тоа никогаш не се временски баш 30 дена, но сепак доволно, кој колку може да си дозволи за да здивне и да се одмори од напорните подготовки пред и за време на тој толку значаен ден во животот. А на „медениот месец“ се знае што се прави... „Се срка од медот“, се разбира, зашто младите колку добро и да се познаваат, сега како официјално озваничени брачни сопружници, редно е да почнат да се навикнуваат еден на друг во малку поинакви услови. Ама живот како живот, носи и добро и зло и убави и помалку убави моменти, па треба да се види дали заедно може да се издржи во сите можни околности. Стафан Лазаров и неговата млада, убава сопруга Марта таман пристигнаа на замисленото одредиште да се опуштат, одморат и уживаат во ред други „брачни задоволства“, кои постарите ги нарекуваат „брачни обврски“ , не минаа ниту - ден два, кога се случи нешто што им ја расипа забавата. На „медениот месец“ додека беа онака олабавени, опуштени и вљубени, се појавија првите проблеми во брачниот живот на двете гулапчиња, па излезе наместо да „сркаат од медот“ некој да мора да голта апчиња. Имено, дали од преголем замор, дали од променливото време, или од тоа што спиел „гол на промаја“, Лазаров наместо да го фати „брачната ма(ги)ја“, го фати настинка! Јутјуберот качил висока температура, па „медените денови“ се претворија во непријатна авантура! Лазаров не можел да издржи па решил да ги „отвори картите“ и јавно да се пожали... На температурата која го истошти сиот,  а не на брачниот живот... Ова колку да појасниме за да не се разбереме погрешно и да ја налутиме невестата, па потоа Лазаров да го прашуваат:  „Како бе од настинка, ти излегла модринка... под око?“ Вака, нека е со помин! Фото: Инстаграм/__qmarr__/_lazarovv

Познатиот јутубер ситно брои до свадбата, ама затоа е во крупни прашалници: Лазаров се’ уште не знае, дали Марта ќе го земе неговото презиме? https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-jutuber-sitno-broi-do-svadbata-ama-zatoa-e-vo-krupni-prashalnitsi-lazarov-se-ushte-ne-znae-dali-marta-ke-go-zeme-negovot-prezime/ Tue, 27 Jun 2023 10:13:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307825

Стефан Лазаров е пред денот кога тој и неговата вереница Марта ќе го кажат судбоносното ДА. Познатиот јутјубер во септември минатата година ја запроси својата долгогодишна девојка на мошне обичен начин, но на мошне невообичаено место, на стадионот Камп Ноу во Барселона, а оттогаш полека се подготвуваат за денот кога и пред државата и пред Бога ќе се заколнат на вечна љубов, односно денот на гочллемата свадбена веселба. Како што е редот Марта со своите најблиски пријателки ја прослави својата моминска вечер, односно имаше момински викенд во една вила во Белград, Србија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marta✨ (@__qmarr__)

Но и покрај многуте подготовки на идниот брачен пар, Лазаров како да е во дилема за едно нешто, кое се чини и нему до крај не му е јасно. Познатиот јутубер ситно брои до свадбата, ама затоа е во крупни прашалници: Лазаров се' уште не знае, дали Марта ќе го земе неговот презиме? Можеби затоа и се' уште не открил и не се пофалил дали неговата идна сопруга ќе го носи неговото презиме или ќе го задржи своето? Или можеби ќе оди на комбинација кон едното да го додаде другото? Останува во периодот кој следи да ја дознаеме вистината, дали Лазаров тоа ќе го соопшти пред или по свадбата, откако сите веќе ионака ќе знаат, како во иднина неговата Марта ќе се презива!? Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv/__qmarr__]]>