стефан филиповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Aug 2023 10:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стефан филиповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефан од „Некст тајм“ со саканата замина во Венеција: Но, разочарувањето беше поголемо од било кога (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-od-nekst-tajm-so-sakanata-zamina-vo-venetsija-no-razocharuvaneto-beshe-pogolemo-od-bilo-koga-foto/ Tue, 22 Aug 2023 09:06:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314722

Стефан Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ веќе подолго време ужива во љубовна врска со атрактивната црнокоса со необично убаво име, Тинеа, која живее во Виена и има српско-хрватско потекло. Тие двајцата одлучија летна дестинација да им биде романтичниот град Венеција, а за водич Стефан ја одбра неговата девојка. - Мојот туристички водич - се пошегува тој под објавата која ја сподели на неговиот Инстаграм профил.
Се разбира, кога се патува особено на вакво убаво место каде има што да се види задолжително е да се направи и понекоја фотографија за спомен. Токму тоа го направи и Стефан на една од раздвижените туристички улици кога застана да се фотографира со позадината која ја отсликува атмосферата на градот. Веројатно, неговата љубов била позади апаратот во моментот кога Стефан се наместил да позира но, кога ја видел воопшто не бил задоволен. - Ми ја уништи сликата ! - разочарано напиша тој. Наместо Стефан, вниманието го украде случајна туристка која влета во кадарот и ја наруши целата композиција. Но, Стефан иако разочаран, веднаш најде начин да го тргне она што беше „вишок“. - Ја избришавме - гордо се пофали Стефан откако со девојката на дело ги покажаа своите фотошоп вештини. Преку семоќните фото апликации лесно ја избришаа случајната минувачка и го решија проблемот. За потсетување, неговиот брат Мартин неодамна љубовта ја круниса со брак со долгогодишната девојка, ракометарката Андреа и во семејството Филиповски  добија снаа. Стефан пак, можеби наскоро ќе се реши на истиот чекор и ќе ја побара раката на оваа вешта убавица. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Стефан Филиповски  ]]>

Ново време, со нови навики: Стефан од „Некст тајм“ поласкан со комплимент како познат клиент (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/novo-vreme-so-novi-naviki-stefan-od-nekst-tajm-polaskan-so-kompliment-kako-poznat-klient-foto/ Mon, 06 Feb 2023 10:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287457

Стефан Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ неодамна беше во Белград, љубовната станица каде најчесто се среќаваат со својата сакана Тинеа. Тој неодамна за Вистина.мк откри дека повеќе од една година е во љубовна врска со Тинеа, а љубовта на далечина за нив не претставувала никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите – гласи девизата на Стефан.
Овој пат, средбата им беше зачинета со тоа што беа на веселба каде се славеше љубовта, осносно беа гости на свадбена прослава во Белград од каде пејачот испрати поздрав до фановите и пријателите на Инстаграм. Меѓу неколкуте фотографи на „стори“ тој го покажа и се пофали со своето оригинално палто кое го носеше, а исто е со дизајнерски потпис, но и оригинална етикета од внатрешноста. Ако некогаш се делеа автограми, сега познатите добиваат пофалби и тоа на несекојдневен начин, баш како онаа со која се пофали пејачот. Дизајнерот на кого веројатно Стефан му е редовен клиент, па веројатно и еден од омилените, во внатрешноста од палтото му оставил уникатна порака: -„Од Сидор за Стефан „Некст тајм“, најсилниот вокал било кога“ – пишува дизајнерот. Веруваме дека Стефан со задоволство го носи ова парче гардероба, па почувствува потреба да покаже обострана почит кон дизајнерот. Добро скоено, однадвор, а и одвнатре, парче кое сигурно заслужува посебно место во плакарот. фото:Инстаграм/Стефан Филиповски]]>

На која од македонските јавни личности најмногу и прилега познатата фраза: „Многу љубам да веслам…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-koja-od-makedonskite-javni-lichnosti-najmnogu-i-prilega-poznatata-fraza-mnogu-ljubam-da-veslam-foto/ Sat, 18 Jun 2022 07:06:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163567

Се сеќавате, нели на познатата фраза „Многу љубам да веслам... зошто не веслаш и ти?“, од некогаш популарниот хумористичен серијал „К 15“. Нејсе, веслањето кој како го сфаќа, доживува и преживува... Некој љуби да (ги) весла (другите), некој не весла, ама останува „извеслан“ слепо верувајќи им на оние што  (го) „веслаат“. Во суштина вистинското  веслање е екстремно тежок спорт, но и предизвик кој носи задоволство. Токму ова ново задоволство, тоа блаженство на вода реши да го почувствува и дел од македонската естрада и јавните личности воопшто, па кој го остави микрофонот, кој домаќинлукот и се фатија за... весла! Рековме веслањето може да биде и опасно, особено ако веслаш во непознати или „диви води“... Струјата лесно може да те понесе, вртлогот да те преврти и лесно да потонеш... Засега пејачот од братското дуо „Некст тајм“ за среќа не потонал... Не барем додека Стефан Филиповски ги скротуваше дивите води на „Матка“ во со своето кану. Од диви, Стефан се префрли на мирни води... Барем Охридските езерски за такви важат. Ама сега предизвикот е поинаков, зашто брзо увидел дека со кану по езерото е здодевно, па сфати дека му “фали даска“... за нов предизвик.  А на неа се весла - стоеечки. Можеби е езерото рамно како тепсија, ама тлото под нозе  е како кога влегуваш во во „нова љубовна авантура“: неизвесно, се лула на секое бранче и ветерче, па треба и тоа како да умееш да балансираш. Инаку, „ојде со се пљачки в еѕеро“! За разлика од него брат му Мартин „не љуби да весла“... Гитаристот повеќе е за мирно море, акога нема море, може и мирни езерски води... И тоа со љубовта на неговиот живот! Водителката Ирена Спировска е исто така љубител на предизвиците. Трагач по возбуди од различен вид: од воздушни параглајдер прошетки, преку велосипедско-планинарски предизвици до езерски мераци. Каков што си направи додека „љубеше да весла“ во своето гумено кану по Охридското езеро. Езерска веслачка тура за летна кајак авантура. И не и е прв пат, зашто Ирена оддамна „љуби да весла“! Отприлика истото го направи уште една македонска ТВ водителка и новинарка. Александра Јовановска од МТВ, овој пат не стисна ништо за „плеј“...  Или ајде, стисна заби, па и таа влезе во „веслачка авантура“. Само што нејзе и беше прв пат. Сефте веслачко кану искуство, по Охридското езеро. Белким нема и последно, зашто Сандра сфати набрзинка дека веслањето е многу подобро од возење педалинка! Па до сега и да не љубела, отсега „ќе љуби да весла“! И конечно, уште една дама, која однеодамна стана русокоса, разголена и боса, покажа дека и таа умее со веслањето. Можеби е многу посигурна кога чекори по модната писта, ама Катарина Ивановска кога се љубовта, спортските типови, а Бога ми и водените спортови во прашање, оддамна покажа дека „не цицала весло“. Напротив, за скијање на вода уште на прво застанување на скии на езерската шир покажа дека има талент, па сега сфати деке е момент да проба како е да весла на даска. Сепак, гумата за пливање за секој случај на дофат, зашто кој знае што може да ти се случи попат... Зашто веслањето стоечки по вода и чекорењето по писта не е исто, колку Кики и да има веслачки навики. И по сето видено и прикажано, сепак едно е останува до крај недокажано: На која од македонските естрадни и јавни личности најмногу и прилега познатата фраза: „Многу љубам да веслам...?“ Или можеби одговорот лежи токму во прашањето: „..Зошто не веслаш и ти?“    ]]>

Ретко може да го видите во вакво издание: Стефан од „Некст тајм“ разголен во базен https://arhiva.vistina.com.mk/retko-moze-da-go-vidite-vo-vakvo-izdanie-stefan-od-nekst-tajm-uziva-vo-bazen/ Wed, 07 Oct 2020 07:26:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170303

Летото и летната сезона заврши, иако оваа година немавме вообичаени летни одмори односно одмори со одредени протоколи, кои некои ги почитуваа, а некои не, сепак многумина го искористија времето да уживаат на плажа. Познатите личности, осообено музичарите ова лето наместо на настапи го поминуваа најмногу во своите домови, а некои од нив го искористија времето да уживаат на продолжена летна пауза. Така повеќето од познатите имавме прилика да ги видиме расоблечени во бикини на плажите во Охрид, Дојран, или пак во базен во некој хотел, приватна вила. Иако летото можеби заврши, за некои се уште трае, па некои од познатите и септември го искористија да одморат некаде. Стефан од „Некст тајм“  изминатиот период на својот Инстаграм сподели неколку фотки на кои покажа како ужива во базен ги полни батериите, а најголемиот дел од летото го поминуваше во Охрид на Љубаништа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Пејачот повторно во кусите приказни на социјалните мрежи сподели фотографија на која ужива, а дали станува збор за нова или постара фотка од одморот остана мистерија. Инаку, Стефан и Мартин од „Некст тајм“ неодамна го прославија својот 34 роденден. Тие периодов активно работат на својот нов албум кој треба наскоро да излезе.]]>

По шест години на исто место: Стефан од „Некст Тајм“ заедно со девојката на синот на Ѓорѓе Иванов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-shest-godini-na-isto-mesto-stefan-od-nekst-tajm-zaedno-so-devojkata-na-sinot-na-gjorgje-ivanov-foto/ Thu, 30 Jul 2020 07:59:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161151

Поминаа шест години од снимањето и објавувањето на спотот за преработката на „Ја излези Ѓурѓо“ на дуото „Некст Тајм“. Денес оваа позната македонска песна по обработката и фасцинантниот спот, веќе секој знае да ја пее, што дополнително ги прави задоволни браќата близнаци, но исто така и повеќе од осумте милиони прегледи на видеото на Јутјуб. На исто место и датум од снимањето на спотот, се најдоа Стефан и Ѓурга од спотот, односно одбојкатката Власта Ружиновска. За фотографија која се најде на профилот на „Некст Тајм“ на Фејсбук напишаа: „Пред Илинден, после 6 години се вративме на местото каде што го снимивме видеото за песната Ја излези Ѓурѓо, Власта и Стефан!“ – пишува во описот. Инаку за згодната одбојкарка Власта, минатата година се пишуваше дека е во врска со синот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, Иван, но бидејќи приватноста ја кријат како змија нозете, нивниот сегашен љубовен статус е непознат за јавноста. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/novata-devojka-na-sinot-na-gjorgje-ivanov-e-top-tema-a-eve-kako-izgledashe-ovaa-ubava-sportistka-vo-spotot-na-nekst-tajm-foto-video/ Истото е и со Стфеан. Тој пак, веќе извесен период не сме го виделе заедно со манекенката Маја Ристеска, која беше негова последна љубов. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/taa-se-razvede-a-toj-do-neodamna-beshe-so-druga-stefan-od-nekst-tajm-ima-nova-devojka-nasha-poznata-manekenka-foto/]]>

Стефан од „Некст Тајм“ за првпат го покажа татка си (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-od-nekst-tajm-za-prvpat-go-pokaza-tatka-si-foto/ Mon, 08 Jun 2020 07:54:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152752

Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“, наместо во Скопје, карантинските денови најчесто ги минуваат во селото од каде потекнуваат по нивниот татко – Жван, Демир Хисар. Овој пат, Стефан наместо затворен во станот во Скопје, реши да ужива во руралноста, рустиката, животните, природата… Но и да помине време со татка си. Седнати еден покарј друг додека разговараа, моментот беше овековечен на фотографија која се најде на социјалните мрежи. Градскиот живот сега е далеку помалку посакуван од оној на село, а браќата близнаци бидејќи имаат каде, се почесто им се враќаат на корените.]]>

Македонските јавни личности Ви го честитаат Божиќ со искрена желба за здрваје, мир и благосостојба https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-vi-go-chestitaat-bozikj-so-iskrena-zelba-za-zdrvaje-mir-i-blagosostojba/ Wed, 08 Jan 2020 09:04:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127653

Иако работната недела стартуваше, православните хистијани денес го слават вториот ден од Божиќ. Пораките и честитките за раѓањето на Христос се главниот поздрав деновиве, а суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието. Познатите Македонци преку социјалните мрежи им упатија честитка на своите пријатели и следбенци и со искрена желба им посакаа пред се здравје, мир и благосостојба. Ристе Ристески Честит Боќиќ! Нека ни донесе мир,здравје и спокој! За многу години! Марјана Станојковска Мир божји! Христос се роди! Драги пријатели, нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа и топлина.Ви посакувам добро здравје и семејна благосостојба!Среќен Божиќ! Стефан Филиповски Христос се роди!!! Мир,здравје,љубов и среќа на сите! Милена Антовска-Станковска Среќен Бадник и Божиќ драги мои. Да сте живи, здрави, насмеани и вечно да сјаете како оваа Витлеемска ѕвезда! За многу години. Христос се роди. Елена Стојановска Среќен Божиќ од мене и моите, до тебе и твоите! Елена Ристеска Среќен Бадник и Божиќ! Да се родиме одново сите оваа година преку нова надеж, нови радости и нови убавини. Да дишеме чист воздух и да сме похумани. Да се сакаме и почитуваме повеќе. Ви испраќам љубов на сите овдешни и на сите далечни луѓе.. ]]>

Тони Зен: „Не си маж ако не си заплакал во животот!“ https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-ne-si-maz-ako-ne-si-zaplakal-vo-zivotot/ Fri, 06 Dec 2019 08:28:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122668

Со векови, постои стереотип дека не си маж ако плачеш и дека ова емоција е „резервирана“ единствено за понежниот пол. Момците од мали деца растат со „правило“ според кое плачат само девојките и дека солзите се олицетворение на слабоста, негативноста на машкоста и најнепосакуваната машка карактеристика. Ова е причината зошто психолозите тврдат дека кога мажот плаче, тоа е многу силна емоција. Без разлика дали плаче од среќа или тага. За разлика од мажите, солзите на жените се целосно комерцијални. Раперот Тони Зен во своето најново интервју за „Машки магазин“, го руши токму овој стереотип за кој вели:„Не си маж ако не си заплакал во животот!“ Со тоа јасно и јавно даде до знаење дека иако надворешно доминира неговата јака маженственост, Тони е емотивна душа која признава дека е човечки да се плаче, а тоа нема зошто да е срамно за еден маж и да се сокриваат емоциите. На неговиот став се надоврза и Стефан Филиповски од „Некст тајм“, кој го сподели интервјуто на Тони и на својот Инстаграм кратко и јасно му потврди со „Па да бе“. Емоциите предизвикани од убави или не толку убави моменти, е здраво да се изненсат надвор од себе, а веќе знаеме кои момци од нашата естрада имаат во себе вакви силни чувства кои изледуваат на површината во еден толку чист облик.]]>

Стефан од „Некст тајм“ ги подгреа шпекулациите за новата љубовна врска со манекенката Маја Ристеска (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-od-nekst-tajm-gi-podgrea-shpekulaciite-za-novata-ljubovna-vrska-so-manekenkata-maja-risteska-foto/ Fri, 15 Nov 2019 08:38:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118645

Љубовниот живот на пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски, деновиве е актуелен во домашните медиуми, откако естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ откри дека тој наводно е во врска со манекенката Маја Ристеска. По оваа шпекулација, Стефан и Маја не се огласија со демант или потврда, а приказната остана само на претпоставки дека тие се новата позната македонска двојка. Неколку дена подоцна, Стефан како да сакаше да ги подгрее ваквите информации или дискретно преку социјалните мрежи да потврди дека помеѓу него и Маја навистина се родила љубов. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/taa-se-razvede-a-toj-do-neodamna-beshe-so-druga-stefan-od-nekst-tajm-ima-nova-devojka-nasha-poznata-manekenka-foto/ Имено, тој на својот Инстаграм „стори“ објави фотографија во домашен амбиент со фокус во ТВ приментикот на кој во моментот се емитува спот во кој Маја има улога. Дека песната и не баш му била важна, туку ликот на манекенката, потврдува знакот за исклучени волумен на телевизорот. Освен тоа, го означи нејзиното име и остави симбол од неколку ружи. Пејачот и манекенката полека, полека почнаа да откриваат дека навистина има нешто повеќе меѓу нив, а кога појасно ќе ја покажат љубовната искра, останува да видиме...]]>

Таа се разведе, а тој до неодамна беше со друга: Стефан од „Некст тајм“ има нова девојка – наша позната манекенка?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-se-razvede-a-toj-do-neodamna-beshe-so-druga-stefan-od-nekst-tajm-ima-nova-devojka-nasha-poznata-manekenka-foto/ Thu, 07 Nov 2019 07:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116979

Пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски има нова љубов. Според естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, пејачот расчистил со поранешната девојка со која беше во врска неколку години, Пенелопа Стаматоска, но неговото срце е повторно освоено и тоа од нашата позната макененка Маја Ристеска. Тие се уште не се огласиле со потврда или демант, но според извор близок на двојката, „Бекстејџ“ открива дека Маја и Стефан веќе извесен период се заедно, а таа неодамна се појави и на промоцијата на новата песна на „Некст тајм“, „Јовка Кумановка“. Дека навистина има нешто помеѓу пејачот и манекенката потврдува и нивната заедничка фотографија која Стефан ја објави на својот профил на Инстаграм. Инаку, Маја е една од нашите најуспешни и најбарани манекенки во земјава, можеме да ја видиме на многу ревии на домашните дизајнери и нивните фотосесии, ја гледавме и на телевизиски реклами, а имеше кус обид и да го води државното Лото извлекување. Таа во 2016 година се омажи со фудбалерот Јован Костовски, а за нивната свадба се пишуваше на големо во домашните медиуми. Сепак, овој брак траеше само две години, Маја и Јован се разделија и секој тргна по свој пат. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-nivnata-svadba-se-pishuvashe-i-zboruvashe-na-golemo-ama-brakot-puknal-po-dve-godini/ Стефан пак, никогаш не го криел приватниот живот како и досегашните девојки, а дали и во овој случај ќе се води по иста пракса, останува да видиме... https://www.youtube.com/watch?v=m0x_m2n4oC8]]>