Steady Flow – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Dec 2021 13:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Steady Flow – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска и „2Бона“ беа гладни да ви ја претстават нивната – „Хиена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-i-2bona-bea-gladni-da-vi-ja-pretstavat-nivnata-hiena-video/ Thu, 16 Dec 2021 13:48:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231516

Популарното трап-дуо 2Бона и младата пејачка Антониа Гиговска деновиве ја промовираа својата прва заедничка песна под насловот „Хиена“. Музиката е дело на Тони и Кун заедно со Лазар Цветковски кој ги направил и аранжманот и битот, а ги изработил и миксот и мастерингот. На текстот освен момчињата од 2Бона, работел и Тајзи. Нивната „Хиена“ добила и филмувано видео чија реализација и екранизација ја потпишуваат Томислав Живковиќ и Steady Flow. Темата музички воопшто не отстапува од она што како стил го имаат зацртано и  го возат и трап дуото и самата Антониа... Бит, ритам, трап, нејзиниот впечатлив, моќен вокал и совршено препознатливата, ултрамодерна продукција на Лазар. Иако на прва можеби делува малку развлечено, „Хиена“ е  ново, овој пат заедничко  чедо во музичкото јато на младите артисти... Логично продолжение на она што го работат и 2Бона и Антониа, чиј спој никако не е случаен, зашто ја поседуваат и делат истата енергија, популарност, возрасна група на публика... Затоа и „Хиена“ како нивна фузија му доаѓа нешто како енергетско-музичка трансфузија и за неа и за нив... Фузија која одлично функционира, меѓусебна хемија која кармата само ја мултиплицира... Заради нив сите други се клише, за генерацијата која со нив и нивните песни, расте, живее и дише... Генерацијата гладна ко' „Хиена“ за некаква промена... Та била таа и музичка. ]]>