статуетки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Apr 2021 08:49:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png статуетки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Земја на номадите“ е победникот со три статуетки на 93-то издание на Оскар https://arhiva.vistina.com.mk/zemja-na-nomadite-e-pobednikot-so-tri-statuetki-na-93-to-izdanie-na-oskar/ Mon, 26 Apr 2021 08:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200441

Франсис Мекдорманд го освои својот трет Оскар на синоќешната церемонија во Лос Анџелес на доделување Оскари, за улогата во филмот „Земја на номадите“ (Nomadland), со што ја потврди својата репутација како една од најдобрите актерки од нејзината генерација. Со тоа им се придружи на Мерил Стрип, Даниела Деј Луис и Џек Николсон, единствените активни актери кои освоиле три Оскари. Пред нив е само покојната Кетрин Хепберн со четири Оскари. Британскиот актер Ентони Хопкинс синоќа го освои својот втор Оскар на церемонијата во Лос Анџелес, за улогата во филмот „Татко“. Тоа е негов втор Оскар по скоро 30 години и четири номинации, откако во 1992 година беше награден со улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Социјалната драма „Земја на номадите“ (Nomadland), за животот во време на рецесија на американскиот запад, е прогласена за најдобар филм на синоќешната церемонија во Лос Анџелес. Кинескињата Клои Жао, за која ова е само трет филм, е втората жена наградена за режија. Кандидати за највисоката награда на Американската филмска академија годинава беа и „The Trial of the Chicago 7“, „Mank“, „Promising Young Woman“, „Minari“, „Judas and the Black Messiah“, „The Father“ и „Sound of Metal“. Soul на комапнијата Пиксар (Pixar) го освои Оскарот за најдобар анимиран филм. Тој е 11-ти Оскар за Пискар во последните 20 години од доделувањето на наградата во таа категорија. Британскиот актер Даниел Калуја го освои Оскарот за најдобра споредна улога, за улогата во филмот „Judas and the Black Messiah“. Актерот, роден во Лондон во семејство на имигранти од Уганда, за улогата на млад активист за Црниот Пантер, Фред Хамптон, кој беше убиен во 1969 година во Чикаго, претходно ги освои Златниот глобус, Наградата на Здружението на актери и британската БАФТА. Други номинирани беа Пол Рејси (Sound of Metal), Лесли Одом Џуниор (Night in Miami) и Саша Барон Коен (Trial of he Chicago 7). Јужнокорејската актерка Јун Ју-јунг е добитничка на Оскар за најдобра споредна улога за улогата во филмот MInari. „ My Octopus Teacher “ од режисерот од Јужна Африка, Крег Фостер е прогласен за најдобар документарец на Американската академија за филмски уметности и науки во Лос Анџелес. За наградата беа номинирани и „Collective“, „Crip Camp“, „The Mole Agent“ и „Time“. Список на главните добитници на 93. Оскари, награда од Американската академија за филмска уметност и наука, што се одржа во Долби театарот и на други локации во Лос Анџелес. – Најдобар филм: „Nomadland“ – Најдобра режија: Клои Жао, „Nomadland“ – Најдобра машка улога: Ентони Хопкинс (Тhe Father) – Најдобра актерка: Франсис Мекдорманд (Nomadland) – Најдобра споредна машка улога: Даниел Калуја – Најдобра споредна женска улога: Ју Јунг-јун – Најдобар странски филм: „Drunk“, Томас Винтерберг, Данска – Најдобар документарен филм: „ Мy Octopus Teacher“]]>

МАРС заокружи една деценија и почести со најдоброто од македонската музика! (Фотогалерија) https://arhiva.vistina.com.mk/mars-zaokruzi-edna-decenija-i-go-pochesti-najdobroto-od-makedonskata-muzika/ Wed, 15 Nov 2017 13:13:25 +0000 http://vistina.mk/?p=3582

„Зарем изминаа 10 години...?“ – беше мислата која им помина низ глава и гласно ја изговорија учесниците на годинешното јубилејно издание на фестивалскиот бренд  на домашната забавна музичка сцена - МАРС. Да, помина една деценија откако КЦ Александар Македонски и проект менаџерот Антонио Димитриевски останаа истрајни во идејата за поддршка на македонската музика која 10 години има свој празник каде заслужено го добива своето внимание, особено во време-невреме за нашата музика и изведувачи. Вчеравечер (14.10.2017) во Македонската опера и балет повторно се случи уште една музичка парада од најдоброто на забавната естрада за годината која полека изминува. МАРС ја заокружи својата добро смислена и организирана шема, чиј квалитетет и оригиналност се докажа во  сиве овие години... Па така, на сцената се појавија оние кои како и МАРС останаа перманентни во својата работа, пејачи кои вредно и посветено работеа да го задоволат увото на слушателот. Дел од нив на манифестацијата се чувствуваа свои – како дома, бидејќи речиси секоја година добиваат потврда како од публиката така и од радијата дека успеале да направат хит кој публиката го пее во секој стих, сака да го слуша и секако да го пофали, а со тоа дополнително да ги мотивира да продолжат да ја богатат домашната забавна музика која секогаш знае да звучи одлично.
10-то роденденско јубилејно издание на Македонскиот радиски фестивал како што е редот годинава понуди доста поинаква роденденска замисла на програмата од сценариото, кое на едно место не ги собра само музичарите, туку и водителите што во изминатите изданија беа дел од манифестацијата , а со љубов и особена чест се појавија на сцената на МОБ за да ги врачат статуетките и да ги прогласат победниците по карегории кои заслужија да бидат наградени за хитовите кои ги имаа изминативе месеци, а за тоа одлучија повеќе од 30-тина радио станици ширум земјава и секако публиката.
Домаќинка на ова јубилејно издание која водеше од сцената, беше познатата водителка Марија Петровска, која специјално за МАРС пристигна од Словенија во Скопје за да го „управува бродот“ и да испише уште нови спомени кои како и минатите години ја врзуваат за оваа манифестација.
Вечерта се отвори со звуците од музиката на Тоше Проески на која играа момците и девојките од балетското студио „Ребис“, како и Дј Мастер Хит, кои придонесоа публиката да пропатува низ музичката историја и песните кои МАРС ги награди низ годините.
Празник за очи, празник за уши, а полно срце и душа за учесниците кои се закитија со титулите за најслушани нумери од селектираните 12 категории кои редоследно изгледаа вака:  

1.АЊА ВЕТЕРОВА – „Рам Бам Бам“ – (Ѕвезда што се раѓа)

2.ДИМИТАР И ТАЈФАТА – „Остани“ – (Радиски Хит со Етно Мотиви)

3.САРА МЕЈС –„Небо“ – (Радиски Диско хит)

4.ВИКТОРИЈА ЛОБА – „Дојди“ – (Радиски Поп хит)

5.ДНК – „Невозможна мисија“ - (Ар Ен Би хит)

6.КРИСТИНА АРНАУДОВА – „Љубена“ - ( Најдобта Радиска балада)

7.ТЕА И ПАНЧО – „Рушевини“ – (Партнерство за Хит)

8. АЈ КЈУ – „Мојот крал“ – (Радиски Хит изведен од група)

 9.НАТАША МАЛИНКОВА – „Хеј мама“ - (Радиски Хит изведен од женски вокал)

 10.ЛОЗАНО – „Ова лето ќе се памти“ – (Радиски хит изведен од машки вокал + Апсолутен радиски хит+ Најдобар текст на песна)

 11.НЕКСТ ТАЈМ – „Слушам кај шумат шумите“ – (Најдобра преработка)

 12.МЕМОРИЈА – (Награда за трајни вредности)                                              

  Имено, на сцената од познатите ТВ и радио лица се појавијa новинарите и водители кои изминативе години се запишани во историјата на фестивалот, а за јубилејот организаторот ги собра сите заедно на истата сцена да ја заокружат приказната за која велат дека имаат само убави спомени и се горди што некогаш биле дел од неа.
Па така, меѓу оние кои ја имаа честа да ги поделат статуетките и да евоцираат спомени од некогаш беа: Марина Костовска, Снеже Велков, Миа Костова, Марко Марк, Ване Маркоски, Димитар Атанасовски, Миланка Рашиќ, Елена Стојановска, Александра Јовановска и Живкица Каленикова. Минатогодишната водителка од сцената, Слободанка Марковачева,  која и изминатите три години беше дел од приказната на МАРС, годинава само го позајми својот глас за најавната шпица на фестивалот, но изостана нејзиното учество во живо на сцената поради оправдани причини. Годинава 10-то јубилејно издние се разликуваше и по тоа што изостанаа гостите од регионот, кои секоја година добиваа статуетка за регионална популарност, бидејќи фокусот целосно им беше насочен само на домашните изведувачи.
Крајот секако беше резервиран за значајната категорија за трајни вредности која заслужено им припадна на членовите од групата „Меморија“, кои изјавија дека оваа нагрда им е  поттик дека ќе траат повеќе, а не заобиколија да го акцентираат и куриозитетот на вечерта со тоа што на сцената го повикаа проект менаџерот и наедно првиот тапанар на „Меморија“, Антонио Димитриевски кој со силна емоција во гласот кажа дека вредностите траат и ќе треаат, токму како „Меморија“, како МАРС, а исто така го најавија и концертот кој ќе се случи на 18-ти месецов во Метрополис арена.
Инаку, за разлика од минатата година, ова издание на фестивалот покрај присутните во салата на МОБ, можност да го проследат ова големо домашно музичко случување имаа и гледачите на првиот канал на Македонската телевијата која емитуваше пренос во живо. Се на се, МАРС уште еднаш покажа и докажа дека може да се истрае во секакво време, па дури и кога е најтешко, бидејќи македонакта музика ако не ја вреднуваме и цениме од дома, тоа се потешко може да се случи надвор. [gallery link="file" size="full" ids="3642,3641,3640,3638,3639,3633,3634,3636,3635,3637,3632,3631,3630,3628,3629,3626,3627,3624,3625,3623,3622,3621,3620,3619,3618,3617,3615,3616,3614,3613,3612,3611,3609,3610,3608,3607,3605,3606,3604,3603,3601,3602,3600,3599,3598,3597,3595,3596,3594,3592,3593,3591,3590,3589,3588,3586,3587,3585"]  ]]>