статуа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 13:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png статуа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шакира доби статуа во родниот град: Статуата е висока 6,5 метри (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-dobi-statua-vo-rodniot-grad-statuata-e-visoka-6-5-metri-foto/ Wed, 27 Dec 2023 13:10:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332717

Познатата колумбиска пејачка Шакира се пофали дека добила своја статуа во нејзиниот роден град Баранкила. „Ваков почит... Ова е премногу за моето мало срце“, напиша Шакира на објавата на Инстаграм. Нејзините родители го посетиле местото каде што се наоѓа статуата, а поводот бил уште поголем бидејќи  мајката на Шакира, Нидија тој ден го прославувала својот роденден. - Среќна сум што можам да го споделам ова со моите родители и особено со мајка ми на нејзиниот роденден“, напиша пејачката. За време на откривањето на статуата, им се придружија градоначалникот и браќата и сестрите на Шакира.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Shakira (@shakira)

Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира, во бикини и долго лелеаво здолниште. Пред статуата има и плоча со текст на шпански. Како што пишува, статуата е изработена од бронза и е висока шест и пол метри. На долниот раб на здолништето има набори кои ги симболизираат брановите на морето и реките. Статуата ја направи уметникот Вино Маркес со помош на студенти од уметничко училиште.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Shakira (@shakira)

„Срце што компонира, колкови што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги движи масите и боси нозе што чекорат во корист на детството и хуманоста“, е реченицата што стои на врвот на плочата, пренесува Индекс. Фото: Printskrin/Instgaram/shakira]]>

Сталоне откри какво необично барање имала Адел кога ја купувала палата во Беверли Хилс (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/stalone-otkri-kakvo-neobichno-barane-imala-adel-koga-ja-kupuvala-palata-vo-beverli-hils-foto/ Thu, 22 Jun 2023 06:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307187

Актерот Силвестер Сталоне пред година ипол објави дека ја продава својата величествена палата во Лос Анџелес. Вилата е дизајнирана од Едвард Гранцбах, а изградена е во 1994 година и има повеќе од 1700 квадратни метри. Иако првично сакаше да ја продаде палатата за 110 милиони долари, тоа не му успеа. Имено, тој го продаде својот имот за 58 милиони долари на англиската пејачка Адел (35) Минатата година таа  го купи замокот во Беверли Хилс чиј претходен сопственик беше актерот Силвестер Сталоне (76) Сталоне требаше да ги исели своите работи, но Адел сакаше статуата на Роки, херојот на филмот што го прослави актерот, да остане таму каде што е – во дворот покрај базенот. Во спротивно немало да ја купи куќа. „Таа ми рече дека ако ја извадам статуата од двор, договорот се прекинува“, рече Сталоне со насмевка за американските медиуми и додаде: „Адел има добар вкус.“ Актерот откри дека статуата се наоѓа кај базенот и е моделирана по сцената кога Роки се качува по скалите на музејот во Филаделфија. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Коби Брајант и Џиана добија статуа на местото на несреќата: „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“ https://arhiva.vistina.com.mk/kobi-brajant-i-dziana-dobija-statua-na-mestoto-na-nesrekjata-heroite-doagjaat-i-si-odat-no-legendite-se-vechni/ Thu, 27 Jan 2022 13:41:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236590

Легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана добија бронзена статуа поставена на местото на хеликоптерската несреќа во која го загубија животот заедно со уште седум лица. Скулпторот Дан Медина испрати порака дека „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“, а на статуата ги испиша имињата и на останатите загинати. Таткото и ќерката се облечени во кошаркарска униформа, Коби го носи легендарниот дрес на Лејкерс со број 24, додека Џиана ја доби 8 која Брајант ја носеше на почетокот на неговата кариера. Многу навивачи и обожаватели на кошаркарската легенда веќе на ова место положија цвеќе. Хеликоптерската несреќа се случи на вчерашен ден пред две години.  ]]>

Игор Џамбазов дочека дедо му Петре Прличко „новокомпонираните скопјанки“ наместо како актерска легенда, да го третираат како сексуален објект: Се сликала како раката на бардот, да ја фаќа за задникот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-docheka-dedo-mu-petre-prlichko-novokomponiranite-skopjanki-namesto-kako-akterska-legenda-da-go-tretiraat-kako-seksualen-objekt-se-slikala-kako-rakata-na-bardot-da-ja-fakja-za-zadnikot-f/ Mon, 02 Nov 2020 07:28:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165968

Игор Џамбазов ја живее својата втора младост. Македонскиот актер, водител и шоумен, откако „одблизу ја запозна“ планинарката Илина Арсова, доживува тотална реинкарнација на животот во секој поглед... Особено во љубовниот. Размена на нежности, љубов и разбирање, хармонија на душата, спокој на умот и растрепереност во срцето - нешта што веројатно заедно, на едно купче, оддамна ги немаше почувствувано. НО, како велат: „За секое грнче има капаче“, па така и за Џамбазов се најде “сродна душа“ да го слуша... Или тој неа, сеедно. Важно да им е убаво. Но, додека Игор и Илина во природна дивина ги уживаат исконските убавини на взаемната љубов, неговиот покоен дедо, македонската и екс ЈУ актерска легенда, бардот на театарското, филмското и ТВ глумиште Петре Прличко и покоен не го оставаат на мира. Игор додека во стилот на наговиот идол Раде Шербеџија рецитираше стихови од  Константин Миладинов, веројатно алудирајќи  на автобиографските спомени од еден дел на својот некогашен живот,  налета на фотографија на која една од „новокомпонираните скопјанки“ повеќе од непристојно, да не речеме срамно се понесе кон неговиот покоен дедо, Петре Прличко.
 
View this post on Instagram
 
Константин Миладинов

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Имено, на фотографијата која Џамбазов ја соделил се гледа млада девојка која „натртена“  со задникот и се нуди на раката на статуата на покојниот македонски актерски бард, поставена крај кејот на Вардар во близина на новиот театар , да ја пофати за га*ето! Патем окезена од уво до уво, среќна што „ниските страсти“ ќе си ги задоволи, ако не поинаку, барем визуелно... на фотографија! За спомен и долго сеќавање, на неизмерната глупост и сопствениот примитивизам! На тоа Џамбазов во својот коментар покрај објавената фотографија на Инстаграм, само кусо додал: „Ех, дедо беее...“, веројатно сакајќи да каже  до кое дереџе стигнавме, без подетално да ја коментира„скопската мераклика“, ако  воопшто е скопска, која оние што ја познаваат бргу ќе ја препознаат, ама на сите едно им е јасно: Очигледно на девојката очајно и недостасуваат две важни нешта - елементарна култура и... момче! До душа, не е прв пат некоја од „напалените новокомпопнирани скопјанки“ своите потреби јавно да ги искаже на ваков начин. Колку за потсетување, фотографијата на „напалената тигрица“ која додека со две раце му ја држеше, се сликаше како му ја лиже опашката на еден од лавовите на скопската фонтана на плоштадот Македонија! Тогаш опашката на лавот, сега раката на актерот... Што ли е следно? Можеби токму она што некој го напишал во коментарите под срамната фотографија на сексуалниот акт кон статуата на легендарниот Прличко: „Ме чуди само како мачево, не се надена на бастунчето?“ Ама, како тргнало...    ]]>