стартува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Oct 2022 11:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стартува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стартува новата 6-та сезона на “Мое село со Томче” на ТВ Сител https://arhiva.vistina.com.mk/startuva-novata-6-ta-sezona-na-moe-selo-so-tomche-na-tv-sitel/ Wed, 05 Oct 2022 11:51:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270211

Години наназад на националната Телевизија Сител во рамки на утринската програма  „Ја сакам Македонија”, во вторник и четврток, ја емитува и добро познатата репортажа „Мое село со Томче” која што главна и основна цел е промоција, презентација и запознавање со македонските села и сите оние помали и поинтересни места во нашата држава кои заслужуваат да бидат претставени и видени од македонската јавност и публика. По неколку месечна пауза, како впрочем и сите другите телевизиски проекти, така и овој стартува со почетокот на месец октомври и тоа со нови села, нови авантури и доживувања, нови селски средини и запознавања со се она што изобилува и е дел од нашата мила и прекрасна Македонија. Денес, 05. октомври 2022 г. во емисијата “Магазин” гостин беше токму уредникот и водител Томче Јосимовски. Тој меѓудругото раскажа за тоа како се одвива едно снимање, колку време е потребно истото да се реализира и секако низ што се поминува екипата за време на снимањето на репортажата. „Кога започнав, започнав со многу елан и ентузијазам да го работам ова. Кога се подготвуваме да работиме, односно, да снимаме една репортажа се снима многу повеќе материјал отколку што реално се емитува во самата репортажа. Мора да се одбере она што е најинтересно од селото, и се започнува со снимање во раните утрински часови. Многумина знаат да ме прашат: 'Кога одиме на снимање, кога ќе снимаме, ќе дојдеме, како ќе биде, ќе биде половина саат-саат…?' Не, тоа може вака делува два пати по 30-на минути на телевизиските екрани кога се емитува, меѓутоа, кога станува збор  да се собере материјал да се направи одлична репортажа, мора да отидеме на терен цел еден ден да бидеме со луѓето од село затоа потоа и таква ни е комуникацијата со луѓето и сме блискисо нив. Јас со поголемиот дел од луѓето со кои се имам сретнато ја продолжувам комуникација и после снимањето, се слушаме, како сме, што правиме… Едноставно, на некој начин стекнуваме блискост во тој ден додека сме таму со нив, цел ден го поминуваме заедно”- изјави Томче во емисијата “Магазин” и додаде: “До сега колку што јас имам искалкулирано и истражувано,  во петте сезони што поминаа во 'Мое село со Томче' сме поминале околу 220-230 села кои што се комплетно снимени и емитувани во програма. А во новата 6-та сезона, мислам дека ќе стасаме до 270 села до крајот на оваа сезона. Генерално во Македонија има околу 500 до 600 села каде што може да се отиде и да се направи прекрасна репортажа. Тоа значи дека во наредните сигурно уште 6-7 години нема да можеме да ги испоприкажеме сите села и да го испрезентираме сето она што го има во Македонија како убавини и како труд, затоа што не знаете во одредени моменти во одредени ситуации доаѓаме до луѓе кои што се со голем елан и желба да си го презентираат селото, да покажат што има, да ги кажат сите детали што ги има, а ние не можеме се во моментот да евидентираме и да опфатиме и го одбираме само она што е поинтересно”.]]>

50-то јубилејно издание на „Мајските оперски вечери“ започнува на 9-ти мај 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/50-to-jubilejno-izdanie-na-majskite-operski-vecheri-zapochnuva-na-9-ti-maj-2022/ Wed, 20 Apr 2022 12:13:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247183

“Наметнувајќи се како културен симбол на современието, оперската манифестација „Мајски оперски вечери“, која благодарение на својот профил и специфика ги надминува границите на нашата земја и високо се позиционира во меѓународната сфера, годинава одбележува 50 години постоење. Изминатите педесет години, на фестивалските програми ги содржи најатрактивните дела од европската музичка литература (оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија рустикана“ и др., како и балетските ремек дела „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Дон Кихот“…), задоволувајќи го со тоа вкусот и на најрафинираните почитувачи на оперската и балетска уметност. Поголемиот дел од нив се долги години присутни на редовниот репертоар на националната куќа и на публиката ѝ се мошне омилени, а застапени се и ретко изведувани и помалку познати наслови, кои заедно креираат богат корпус, разновиден од аспект на стилските особености, жанровската определба и авторската инвентивност. На фестивалската сцена, изминатите пет децении дефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство, која дава исклучителен придонес за ексклузивитетот и атрактивноста на самата манифестација. Така, од сцените ширум Европа (застапени се речиси сите европски држави) и светот (Америка, Африка, Азија и Австралија), директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат голем број извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти, а со особено висок професионален пристап, бравурозни перформанси прикажуваат и македонските уметници, кои, секој во своето време од сценската актива, комуницирајќи со грациозноста на изведувачкиот израз, оставаат траен белег во колективната меморија на манифестацијата”, велат од Македонската опера и балет. Во продолжение погледнете го прегледот на програмата на јубилејното 50-то издание на „Мајските оперски вечери“ по датуми и денови на одржување на претставите: 50 „Мајски оперски вечери“ - Програма 9-ти мај 2022, почеток 20 часот Свечено отворање / премиера „Норма“ – Винченцо Белини 11-ти мај 2022, почеток 20 часот „Норма“ – Винченцо Белини ОФФ програма 14-ти мај 2022, почеток 20 часот „Госпоѓиците од Авињон“ (балетска претстава) 18-ти мај 2022, почеток 20 часот „Лучија од Ламермур“ – Гаетано Доницети 21-ви мај 2022, почеток 20 часот „Жизел“ – Адолф Адам (балет) 26-ти мај 2022, почеток 20 часот „Турандот“ – Џакомо Пучини 31-ви мај 2022, почеток 20 часот „Аида“ – Џузепе Верди]]>

„Бекстејџ“ се сели на „Телма“: Стартува 12-тата сезона, на најгледаниот естраден ТВ магазин (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-se-seli-na-telma-startuva12-tata-sezona-na-najgledaniot-estraden-tv-magazin-video/ Mon, 14 Sep 2020 13:12:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166932

Нова сезона, нови предизвици, нови дружби со познатите... „Бекстејџ“ и официјално ја стартува својата 12-ка на Телма телевизија, а во премиерното издание ќе гледате: Ексклузивно ве носиме на снимањето на вториот дел од филмот „Јужни ветар “ - Време е за „Забрзување“ и ново торнадо предизвикано од протагонистите на ова филмско остварување кое ги сруши сите рекорди на гледаност во регионот! „Бекстејџ“ пранк - Инфлуенсерите и не се толку пребирливи како што се претставуваат - За „ситни пари“ и добра компензација во состојба се да рекламираат се и сешто! Директно од Веспрем, вклучување на ракометарот Дејан Манасков - „На Инстаграм си фатив девојка за сериозно!“ Ви посакуваме добар ден во 16 часот и 15 минути и добра ноќ во 22 часот и 15 минути! „Бекстејџ“ на Телма! Не не пропуштајте! ]]>

Стартува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе биде жири и кои новитети ќе ги содржи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/startuva-novata-sezona-na-dzvedite-na-grand-i-eve-koi-noviteti-kje-gi-osdrzi-foto/ Sat, 08 Sep 2018 09:26:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46972

Емисиите од новата сезона на "Ѕвездите на Гранд" почнуваат да се снимаат во понеделник, а во студиото на "Гранд" на Кошутњак се одржа состанок на главните ѕвезди на овој натпревар, во кој беа вклучени Снежана Ѓуришиќ, Марија Шерифовиќ и други. На состанокот не присуствуваше Аца Лукас, ниту Драгана.
Она што се дозна од состанокот  е дека во новата сезона ќе има неколку новини. Според Снежана Ѓуришиќ, жирито останува непроменето. „Жирито не се менува. Она што е добро не треба да се менува. Она што го знам е дека остануваме сите ние што жириравме во претходните две сезони“ - рече Снежана Ѓуришиќ.
„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија, која во голема мера е веќе завршена. Друга новина во  шоуто е тоа што учесниците ќе имаат свои ментори и тоа од членови на жирито.
Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Кужет.]]>