староста доаѓа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Mar 2018 14:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png староста доаѓа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гуру Харе и Игор Џамбазов констатираа – „Староста доаѓа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-igor-dzambazov-konstatiraa-starosta-doagja-video/ Mon, 05 Mar 2018 10:20:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14765

Македонскиот ТВ водител, актер и шоумен Игор Џамбазов и неговиот блуз гуру, Игор Атанасовски алиас Гуру Харе со уште една заедничка соработка. Овој пат во темата која веројатно и автобиографски полека почнува да ги допира, насловена „Староста доаѓа“.
Ниту престари за „пензија“, а уште помалку за рок ен рол, Харе и Џамбазов направиле извонреден спој на џезот и блузот, каде во синтезата на овие два правци провејува одличниот текст и стиховите кои како и музиката, ги напишал самиот Гуру Харе.
Кога на сето тоа ќе му се додаде емотивниот и полн со патина, но сепак  смирувачки вокал и театралната изведба на мајсторот Џамбазов, кој на ионака одличниот инструментален амбиент на песната и вдахнал душа, тогаш се добива ретко квалитетен производ кој не може баш секојдевно да се слушне... Барем не на нашиве простори.
Харе и Џамбаз покажале дека се уште го имаат блузот во вените, но дека и останатите музички форми како смут или лајт џезот не им се туѓи, како надополнување за создавање на единствена амбиетално-звучна слика... Нешто како J. J. Cale и Leonard Cohen  во едно, на македонски начин. А за истата таа слика да биде комплетна, се погрижиле режисерот и монтажер Огнен Шапковски и екипата од Мелем продукција, чија визуелизација на амбиентот созадава единствена претстава не само за уши, туку и за очи!

Како што веќе споменавме, музиката и текстот се на: Игор Атанасоски Харе, вокалот на Игор Џамбазов, гитарите ги свири  - Игор Атанасоски Харе, бас - Трајко Симоновски Таци, тапани - Златко Михајловски Бумбар. Сето тоа е  снимено кај Таци, а миксано во студиото „Тралала“ кај Мите Димовски.

Видеото го реализирала споменатата „Мелем продукција“ - режија и монтажа: Огнен Шапковски,  директор на фотографија: Кристијан Теодоров, прв асистент: Борис Јосифовски, втор асистент.  Александар Ивановски, визуелни ефекти:  Иван Куртевски, сценографија: Влатко Чачоровски, а фотограф на сет бил Стефан Дамјаноски. Гафер: Иван Ѓоршев,  шминката е на Елена Евгенија, а возач бил Јоцо Караѓорѓевиќ.

Како звучи и изгледа кога „Староста доаѓа“ проследете премиерно во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=32iiCgd0JDM&feature=youtu.be  ]]>