старост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Mar 2024 12:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png старост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали слушате добро за вашата возраст? Направете го овој тест https://arhiva.vistina.com.mk/dali-slushate-dobro-za-vashata-vozrast-napravete-go-ovoj-test/ Wed, 06 Mar 2024 13:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341347

Како што старееме, нашето сетило за слух започнува да слабее па ние не слушаме така добро како што сме слушале некогаш… Во видео тестот од неколку секунди проверете дали слушате доволно добро за своите години. За разлика од органите како црниот дроб и кожата, внатрешното уво нема способност за регенерирање, што значи дека со текот на годините неповратно се троши.   Во човековото уво се наоѓаат илјадници нервни клетки за слушање благодарение на кои можеме да слушнеме звукови со различни фрекфенции.   Во краткото тест видео проверете дали вашето сетило за слух работи доволно добро за вашите години. Извор: Попара]]>

Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plivashe-po-krstot-zashto-toa-ne-e-toj-praznik-ama-satisfaktsijata-e-pogolema-da-se-kapesh-na-badnik-snezhe-velkov-na-starost-polude-gi-izmesha-pravoslavnite-praznitsi-ili-pobrza-da-gi-slavi-vodits/ Fri, 19 Jan 2024 09:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334710

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал - сеедно... Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото. Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство. Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење. Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка... Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија. Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш... До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака - не е тешко. Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и... Еден, два, три... Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови! Но, неееее... Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник! Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици? Што и да е... “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ - што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се' на се' - Среќни празници!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Александар Тарабунов во временска машина: Пејачот се соочи со староста предвреме (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-vo-vremenska-mashina-pejachot-se-soochi-so-starosta-predvreme-foto/ Mon, 04 Dec 2023 08:35:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329652

Современата технологија во денешно време овозможува да видиме и направиме нешта кои порано биле незамисливи. Па така, ако некогаш дамите мораше да бидат нашминкани за да изгледаат совршено или помладо пред објектив од мобилен, тоа веќе не е потребно покрај многуте филтри кои ги овозможуваат постоечките платформи на актуелните социјални мрежи. Филтрите ги користат многумина, едни поради забава, а други со редовна пракса од секојдневието. Филтрите постојано се усовршуваат, а евен таков кој функционира како временска машина кон иднината во поглед на изгледот ја проба и пејачот Александар Тара. Го стисна копчето за старт, чекаше, чекаше се до далечната 2073 година, односно 50 години подоцна кога тој би имал дури 84 години. Оригинално и необично, а исто така и предизвукувачки за проба. Тара не сакаше да замине подалеку, доста му беше само блиц поглед на деветата животна деценија, па се врати назад на своите убави 34 години полни со свежина, енергија и виталност. фото: instagram printskrin/ aleksandartarabunov]]>

Мадона без филтри изгледа непрепознатливо: Лицето и е „испеглано“, но рацете не ги покажува (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/madona-bez-filtri-izgleda-neprepoznatlivo-liceto-i-e-ispeglano-no-racete-ne-gi-pokazuva-foto/ Tue, 27 Sep 2022 11:27:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268893

И додека веќе подолго време ја „провоцира“ јавноста со слики на Инстаграм, сега можеме да ја видиме Мадона онака како што навистина изгледа. Нејзиното лице изгледа замрзнато и отечено, додека истото не може да се каже за нејзините раце на кои им недостасува мазноста како на нејзиното лице Во последно време многу се пишува за поп дивата Мадона, но причината повеќе не се нејзините завидни успеси во кариерата, туку нејзиниот физички изглед кој не престанува да ја интригира јавноста. На 64-годишна возраст таа сè уште има тело на кое и позавидуваат жените двојно помлади од неа, но нејзиното лице е сосема друга приказна. Покрај тоа што целосно се изобличува со ботокс и филери, таа користи силни филтри на социјалните мрежи за да изгледа како 20-годишна девојка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Madonna (@madonna)

Меѓутоа, кога ќе ги погледнете папарацо фотографиите, се станува јасно за неколку секунди. Сепак, најголемата иронија е нејзината сегашна зависност од пластични операции, на кои некогаш жестоко се спротивставила. "Никогаш не би подлегнала на естетска операција. Самата помисла некој да те заспие, а потоа да те нападне со нож за да те разубави, ми се гади. Мојот изглед им го должам на гените и здравиот начин на живот", изјавила таа пред неколку години. На последните фотографии направени по едно ноќно излегување во Њујорк, можеме да го видиме нејзиното вистинско лице кое упорно го крие, но не може засекогаш да побегне од објективите на фотографите. Операциите на нејзиното лице минатата година ги анализираше познатиот пластичен хирург Гери Линков, кој изјави дека Мадона оперирала сè што можела. Тој проценува дека од 1982 година таа направила три фејслифтинзи, три пати ги подигнала веѓите, а двапати и очните капаци и вбризгувала филери додека не „пукнат“. Хирургот не го исклучува фактот дека работела и на забни импланти, но и го отстранувала вишокот маснотии.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Madonna (@materialall)

И додека го средува своето лице во апликации, често заборава да ги среди рацете, а тие не можат да ја сокријат возраста. Освен ако не сте Мадона, па одлучите да ги скриете со ракавици. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Мадона/Профимедиа]]>

Запознајте ја најстарата мачка на светот: Има 34 години и сè уште се држи https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-ja-najstarata-machka-na-svetot-ima-34-godini-i-se-ushte-se-drzi/ Thu, 01 Apr 2021 12:20:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197109

Сијамската мачка, Бака Вад, во моментов е најстарата жива мачка во светот на возраст од 34 години. Ако го преведеме тоа на „јазикот на мачки“, тоа значи дека има 160 мачешки години. Кога ја каснала скитничка мачка во 1987 година во една покраина на Тајланд, Бака Вад била посвоена од Вана Кодкарис. Двете станале неразделни од тој ден. Според Вана, мачката никогаш не покажала знаци на сериозно физичко заболување. Пред неколку години, кучињата и ги гризнале задните шепи. Таа имала повреди на коските кои сè уште се забележуваат. Последните години станала малку побавна, но сепак добро се држи. – Кога беше млада беше многу енергична. Таа постојано трчаше по овоштарниците и бркаше влекачи и инсекти. Таа е сè уште многу симпатична, но кога некој ќе ја испровоцира, таа се претвора во вистинско sвер – рече Кодкарисева и додаде:   – Баба Вад е со мене од мојата 25 година и искрено се надевам дека ќе живее уште многу години. Јас редовно ја носам на ветеринар и добро ја хранам. извор:курир.мк]]>

Косата не ви побелува од старост, туку од стрес! https://arhiva.vistina.com.mk/kosata-ne-vi-pobeluva-od-starost-tuku-od-stres/ Wed, 25 Sep 2019 11:54:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109003

Ако сте забележале дека ви побелува косата, единствена работа која што треба да ја направите е да се опуштите! Имено, научниците откриле дека не е во прашање стареењето, туку стресот. Научниците откриле дека келиите кои што се задолжени за пигментот кој им дава боја на нашата коса, исчезнуват кога телото и хормоните се изложени на стрес. Истражувањето не направено врз глувци и покажало дека влакната на животните почнале да побелуваат оној момент кога биле изложени под стрес. За жал оние кои што ја изгубиле бојата на косата, келиите кои што го создаваат пигментот не можат да се регенерираат, така што коста останува побелена.]]>

Интернетот полуде со новата апликација: Цеца, Карлеуша, Пријовиќ, Луна….вака ќе изгледаат на старост https://arhiva.vistina.com.mk/internet-polude-so-novata-aplikacija-ceca-karleusha-prijovikj-luna-vaka-kje-izgledaat-na-starost/ Wed, 17 Jul 2019 10:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98012

Корисниците на социјалните мрежи полудеа со новиот тренд односно со апликацијата која додава години и со која може да видите како ќе изгледате во старост. Фотографиите на кои луѓето изгледаат постаро ги преплавија социјалните мрежи. Меѓу нив и јавните личности кои одлучија да ја пробаат оваа апликација. Тие со користење на оваа апликација покажаа како ќе излезат за неколку години. Меѓу нив се Наташа Бекевалац, Александра Пријовиќ, Цеца Ражантовиќ, Луна Џогани, Јелена Карлеуша. Во продолжение погледнете, па оцените колку ќе се променат познатите. Kaтарина Грујиќ
  Цеца
Јелена Карлеуша
Алекснадра Пријовиќ
Луна Џогани
Наташа Беквалац
фото: Курир.рс]]>

20 работи за кои во староста ќе се каете ако не сте ги направиле https://arhiva.vistina.com.mk/20-raboti-za-koi-vo-starosta-kje-se-kaete-ako-ne-ste-gi-napravile/ Wed, 27 Mar 2019 13:15:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79666

Каењето е чудно чувство и обично се однесува на работите кои не сме ги изговориле, шансите кои сме ги пропуштиле или луѓето кои не сме ги ценеле доволно. Ова се некои од причините поради кои ќе се каете доколку не ги направите навреме: Не сте патувале доволно Не сте научиле некој странски јазик Сте се плашеле да започнете нешто ново Сте ги игнорирале здравствените проблеми Сте ја мразеле вашата работа, а не сте направиле ништо да ја промените Не сте посветиле доволно внимание на образованието Не сте биле задоволни со себе Не сте говореле доволно „Те сакам“ Не сте ги слушале вашите родители Повеќе сте правеле за другите отколку за себе Предолго сте чувствувале бес кон некого Не сте се бранеле себеси и своите верувања Не сте го завршиле она што сте го започнале Сте се дружеле со погрешни луѓе Сте се грижеле за мислењето на другите Премногу време сте поминале на телефон или компјутер Сте ги сфаќале луѓето здраво за готово Не сте ја слушале својата интуиција Не сте ги следеле своите соништа Не сте го посетиле пријателот или роднината пред смртта извор:среќа.мк]]>

Што ве очекува по 40-тата година од животот според хороскопскиот знак? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-ve-ochekuva-po-40-tata-godina-od-zivotot-spored-horoskopskiot-znak/ Wed, 05 Sep 2018 12:40:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46248

Во одреден момент од животот, кај секого се случува некаков очекуван или неочекуван пресврт. Астрологијата успешно може да предвиди што би можело да се случува во животите на луѓето, врз основа на хороскопскиот знак. Прочитајте дали зрелоста ви носи нови искуства, мудрост, среќа или можеби, носталгија и тага по младоста. Овен Самата помисла на стареење предизвикува ужас кај вас. Но, немате причина да се грижите, бидејќи Марс, планетата на енергијата, владее со вашиот знак. Поради тоа, никогаш нема да ви недостига енергија. Кога ќе го поминете прагот на зрелоста, можно е да ви треба повеќе сон отколку што сте навикнати. Како што ќе поминува времето, така ќе бидете сè посигурни во себе, а вашите ставови ќе бидат посилни. Со текот на годините ќе расте и вашиот углед, особено доколку во младоста научите да ги контролирате импулсивноста и темпераментот. Бик Најмногу се плашите од тоа дека вашата привлечност може да се намали. Сепак, вашите вистински квалитети лежат токму во шармот и дружељубивоста, кои се безвременски карактеристики. Со вас управува Венера, планетата на љубовта. Вие ќе умеете да ги направите среќни оние кои ги сакате. Иако вашиот изглед ќе се менува, никаде нема да поминете незабележано. Во зрелоста ќе ја воспоставите стабилноста која ја немавте во текот на младоста. Близнаци Припадниците на овој знак воопшто не се воодушевени од помислата дека времето поминува. Но, нивниот владетел Меркур им дава доволно логика, разум и интелигенција, па затоа Близнаците разумно ја прифаќаат зрелоста. Сè додека сте отворени и сестрани, никој нема ни да ги забележи вашите години. Во зрелоста ќе успеете да си дозволите многу нешта кои не можевте во младоста, затоа што ќе имате и повеќе време, но и повеќе пари. Рак Дури откако ќе зараснат сите љубовни рани од младоста, припадниците на овој знак ќе можат да почнат да уживаат во животот. Со нив управува Месечината, симбол на домот, па тие имаат силен родителски инстинкт и многу се пожртвувани кога е семејството во прашање. Откако ќе успеат да основаат свое, ќе сфатат дека зрелоста им носи пријатни моменти во кругот на семејството. Годините ќе ги направат помудри и поискусни и можат да донесат поголем углед и материјална сигурност. Поради тоа ќе се чувствуваат безбедно и среќно. Лав Кај нив ќе дојде моментот кога ќе сфатат дека не се тие центар на вниманието, туку помладите. Тоа воопшто не им одговара, бидејќи Сонцето носи виталност и енергија за овој знак. Во текот на годините ќе стекнат почит и авторитет во своето опкружување, а ќе се намалат шансите да направат фатални грешки поради своето его и гордост. Девица Со овој знак владее Меркур, па така ни во зрелите години не се намалува љубопитноста на Девицата. Припадниците на овој знак не стареат лесно, имаат младешки изглед и комуникативност, но со текот на годините ќе го стеснат кругот на пријатели само на оние со кои навистина сакаат да поминуваат повеќе време. Зрелите години може да ги искористат за напредок во кариерата, за почеток на приватен бизнис, но и за поголема грижа за здравјето и парите. Вага Венера им помага на Вагите да изгледаат младолико дури и кога ја надминуваат 40-тата. Шармот е природен дел од нивната привлечност, а со текот на времето тој расте и расте. Треба да внимаваат на вишокот килограми, за да не си предизвикаат здравствени проблеми. Затоа, препорачливо е да не го намалуваат интензитетот на физичките активности, дури и ако се премногу мрзливи за тоа. Шкорпија Овој знак е под директно влијание на Плутон, па затоа и најпрво ја перципираат мрачната страна на стареењето. Но, поради аналитичкиот дух и смислата за хумор, тие лесно можат да се изборат со годините и да се навикнат на мудроста што ја стекнуваат. Сепак, тие секогаш ќе сакаат младоста да се врати, а таа желба може да им донесе повеќе љубовни страдања и грижи за работата, при што најмногу страдаат финансиите. Стрелец Стрелецот е знак на младоста, па лесно може да се онерасположи уште на првата брчка на челото. Но, благодарение на Јупитер, тие ќе развијат филозофски став кон стареењето, со тоа што ќе го задржат оптимизмот и младоста на душата. На нивната виталност можат да завидуваат сите останати претставници на хороскопските знаци. Зрелоста им дава можност да ги согледуваат нештата на многу повисоко ниво отколку што го правеле тоа во младоста. Јарец Планетата на зрелоста, знаењето и амбициите, Сатурн, не дозволува Јарецот да жали за младоста и да падне во депресија уште на првото бело влакно во косата. Уште во младоста Јарците имаат позрели желби и цели за разлика од своите врсници, но во зрелоста уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа, знаењето и искуството. Водолија Тие не се плашат само од стареењето, што е во природата на овој знак управуван од Уран, планетата на иднината и промените. Дури и во зрелите години остануваат ментално млади, креативни и уникатни во тоа што го прават. Сепак, мора посериозно да се грижат за здравјето, да одмараат повеќе, да се хранат правилно и да имаат редовна физичка активност. Риби Годините кои поминуваат сè побрзо и побрзо, кај Рибите создаваат необјаснив страв на кој ни самите не можат да му го најдат коренот. Тие мораат уште во младоста да се погрижат за здравјето и финансиите, за да не мора да се грижат во зрелата возраст. Врз нив влијае Нептун, планета на емотивноста и сочувството, особини кои со тек на времето ќе станат поизразени кај претставниците на овој знак. Но, без разлика на возраста, сетилата ќе стануваат сè поизразени, па полесно ќе умеат да ги избегнат луѓето кои сакаат да ги искористат.]]>

Што кажуваат ѕвездите за вас – еве какви ќе бидете кога ќе остарите https://arhiva.vistina.com.mk/shto-kazuvaat-dzvezdite-za-vas-eve-kakvi-kje-bidete-koga-kje-ostarite/ Wed, 20 Jun 2018 11:20:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33440

Карактеристиките типични за некој астролошки знак во младоста понекогаш може да се претворат во својата спротивност “во староста”. Ви претставуваме анализа на карактеристиките, во согласност со хороскопот, од младоста па до староста. ОВЕН Во младоста: Младите припадници на овој знак на своите родители не им даваат мир. Тие се деца полни со живот и секогаш се во акција. Подготвени се на сите видови искуства. Ги интересира се, а најмногу ги интересира животот. Не чекаат да се впуштат во тоа што ги привлекува, па подобро е кон нив да бидете максимално отворени. Можат нагло да стапат во брак или цел живот да го избегнуваат. По природа се индивидуи и секогаш на својата жена или маж ќе подготвуваат различни возбудувања. Со нив животот е динамичен и никогаш не е досаден. Во старост: Може да продолжат со брзиот ритам, ако здравјето им го дозволи тоа. Тие тешко можат да водат мирен живот и ако им недостасува активност или возбудување, може многу да досаѓаат. Ако можат, до последниот момент од својот живот ќе се занимаваат со спорт. БИК Во младоста: Децата во знакот на Бик се многу мирни. Тие многу ги сакаат благите работи. Знаат да се додворуваат и да обземаат со шармот. Ако живеат во благосостојба, тогаш се среќни. Ако се сиромашни, нивното детство ќе биде запамтено како многу тежок период. Во брак воглавно стапуваат од љубов или поради материјален интерес. Парите им се важни како и саканата личност. Ќе избегнуваат брак со личност која има слаба материјална состојба. Сакаат да уживаат во животот. Во старост: Ако се збогатиле, староста ќе ја поминат уживајќи во богатството. Не сакаат да делат по секоја цена. Доколку останат сиромашни, може да бидат исполнети со горчина и незадоволство. БЛИЗНАЦИ Во младоста: Движењето и контактот е тоа што ги радува Близнаците додека се деца. Овие деца мора постојано да се свижат за да го потврдат својот идентитет. Комуницираат со голема леснотија и затоа им е важно друштвото. Кога ќе проговорат, обично не ја затвараат устата. Ако се во врска, личноста со која се заедно мора да биде свесна дека на нив им е важен друштвениот живот. Патувањето и движењето меѓу луѓето е нешто што ги прави богати и среќни. Во старост: Во староста на нив им е важно да ги задржат контактите и да ги обноват старите, за да има со кого да разговараат. Доколку се осамени, тие се премногу несреќни. Ако нивниот партнер е друшвен, староста се него ќе биде многу забавна и исполнета со различни искуства, дали низ патувања, различни друштвени активности или оние од интелектуален карактер. РАК Во младоста: Ова чувствително дете често ги загрижува своите родители. Со него треба да се биде внимателен и нежен, но не да се држи под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го внесете постепени. Потребата за повлекување во светот на соништата и фантазиите е добра, но ако тоа го прави многу често треба да го охрабрите за некои отворени активности. Во бракот влегува кога има вистинска потреба да основа семејство. Повремената лабилност ќе настапи поради субјективни промени во расположението, а во длабочините на душата тие имаат зацртана цел. Во старост: Ако изградите стабилен дом и семејство, ќе имате пријатна старост исполнета со многубројни собирања на најблиските членови. Ако останете сами, ќе станете тажни и меланхолични. Овие луѓе се памтат, па поради тоа често живеат во минатото. ЛАВ Во младоста: Јас морам да бидам главен, а ако не сум ќе направам се за да го привлечам вниманието – така се однесуваат малите Лавови. Ако не им посветите внимание, тешко на вас. Некогаш треба малку да ги спуштите на земја и да ги подготвите за да не биде секогаш како тие што сакаат. За нив најголема навреда е кога некој ги игнорира. Влегувањето во брак мора да биде арогантно. Тие мислат дека бракот им носи некој статус. Сакаат сјај и раскош, а уште повеќе ја сакаат популарноста. Ако нема публика тогаш се несреќни. Во староста: Важно им е да се слушнало за нив и да се знае за нив. Ако нешто постигнале во состојба се со часови да кажуваат за своите достигнувања. Ако резултатите изостанале, се претвараат во личности кои се подготвени и да лажат да за покажат дека се нешто што не се. Кога ќе дојдат дома и сами ќе го анализираат својот живот, гордоста нема да им даде да признаат дека не успеале. ДЕВИЦА Во младоста: Тие се угледни и елегантни деца. Тие внимаваат на своите родители и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Обично се пример за другите со своето однесување. Родителите со нив немаат поголеми проблеми. Пред да стапат во брак ќе го “скенираат” партнерот и неговиот иден живот. Ќе се занимаваат со некои беззначајни детали. Има и такви кои на својата сакана личност или ситуација ќе и најдат недостаток и ќе го одложат бракот. Во староста: Со тек на времето стануваат вистински фармацевти. Ако имаат сложен брак ќе водат добар живот исполнет со организација. Ситниците кои за другите ништо не значат, за нив може да имаат смисла. Доколку Девицата во животот пропуштила нешто важно, кога ќе остари ќе приговара и ќе се жали. ВАГА Во младоста: Децата во знакот на Вага се во состојба да ги шармираат сите околу себе. На нивното лице постојано има насмевка. Без проблеми остваруваат контакти. Проблеми се јавуваат кога треба нешто да одлучат. Ако како пријател сакате да им помогнете, со својата неодлучност ќе ве доведат до лудило. Бракот им е нешто најважно во животот бидејќи тие на животот гледаат како на нешто што треба да се преживее во пар. Љубов и искреност, придружена со праведноста се нивните идеали. Во староста: Ако успеале во личните односи, ќе имаат хармонична старост и најверојатно во двојка. Ако останале сами ќе се чувствуваат осамено и ќе се обидуваат да ја најдат својата поубава половина. ШКОРПИЈА Во младоста: Сакаат да провоцираат додека се мали. Рушат стари модели за да направат нови. Некогаш се многу сериозни, а како деца не се емотивно врели и може да паднат во замка на одмаздата. Тука треба паметно да се насочат, а ако е потребно и да се запрат. Кога стапуваат во брак изгледаат најсериозни. Доследни се и не страдаат од плиткост и мрзеливост. Сексот им е важен и настојуваат постојано да го развиваат низ врски или брак. Во староста: Ако во текот на животот успеале да завладеат со сите промени, ако постигнале нешто што за нив е важно, староста ќе ја поминат длабоко размислувајќи за тоа што е зад нив. И тогаш ќе бидат активни колку што можат, дали во некој спорт или еротски игри. Ако се сами ќе се посветат на проучување на се што е сокриено, а посебно ќе се занимаваат со темата- смрт. СТРЕЛЕЦ Во младоста: Тоа се весели деца кои го исполнуваат животот на нивните родители. Со нив нема големи грижи, се се` одвива изедначено и постепено. Патувања доживуваат уште во детството. Мали проблеми може да настанат поради вишокот килограми, па треба да им се органичат благите работи. Кога стапуваат во брак, тоа го прават спонтано. Тие се умерени и урамнотежени, па сите мора да ги прифатат. Смислата за хумор кај нив игра важна улога во животот и им помага да  ги совладаат потешкотиите. Во староста: Кога ќе остарат некои се претвораат во вистински филозофи кои секогаш знаат да дадат мудар совет. Други, ако нешто важно пропуштиле во животот нема да бидат огорчени туку ќе се обидат тоа да го надвладеат со филозофија или хумор. ЈАРЕЦ Во младоста: Овој знак е обратно пропорционален во временскиот распоред на работите. Во детството и младоста тие се однеуваат како возрасни луѓе – многу се сериозни, малку груби и ладни. Позади се всушност се крие чувствителност, ранливост, амбициозност и потребата нешто да се постигне. Затоа внимателно се се` подготвува, организира и зрело и контролирано се однесува. Обично имаат одбрамбен став, а на училиште се паметни ученици. Во брак стапуваат само поради љубовта. Во староста: Кога ќе остарат настапува интересен пресврт. Целата сериозност и зрелост кои се појавувале во младоста, отстапуваат место на релаксираниот став, опуштеноста и веселбата. Тие се како виното. За луѓето во знакот на Јарец се вика “Во младоста старец, во староста дете”. ВОДОЛИЈА Во младоста: Овие деца обично се посебни или имаат некој специфичен талент. Сакаат да изненадуваат со различни лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Ако се толерантни и отворени, родителите ќе уживаат со својата мала Водолија. Важно е да не им се даде многу голема слобода. Бракот за нив е партнерство мешу двајца рамноправни луѓе и така живеат. Понекогаш во брак стапуваат нагло и на сосема неконвенционален начин или пак живеат како патници одржувајќи некои испрекинати врски. Во староста: Сакаат да истражуваат се што не успеале да постигнат. Секогаш смислуваат нешто ново и се многу забавни. Тоа е тие случаи кога жена на 80 години ќе полага за кола или ќе вежба јога. РИБИ Во младоста: Рибите се нежни деца кои често ги мешаат фантазијата и реалноста. Уметничката црта е нешто што треба да се негува, но во одредена мера. Треба да се учат реално да гледаат на животот. Очекуваат брак од љубов и подготвени се за идеализација на саканата личност. Ако имаат добар брак, тие се среќни личности. Во староста: Тие обично се предаваат на фантазијата, креативноста или уживаат во слободното време. Може да бидат малу збунети, зависно од карактерот, знаат и да одглумат. Ако сте со некој таков обидете се на неговата фантазија да и дадете корисна насока. извор:попара.мк]]>