староградска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 25 Feb 2023 10:06:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png староградска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 1-ви март: Кристијан Лукаров ќе ја промовира неговата староградска боемска балада „Скопска“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-1-vi-mart-kristijan-lukarov-ke-ja-promovira-negovata-starogradska-boemska-balada-skopska/ Thu, 23 Feb 2023 09:46:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290573

Новата песна и спот насловени „Скопска“, музичарот и пејач Кристијан Лукаров ќе ги промовира  во среда (1 март) во 13 часот во култната кафеана „Кај Вршац“ (спроти арена Тодор Проески во Скопје). Песната е направена во манир на староградска балада, емотивна приказна поврзана со боемштината и некогашните боеми а комплетен автор (музика, текст и аранжман) е Кристијан. Видео записот го потпишува Бранко Попчевски, камера е на Никола Китановски, продукцијата на студиото САН АРТ а главната улога ја има Ѓокица Лукаревски. „Скопска“ е топла, нежна балада што ќе ви го допре срцето и ќе ве потсети на најдрагите. Инаку, Кристијан во себе има сочувано спомени за боеми, тие му се постојана инспирација: целиот живот е во и со музиката, свири од 15 години, има завршено Музичка академија, неколку настапи на “Лешочки фестивал“ и „Валандовски фолк фест“, работи како музички педагог а во целата приказна за боемите и гените имаат вмешано прсти. Имено, таткото на Кристијан, Миле Лукаров, на пошироката јавност познат како дел од групата „Урнебес“ беше музичар и боем во вистинска смисла на зборот. Неговата „Боемска балада“, омилената на Кристијан, доби Гран При на „Серенада на Широк сокак“ во Битола во 2002 година. „Во годините на созревањето бев навлечен на џез, препознатлив преку „Боемска рапсодија“ на Квин и сакав да се докажувам“ - вели Кистијан. „Татко ми постојано велеше: напиши едноставна, а моќна песна. Таму е убавината. Многу години подоцна сватив дека е во право“. По се изгледа „Скопска“ е токму таква песна- моќна во искреноста, каде авторот со длабоката почит кон боемите се потпишува со точност во секој збор и секоја нота. „Скопска“ за Кристијан значи ново музичко поглавје и е најава за албумот што ќе се случи годинава. Дојдете да ја слушнете „Скопска“, песна посветена на татко, да се разгалите и да се потсетите на вистинските скопски боеми.]]>

Почина пејачката Марина Пухариќ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-pejachkata-marina-puharikj/ Sat, 20 Feb 2021 18:45:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190685

Пејачката Марина Пухариќ почина вчера на 66 годишна возраст. Посмртните останки на Марина ќе бидат изложени денес во капелата на гробишта во Бутел од 13.30 до 14 часот. Марина Пухариќ е пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика. Ќе останат запаметени нејзините композиции: „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни: „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и песните од забавната музика: „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Помина време“. Има соработувано со композиторите Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов… Беше дел од групата „Македонија“, како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка, Нина Спирова. Целиот свој работен стаж, Марина Пухариќ освен во музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.]]>