старо име – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Nov 2022 09:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png старо име – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Егеља откри како ќе се вика нејзиниот син: Одбра старо име кое носи силно, симболично значење (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-egelja-otkri-kako-kje-se-vika-nejziniot-sin-odbra-staro-ime-koe-nosi-silno-simbolichno-znachenje-foto/ Mon, 07 Nov 2022 09:42:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274551

Убавата водителка се породи вчера и на свет донесе здраво момче. Марија Егеља радосната вест ја сподели на својот Инстаграм профил. Сепак вчера немаше индикации како ќе се вика момчето. Сопругот на Марија, Александар Дабиќ, приреди голема прослава на која се собраа семејството и пријателите, а тој цела вечер уживаше со песните кои ги нарача за својата сакана. Тамошните медиуми објавија  дека водителката го родила синот по природен пат и дека се поминало во најдобар ред. Според информациите, Марија и Александар решиле својот син да го именуваат Алекса. Ова прекрасно име е пократка варијанта на името Александар, Алексије. Името доаѓа од грчкото  Александрос, што значи „заштитник на луѓето“. Тоа е името на познатиот македонски генерал и владетел Александар Македонски, кој го основал градот Александрија на брегот на Египет, познат по својот колосален светилник и најголемата библиотека од таа ера.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @marija.egelja

Убавата актерка се опоравува во породилиште уживајќи со својот син, а пред да се породи еднаш откри како се чувствувала за време на бременоста. - Јас сум разгалена и негувана трудница, но така беше и кога му бев девојка, свршеница, а сега сопруга, па ништо посебно не се сменило, освен што ми велат дека блескам - откри неодамна Марија.  Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Адријан Гаџа стана угостител: Зошто пејачот одбра „старо“ име за новиот ресторан!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/adrijan-gadza-stana-ugostitel-zoshto-pejachot-odbra-staro-ime-za-noviot-restoran-foto/ Mon, 23 Sep 2019 07:44:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108320

Адријан Гаџа, македонскиот пејач со албанско потекло деновиве на локацијата на новотворениот мол на отворено „Point Retai Park“  во населбата Скопје - Север отвори луксузен ресторан на површина од 300 м2. Кујна од отворен тип, различни амбиенти и интимни катчиња за седење и кафе дружба,  се само некои од сегментите на ултралуксузниот локал уреден по најсовремените и најмодерни светски стандарди. Таков ќе биде и изборот на гастрономската понуда, која ветува многу разновидни специјалитети, пици, пасти, тестенини, бургери... па се до готвени специјалитети, повеќе врсти на салати и секако, десерти! „Решивме со моето семејство да отвориме ресторан во кој ќе има вкусна храна, пријатна атмосфера и супер услуга. Пред неколку дена беше отварањето и си поминавме супер. Јас и покрај ова ќе си продолжам да си работам на мојата кариера, веќе имам подготвено неколку песни и само чекам вистинско време да бидат пуштени во етер“ – изјави Гаџа, кој  при изборот за тоа како да се вика ресторанот, Гаџа го одбра „старото“ име „Ча - Ча“.   Имено, малкумина знаат дека семејството на пејачот и претходно се занимаваше со угостителство, па „Ча - Ча“ беше името на едно од култните кафулиња во Старата скопска чаршија, кога чаршијата кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите години беше нај „ин“ место за излегување во Скопје. Кафулето „Ча - Ча“ беше место каде се собираше голем дел од скопскиот крем, а него го водеше и менаџираше токму вујкото на Адријан Гаџа, Кујтим. Подоцна тој и пејачот го држеа и кафулето „Корнер“  во центарот на Скопје, карши Соборниот храм, кое за жал, брзо згасна. Дали од носталгија по старите добри времиња, кога бизнисот, добрата дружба и уште подобрата забава до рано наутро во Скопје одеа рака под рака, или заради зачувување и продолжување на некаква семејна традиција, Адријан Гаџа и семејството на новиот ресторан му го дадоа старото име -  „Ча - Ча“!  ]]>