старица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 12:26:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png старица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вдовица на 74 годишна возраст навлечена на танц на шипка (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vdovitsa-na-74-godishna-vozrast-navlechena-na-tants-na-shipka-video/ Tue, 30 Jan 2024 12:16:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336801

Стар Стауфер Вајс (74) е вдовица од Колорадо Спрингс, која тврди дека моментално го живее животот од соништата, бидејќи во седумдесетите решила да се посвети на тренинзите за танцување на шипка. Стар мислела дека е малку веројатно дека ќе може да ја оствари оваа желба, но дека всушност не се обидела додека не се појавила пандемијата. Таа наведува дека осамениот живот со две мачки и разбудил чувство на самотија и дека штом малку се намалиле ограничувањата за пандемијата, решила да си ја исполни желбата. Првиот знак дека е време нејзиниот живот да се промени, го пронашла во локалниот весник. – Тој напис беше за локална професионална танчерка, Дијана Мартин, која беше свештеник. Таа почна да танцува на шипка кога имаше речиси 50 години, а сега, на 64 години е мој личен инструктор. Таа е мозокот зад „револуцијата“ во танцувањето на шипка, вели Стар, а пренесува Сан. Откако ја прочитала статијата, Стар била повеќе од возбудена да започне сопствено патување во своето хоби. – Ми ја врати идејата и стариот сон за танцот на шипка, со години ми беше на списокот со желби, но некако секогаш го туркав во некое друго ќоше – истакна Стар. – Искрено, си помислив „Можам ли воопшто да го направам ова?“ – тврди таа. Пред 18 години го испратила својот сопруг во вечниот дом, а самата се бори со ревматоиден артритис во зглобовите и рацете, деформирана десна рака поради артритис и остеопороза. Има две плочки и девет завртки во телото од пад пред 16 години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Comedy Pole Show (@comedypoleshow)

– Решив да испратам порака до студиото „Пол револуција“ да проверам дали има старосна граница – рече таа. – На мое задоволство рекоа дека ја нема. Не губејќи време, се пријавив на воведен час таа недела. Немав идеја дали ќе можам да го направам тоа на моја возраст и со мојата медицинска историја, но не само што успеав, туку и целосно се навлеков – истакна таа. фото: Facebook / Starr Stauffer Wise/ Instagram / starr.wise]]>