стари фотографии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Sep 2023 10:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стари фотографии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лепа Брена ја надвладеаја спомени: Вака се потсети на своите родители најголемата фолк ѕвезда на Балканот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-ja-nadvladaa-spomeni-vaka-se-potseti-na-svoite-roditeli-najgolemata-folk-zvezda-na-balkanot-foto/ Wed, 27 Sep 2023 09:50:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319923

Иако низ годините Лепа Брена постигна огромни успеси,  најголемата фолк ѕвезда на Балканот на своето скромно детство секогаш се навраќа и сеќава со тага. Потекнува од големо и хармонично семејство, а родителите иако сиромашни и биле исклучителна поддршка. „ Се негуваше таа хиерархија  да се почитува таткото... Мама секогаш беше построга, често разговаравме, постојано ми велеше да бидам паметна и да не правам глупости. Ме научи да готвам, да правам зимница, да плетам, да шијам... Знаев дури и да кречам ѕидови и да  везам Вилерови гоблени. Денот ми почнуваше со мирис на кафе и појадок. Јас се дружев повеќе со момчињата. Игравме криенка, лимон и портокал, ја препливувавме Сава...“ - се  сеќава носталгично Брена. Мајка и била задолжена за сите фустани што Брена ги носеше на настапите од 1982 до 1990 година. „Мајка ми ми ги шиеше сите тие костими и секогаш правеше два - три исти за да го имам едниот сув за првиот концерт во 18 часот, а другиот за концертот во 20 часот. Бидејќи сите се сеќаваме како изгледаа  моите концерти и колку енергија оставав на сцената. Сите избледеа, се излижаа или се искинаа од потта, па останав без костими, но ги задржав спомените“ - носталгично изјави пејачката која многу тешко го поднесе заминувањето на своите родители. Таткото на пејачката, Абид, во 2010 година доживеа сообраќајна несреќа, по што ја загуби животната битка, токму на роденденот на Брена. Само 4 години подоцна, на денот на семејната слава, почина и мајката на Брена, Ифета. Откако ги загуби најблиските, Брена ретко оди во Брчко бидејќи не може да се соочи со спомените. Го продала станот во кој живееле мајка и' и татко и', па недвижен имот веќе таму нема“ - вели извор близок на пејачката за „Блиц“. Брена неодамна меѓу старите фотографии пронашла една со нејзиниот татко. „Спомени. Во паузата помеѓу бројните концерти. Посета на моите родители во Брчко. Најголемата поддршка - татко ми Абид“ - напишала фолк дивата. Фото: Инстаграм/lepabrenaa/estradnimuzickivremeplov
]]>

Повторно „копаше“ по старите фотографии, па најде неколку што будат носталгични спомени: Можете ли да ја препознаете нашата музичко-актерска ѕвезда? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/povtorno-kopashe-po-starite-fotografii-pa-najde-nekolku-shto-budat-nostalgichni-spomeni-mozete-li-da-ja-prepoznaete-nashata-muzichko-akterska-dzvezda-foto/ Sat, 08 Apr 2023 07:29:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224715

„Ех, тоа беа времиња“ или: „Да знае ти како беше во наше време...“ или „Да може да се врати она време, оние години...“ - се само неколку од  најспоменуваните фрази во последно време. Особено за оние кои растеле и во едни други, поинакви, посреќни времиња, необременети со политика, криминал, корупција, економско-егзистенцијални проблеми, пандемии... Можеби токму затоа носталгијата по детството и младоста кај нив е многу посилна, емоциите подлабоки, чувствата поизразени кога ќе се спомнат „оние години“, кои до душа кога ќе станеме доволно возрасни или подостареме, на сите ни недостасуваат. Затоа неретко сите ние посегнуваме по враќање во минатото, не само во мислите и сеќавањата, разговорите и муабетите, туку и по сведоците на тоа време - старите фотографии и  по некое филмско видео. Меѓу сите нас и тие - познатите и јавни личности. Впрочем и тие како и ние, како секој од нас биле и деца и момчиња или девојчиња, нечии дечиња, татини принцези, мамини синови... Гордост на нивните родители. Затоа понекогаш пребарувањето, „копањето“ по старите фотографии ни ги враќа тие среќни моменти на неизмерна радост, не враќа во детството, младоста, годините на безгрижност и слобода. Секого од нас, па и неа... Тијана. Или фрау Ула, ако повеќе сакате, доколку нејзината улога во „Преспав“ ви е подрага. Токму таа  повторно „копала“ по старите фотографии, па нашла неколку што будат носталгични спомени. Пред можеби и Вие да го направите истотото, запрашајте се дали можете  да ја препознаете нашата музичко-актерска ѕвезда, без да знаете дека е таа? А, можете да прашате и некого што не ве познава многу оддамна, дали ќе ве препознае на Вашата фотографија од детството или младоста? Како и да е, ова е Тијана, односно, Тијана заедно со Тамара и татко им Велко Тодевски, најверојатно на роденденска фотографија пред... „извесен број“ години! Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic  ]]>

„Генетика… мангуп“: Ниту на мама, ниту на тато, еве на кого личи Миа Костова (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/genetika-mangup-nitu-na-mama-nitu-na-tato-eve-na-kogo-lichi-mia-kostova-foto/ Fri, 31 Mar 2023 08:40:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295911

Една од најпознатите и најследените инфлуенсерки во Македонија е популарната екс- водителка на естрадиот ТВ магазин „Бекстејџ“, Миа Костова. Таа веќе со години е позната на јавноста, редовно ги информира нејзините следбеници за сите новитети преку нејзиниот Инстаграм профил, а овој пат го отвори стариот албум со фотографии и се потсети на минатото и младоста. Најпрво, Миа од албумот издвои и покажа фотографија од нејзините родители, а потоа ги праша следбениците на кој родител повеќе личи: „На мама, на тато или на никој ?!“ Очигледно според оваа фотографија од нивната младост, не личи ниту на едниот ниту на другиот, арно ама,  „крвта не е вода“ и затоа Миа покажа  на кого навистина личи. Па, освен  родителите за прв пат го покажа и нејзиниот дедо. „Извинете, ама генетика. Мангуп. Дедо ми Сретен. Но, покажа и која е нејзината најголема љубов, а кога била мала личела токму на неа: „Не е тајна дека најголема љубов ми е баба Љубица. Уште не можам да прифатам дека ја нема. Кога бев мала, мислеа дека таа ме родила“. Но, веќе кога се фати за албумот со стари фотографии издвои уште една од пред 20 и кусур години или поточно од матура. „Пред 21 година...матура 2002, или се во служба на пркосење на старост, никако за менување личен опис“   -  напиша таа. Миа покажа на кого личела, кој бил нејзиниот фаворит но и дека  убавината  ја има уште од мала, а фотографиите од тие денови се чист доказ дека ништо не е случајно без оглед на годините. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова]]>

Важи за најзгодната сопруга на естрадата но, саканата на Дарко Филиповиќ пред 12 години не би ја препознале (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vazhi-za-najzgodnata-sopruga-na-estradata-no-sakanata-na-darko-filipovik-pred-12-godini-ne-bi-ja-prepoznale-foto/ Wed, 11 Jan 2023 13:06:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283756

Јасмина Филиповиќ, сопругата на пејачот Дарко Филиповиќ и понатаму е во центарот на вниманието на  медиумите поради предизвикувачкиот изглед. Атрактивната бринета, која е во брак со поранешната Звезда  на Гранд Дарко Филиповиќ Јасмин, се најде во центарот на вниманието пред нешто повеќе од една година, кога ја објави првата серија предизвикувачки фотографии на Инстаграм. Извајаното тело, стомачните мускули, пирсот на усните и интересните пози предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи, по што Јасмина продолжи да ги „чести“ следбениците со фотографии во бикини. Сега во јавноста се појавија слики од нејзината венчавка со Дарко, која се одржа пред 12 години. На свадбата присуствуваа тогашната Ѕвезда на Гранд Милица Тодоровиќ, Славица Ќуктераш, Стеван Анѓелковиќ, а младоженецот заедно со нив го зеде микрофонот и заигра со невестата. Јасмина тогаш имаше долга, руса коса, шишки и изгледаше сосема поинаку. Фото:Принтскрин/Инстаграм/jassfilipovic/You Tube lutajuca kamera old]]>

Оваа малечка убавица на старата фотографија денес е најголемата македонска поп дива, која вака и го честиташе роденденот на мајка и: „Ти прекрасна, силна, посебна жено… Те сакам“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-malechka-ubavica-na-starata-fotografija-denes-e-najgolemata-makedonska-pop-diva-koja-vaka-i-go-chestitashe-rodendenot-na-majka-i-ti-prekrasna-silna-posebna-zeno-te-sakam-foto/ Wed, 14 Dec 2022 09:22:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279925

Годините минуваат, времињата се менуваат, но она што останува се вредностите што сме ги оставиле зад себе и секако спомените. Оние моменти и сутуации на кои со радост се сеќаваме, а дел од нив се овековечени на старите некогаш црно-бели фотографии. Некои можеби подизбледени, но не и љубовта која зрачи од нив и лицата кои се на нив, зашто љубовта вткаена во нив никогаш не исчезнува... Напротив, со годините само се зацврснува, мултиплицира, станува се посилна, безусловна, вечна... Особено ако е тоа љубов кон најмилите, најсаканите, најдрагите личности. А има ли нешто помило од мајка? Особено кога веќе возраста доволно ја надвладува, па родендените се само бројка на која како деца и се радувавме, а сега само ја броиме, но денот никогаш не го забораваме. Зашто една е мајка, зарем не? Токму нејзината, на македонската поп дива Калиопи Букле славеше роденден. На дамите никогаш не им се бројат годините, особено не на повозрасните, ама затоа се бројат сеќавањата, спомените, заедничките мигови исполнети со неизмерна љубов... Токму затоа Калиопи со своевиден оригинален подарок во вид на видеочеститка која ја сподели на својот Инстаграм и го честиташе роденденот на мајка и. Патем, преку црно белите фотографии ги врати и времето и годините назад, па низ овој „семеен времеплов“ славеничката ја потсети на младоста, а себе си  на своето рано детство. Посветата покрај видеото во вид на роденденска честитка до госпоѓа мама, му дојде нешто како „јаготка на шлагот“ од роденденската торта содржана во фотографии и подвижни слики. Во неа Калиопи напиша: „Ти прекрасна, силна, посебна жено... Те сакам... Среќен роденден мамо“! И нека е... Зашто... Една е мајка!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

Го препознавате ли ова девојче од фотографијата? Денес е популарна пејачка, а само споменот од нејзините родители ќе ви ги стопи срцата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/go-prepoznavate-li-ova-devojche-od-fotografijata-denes-e-popularna-pejachka-a-samo-spomenot-od-nejzinite-roditeli-kje-vi-gi-stopi-srcata-foto/ Mon, 31 Oct 2022 11:25:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273509

Пејачката Вики Миљковиќ често знае да ги израдува своите следбеници на социјалните мрежи со стари фотографии кои секогаш привлекуваат големо внимание. Овој пат еден од нејзините фан профили направи компилација од црно-бели фотографии од нејзиното детство, а Вики веднаш сподели на својот официјален Инстаграм профил. Имено, ова се фотографии од нејзините најмлади денови, а особено емотивни се сликите со нејзините родители. Вики отсекогаш нагласувала дека потекнува од просечно семејство, а како што вели, најмногу се гордее со родителите и братот, кои и биле голема поддршка кога ја започнала нејзината музичка кариера. Фото: Принтскрин/Инстаграм/viki_miljkovic]]>

Бугарски актер и ТВ водител објави „фотографии од нафталин“ со фолк пејачката: Камелија како „селска мома“ од некоја пустелија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarski-akter-i-tv-voditel-objavi-fotografii-od-naftalin-na-folk-pejachkata-kamelija-kako-selska-moma-od-nekoja-pustelija-foto/ Thu, 22 Apr 2021 11:54:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200125

Бугарскиот актер Каци Вапцаров ги изненади своите обожаватели со невидени фотографии од минатото. Тој моментално се појавува како учесник во шоуто „Како две капки вода“, а на фотографиите „извадени од нафталин“ е во друштво на фолк дивата Камелија. Кадрите, кои предизвикаа бурни емоции и  вчудовидување кај следбениците на Каци, се од неговиот период како водител на ТВ-емисијата „Ризикувај - спечали, ризикувај - изгуби“. Она што е повеќе интригирачко во овој случај е тоа што фотографиите покажуваат колку пејачката е всушност променета и денс не личи на самта себе си, зашто на старите фотографии Камелија изгледа како „селска мома“ од некоја пустелија. Затоа Камелија  повторно беше и мета на негодување, критики  и негативни коментари во врска со нејзиниот изглед. Револтираните корисници изразија мислење дека со естстдските зафати изгледа можеби поубаво, но неприродно, а со својата последна ринопластика конечно го изгубила претходниот шарм, пишува woman.bg. ]]>

Елена Китиќ има ново момче: Нееее… ќе се шокирате кога ќе дознаете за кого се работи? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-kitikj-ima-novo-momche-neeee-kje-se-shokirate-koga-kje-doznaete-za-kogo-se-raboti-foto/ Fri, 26 Feb 2021 10:20:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191593

Младата пејачка Елена Китиќ е многу активна на социјалните мрежи, претежно на Инстаграм каде споделува со своите следбеници секојдневно фотографии. Но, овој пат таа ги воодушеви обожавателите кога на своите приказни на Инстаграм сподели интересни фотографии од младо момче, за кое многумина се зачудија кој е? Помладите помислија дека Елена има нова љубов, а само некои од повозрасните што „долго паметат“ го познаа „младиќот“ на фотографиите. Имено, Елена сподели стари фотографии од нејзиниот татко, фолк пејачот  Миле Китиќ. Таа реши да ги покаже слики од неговата младост, кои досега јавноста немала можност да ги види. Патем, Елена во голема мера ги диктира модните трендови, и смело носи, на свој начин, невидени комбинации на облека. Секако, предизвикува многу внимание и многу контрадикторни коментари, но токму затоа се издвојува од масата со нив, и се гради како препознатлива личност на музичката сцена. А дека врската со нејзиниот татко Миле е силна и нераскинлива, а љубовта: татко - ќерка голема, споделените фотографии се само уште еден доказ. Патем, многумина прокоментираа дека Елена сега во ликот многу потсетува на Миле од младоста. Фото: Инстаграм принтскрин/elenakitic]]>

Ја немате видено во вакво издание: Испливаа стари фотографии од Меган Маркл https://arhiva.vistina.com.mk/ja-nemate-videno-vo-vakvo-izdanie-isplivaa-stari-fotografii-od-megan-markl/ Fri, 04 Dec 2020 11:14:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179600

Меган Маркл, поранешната принцеза од кралското семејство сме навикнати да ја гледаме во елегантни изданија, а сега испливаа нејзини постари фотографии кои сигурно нема да сака да ги види. Имено, тие некогаш се наоѓаа не нејзиниот Инстаграм профил кој го користеше пред да стане дел од кралското семејство. Странските медиуми пишуваа како наводно Маркл добивала закани дека нејзини приватни фотографии и интимни видеа ќе се појават во јавност. Наводно, роднина на Меган и се заканувал дека ќе објави разголени фотографи и видеа доколку таа не му исплати 1,5 милиони долари. На овие фотографии, војвотката од Сасекс е во опуштено издание односно на една од нив држи чаша со алкохол, а на другата подготвува некој специјалитет.
Ретко имаме прилика да ја видиме во вакво издание.]]>

Дел од македонските познати фаци како по договор во ист ден објавија фотографии од минатото: Жал за младоста или… како се видоа себе си пред многу години (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/del-od-makedonskite-poznati-faci-kako-po-dogovor-vo-ist-den-objavija-fotografii-od-minatoto-zal-za-mladosta-ili-kako-se-vidoa-sebe-si-pred-mnogu-godini-foto/ Tue, 26 Nov 2019 08:47:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120555

Годините минуваат, животот тече, работите се менуваат... „Панта реи“ - како што впрочем вели старата латинска поговорка. Затоа одвреме-навреме сите ние, па очигледно и тие, јавните личности во Македонија, знаеме да се навратиме на минатото низ, муабети или прошетка по спомените преку она што сме го овековечиле во времето: старите фотографии или поретко видеа. Секој од нас има албуми со фотографии од детството, тинејџерските денови, младоста... И најчесто овие наши слики како икони ги чуваме, за навека да не потсетуваат кои, што и какви сме биле некогаш... Вечни спомени што остануваат за нас, но и за генерациите што дошле или допрва доаѓаат по нас! Е токму извадени од старите албуми,  дел од македонските познати фаци како по договор објавија фотографии од минатото  во ист ден. Носталгија по младоста или за да се потсетат и искоментираат како се видоа себеси денес, од пред многу години. Така, сестрите-близначки Сариќ, некогашната неприкосновена вокална двојка Маријана и Росана или поточно оваа втората -  Росана се потсети на времето кога таа и сестра и „жарееа и палеа“ на македонската сцена, на која по долги години пауза годинава се вратија на „Макфест“. Фотографијата од „златните времиња“ Росана  ја опишала со само еден збор: „Некогаш...“! Уште една естрадна двојка близнаци, само овие од посилниот пол, решиле да се потсетат на годините од раниот живот, поточно од детството, преку стара фотографија. Детски роденден, маскенбал или новогодишна прослава... Мартин и Стефан од „Некст тајм“ не објаснија, ама затоа пејачот прокоментирал како гледа денес на себе си и брат му Мартин во она време, во времето на нивното детство. Пејачката и прва дама на „Борка“, Биба Додева не се вратила толку назад во времето во прошетката по спомените, но затоа пак спомените кои и оставиле веројатно еден од најсилните впечатоци и обележале битни моменти од нејзиниот живот реши да ги извади на „луфтирање“. Жал за младоста и годините  или носталгија по изгледот, само Биба знае, која напшишала дека на фотографијата која личи на свадбена, изгледа помлада...многу помлада од денес. Останатотото напишано во продолжение - нема да го коментираме! И новинарско - водителската двојка Александра Тимковска - Ване Марковски се најдоа прегрнати и гушнати на заедничјка фотографија... од времето! До душа не така оддамна, ама сепак минале години. А на неа двајцата се се' уште ... Дечишта! Така барем самите напишале дека се доживуваат на сликата кога на времето почнуваа во еснафот!    ]]>