стара љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Nov 2023 10:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стара љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако не е повеќе во „Бекстејџ“, Ева Јовановска сфати дека е време да и се врати на старата љубов: Многу наши водителки имаат убави и долги нозе, ама само таа умее со нив да направи вакви пози (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-ne-e-poveke-vo-bekstejdh-eva-jovanovska-sfati-deka-e-vreme-da-i-se-vrati-na-starata-lubov-mnogu-nashi-voditelki-imaat-ubavi-i-dolgi-noze-ama-samo-taa-umee-so-niv-da-napravi-vakvi-pozi-video/ Wed, 15 Nov 2023 09:53:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326957

Младата и атрактивна Ева  Јовановска (20) повеќе не е ТВ водителка... Не барем на најгледаниот естраден ТВ магазин - „Бекстејџ“ со кого неодамна ја прекинаа соработката. Сексапилната тетовка сега е посветена на ПР - работата за една продуцентска куќа и еден портал - магазин, што не значи дека наскоро одново нема да ја гледаме на домашните ТВ екрани, на што наголемо работи и се подготвува. Ама за тоа - потоа, кога ќе дојде денот. По „раскинувањето“ со „магазинот од зад сцената“, утехата по промената ја побара во она што претходно до крај  ја исполнувало... И во душта и телото! Евче бргу сфати дека е време да и се врати на старата љубов! Еднаш балерина - секогаш балерина, зашто движењата, потезите, позициите и позите... никогаш не се забораваат. Можеби само формата и кондицијата треба да се вратат за задоволителното ниво и потоа она што Евче умее да го покаже, ниту една друга водителка не го може. Зашто многу од нив имаат убави и долги нозе, ама само таа умее со нив да направи вакви пози! Патем, кога Евче тренира возбудата е на работ да експлодира... Зашто секоја нејзина нова балетска поза буди и малку поинакви мисли од оние само уметничките, а буди и помалку или повеќе нервоза и кај претставничките на понежниот пол од конкуренцијата, оти тие тешко можат вака да ја совладаат лекцијата. Зашто, за вакви балетски позиции не се потребни само физички предиспозиции! Стој на раце со високо кренати нозе нагоре во вертикала, висок скок со свиткани нозе во колената или шпага... зависи која поза ви е подрага! И сето тоа за здраво тело, полна душа, уметнички впечаток и... „влажни машки погледи“ за  „бурни сништа“! Зашто многу наши водителки имаат убави и долги нозе, ама само Евче со нив ова го умее и може! Фото: Инстаграм/_evce_]]>

Александар Белов и се врати на старата љубов: Пејачот секој ден е во студио, но не снима песни, туку одново е водител на радио (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-belov-i-se-vrati-na-starata-lubov-pejachot-sekoj-den-e-vo-studio-no-ne-snima-pesni-tuku-odnovo-e-voditel-na-radio-foto/ Thu, 03 Aug 2023 07:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312480

Некогашното регионално музичко талент шоу „Операција триумф“ беше катапултот кој го исфрли меѓу естрадните ѕвезди, не само во Македонија, туку и во регионот. Александар Белов од тотален анонимус стана познат пејач, кого и медиумите и газдите на локалите го бараа да се појави во нивните емисии, насловници, да настапи во познатите кафулиња, клубови, дискотеки ширум Македонија, па и надвор од неа. Белов кариерата ја туркаше дома се додека не ја запозна витата Јелена Станковиќ, Србинка од Крагуевац, во која се вљуби, а потоа и ја ожени и замина да живее кај неа. Минатата година пејачот и неговата сопруга за прв пат се остварија и како родители, а годинава нивната малечка наследничка Мина го прослави и првиот роденден. Во меѓувреме Александар Белов продолжи да го прави она што најдобро знае и умее - да пее и настапува, зашто музиката му е не само љубов туку и главна егзистенција. Сепак однеодамна пејачот реши да и се врати на уште една стара љубов, па оттогаш секој ден влегува во студио... Но, не за да снима нови песни, туку Белов одново е водител на радио. Одново, зашто оние кои го паметат, знаат дека пејачот и вододека беше во Македонија се опроба во радио-водиителската професија. Најмногу остана запаметен како водител на неделните спортски емисии на Македонското радио, но и  како водител на емисијата „ТОП Спорт“ на некогашното „Радио Слободна Македонија“, каде  секоја сабота од 15 до 18 часот ги презентираше новостите  поврзани со светски познатите спортисти и неделните спортски резултати. Сега Белов во Крагуевац е дел од тамошното „Радио Браво - 103.7 ФМ“ кое го слуша цела Шумадија. Сега на Белов работниот радио ден рано наутро му почнува, па ако денот по утрото се познава, енергијата да се истурка и тоа како е потребна. Пејачот и радио-водител тоа добро го знае, па затоа старите навики да преферира здрав живот се уште ги практикува. Овошно смути како лесен појадок за работен почеток на долгиот жежок ден. Ем радиослушателите задоволни, ем водителот најден, ем од старите „Херба - пријателки“ пронајден и означен! Фото: Инстаграм/aleksandarbelov
 ]]>

Кристина Димитри и се врати на старата љубов: „Со него сме како две тела, а една душа…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-i-se-vrati-na-starata-lubov-so-nego-sme-kako-dve-tela-a-edna-dusha-foto/ Mon, 08 May 2023 12:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301005

Откако минатата година блесна на „Макфест“ и со својата појава и со песната, недолго потоа Кристина Димитри(евска)  престана да биде активна на естрадната сцена, кога се настапите во прашање. Секојдневно продолжи да ги полни социјалните мрежи со вбозбудливи фотографи, фотосесии и едиторијали, но оние штоќе посакаа да ја видат во нивниот град, на сцената на некој од локалните кафулиња, ноќни клубови или дискотеки, таквата можност им беше ускратена. Не дека атрактивната тетовка беше презафатена, туку едноставно реши да направи пауза од јавните настапи на кои „само за вашите очи“ со пејачко,  танчерско-еротски пеформанс од кој  „срцето може да ви искочи“ сексапилната убавица ги забавуваше присутните. Особено паузата стана „нагласена“ по информацијата дека „љубовта“, онаа професионалната  помеѓу Кристина и нејзиниот постојан придружник ДЈ Боно - завршила. Толку беше од соработката која убавицата ја озваничи со најава за нова со достојна замена, која практично никогаш и не се случи!  Замената едвај ја видовме на слика, ама во пракса се' остана само на празна најава. Во меѓувреме Кристина му се посвети на инфлуенсерството и реклмаирањето производи и услоги на својот Инстаграм, додека во позадина нешто се крчкало и на музички план. Тоа и самата сега го потврди во својта ексклузивна изјава за Вистина.ком.мк... „После секој викенд настапи низ цела Македонија минатата година, настапот со кој ја затворивме годината беше во Хрватска и горда сум на тој успех постигнат за една година постоење во музичкиот свет. Направив пауза од 3-4 месеци во која напорно работев и работам на мои песни заедно со најголемите имиња и уметници: Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Игор Џамбазов, Роберт Билбилов. Очекувајте музички изненадувања“ - порача Кристина. Сепак, во меѓувреме многу поинтересен за јавноста беа нејзиниот приватен живот и секојдневие, од случките, настаните и постапките на бившиот сопруг до преписките на социјалните мрежи со некои од  останати дами од јавниот живот... Патем, скокотливите фотографии не заостануваа како зачин на љубопитноста, кои без да испее ниту еден стих , на тетовска убавица и ја одржуваа популарноста во живот... Разголени секси фотки кои го одземаат здивот... Со или без рекламна намена, ама секако со посебна  намера - да се остане во фокусот на јавноста! И таман помисливме дека Кристина Димитри ова лето само ќе се сонча, некогашната мисица одново шокираше. Имено, таа откри дека и се вратила на „старата љубов“. И толку... Без детали, поединости, кому, како, што тоа се случило... Целата приказна ја подгреа и споделената мисла на нејзините Инстаграм приказни од прва рака: „Кога жената ќе засака“... Она што прво на многумина им падна на ум е незамисливо, зашто „по Х-фактор“, „Х на квадрат“ е невозможна мисија, други пак тврдеа дека тоа се тие „тајни врски“  на релација: Белград-Скопје-Тетово, од типот: „Како после нас?“, трети се убедени дека е сепак нешто сосема ново во прашање,  за кое... „Никому ни збор“! За да не ја држиме „заблудата во неизвесност“, се обративме директно на изворот... А Кристина Димитри, поучена од старите добри поговорки, меѓу кои и онаа: „Нов бунар копај, во стариот не плукај“, очигледно ги задржала во доволно добра релација односите и комуникацијата со стариот добар соработник, со кој прв пат го почувствува вкусот на славата - ДЈ Боно, па решила „добитната комбинација“ сепак да не ја менува... Очигледно на обострано задоволство. „Мојот тим за букинг 'Лолипоп' постојано ме известуваше дека луѓето го чекаат да се вратам на сцената и веќе сум желна и нестрплива да се вратам назад, на сцената. Паралелно да ви  подарам и мои песни за љубовта што ми ја давате.Првиот настап ќе биде во Клуб ХАРД РОК во Гостивар на 13.05.2023 година со почеток во 00:00 часот. А како изненадување го чував и мојот Боно, со него на бината функционираме како две тела, а една душа. Епа, победничкиот тим не се менува. Едвај чекам“ - сподели Кристина за Вистина, откривајќи ја “старата љубов“. Онаа, професионалната... За приватната, рано е? Или можеби не е? Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry]]>

Огњен Амиџиќ по разводот е во врска со својата колешка Мина, но Данијела никако да ја заборави: Водителот има нова љубов, ама на старата… го потсетува песната? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-amidhik-po-razvodot-e-vo-vrska-so-svojata-koleshka-mina-no-danijela-nikako-da-ja-zaboravi-voditelot-ima-nova-lubov-ama-na-starata-go-potsetuva-pesnata-foto/ Thu, 13 Apr 2023 09:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298096

Деновиве една од главните теми во српските и регионалните медиуми е новата љубов на Огњен Амиџиќ. Откако се дозна дека водителот е во врска со колешката Мина Наумовиќ, секојдневно се појавуваат нови информации за нив, а често се споменува и неодамнешната сопруга на Огњен,  манекенката и модел со македонско потекло Данијела Димитровска. Амиџиќ беше во брак со неа со години. Тоа беше голема љубов за која и двајцата зборуваа во еден момент. Додека се забавуваше со Даниела, Огњен напиша песна која ја именуваше по неа, а текстот и музиката ги напиша заедно со неговиот покоен пријател Маринко Маџгаљ од дуото „Фламингоси“ (КЛИКНИ ТУКА):   Фото: Инстаграм принтскрин/danijeladimitrovska]]>

Дали треба да ѝ дадете шанса на старата љубов? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-treba-da-dadete-shansa-na-starata-ljubov/ Tue, 05 Oct 2021 12:30:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221820

Родендените, семејни прослави, доаѓањето на новата година... ова се моменти кога ако сме сингл најчесто нѐ поттикнуваат да размислуваме што сме постигнале, кои луѓе сме ги задржале околу себе, а кои сме ги изгубиле... Секако, помислуваме и на некоја стара љубов. Ако ви се пружа шанса да ја обновите врската со некоја стара љубов, убаво размислете дали е тоа најдобрата одлука за вас или само не сакате да сте сами. По извесно време од раскинувањето повторно сте во контакт со бившиот партнер и меѓу вас повторно има „искри“? Ова се неколку насоки во кои треба да размислувате кога одлучувате дали да ѝ дадете шанса на старата љубов.

Залужувате да бидете среќни

Понекогаш животните околности нѐ одвојуваат од саканите личности. Понекогаш некој од партнерите прави грешка и се разделуваат бидејќи другиот знае дека не може ни да прости, ни да заборави. Во секој случај, водете се по своите правила. Заслужувате да бидете среќни, но не по цена на нешто подрагоцено – почитувањето кон себе си. Ако причината за разделбата не е нешто што ги крши вашите лични убедувања, размислете уште еднаш и дајте ѝ шанса на среќата со старата љубов.

Не одете по полесниот пат

Лесно е да се каже „збогум“ и да заминете, особено ако сте биле повредени. Но, ако инстинктот ви кажува дека бившиот искрено се извинил, се покајал, се сменил или е подготвен да се смени, послушајте го. Можеби првиот пат врската не била успешна бидејќи не сте биле подготвени да се прифатите такви какви што сте или сте станале. Влезете во нова авантура со стариот партнер, но не бидете наивни.

Сега е поинаку

Во насока на претходниот совет, многу е важно да знаете како вие сте се промениле во периодот откако раскинавте. Дали подобро се запознавте себе си? Дали сте построги или поблаги кон себе си и другите? Дали ги средивте своите приоритети? А во однос на поранешниот партнер – дали од дистанца сфативте повеќе работи за него, дали ја преиспитавте врската? Ако уште имате исти цели и сте подготвени да се борите за таа врска, направете го големиот чекор.

Љубов или нешто друго? Ако обновување на врската со старата љубов е нешто на кое мислите веќе некое време, а не е резултат само на осаменоста околу празниците или на вашиот роденден, тука има нешто повеќе од моментална заблуда.

Секако, пред да направите некој голем чекор, бидете сигурни во вашата одлука и проверете во каква ситуација е вашиот поранешен партнер. Не е фер да го разнишувате неговиот свет, ако не сте сигурни во своите чувства. извор: кајгана]]>

Сандра – Африка веќе не изгледа исто: Од долгата црна коса не остана ништо, фановите стапсиани… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sandra-afrika-vekje-ne-izgleda-isto-od-dolgata-crna-kosa-ne-ostana-nishto-fanovite-stapsiani-foto/ Mon, 11 Jan 2021 11:49:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184600

Популарната српска турбо-фолк пејачка, Сандра Продановиќ, попозната како Сандра - Африка, беше препознатлива по извајаниот задник и долгата црна коса. Уште кога се појави на естрадата како танчарка, познатата шапчанка  сите ја паметат како „црна жешка жена“, каква што беше во текот на целата своја кариера. Сепак, Сандра ги изненади сите со фотографии на својот Инстаграм каде се појави како русокоса на снимањето на новото видео. Сандра - Африка на него веќе не изгледа исто. Од долгата црна коса не остана ништо, а фановите останаа стаписани. Но, дали оваа промена ќе трае, или Сандра наскоро ќе му се врати на својот препознатлив изглед, останува да видиме. После две години пауза, Сандра неодамна ја обнови врската со нејзиниот менаџер, па можеби затоа и решила да направи драстичен чекор. Според близок извор на двојката, пејачката одлучила да ја обнови десетгодишната врска со нејзиниот најблизок соработник,  да и даде уште една шанса на нивната љубов и да започне да живее во Шабац заедно со него. Сепак, „газлестата џепна венера“ не сакаше долго да ги остави своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи во неизвесност и исчекување, па веднаш обзнани нешто, што ќе ги успокои и ќе им ја смири возбудата. Имено, пејачката по фотографиите сподели видео, на кое е исто така русокоса, со истата фризура, но за утеха соопшти дека се работи само за реклама... За рекламно видео за познат бренд на разни модели на перики, каква што една од нив на себе ставила и Сандра - Африка. Така што нејзините фанови, можат мирно да спијат и да ја сонуваат, онаква каква што ја познаваат и посакуваат својата миленичка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sandra Afrika (@sandraafrika)

Ана Николиќ има ново момче: По Раста, пејачката и се врати на старата љубов! https://arhiva.vistina.com.mk/ana-nikolikj-ima-novo-momche-po-rasta-pejachkata-i-se-vrati-na-starata-ljubov/ Mon, 25 Feb 2019 11:42:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74587

Ана Николиќ и дефинитивно одлучи да се разведе и неејзиниот брак со раперот Стефан Ѓуриќ - раста да го остави зад себе. Таа пред неколку месеци ја обнови романсата со нејзиното поранешнп момче, инаку познат белградски бизнисмен со кого Николиќ повеќе од десет години беше во сериозна врска, но по толку долго време никој не очекуваше дека ќе завршат повторно заедно.
Ана и бизнисменот биле во врска пред повеќе од една деценија, кога нејзината кариера беше во подем. Тие излегуваа, патуваа, се шегуваа и уживаа и навистина се чинеше дека оваа врска е сериозна. Тој  водеше една од најголемите компании во главниот град, а таа од друга страна се сметаше за најпосакуваната пејачка во шоу-бизнисот во тоа време,па затоа важеа  за двојка  само како што се гледа во филмови.
Сепак, без разлика колку таа и да уживаше во таа врска, Ана не беше подготвена посериозно да се врзе. Иако тој сакаше да има деца и да се ожени со неа, тоа нејзе не и паѓаше на крај на памет, иако него го сакаше. По една година, тие  ставија крај на врската, и секој замина на своја страна“- изјавува извор близок до обајцата и вели дека богатиот бизнисмен одново е вљубен до уши во пејачката.
„Иако Ана е среќна и по долго време се смее, таа не е подготвена да го поднесе притисокот од јавноста поради својата старо-нова љубов. Конечно, таа има партнер кој ѝ дава доверба и сила да се бори за да биде најдобрата верзија на самата себе. Таа е благодарна што го има него покрај себе, а тој секој ден одново и одново ја освојува. Рака на срце, тој е многу добар човек, висок, развиен, успешен и убав. Нема жена во градот што не може да ја освои. Сепак, бидејќи се враќа  во љубов со Ана, не сака друга ни да погледне. На сите ќе ни биде мило ако овој пат нивната врска успее, а минатото да го остават себе“ - заклучи изворот за српски "Ало!".]]>

Симона Поповска во љубов со „старата љубов“: По пет години, повторно заедно! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-vo-ljubov-so-starata-ljubov-po-pet-godini-povtorno-zaedno-foto/ Wed, 24 Oct 2018 07:44:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54228

„Кога си до мене сè е добро, нема солзи, нема дождови… Држи ме за рака, покрај мене остани“, пееше Симона Поповска во својата последна нова песна насловена „Остани“, која пејачката ја изведе на годинешното  издание на фестивалот „Макфест 2018“ во Штип. 
Стиховите секако љубовни, а кога човек е вљубен тогаш му извираат најдлабоките емоции од дното на душата и срцето. И ништо нема необично во тоа ако се знае дека покрај тоа што неодамна стана доктор, македонската пејачка го кажа и своето судбоносно - ДА!
Но, распеаната докторка, деновиве призна дека одново е во љубов...  со старата љубов! По пет години пауза повторно се заедно!
Неееее... без грижа, се' е во ред со бракот на згодната и сексапилна охриѓанка! Во прашање е една поинаква љубов... Љубов кон инструментот, во случајов виолината!
Дали заради тоа што автор токму на макфестовската тема „Остани“ е виолинистот Горјан Стојановски, па токму соработката со него кај пејачката ја поттикна желбата за „враќање на старо“, кога е инструментот во прашање...
...Или новиот порив за старата љубов е инициран од некоја друга причина, останува сексапилната докторка дополнително да објасни!    ]]>

Нина Радуловиќ го распосла сиот свој раскош: По раскинувањето со момчето се сплоти со морето (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nina-radulovikj-go-rasposla-siot-svoj-raskosh-po-raskinuvanjeto-so-momcheto-se-sploti-so-moreto-foto/ Thu, 09 Aug 2018 10:28:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42166

Во српската јавност наголемо се зборува  дека младиот тенисер Филип Краиновиќ и водителката Нина Радуловиќ ја прекинале врската, а водителката одлучила да остане глува на сите гласини и да замине на одмор.
Атрактивната Нина беше снимена во минијатурн бикини, како се прпелка во плиткото на една плажа на грчкото крајбрежје.
Во моментот кога не ги прекриваа брановите, нејзините  бујни атрибути доминираа во прв план. 
Крема за сончање со висок заштитен фактор за превенција и нескафе за разладување, Нина покажа што има на своето годинешно летно уживање!
Додека згодната водителка се милуваше со брегот, опуштена и раскомотена, со летото и морето сплотена, во ниту еден момент не покажа дека старата љубов и недостасува!