star boy – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Dec 2020 12:31:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png star boy – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Париз виа Скопје, тоа е тој – Star Boy, а неговото време доаѓа на ред… овој пат со – „Мad“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pariz-via-skopje-toa-e-toj-star-boy-a-negovoto-vreme-doagja-na-red-ovoj-pat-so-mad-video/ Mon, 14 Dec 2020 12:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180730

Ванчо, Македонецот кого под неговото уметничко име „Star Boy“, домашната јавност веќе го откри, а сега и полека го запознава и како артист, а и неговата работа како автор, изведувач и сопственик на нов моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“. „Star Boy“ живее на реалција Париз-Скопје-Берово, а престојот во Македонија го искористи да ја обзнани својата музика, да ги презентира своите први три теми и промовира во јавноста задно со видеоспотовите за нив. Идејата му е да направи интернационална кариера паралелно работејќи на домашната, регионалната и европската музичката сцена, па токму затоа тој снима на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“. Концептот: три песни со три видеа до Нова Година, „Star Boy“ успешно го турка, па така по првата тема „Cash game“ која ја промовираше во етерот точно на 23 ноември 2020, еве ја втората, овој пат насловена „Мad“. Самиот  тој е комплетен автор на музиката и стиховите, битот е на  TaipOnTheBeat, додека миксот мастерингот се изработени од  LilPetr Directed. И темата „Мad“ како што е најавено е исто така проследена со видеоспот, кој го потпишува Владислав Гавриловски, а истиот е сниман на неколку локации во македонската престолнина - Скопје. Фотографијата ја изработил на Венко Паркуера, а во новото видео на  „Star Boy“ овој пат главната женска ролја ја има едно познато македонско лице од естрадно-модниот свет, македонската манекенка, мисица и модел, Кристина Димитри(евска). Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“... е еден од суштинските стихови во песната која сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа „Star Boy“. Проектот три траки - три видеа до Нова Година комплетно ќе биде реализиран наскоро, како прва фаза од песните кои треба да се најдат и на неговиот дебитантски албум кој ќе содржи 8 теми. Наскоро менаџмент тимот и продукцијата на „Star Boy“ планираат и голема медиумска онлајн промоција со претставување на самиот артист, неговите досегашни песни и видеа, плановите за албумот и целиот концепт околу одвивањето на неговата музичка кариера, како и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“. StarBoy можете да го следите и на неговите профили на социјалните мрежи:@instagram: https://www.instagram.com/starboyoffi... StarBoy @facebook: https://www.facebook.com/StarBoy23Off... Во меѓувреме премиерно погледнете го видеото за втората тема, „Мad“. https://www.youtube.com/watch?v=y0uLeO-Mzww    ]]>

Star Boy, македонскиот артист стартува со интернационална кариера со – „Cash game (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/star-boy-makedonskiot-artist-startuva-so-internacionalna-kariera-so-cash-game-video/ Tue, 01 Dec 2020 13:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178945

„Со музика започнав на возраст од 12-13 години, кога ја снимив мојата прва песна. Оттогаш, имам некаде околу 5-6. Подоцна, на 23-годишна возраст, решив професионално да влезам во овие води. Почнав да ја снимам мојата музика на српски и македонски јазик, за да може да се слуша пошироко и надвор од Македонија“ - ја започнува својата приказна  „Star Boy“, Македонецот чие вистинско име е Ванчо, а е момче кое се обидува да направи интернационална кариера на музичката сцена. Тој живее во Париз, во градот каде што во 2017 година основа свој бренд за гардероба наречен „ROYALTY PARIS“. Бренд кој како што самиот вели е заштитен со лиценца низ цела Франција и сега планира да го заштити и на меѓународно ниво. Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy  има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“. „Пред да започнам да работам на албумот, излезе една трака на српски и француски јазик, која се издвојува од другите, се вика „Лете паре“ која  достигна 150 илјади прегледи за 3 месеци. Албумот „INFINITY“ беше започнат во Париз, подоцна доснимуванн во Лондон и Загреб и конечно завршен во Македонија. Содржината на 8-те траки, карактеристична според името, има различен карактер. Тој е збир на настани од мојот живот во кои се содржани пресвртите, добивките и загубите во последните две години“ - раскажува артистот за своето дискографско првенче. Првата песна премиерно беше  промовирана на 23 ноември и се вика „Cash game“ („Кеш игра“) за која е снимено и видео и е објавена на GorillaTV каналот (2Bona). Втората трака е предвидено да излезе оваа недела, поточно на 6 декември, наречена е „Mad“ („Луд“) , исто така со видеозапис. <Во соработка со GorillaTV, сите песни ќе бидат објавени кај нив, односно целиот албум INFINITY 2020. Од 8-те песни на албумот, предвидено е 4 од нив да бидат визуелизрани со видеозаписи. Третиот проект, од кој најсилниот се вика „Motorsport“, за кој веќе се снимаа дел од сетовите, се очекува да излезе на крајот од годината. Во овој проект, какоспецијален гостин се појавува легендата на македонскиот моторспорт Игор Стефановски - Иџе, а во истиот своја улога ќе има и македонската манекенка, мисица и модел Кристина Димитри(евска). Имам свое студио каде ги снимам песните, имам и свој тим што се грижи за мојот маркетинг и  секако спонзорите без кои моите проекти не би биле такви какви што се“ - порачува за крај Star Boy  препорачувајќи  да го проследите видеото за неговиот прв пилот сингл од албумот „Infinity“, песната со наслов „Cash game“ за која стиховите ги напишал  самиот Star Boy, битот е на Taip On The Beat, миксот и мастерингот ги изработиле The Smoke House. Видеото го потпишува Владислав Гавриловски, светлото го изработил Љупчо Мастер Хип, додека фотографијата е на Венко Паркуера. https://www.youtube.com/watch?v=_AdmQmcAYaY]]>