стар бој – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jul 2023 08:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стар бој – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот трап артист „Стар Бој“ е џентлмен во Париз: „Формата е моментална, класата е вечна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-trap-artist-star-boj-e-dhentlmen-vo-pariz-formata-e-momentalna-klasata-e-vechna-foto/ Wed, 19 Jul 2023 08:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310736

Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy), е еден од ретките артисти кој умее животот да го живее со стил. По неодамнешниот престој дома во родната Македонија и настапот во скопскиот летен ноќен клуб „Мусандра“, каде остави силен впечаток и создаде позиривна енергија меѓу него и публиката, траперот се врати во Франција. Во градот на љубовта, уметноста и светлината, сепак Ванчо, како што му е вистинскот име, има само една љубов... И тоа во неа е вљубен на прв поглед. Затоа секогаш кога ќе се сретнат, макар и на поминување, новото видување СтарБој  секогаш го овекувечува  со нова фотографија од неговата љубена убавица - Ајфеловата кула во Париз. Иако делува „мртов ладен“ дури и середе зафрканција, во СтарБој сепак чука нежно срце... Толку нежно, што секогаш паѓа на убаво напипшани стихови поезија... Макар тие не биле ништо посебно и ситно платени, сепак нема пари со кои се купуваат францускиот шарм и македонскиот инает. Токму за инает на душманите, СтарБој животот го живее со шарм и стил, па после две - три пијачки и самиот станува подложен, да биде поетски расположен... А поезијата и квалитетниот пијалак не одат без две нешта кои се одраз на животната култура: убавите жени и добрата пура! За нив секогаш мора да најдеш време, да си расположен, да бидеш вистински џентлмен... Иако,  како и сите ние, и СтарБој можеби секогаш не  е во врвна форма, ама... „Формата е моментална, класата е вечна“, како што и самиот умее да каже, особено ако си на пат да станеш ѕвезда. Или можеби тоа веќе и си...? Впрочем, како поинаку да се објасни ова селфи во огледало  со самоуверена порака: „Во хотел со пет ѕвезди кога ќе влезам, автоматски станува со шест“! Шегата на старана, та било шега или вистина, СтарБој навистина е на добар пат да го освои регионот... За некој ден ( 23. јули 2023) му излегува новата, дует песна со бугарскиот рап артист  „Душков 24“ (_dushkovv__twenty4) - „International drill“ па да видиме што направиле (т)раперите, каков музички македонско-бугарски дил за разлика од политичарите?!
Фото: Инстаграм/starboyofficial23
]]>

Македонските трап артисти во „отворена војна“: Најпрвин договориле соработка, па откако го „искулирале“, Стар Бој тврди дека „2Бона“ му ја „украле“ песната?! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-trap-artisti-vo-otvorena-vojna-najprvin-dogovorile-sorabotka-pa-otkako-go-iskulirale-star-boj-tvrdi-deka-2bona-mu-ja-ukrale-pesnata/ Thu, 06 Apr 2023 10:19:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296852

Оние кои ги следат новите музички трендови кои најмногу ги допираат младите, се сеќаваат на македонски трап артист, Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy). Преку ноќ ја стекна својата медиумска популарност, но очигледно не само со своите песни, музика и видеоспотови и темите од суровата реалност кои во нив ги третира како што се „Cash game“, „Mad“, “Motorsport“... . Имено, додека песните тукушто почнуваат да му се вртат по радиостаниците, а видеоспотовите по телевизиите и Јутјуб, на социјалните мрежи Стар Бој веднаш почна некому да боде очи! Ако е на конкуренцијата би било сосема нормално, зашто колку и да е здрава, конкуренција никој не трпи, па  иако не е ниту коректно ниту етички, можеби е и логично да има и по некој збор што не треба или „валкани игри“ за да се „оцрни“ конкурентот, иако работите во неговиот случај ќе се одвиваат по сосема обратен редослед. Најпрвин со конкуренцијата договориле соработка, а „валканите игри“, како што тврди самиот артист,  дошле потоа... Имено,  Ванчо, како што му е вистинското име на Star Boy следејќи ги приликите со сцената и музиката која ја изведува стапува во контакт со членовите на дуото „2Бона“, како водечки изведувачи во правецот кој е тренд не само во Македонија, туку и во регионот. Откако ќе исконтактираат, Стар Бој им кажува дека има готов проект, 3-4 веќе промовирани песни со видеа, а наскоро излегува и негов албум со 8 траки, па им предлага соработка со нив и „Горила ТВ“ и предлага да се сретнат. Одговорот на  „2Бона“ (Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито) е дека најпрвин Стар Бој мора да им испрати 6-7 свои песни, за да ги преслушаат, па заеднички сите во продукцијата да одлучат дали е тоа за кај нив или не е, што македонскиот артист кој живее во Париз и го прави. Откако добива од нив само пофални зборови и комплименти, како сето тоа е супер, како е топ, дека може да соработуваат, да биде дел од „трап кланот“, го викат во студио кај нив да се договорат за деталите и идните планови. Арно ама, како што обично бидува, кога треба да се финализираат деталите и договорот, се појавува „ѓаволот“ кој лежи токму во деталите... Наеднаш  веќе ништо не е исто, почнува нешто да не штима, ја снемува почитта... Започнува љубомората, стравот од конкуренција или нешто трето... Артистот вели дека ја знае причината , ама ќе ја каже во друга прилика. „Ги прашав дали им одговара зашто во спротивно мене не ми одговара соработка само за една песна или само за спотовите да бидат пуштени, сакав промоција на целиот материјал. Ми викаат - океј, нема проблем, формираме моментално збир од најдобри артисти така што те имаме во предвид“ - почнува да ја раскажува приказната Стар Бој. „Веднаш се договоривме за датумот, се сеќавам ја поместија песната на “Dijana OG” за да ја објавиме мојата, бидејќи им кажав битен ми е датумот за првиот сингл - 23 ноември. Ова ми звучеше во стил како најава за 'sign up'.  Им реков нема проблем, но сакам да видам какви услови нудите, што добивам, а што губам ако се обврзам. После објавувањето на првата трака ја објавивме и втората 'Mad',  но јас почувствував дека нешто не штима, како одненадеж да се изгуби респектот, онака наеднаш, без причина...“ - вели Стар Бој. Кога доаѓа на ред објавувањето на третата трака и спотот за „Моторспорт“ работите почнуваат и отоврено да се „мешаат“... „Стига на ред третата трака  'MotorSport', ама  работата е 'повуци-потегни',  држ - недај... Си викам кај им е професионалноста на дечкиве едно зборат друго прават. Прво покажаа интерес, респект, божем топ е, одлично, а после ништо... тапа“ - ја продолжува приказната Стар Бој. Потоа доаѓа клучниот момент,  откако ќе бидат објавени трите спота, Стар Бој тврди дека почнува да ги брка за датум за промоција на целиот проект „Infinity“, но агонијата само се продлабочува. „Почнуваат да ме мотаат дека не се тие одговорни, демек имаме тим кој одлучува. Преку ноќ се'  се менува одново. Од тоа што е договорено - нема ништо. Пу, пу - не важи.  Јави му се на Желе (извршен продуцент), него му пишувам, а тој се прави на Тошо. Ти реков, ми рече... ме мотаат. Видов колку е саат дека со ку**они си имам работа, си викам не си троши време и живци. Си го постирав албумот на мојот канал и на дигиталните платформи. Тие цело време пратат будно шо се случува. Ама ништо да спомнат, само се неми набљудувачи“ - се потсетува Стар Бој на ситуацијата. По извесно време сепак еден од  „дечките“ од  „2Бона“ пробал да го исконтактира Стар Бој, кој пак студено, но сепак учтиво му одговара: „По извесно време оп, ете ти го Тони(то)... Ми пишува: Тука си брат ?  На што јас му одговарам професионално и учтиво: Барај ме на мобилен или преку е-маил. (Не сме веќе браќа за на вибер). После еден или два дена повторно на вибер ми пишува: „Брат вака да знаеш, еден исти бит имаме...“ Или што би рекле, одеднаш имаме иста трака? И до ден - денешен  е така“ - тврди Стар Бој алудирајќи на тоа дека намсто договорената соработка „2Бона“ всушност „му ја позјамиле“ песната!? Огорчен од измамата, Стар Бој тврди дека тие не се она за што се претставуваат, не се ни лабел ниту пак професионалци во тоа шо го работат, па решил да се обрати до јавноста и медиумите. „Ниту покажаа почит кон мене како артист, некој шо носи нов уникатен звук и видео записи какви шо нема во Македонија. Не пак на нивниот канал. Очигледна е љубомората и зависта од самата моја појава како артист на сцената. Бум спотови јаки, вести, портали, ТВ појавувања, албум, веб портал, гардероба, свој бренд, у Париз живее, има кеш, уникатен е... знаете како се  размислува: Да не му даваме многу простор, оти може да не пое*е - тоа е менталитетот“ - вели Стар Бој, кој јавно им порача: „Е од такви примери како вас живеам во Париз и не планирам да се вратам никогаш. Музика правам од љубов, а не за пари, реален сум во неа, максимално и брутално искрен (знам ви пречи), ама је*ига,  ако се пронаоѓате не е мој проблем. Не е ни чудно шо сцената ни е таква каква што е...  И да, не ве мразам, супер музика правите, не можам да речам, тоа шо сте фејк е друго“ - им порача Стар Бој на несудените „соработници“. Фото:  Приватна архива/Јутјуб/Инстаграм принтскрин/starboyofficial23    ]]>

Star Boy – македонскиот трап артист кој живее во Париз го промовираше својот „Infinity Box“ во Монте Карло: Музичко ДВД, маичка од сопствениот моден бренд, беџ и стикери во еден пакет! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/star-boy-makedonskiot-trap-artist-koj-zivee-vo-pariz-go-promovirashe-svojot-infinity-box-vo-monte-karlo-muzichko-dvd-maichka-od-sopstveniot-moden-brend-bedz-i-stikeri-vo-eden-paket-video/ Fri, 24 Sep 2021 08:54:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220443

Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живеево Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“. Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star ака „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки - три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската  колевка  на раскошот и луксузот, Монте Карло. Имено „музичко - модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, споменатат маичка од неговиот моден бренд, беџ со логото на брендот и пет стикери. Инаку Ванчо е еден од ретките Македонци кој е успешен и надвор од Македонија на музичко поле и моден план, обидувајќи се да направи пробив во светот на шоу-бизнисот и модата каде конкуренцијата е жестока и пеколно немилосрдна, а во исто време не заборава кој е и од каде потекнува, афирмирајќи ја Македонија и преку сопствениот креативен израз. Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“ е еден од суштинските стихови во една од песните („Mad“) со која тој сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа. „Star Boy“  ја бара и поддршката од сите кои ја сакаат неговата музика и ја следат модата, но и од сите останати Македонци кои купувајќи македонски производ стануваат своевидни мецени на она што еден Македонец креативно го работи по светот. Во исто време „Star Boy“ го промовираше и својот веб портал (ROYALTY PARIS – LUXURY BRAND) на кој можат да се најдат сите информации за ова момче и неговата работа и творештво, како и да се набават посочените музичко-модни продукти. Еве ја неговата промотивна видео порака до сите Вас: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=BfbgmP6Ls-A[/embed]    ]]>

„Гласајте за Левица и ќе го тргнам овој нееволуиран хомосапиенс од планетава земја…“: Политичарот Апасиев му се закани на траперот Стар Бој? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/glasajte-za-levica-i-kje-go-trgnam-ovoj-neevoluiran-homosapiens-od-planetava-zemja-politicharot-apasiev-mu-se-zakani-na-traperot-star-boj-foto/ Mon, 21 Dec 2020 09:09:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181770

Новиот македонски трап артист, Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy),  преку ноќ ја стекна својата медиумска популарност, но очигледно не само со своите песни, музика и видеоспотови и темите од суровата реалност кои во нив ги третира. Имено, додека песните тукушто почнуваат да му се вртат по радиостаниците, а видеоспотовите по телевизиите и Јутјуб, на социјалните мрежи Стар Бој веднаш почна некому да боде очи! Ако е на конкуренцијата би било сосема нормално, зашто колку и да е здрава, конкуренција никој не трпи, па  иако не е ниту коректно ниту етички, можеби е сепак логично да има и по некој збор што не треба или „валкани игри“ за да се „оцрни“ конкурентот. Но кога за тебе, твојот лик, личност или музиката што ја правиш отворено ќе се произнесе со недолични зборови политичар и тоа од парламентот, кој еден ден претендира да биде власт, тогаш, работите некаде не штимаат?! Или музички или политички... Некој не е достоен за професијата што ја избрал? Или можеби, не е баш така? Имено, веднаш по објавувањето на втората песна на Star Boy и спотoт наслов „Mad“ (Луд), на Јутјуб каналот, под видеото се појавија разни коментари. Публиката и народот имаат право на свое музичко или какво и да е мислење, иако многумина тоа право, неретко го злоупотребуваат. Но кога тоа ќе го направи познат млад политичар, при тоа уште и професор, работите излегуваат од контрола. А токму под споменатото видео се појави наводен коментар на никој друг, туку на лидерот на политичката партија „Левица“, професорот Димитар Апасиев: Траперот јавно не реагираше, иако био имал полно право на тоа, но затоа пак експресно реагираше политичарот, односно професорот... На својот Фејсбук профил и тоа бурно, во негов стил. Зашто некој не само што му го украл идентитетот, туку и му го злоупотребил. И тоа најдолно и најпримитивно, за лични навреди кон многумина, меѓу кои и кон музичкиот артист! А професорот не му остана должен на „арамијата“, па му порача, онака жестоко, „без влакна на јазикот“, како што Апасиев неретко знае да возврати: Познавајќи го професорот, типот навистина... „ќе го папа“! Кој и да е! За лажно преставување... А и за памет... Па да видиме, кој е овде луд, а кој... параноичен?!      ]]>