стапало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 08:08:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стапало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителот на „Јади бурек“ јавно го сподели ужасот од повредата по која за малку ќе му беше ампутирана ногата: Јанко Илковски со потресен статус и страотни фотографии (ФОТО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-na-jadi-burek-javno-go-spodeli-uzhasot-od-povredata-po-koja-za-malku-ke-mu-beshe-amputirana-nogata-janko-ilkovski-so-potresen-status-i-straotni-fotografii-foto-18/ Wed, 29 Nov 2023 07:57:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328978

Македонскиот ТВ водител Јанко Илковски, најпознат по своето долгогодишно ТВ ток шоу – „Јади бурек“ како што е познато неодамна доживеа тешка повреда на ногата. Стапалото на десниот екстремитет му беше речиси сосема уништено, па постоеше голема опасност заради инфекција и други компликации, водителот да остане со траен инвалидитет, односно за малку да му биде ампутирана ногата или делови од неа. За среќа, тоа не се случи...  Неговата Фејсбук објава сите ги шокираше кога на 13 септември 2023 година,  Јанко ја сподели непријатната  информација. Тогаш водителот се огласи од болничкиот кревет на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откривајќи дека доживеал тешка повреда на ногата, каде прстите за среќа, едвај му ги спасиле. Сподели фотографија од преврзаната во завои повредена нога, покрај која со кус пост појасни за што се работи, без да прецизира кога, од што и како дошло до тешката повреда?! Тогаш заради преживеаната траума се' до денес не сакаше јавно да говори за деталите на повредата. Сепак, два и пол месеци по немилиот настан, Јанко Илковски сега се огласи со нов статус на социјалните мрежи. Водителот на „Јади бурек“ јавно го сподели ужасот од повредата по која за малку ќе му беше ампутирана ногата со потресен статус и страотни фотографии кои ги споделил на своите Инстаграм и Фејсбук профили. Она што може да се види на фотографиите е навистина ужасно, а за  тоа како течел целиот процес од моментот на тешката повреда, ризикот да го ги изгуби прстите или целото стапало, преку хируршите зафати на познатиот хирург, па се до ден денес кога водителот е веќе во поизмината фаза на успешно опоравување  тој ги раскажа деталите. „Ветив дека ќе ви покажам прогресот на моето заздравување, просто чудесија, за месец дена. Еве моја благодарност до професорката др. Смиља Туџарова Ѓоргова. Моето десно стапало... Пред пар месеци доживеав тешка повреда од која се опоравувам, но чувствувам потреба, после се, да напишам пар зборови за мојата школска другарка, која ме оперираше, ми ги спаси прстите и стапалото и направи се да мојата нога заздрави спектакуларно брзо, просто неверојатно. >Од сликите гледате како беше стапалото среде зафатот откако беше исчистено оти беше преполно со разно ѓубре и имав тешка инфекција. Имав толку несносна, силна болка и пред да почувствувам благодетот на локалната анестезија и силните аналгетици и реков, на мојата докторка, да не се мачи и се што е ампутирано да не крпи, да пресече, до толку бев очаен. Имам 61 година, дијабетичар сум + инфаркт и знам какво мачење на луѓе во моја состојба е заздравување на долен екстремитет. Доктор Туџарова рече – Не, не мрдам од операционава и од тебе додека не те средам и спасам секое делче и потполно заздравам. И успеа! Ние сме генерација , школски, учевме во Јосип Броз, потоа јас новинарство, она вредно се образуваше и стана позната и призната не само кај нас туку и во светот. Професор др Смиља Туџарова Ѓоргова е хирург и пластичен хирург и тоа од светска класа. Додека бев на една преврска, ме посети др од Јужна Кореа, свестски признат и познат, кој беше дојден да држи предавања за специфични хируршки зафати. Влезе со загрижено лице, ме погледна, а потоа виде дека др Туџарова ме преврзува, искрено ми се насмевна и ми рече ВО ДОБРИ РАЦЕ СИ ... јас му реков, благодарам...за Самсунг .. се изнасмеавме. Нејсе, јас навистина бев во предобри раце. Мене преврските ми беа прилично болни, целиот процес беше многу многу тежок за мене. Секој ден доаѓаше кај мене во болничка соба, смирена, позитивна, мислам дека во миговите кога имав тешки напади на болка (одбивав да пијам аналгетици оти не сакав после да имам последици и од нив – навлекување) толку зрачеше со спокој и кога јас не гледав светлина таа ни ја осветлуваше собата и мене и на детето што лежеше до мене. Мислам дека родена мајка така не ме тешела и смирувала. Каков човечки, благ однос имаше, не само кон мене, туку кон сите пациенти, но во исто време таков голем професионалец и беше уживање да ја гледаш како оркестрира додека раководи со тимот околу неа. Неверојатна жена, со неверојатна енергија и еден од најголемите професионалци кои сум ги запознал. На фотографиите ја гледате ногата каква беше, а ова, заздравеното, е сликано пред 3 недели. Нејзините колеги специјализанти беа со уста полна пофалби како ме санирала и постојано ја фотографираа ногата со искрено одушевување колку добро и брзо зараснува. Секако, нејзината стручност не беше само во хируршките зафати, туку и како ме водеше како пациент низ процесот на заздравување. Еден од најголемите адути е што др Туџарова е одговорна за активирање на хипербарната комора, медицински третман кој ако го опишам ќе мислите дека раскажувам приказни од фантазијата или некој футуристички филм. Најлошото помина, се движам нормално, трпам болки кои се норамлен дел од процесот на заздравувањње и наскоро се враќам во полна форма на работа. А за хипербарната кислородна терапија, ќе направам посебна емисија. Благодарам докторке за се што направивте за мене, а оваа земја, Македонија, треба да се гордее со вас. Со искрена и длабока почит твојот школски“ - напиша Јанко во своето јавно обраќање на социјалните мрежи. Фото: Facebook/Janko Ilkovski]]>

Бијонсе започна светска турнеја, но оние што ја гледаа велат дека фали нешто клучно на кое навикнале (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bijonse-zapochna-svetska-turneja-no-onie-shto-ja-gledaa-velat-deka-fali-neshto-kluchno-na-koe-naviknale-video/ Fri, 12 May 2023 11:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301784

Една од најголемите светски ѕвезди, позната по својот неверојатен глас, ненадминатите хитови и награди со кои собори бројни рекорди, Бијонсе вчера ја започна својата светска турнеја која ќе се состои од четириесетина настапи. Бијонсе ги остави сите без здив синоќа со организацијата, костимите и нејзиниот настап. Пејачката е во четириесеттите години, но тоа не ја спречи да им приреди шоу за паметење на своите фанови, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари дека нејзините години не можат ништо.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Сепак, има и загрижени обожаватели кои тврдат дека изостана енергичната изведба полна со танцови потези што ги очекуваа од Бијонсе. Некои забележале дека пејачката не ги изведува движењата по кои е позната. На социјалните мрежи се појавија гласини дека тоа е резултат на операција на стапалото на која пејачката беше подложена пред неколку месеци, што таа никогаш официјално не ја потврди. „Бијонсе не мрда со стапалото, ногата сигурно не ѝ закрепнала“, „Бијонсе танцува со половина нога“, „Изгледа дека е крајно внимателна со стапалото (веројатно лекарски совет)“, беа само дел од коментарите по синоќешниот настап на пејачката во Стокхолм. фото:Инстаграм принтскрин/Бијонсе]]>

Направете го ова пред спиење, многу ќе ви помогне https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-go-ova-pred-spienje-mnogu-kje-vi-pomogne/ Thu, 20 Sep 2018 12:02:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48951

Најдобрата техника за опуштање е масажата. Уште подобро е кога можете сами на себе да си пружите масажа. Масирањето на стапалата има позитивни ефекти на целокупното здравје. Масажата го подобрува протокот на крв, го стимулира лачењето и потта, го подобрува метаболизмот, ги редуцира мастите и го забрзува протокот на крв низ ткивото. Исто така е добра поради убавината на кожата и ја прави еластична и здрава. Со самото тоа добиваме младешки изглед. Масирањето го подобрува држењето, состојбата и изгледот на мускулите. Влијае на мускулите да се истегнат и опуштат. Ја елиминира киселината која создава грчеви и го олеснува варењето. Познато е дека масирањето и притисокот врз одредени точки на стапалата влијае на лекувањето на болестите и помага во работата на органите. Потребно е да ги масирате стапалата пред заминување во кревет секој ден. Третманот кој можете на себе да си го подарите е потребно да трае околу 10 до 15 минути.  ]]>