стадион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Mar 2023 10:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стадион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајзи на „Камп Ноу“ си посака желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-na-kamp-nou-si-posaka-zhelba-eden-den-moja-pesna-ke-se-pee-na-ovoj-stadion-foto/ Wed, 08 Mar 2023 10:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292262

Македонскиот (т)рапер Драги Величковски попознат под уметничкиот прекар Тајзи  е хиперактивен и тоа во секој поглед. Со други зборови, популарниот кумановец не седи мирен ни минута, туку постојано нешто работи, некаде оди, настапува, патува... Покрај хиперпродукцијата од песни, која се огледа во тоа што речиси секој месец излегува нова песна од неговата креативна работилница, како оваа последната „Легализирај“  (Legalize),  која излезе деновиве, Тајзи не застанува ниту со настапите. Во меѓувреме меѓу две влегувања во студио или две качувања на сцената на некој ноќен клуб или дискотека, кумановскиот уметник реши малку да ја смени работната навика со шетачка и да се престори од артист во турист.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

Тајзи го спакува куферот, седна во авион и правец - Шпанија, да го види најубавиот град и неговиот прочуен стадион. Барселона е сон на секој од нас, особено ако си уметничка душа како Тајзи, зашто и самиот град дише со уметност. Од прекрасните градби на Антони Гауди, музеите за модерна уметност до гастрономската уметност во прекрасните ресторани покрај златното крајбрежје. И секако, уметниците со „бубамарата“ во играта која важи за „најважната споредна работа на светот“, а нив во еден од најпознатите светски клубови отсекогаш ги имало. Барса ги прославила, а и тие неа... И латино-американските волшебници со топката како Марадона, Роналдињо или Меси и европските фудбалски кралеви како Кројф, Фиго, Ибрахимовиќ и нејзините деца како Чави, Иниеста, Пујол, Пике... А, нејзиниот легендарен дом, стадионот „Камп Ноу“ секогаш исполнет „до крај“ со една од најверните публики на светот. Токму затоа, Тајзи откако пристигна во Барселона и ги смести куферите во хотелската соба, веднаш побрза да стигне на посакуваната дестинација - викенд натпреварот на Барселона на „Камп Ноу“. Таму во дресот на Барса и неговото име име испишано на грбот, Тајзи се најде среде  речиси стоилјадната публика. Ако не како единствениот Македонец на стадионот, тогаш сигурно како единствениот со развеано македонско знаме преку себе... И тоа она - вистинското, со 16 - кракото сонце од Кутлеш! „Една земја, еден клуб, една љубов...“ - како што тоаа најчесто го велат најверните навивачи. А Тајзи покрај сето тоа на „Камп Ноу“ си посака и една желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ - порача распеаниот Македонец од срцето на главниот град на Каталонија, преубавата Барселона, замислувајќи го денот кога токму тој ќе го наполни на свој концерт велелепниот „Камп Ноу“. Дај Боже животниот сон во вид на посаканата желба да му се оствари, му посакуваме и ние!]]>

Станија се појави на трибини, навивачите „одлепија“: „Повеќе  гледав во твоите топки отколку во онаа на теренот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanija-se-pojavi-na-tribini-navivachite-odlepija-povekje-gledav-vo-tvoite-topki-otkolku-vo-onaa-na-terenot-foto/ Tue, 13 Sep 2022 12:48:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266716

Станија Добројевиќ навистина знае како да привлече внимание каде и да се појави. Старлетата oвој пат  беше меѓу навиачите на „Црвена Ѕвезда“ на стадионот Рајко Митиќ,  на кој се одржуваше фудбалскиот натпревар во рамките на првото коло на Лигата на нации,помеѓу „Црвена ѕвезда“ и „Монако“. Но дури и некои од нај загреаните и најжестоки навивачи признаа дека поради неа имале проблем да се фокусираат на натпреварот теренот. „Замислете си плаќате влезница за натпревар, а ја добивате Станија покрај себе? или: „Повеќе  гледав во твоите топки отколку во онаа на теренот“ - гласеа некои од коментарите по натпреварот!
Сите навивачи на стадионот на крајот од натпреварот беа разочарани зашто „Црвена ѕвезда“ загуби, освен неколкумина... Кои покрај себе за истите пари ја добија Станија... на увид! Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic
]]>

Вака „Меморија“ се подготвува за најголемата „концертна лудница“ под отворено небо: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-memorija-se-podgotvuva-za-najgolemata-koncertna-ludnica-pod-otvoreno-nebo-ja-izlezi-gjurgjo-na-visoki-shtikli-i-crni-chorapi-a-i-ti-shefe-zaedno-so-dirlada-na-nashata-rok-en-rol-maturska-proslava/ Wed, 25 May 2022 07:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251773

Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично одбран  за втората и поледна ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ на која ќе бидат соопштени сите детали за нивниот концертен спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Интересот на медиумите огромен, оној на публиката пак, досега незапаметен... Во меѓувреме се прават сите подготовки голимиот концерт навистина да биде величествен и незаборавен, од оние како ќе изгледа сцената и техниката, звукот и осветлувањето, видео лед скриновите.... па се' до попдготовките на бендот за она што „Меморија“ ќе и го прстатави на скопската, но и на македонската публика, зашто десетици автобуси се најавуваат организирано да дојдат и донесат публика од сите градови во Македонија. Затоа не смее да има ни најситен пропуст, не смее „влакно да фали“ и се' мора да биде беспрекорно увежбано и изведено. А, за да биде тоа така, членовите на бендот и специјалните гости ги прават последните подготовки и музички проби. Дека ќе биде навистина најголемата „концерна лудница“ под отворено небо годинава, потврдуваат и фотографиите и видеата кои се дел од атмосферата на заедничките музички проби на „Меморија“ и нивната гостинска музичка компанија. Групата „Морал“ како едени од специјалните гости, ќе отпатува назад во времето за публиката да ја потсети на некој од нивните најгиолеми хитови. Секако, во спомен на некогашниот нивни вокал, прерано заминатиот Влатко Илиевски, чии вокални делници за оваа прилика ќе ги преземе Ристо Самарџиев. „Конкорд“ беа и останаа македонска рок историја, а „Високи штикли и црни чорапи“, е песна која остана рок евергрин што се свири и пее и денес на секоја клубска рок свирка. Венко Серафимов, лидерот и гитарист на култниот рок бенд заедно со членовите на „Меморија“ на пробите, а пејачот на „Конкорд“, Сеад Јакупи, кој со години живее и работи во Германија преку видео порака го најави своето доаѓање во Македонија специјално за оваа прилика и порача: „Хај еврибади... Со особена чест и радост едвај чекам да дојдам, за сите љубители на рок музиката на концертот на „Меморија“  да го пееме и големиот хит на Конкорд. Се гледаме на 11-ти јуни во Скопје“. „Некст тајм“ се деца од најновата рок генерација иако и тие веќе доволно долго се на сцената. Близнаците Стефан и Мартин Филиповски како дел од големиот рок спектакл под отворено небо, со својата изведба на една од нивните феноменални фолклорни преработки на македонски изворни песни, таа вечер ќе го вдахнат одново патриотскиот дух кај публиката, за уште повеќе да го разгорат  оној „Оган под ѕвездите“ што „Меморија“ го запали пред речиси 33 години. „Ласт Експдишн“ беа своевремено предгрупа на првиот концерт на „Меморија“ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“, денешен МКЦ во Скопје. Подоцна прераснаа во висински рок ен рол магови на македонската сцена, за денес со триесет и кусур годишна кариера да се култен бенд. Браќата Енко и Сецко Хаџиќ - вистински рок „шефови“, кои на рок спектаклот на „Меморија“ ќе ја потсетат повозрасната публика на тие денови, за помладите да видат дека она што  било вредност некогаш, останува - засекогаш! Конечно, големата „рок ен рол матура на генерациите“, како и секоја матура, не може да мине без блех музика. Затоа тука е „Веселата дружина“ заедно со „Меморија“ да  кулминира со „Дирлада“... Или ако собереме се' на едно купче, како што тоа ќе биде на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, срочено во некаква најава би звучело вака: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“... За „Кога патувам“ длабоко во себе, заедно со вас да се потсетиме на едно време... Она нашето што било, ова нивново што е сега и она, кое многу поубаво и посреќно треба да им го оставиме на оние, чие време допрва доаѓа! Со најдоброто што го знаеме... дружење, забава, песна, музика... Од „Нена до „Дирлада“!]]>

Концертен рокенрол викенд на отворено во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/pretstoi-koncerten-roke-en-rol-vikend-na-otvoreno-vo-skopje/ Thu, 10 Sep 2020 06:21:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166148

Овој викенд на стадионот на АРМ во Скопје, финалето за оваа концертна сезона ќе бидат три славенички музички настани чија цел е да соберат повеќе генерации, и истите да ги потсетат на духовната моќ на една исполнета музичка вечер под ѕвездите. Концертниот викенд почнува со јубилејниот концерт на “Електрични Оргазам” во петок на 11-ти септември, по повод 40 годишнината од постоењето на бендот. Во сабота, на 12-ти септември е закажано петтото издание на фестивалот “Skopje Calling” на кој ќе настапи најдоброто од македонската музичка сцена: “Last Expedition” , “Фолтин”, “Funk Shui” и “Pluto’s Doubts”. Настапот на култните “Бајага и Инструктори” во недела на 13-ти септември ветува два и пол часовно музичко уживање со нивните хитови, овој пат во комплетно нови аранжмани, хор и оркестар, за заедничка прослава со публиката на 35 годишнината од постоењето на овој култен бенд со чија музика растеа многу генерации. Билетите во ограничен број се сѐ уште во продажба онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ Македонија. Се разбира, и овие настани ќе бидат реализирани според сите протоколи за заштита од Ковид-19, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително. Од среда, 09 септември, билети ќе се продаваат и на Градскиот плоштад Македонија во Скопје.

Прва средба „очи во очи“ меѓу Душко Тошиќ и Огњен Врањеш по се*с аферата со Карлеуша (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prva-sredba-ochi-vo-ochi-megju-dushko-toshikj-i-ognjen-vranjesh-po-se-s-aferata-so-karleusha-foto/ Tue, 24 Sep 2019 08:02:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108596

Душко Тошиќ и Огњен Врањеш се сретнаа за прв пат по порно аферата што го потресе Балканот, а Јелена и Огњен беа главни актери. Шок-средбата се случи на стадионот „Партизан“, каде двајцата дојдоа да го следат дерби натпреварот помеѓу Црвена звезда и Партизан. "Душко дојде со својата помлада ќерка Ника и се смести во првата ложа. Душко беше заедно и со пријателите и може да се каже дека сите беа во добро расположение. По петнаесетина минути дојде и Врањеш со пријатели и се сместиоја две ложи подалеку од Душко, а моментот кога Врањеш седна, сите погледи беа вперени во нив. Гледаа кон едниот, па кон другиот, чекајќи реакција “, вели изворот, кој бил на лице место. "Наскоро, пријателите на Душко го известија дека Врањеш седел во негова непосредна близина, но Тошиќ не успеа да се воздржи, туку погледна во неговата насока. Во тој момент, двајцата буквално се погледнаа во очи, толку мрачно што се чинеше дека ќе се пресметаат и покрај тоа што луѓето седат меѓу нив “- ја завршува приказната изворот кој се нашол на лице место. Според соговорникот, Вранеш цело време му се смеел во лице на Душко и ја криел својата нетрпеливост кон колегата. Пријателите кои дошле со Тошиќ тврдат дека тој постојано се воздржувал и не можел да дозволи неговата ќерка да знае дека е во лошо расположение, па се обидел да разговара со неа за да го тргне вниманието од неговиот ривал. Потсетување, Јелена Карлеуша наводно две години била во љубовна врска со Огњен Врањеш, а тоа избувна како бомба на почетокот на годината. Поради јавните навреди и преписки, Карлеуша и Врањеш сега имаат чести судски рочишта.]]>

Романтика на стадион пред 40 илјади: Фудбалерот по победата сочно ја бакнуваше девојка си, а остатокот го почести со стриптиз https://arhiva.vistina.com.mk/romantika-na-stadion-pred-40-iljadi-fudbalerot-po-pobedata-sochno-ja-baknuvashe-devojka-si-a-ostatokot-go-pochesti-so-striptiz/ Wed, 27 Jun 2018 11:19:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34822

Марко Пјаца започна во почетниот состав на хрватска на Светското првенство, одигра сосема солиден натпревар, а за добрата изведба и победата против Исланд, доби и убава награда.
Веднаш по крајот на натпреварот тој се стрча до првиот ред од трибините каде го дочека неговата девојка Марија која го почести со сочен бакнеж, а пак тој остатокот од гледачите на трибините ги почести со стриптиз.

Стадионот гореше: 2 илјади грла ја пееја „Слушам кај шумат шумите“ на дербито меѓу Вардар и Пелистер (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stadionot-goreshe-2-iljadi-grla-ja-peeja-slusham-kaj-shumat-shumite-na-derbito-megju-vardar-i-pelister-video/ Mon, 20 Nov 2017 09:05:20 +0000 http://vistina.mk/?p=4120

„Честитки 30 години Комити! 70 години Вардар!“ со овие зборови близнаците од „Некст Тајм“ и со изведбата на „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“, ја подигнаа атмосферата на фудбалскиот дерби натпревар  меѓу Вардар и Пелистер. Стадионот „Филип Втори“ ечеше од песна и позитивна енергија, а Некст Тајм покажаа и докажаа дека направија македонска преработка со која се гордее секој Македонец. „Комитите“, го славеа 30-тиот роденден и испишаа јубилејна историја, а она што се случуваше таму ќе ве наежи преку видео, а не пак таму, во живо – мерак за душа и срце. Погледнете: https://www.youtube.com/watch?v=PCNiUkMw8OQ  ]]>