стабилна врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Nov 2019 13:07:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png стабилна врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Практични совети кои ќе ви помогнат да останете во среќна и стабилна врска https://arhiva.vistina.com.mk/praktichni-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-ostanete-vo-srekjna-i-stabilna-vrska/ Wed, 06 Nov 2019 14:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116962

Многу луѓе сакаат да останат со една личност до крајот на животот. Веруваат во среќна врска и среќен крај. Проблемите можат да се избегнат доколку и двајцата партнери се трудат подеднакво. Како да останете во среќна и стабилна врска?

Секогаш имајте го на ум заедничкиот сон

Заедничкиот сон е важен за врската. Размислете да заштедите пари за омиленото патување или да купите нов автомобил. Можеби имате сон да го реновирате станот или да излегувате почесто со пријателите. Со заедничките соништа секогаш ќе бидете позитивни и среќни.

Запомнете ги желбите на својот партнер

Доколку заборавате што вашиот партнер сака за роденденот, запишувајте ги неговите желби. Кога ќе ви каже дека нешто му се допаѓа, доколку сака да гледа некој нов филм или да купи нови патики, запомнете го тоа. Кога ќе дојде време за роденденот, ќе се израдува дека сте се сетиле на она што го сака.

Планирајте мали изненадувања

По некој период, љубовта станува навика. Тоа не значи дека не го сакате партнерот ниту дека не сте вљубени како на почетокот. Но, во љубовта се вложува секојдневно. Изненадете го со омилениот десерт, подгответе топла купка. Едноставно, уживајте заедно.

Прекинете ја расправијата на време

Доколку се расправате и чувствувате дека работите излегуваат од контрола, тогаш одете во различна соба на дваесет минути. Ова ќе ви даде малку време за да се смирите и уште поважно, да размислите за ситуацијата што се случила. По дваесет минути, обидете се да го решите проблемот на мирен начин.

Работете заедно

Работете заедно, без разлика дали станува збор за уредување на некој простор, некој работен проект или бојадисување на влезната врата. Важно е да соработувате заедно.

Прегрнувајте се

Човечкиот допир е толку моќен што може да искаже љубов без ниту еден збор. Прегратката ослободува окситоцин, познат како хормонот на љубов. Овој хормон прави да се чувствувате среќно, сигурно и сакано. Прегнувајте се во секој слободен момент. извор: Кајгана]]>

Пет знаци дека сте во стабилна врска https://arhiva.vistina.com.mk/pet-znaci-deka-ste-vo-stabilna-vrska/ Thu, 11 Apr 2019 11:45:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82468

Секогаш постои простор да ја подобрите вашата врска, секако ако постои волја и од двете страни. А кој не би сакал да има подобар љубовен живот? Овие пет знаци укажуваат дека сте во стабилна врска, а ако не се препознавате во некој од нив, работете на развивање на таа карактеристика кај себе и кај вашата сакана личност. (По)кажување емоции На партнерите им покажуваме дека се грижиме за нив преку наједноставни постапки, како отворање врата или приготвување на омиленото јадење, но треба и вербално да се изразуваме кога станува збор за емоциите. Некои луѓе никогаш не ги кажуваат гласно своите емоции, а некогаш е толку потребно да слушнете дека некој ве сака. Бидете погрижливи и (по)кажувајте ѝ на вашата сакана личност дека ви значи. Отворена комуникација Ова се надоврзува на претходното, но се однесува на секој аспект од врската. Можеби звучи како клише, но комуникацијата е еден од главните столбови на една здрава врска. Ако секој ден зборувате со партнерот тоа не значи дека комуницирате отворено. Ако вашите разговори се сведени на празни фрази за тоа кој како си го поминал денот и ги земате здраво за готово нештата кажани и направени во минатото, ризикувате да се оддалечите од саканата личност. Ако имате искрена и отворена комуникација знаете дека нема тема што меѓу вас е табу и секогаш може да разговарате за работите што ви се важни вам лично и за вас како двојка. Со отворена комуникација ќе заштедите многу време и нерви. Компромис Способноста да се дојде до компромис при несогласување или расправија е многу вредна вештина во секоја врска. Нема победници во здравите врски. Победници треба да бидете вие двајца, да се борите за истиот тим, не еден против друг. Ако сте способни да ги задржите сталоженоста и разумноста во расправија и се трудите да дојдете до заеднички поволно решение, а понекогаш и да попуштите за доброто на врската, тоа значи дека вашата врска е здрава. Кога се расправате не заборавате дека се расправате бидејќи сакате да останете заедно, а не да победите. (Само)доверба Чувството на сигурност е многу важно за одржување на стабилна врска. Таа сигурност доаѓа од довербата во партнерот и довербата во себе. Ако сте самоуверени во своите ставови полесно ги искажувате своите емоции и грижи, а кога партнерот го прави истото имате доверба дека искрено го прави тоа. Поткрепа Врската значи да бидеме тука за партнерот кога му сме потребни и обратно. Љубовта е емоцијата која ве држи заедно, но во тешките моменти она што е потребно е да знаете дека ќе се поддржувате во одлуките, дека верувате еден во друг, дека го цените другиот и дека верувате во тоа дека носите одлуки за подобра заедничка иднина. извор: Кајгана]]>